
Скопје
7ᴼ /
7ᴼ



На 27-28 декември низ земјава се очекува да помине студен атмосферски фронт. Потоа на повеќе места ќе има врнежи од дожд, кои поради студот речиси насекаде ќе преминуваат во снег. За новогодишната ноќ на 31-ви декември ќе имаме облачно време, со температура од 1 до 8 степени. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува со услови за дожд кои наместа ќе преминат и во снег. Првиот ден ќе биде со врнежи од дожд, а на повисоките места и врнежи од ...
,,На задоволство на граѓаните на Турново и воопшто на задоволство на сите граѓани на општина Босилово, денес Општина Босилово, Црвен крст Струмица и МТСП потпишаа договор со кој во 2023 година во Турново ќе биде ставен во функција “Дневен центар за активно стареење”. Вака објави градоначалникот на Босилово Ристо Манчев градоначалник на Босилово Договорените страни преземаа обврска да се преадаптира просторот од Домот на културата во Турново, ...
Цената на дизел горивото и на екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар по литар, а мазутот поевтинува за 0,137 денари за килограм, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,18 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 81 денари за литар, на Екстра лесното ...
Пред точно сто и една година, на 19 декември 1921, во прилепското село Небрегово е роден академик Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, писател, врвен поет и научник, чие творечко истражување дало огромни резултати во македонската литература, во областа на граматиката и во историјата на македонскиот јазик, како и во областа на културната историја на македонскиот народ. Блаже Конески бил прв претседател на Друштвото на ...
Микро, мали и средни компании, трговци поединци и занаетчии погодени од енергетската и ценовната криза од 26 декември 2022 година ќе можат да аплицираат за средства од новата кредитна линија наменета за обртни средства. Јавниот повик ќе трае 15 дена, а барањето за кредит субјектите може да го достават електронски на посебна е-маил адреса, соопштуваат од Развојна банка на Македонија. – Кредитната линија е наменета за микро, мали и средни ...
Владата во Атина од февруари следната година ќе издвои 650 милиони евра за финансиска помош за своите граѓани поради големите поскапувања на храната, најави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Како што јавуваат денеска грчките медиуми, тој во парламентот најавил дека државата на граѓаните ќе им врати 10 отсто од потрошените пари за купување храна до одредена сума. „Мерката ќе се применува шест месеци почнувајќи од февруари“ рече Мицотакис, ...
На светските пазари курсот на европската валута во однос на доларот порасна минатата недела, откако американските и европските централни банки повторно ги зголемија каматните стапки и најавија дополнително зголемување на цената на парите. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американската вредност во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела падна за 0,2 отсто, на 104,69 поени. Истовремено, доларот ослабе за 0,4 ...
Најновата одлука на Вишиот управен суд случајот со рудникот Иловица да се врати на повторно судење ги вознемири активистите кои веќе петта година се борат да се спречи отворање на рудникот за злато и бакар. Но, изјавите на активистите се константни и само добиваат на радикалност. Во вчерашното издание на вестите на Канал ВИС, активистот на Здрава котлина, Костадин Ристоманов, изјави дека се подготвени со жив штит да го оградат рудникот. ...
Со донации ќе се збогатува празничниот изглед на градот, најави градоначалникот Костадинов. Тој рече дека веќе контактирал со локални компании за да донираат за украсувањето на Струмица. Костадинов за канал ВИС рече дека има расположени стопанственици кои сакаат да придонесат за поубава празнична атмосфера. Општината од својот буџет издвои 400 илјади денари за украсување на плоштадот „Гоце Делчев“, а тендерот го доби фирмата Планиметрика. Од ...
Инспектори од мобилните тимови на Царинската управа вчера на ГП Богородица при контрола на автобус открија и запленија 262.750 долари, 155.760 евра и 12 килограми злато и златен накит со проценета вредност од околу 600.000 евра. Поради постоење сомнеж, автобусот со турски регистарски ознаки управуван од македонски државјанин, кој се движел на редовна линија Скопје – Истанбул (Турција) при излез од земјава бил упатен на детална контрола на ...
Струмичкиот плоштад „Гоце делчев“ ќе го добие новогодишно-божиќниот изглед. Почна местењето на металната конструкција на која ќе се постави елката. Градоначалникот Костадин Костадинов рече дека тендерот го добила компанијата Планиметрика и таа за сума од 400 000 денари треба да го накити центарот на градот. Освен елка, божиќниот амбиент ќе го надополни и базарот кој повторно ќе се отвори во овој претпразничен период и ќе понуди забава за ...
Секој е потенцијален зависник и затоа треба да се тргне стигмата од луѓето што се борат со зависности. Вака порачаа говорниците на трибината Зависност-криза на современиот човек што се одржа во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Доктор Васка Митова, специјалист психијатар, вели дека клучно е да се разбере што подразбира зависноста и колку лица има таа. Честопати луѓето не се ни свесни дека стекнуваат зависност сѐ додека таа не почне ...
Со Свечена седница, Советот на општина Василево го одбележа 16-ти Декември, Денот на општина Василево, денот кога пред 26 години е одржана Првата конститутивна седница, на која е формирана ЕЛС Василево. Седницата ја отвори претседателот на Советот, Ристо Делијанов, кој упати желби за успешен понатамошен развој на Општината. „Во периодот во кој ја извршуваме оваа граѓанска должност, зад нас се дваесетина одржани седници со над стотина Одлуки, ...
Случајот со рудникот за злато и бакар Иловица се враќа на повторно судење. Вака гласи најновата одлука на Вишиот управен суд донесена во октомври. Според неа, се уважува жалбата на концесионерот Еуромакс и судот наново ќе одлучува. Новата одлука на Вишиот управен суд ги изреволтира активистите кои веќе петта година се борат против отворање на рудникот. Тие обвинуваат дека зад последната одлука се крие влијанието на политичката партија ДУИ и ...
Струмичките земјоделци реагираат за моделот на исплата на интервентната мерка за ниската откупна цена на пролетната зелка. Како што тврдат државата не дала пари за вкупно предадени количини кај регистрирани откупувачи, туку биле лимитирани до 30 тони по хектар Од МЗШВ велат дека со меракта биле опфатени околу 1630 земјоделци на кои им е исплатено сума од 41,7 милиони денари. Како корисници биле сите регисрирани земјодели кои ова година имаат ...
Познатиот актер Бранко Бенинов неодамна замина во пензија. Актерот од струмичкиот театар Антон Панов, вели дека е среќен што доживеал да замине во пензија. „Оваа работа е исцрпувачка, те троши. Јас сум среќен што доживеав да заминам во пензија и да ја уживам својата пензија. Имам и зацртано како ќе го пополнувам времето,“ рече во емисијата Вис а Вис Бенинов. Тој потенцира дека театарот е можеби најважната школа за еден актер, но, дека во ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,44 % во однос на одлуката од 12.12.2022 година. Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 3,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на ...
Годинава тутунопроизводителите ги рушат рекордите и испишуваат историја на досега највисока просечна откупна цена од 285 денари за килограм, што претставува зголемување за повеќе од 40% во однос на минатогодишната. Откупот на тутун од реколтата 2022 година тече интензивно во сите 200 откупни пунктови, кои се навремено отворени на целата територија. За годинешната реколта откуп вршат вкупно 10 регистрирани откупни претпријатија на 200 откупни ...
Денеска (15.12.2022) во 09.55 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода Џ.Р.(27) од Штип. За него била распишана потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Струмица, а бил баран за доиздржување на затворска казна од две години за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“. ,,Лицето ќе биде спроведено во Затвор Струмица за ...
„Зависност-криза на современиот човек“ е темата на третата трибина што вечерва ќе ја одржи Фондација Елеуса. На трибината ќе зборуваат доктор Васка Митова-специјалист психијатар, Билјана Мицева-социјален работник и психотерапевт, отец Симеон Кантурски-психолог и теолог и Викарниот епископ Стобиски г.Јаков. Трибината ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ со почеток од 19.00 часот. Првата трибина на Елеуса се одржа во ...
КУД Браќа Минкови од Куклиш во сабота одбележува половина век постоење. Станува збор за едно од најстарите друштва во регионот кој го негува македонскиотфолклор. Во своето постоење КУД Браќа Минкови продуцираше и неколку драмски престави при што драмската секција беше една од највпечатливите на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани По повод 50 години од постоењето КУД Браќа Минкови издаде и монографија која и официјално ќе биде промовирана во ...
Низ поетски стихови, со видео приказна, но и низ сведоштвото на неговата сопруга Смилја, во Центарот за култура ,,Антон Панов” се раскажуваше животната и поетска врска на поетот и новинар Иван Василевски со Преведена. Тоа е местото кое според неговата сопруга е извор на нивната најголема радост и тага и одиграло важна улога во животот и творештвото на Василевски. Преведена како топос е често застапена во песните на Василевски, таму е неговото ...
Почнаа активностите за градење на новиот Дом на култура во Куклиш. Компанијата Пешо инженеринг го доби тендерот вреден 7 милиони денари за изведба на првата фаза од проектот, рушење и градење до карабина. Куклишани велат дека овој период од речиси една деценија морале да се снаоѓаат со простор за активностите на различни здруженија и организации. Домот на културата им е потребен за организирање на кутлурно-општествениот живот. Домот на културата ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот зкаоник. Осомничениот, на 12 декември, со умисла се обидел да го лиши од живот неговиот очув. Делото го сторил така што ја протнал раката преку отворениот мал прозорец од десната страна на влезната врата, ја отворил вратата од домот на очувот, ...
Гевгелија го усвои нацрт буџетот за 2023 година. Во расправата по Нацрт-Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година, учествуваа повеќе членови на Советот на Општината, давајќи конкретни предлози, забелешки и идеи за дополнување на Нацрт-Буџетот. Притоа, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, апелираше до членовите на Советот на Општина Гевгелија изнесените предлози да бидат поднесени во писмена форма за разгледување и вметнување ...
Во тек се Конкурсите што ги објави Општина Гевгелија за финансирање проекти од областа на културата и проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот за 2023 година. Согласно критериумите, на Конкурсот за финансирање проекти од областа на културата, имаат право да учествуваат: уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата со седиште во општина Гевгелија, здруженија на граѓани, физички и правни лица, регистрирани во ...
На 12.12.2022 Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со секторите за внатрешни работи, под раководство на надлежен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција при што сузбиена е 12-члена организирана криминална група, која подолг временски период ...
Денеска (13.12.2022) во 10.40 часот на улица „Таља Бикова“ во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишиле од слобода А.Ѓ.(36) од Гевгелија. Тој се сомничи дека на 12.12.2022 во домот на улица „Иво Лола Рибар“ во Гевгелија со остар предмет го нападнал Н.Н.(68) од Гевгелија. Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени траги и предмети поврзани со кривичното дело. Лицето било ...
Третиот столб на земјоделскиот буџет за 2023 е силно насочен кон капиталните водостопански инвестиции. Нема стабилно земјоделство без доволно вода. Најголемата сума од буџетот на министерството во износ од 884,9 милиони денари е наменета за Управата за водостопанство. Со овие средства и во 2023 ќе продолжат започнатите капитални водостопански проекти. Во првиот квартал ќе заврши изградбата на браната Конско. Тоа е најголем капитален проект за ...
Деновиве започна реконструкцијата на улицата „Крушевска Република“ со која ќе се отстрани стариот асфалт од двете страни на поројот, ќе се изврши подобрување на горниот строј на улицата со нов слој на тампонски материјал, по што ќе се изврши асфалтирање на улицата со нов асфалт во два слоја. Увид во градежните работи денеска изврши градоначалникот Костадин Костадинов со соработниците, претседателот на Советот Марјан Даскаловски и членови на ...