Кисела Вода: Џез концерт на "Парусион Груп" за сите жени по повод 8 Март

Во чест на 8 Март, Општина Кисела Вода ги поканува сите жени на концерт во Домот на култура “Билјана Беличанец”. 

Во четврток, 7-ми март, со почеток во 20 часот, пред публиката ќе се претстави македонскиот џез-состав “Парусион Груп” со неколку периоди од своето творештво. Премиерно ќе биде изведен новиот материјал “Feel the grooves”, типичен за звукот на денешницата, како и проектот “Агол” од минатата година.

Составот “Парусион Груп” е предводен од Михаил Мишко Парушев, кој е композитор и свири на ударни инструменти. Член на меѓународно признатиот музички бенд „Леб и Сол“. Во 1992 година е прогласен за најдобар тапанар на Скопскиот рок фестивал. Почнувајќи од 1989 година па се досега, тој настапува низ целиот свет со врвни музичари.

Како инструменталисти во “Парусион Груп”, покрај Михаил Парушев на тапаните, во четврток, 7-ми март, во Домот на култура “Билјана Беличанец” ќе настапат врвните: Зоран Костадиновски на гитара, овој пат Јован Цветковиќ на пијано, Дионис Стратров на бас и Петар Колевски на кларинет и саксофон.

Општина Кисела Вода и “Парусион Груп” ве покануваат на една прекрасна музичка вечер за уживање во традиционалните македонски ритми, но со современ звук. Влезот е бесплатен.

Македонија се соочува со недостаток на сирупот „Оспен“

Со месеци го нема сирупот Оспен за деца како и дел од лековите за алергија и астма, алармираат педијатрите и родитилеите.

Педијатарката Мира Атанасова вели дека во одредени состојби каде поради зголемено АСО кај децата од бактериска инфекција и со препорака на реваматолог дека детето треба да пие Оспен сируп.

Родителите често заминуваат во други земји или нарачуваат да им се купи сирупот, бидејќи ретко кога може да се најде во Македонија. Доктор Атанасова вели дека поради одредена здравствена состојба оспенот е повеќе од потребен.

Во разговор со МАЛМЕД рекоа дека разговарале со производителот во наредниот период да има сируп Оспен. ОД МАЛМЕД објаснуваат дека дефицит со овој сируп има во цела Европа.

Вработените во фондот за здравство утре излегуваат на протест

Вработените во фондот за здравство утре повторно излегуваат на протест.

Целта како што велат е да го изразат незадоволството дека не добиле усогласување на платите со растот на минималецот. Дополнително, бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата.

На протестот според Деаноски ќе се бара и разрешување на управниот одбор кој обвинува дека е против барањата на вработените.

Доколку утрешниот протест на вработените во ФЗОМ не вроди со плод, синдикалците најавија штрајк од 1. Јуни. Инаку, ова не е првпат да има проблеми во Фондот за здравство. Во февруари, вработените два дена штрајкуваа поради најавата од Управниот одбор дека платите ќе им бидат намалени за 21 процент. Сепак, до такво нешто не дојде.

Предизборни калкулации околу составот на идната влада

Откако ги прозваа дека за да му се допаднат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се откажале и од условот за уставни измени, албанските опозиционери ги повторија нивните барања за  учество во новата влада. 

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши порача дека коалицијата „Вреди“ е доследна на ставот за усвојување на уставните измени и тоа во конкретен рок, како и дека претседателот на државата треба да се избира во Собранието. Според Гаши, тие се обврзани да бидат дел од идната влада во која ќе водат важни институции од секторот за внатрешни работи. Со ВМРО-ДПМНЕ, вели, се уште не разговарале за темата уставни измени, но оти за тоа е потребен поширок консензус и дебата.

Позициите од кои не планираат да се откажат ги повтори и потпретседателот на ДУИ, Османи - усвојување на уставните измени, почитување на договорите како и ветинг, се условите за коалицирање на „интегративците“. На Мицкоски му одговори дека тој не одлучува кој ќе биде претставник на Албанците во новата влада туку народот, а скандирањето „УЧК“ од лидерот на ДУИ Ахмети на митинг среде Скопје, според Османи, е реакција на националистичката реторика од Мицкоски која ги иритирала Албанците.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митинг синоќа од Битола упати порака до Мала Речица, како што рече, да не праќаат емисари да го премислат, бидејќи партнерот за новата влада ќе го бара во албанската опозиција, а на ДУИ време и е за опозиција и одговорност.

Отворена врата за коалицирање Мицкоски остави и за движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски и во партиите со кои ќе споделуваат исти принципи и вредности и чии гласови ги очекува на контото на Силјановска Давкова во вториот круг од претседателските избори.

притисни ентер