Кога станува збор за нега на кожата, најважните состојки кои морате да ги обезбедите се: заштитен фактор, ретинол и витамин Ц. Сите овие фактори придонесуваат за поздрава, посветла и помазна кожа. Веќе ви е добро познато дека витаминот Ц е една од најбараните состојки за нега на кожата. Станува збор за моќен антиоксиданс кој е идеалното средство во борбата против оксидативното нарушување. Освен тоа, игра голема улога во зајакнувањето на ...

Илјадагодишната историја на гратчето Конца дела Кампанија кој се наоѓа на југот на Апенинскиот Полуостров, била прекината на 23 октомври 1980 година. Во земјотресот со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала загинале речиси 3000 луѓе. Иако, честопати досега градовите биле обновувани на истото место по слични трагедии, овде штетата била преголема, па така веднаш до старата локација на градот бил изграден нов град со модерна ...

Времето е релативен поим. Кога ни е здодевно на работа имаме чувство дека бавно минува, а од друга страна кога имаме краток рок за извршување важна задача, ни се чини дека времето лета како лудо. Во продолжение прочитајте неколку интересни факти за времето. 1. Живееме во минатото Ова можеби звучи како некое сценарио од научно-фантастичен филм, но секој човек на Земјата живее „во минатото“. Нашиот мозок има моќ да ги перципира ...

Канадската уметница Laurence Vallières создава скулптури од рециклиран картон. Нејзините скулптури на животни ги изразуваат човековите емоции и однесувања кои се генерални за сите, без разлика од каде доаѓаме или каде одиме. Покрај тоа, делата на оваа уметница носат не само еколошка туку и политичка порака: „Политичкото значење на моите скулптури доаѓа до израз преку ѓубрето кое го користам за мојата уметност и кое е доказ за тоа ...

Дали некогаш сте го пробале овој десерт? Станува збор за еден вид браунис и традиционално се подготвува со брашно, јајца, шеќер и путер. Десертот е неодоливо сочен. Доколку не сакате да користите состојки од животинско потекло можете да го направите со варен наут. Покрај протеините, наутот содржи железо, фолна киселина и други хранливи материи. Потребни состојки: Начин на подготовка: 1. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови. 2. Во ...

Според астролозите, овој месец нè очекува нов почеток во поглед на љубовниот живот, но и во поглед на финансиите! Венера ќе остане во знакот Овен сè до 28 мај и ќе ги промени нашите приоритети при што на прво место ќе ја стави љубовта. Преку нејзината енергија ќе посакаме да започнеме нешто ново и да внесеме повеќе возбуда во нашите односи. Сè ќе се одвива брзо и спонтано. Со помислата дека немаме време за одолговлекување, ...

Дали си велите себеси „ги мразам луѓето“ почесто отколку што би сакале? Но, дали некогаш сте се запрашале зошто е така? Еве што велат психолозите. 1. Имате големи очекувања Луѓето кои имаат тенденција да ги мразат другите вообичаено имаат големи очекувања од луѓето околу нив. Тие можат да бидат реални и нереални, но во голема мера влијаат врз начинот на кој гледате кон другите. Така на пример, очекувате другите да ги разберат вашите ...

Што ни предвидуваат астролозите за оваа недела? Прочитајте во продолжение! Овен Ве очекува голема среќа на љубовен план бидејќи Венера ќе остане во вашиот знак сè до 28 мај. Нејзиното влијание ќе ја зголеми вашата харизма и ќе ви помогне да привлечете нови познанства. Доколку размислувавте да пробате нова фризура или да го смените изгледот, оваа недела е вистинскиот момент. Не двоумете се да пробате нешто ново! Бик Затемнувањето на ...

Сигурно досега многупати сте слушнале за антиинфламаторните својства на куркумата. Можеби и сте се запрашале зошто се препорачува куркумата да се комбинира со црниот пипер (особено во десерти и пијалаци, како на пример, златното млеко). Одговорот е сосема едноставен: со помош на црниот пипер организмот полесно ја апсорбира куркумата. Но, да не заборавиме дека и црниот пипер располага со моќни здравствени придобивки како резултат на состојката ...

Дизајнерката Sylvie Facon дизајнира преубави, шармантни креации со бајковити детали! Нејзината најнова креација е вистинско ремек-дело! Имено, дизајнерката преку разните техники на везење успешно доловила делче од преубав, романтичен пејзаж. За да го заврши фустанот ѝ биле потребни околу 190 часа прецизна работа. Но, откако ќе го погледнете подобро фустанот ќе сфатите зошто бил потребен толку многу труд за да биде сошиен. Секој детаљ на сликата ...

Меркур влегува во ретроградната фаза на секои три до четири месеци, а во наредниот период тоа ќе се случи на 10 мај и ќе трае до 3 јуни. За тоа време, Меркур ќе биде ретрограден во Близнаци и Бик. Додека е во знакот Близнаци, можете да очекувате проблеми во комуникацијата, расправии со колегите и саканите… Додека е во знакот Бик, ретроградноста на Меркур ќе влијае врз материјалните работи, приходите и расходите, но и на сликата што ја ...

Животот не ни ги дава сите одговори и затоа учиме секој ден, а најголемата мудрост ја стекнуваме како резултат на најтешките искуства. Се развиваме и стануваме подобри луѓе кога ги напуштаме нашите удобни зони и се соочуваме со предизвикувачки ситуации кои нè принудуваат да го пронајдеме нашиот потенцијал. Додека се соочувате со вашите предизвици, најверојатно ви се потребни совети за како да ги откриете своите лидерски вештини. Овој тест ...

Станува збор за рецепт кој не содржи шеќер, но е многу вкусен и здрав. Сигурни сме дека целото семејство ќе го обожава! Потребни состојки: Начин на подготовка: 1. Ставете ги урмите во сад со топла вода каде ќе отстојат 2-4 минути. 2. Потоа префрлете ги во блендер, додадете 2 лажици путер од кикирики, малку сол и измешајте. 3. Поделете ја смесата приближно 60/40, поголемиот дел оставете го во блендерот и додадете 100 грама овесно брашно. Мешајте ...

Сигурно ви е добро познато дека шеа путерот има способност да ѝ пружи максимална хидратација дури и на најсувата кожа. Вообичаено, се користи во лосиони и креми за тело, но дали некогаш сте се сетиле да побарате балсам за усни со шеа путер? Овој растителен екстракт е вистински лек за вашите усни, правејќи ги меки и сензуални. Како се добива шеа путерот? Шеа путерот се добива од јаткастите плодовите на шеа дрвото кое расте во Западна Африка. ...

Вистинските и нераскинливите пријателства се благослов кој само малкумина имаат среќа да го искусат. Како и секоја друга врска, за да се одржува цврсто пријателство потребни се големи напори, искреност и волја. Еве за што конкретно станува збор. 1. Се поддржувате еден со друг и во добро и во лошо Без оглед на тоа какви искушенија и предизвици ви носи животот, секогаш заедно се обидувате да се справите со нив преку меѓусебна поддршка и утеха. ...

Дали честопати се чувствувате преоптоварени со обврски и задачи? Дали сте ги искусиле моментите кога сите го бараат вашето внимание, а вие не можете повеќе да издржите и мислите дека главата ќе ви експлодира? Во продолжение прочитајте како да се справите со таквите ужасни денови. 1. Вдишете длабоко Честопати, кога сте под стрес го задржувате здивот поради зголемената напнатост во мускулите. Затоа, не заборавајте да дишете. Вдишете длабоко 3 ...

Скај 721 е највисокиот пешачки мост во светот. Бројката 721 се однесува на должината на мостот кој се наоѓа во селото Долни Морава во Чешка. Мостот е широк само 1,2 метри, а на највисоката точка се издига до 95 метри. Затоа, нека не ве чуди фактот дека не е наменет за оние кои се плашат од височина. Освен тоа, мостот е опкружен со прекрасна природа и нуди спектакуларен поглед кон планината Кралицки Снежник. Во непосредна близина на мостот се ...

Се одлучивте за етичко и одржливо купување и затоа сакате да ги одбегнете производите кои претставуваат потенцијална опасност по животната средина? Сепак, кога треба да избирате меѓу производи од памук и бамбус, ве мачи прашањето кој е поодржлив и подобар материјал? Ние ќе се обидеме да ви го дадеме одговорот! На што се должи одржливоста на материјалот? Според најновите истражувања направени во Велика Британија, околу 350.000 тони користена ...

Мај ќе биде одбележан со љубов и семејни турбуленции како резултат на влијанието на планетите. Венера, планетата на љубовта, од 2 до 28 мај ќе биде во знакот Овен. Ова ќе доведе до посебна атмосфера која ќе биде идеална за страсни врски кои можат да прераснат и во агресија. Венера ја поттикнува нашата потреба за љубов и блискост, а Овенот ја истакнува борбеноста, па желбата да се добие сè одеднаш ќе доведе до драматични ситуации. ...

Моќното затемнување на Сонцето ќе настапи на 30 април, за време на младата Месечина. Затемнувањето ќе ни донесе силна енергија која навестува големи промени. Според астролозите, затемнувањето е симбол на напредок и еволуција, дури и ако не сме свесни за тоа. Покрај другото, неговата енергија носи нови почетоци. За време на затемнувањето на Сонцето, овие хороскопски знаци ќе бидат најсреќни: Овен Затемнувањето ќе влијае врз вашите финансии. Може ...

Што ни предвидуваат астролозите за оваа недела? Прочитајте во продолжение! Овен Оваа недела ќе треба да обратите внимание како на професионалниот така и на љубовниот живот што ќе ви предизвика стрес и нервоза. На работа ве очекуваат многу обврски. Сепак, со помош на креативноста ќе успеете да ги решите сите проблеми и предизвици на кои ќе наидете. Покрај тоа, ќе вклучите нови зделки во семејниот бизнис и конечно ќе се решат имотните прашања кои ...

На 30 април нè очекува млада Месечина во Бик, но и првото затемнување на Сонцето во 2022 година. Иако се работи за делумно затемнување, сепак ќе ни отвори нови врати и ќе ни донесе нови можности. Доколку постои нешто што силно го посакувате, ова ќе биде идеалниот момент да се поврзете со вашата желба и да видите што ќе се случи. Од друга страна, затемнувањата имаат тенденција да предизвикаат судбински настани кои ќе ни помогнат да ...

Мотивацијата е важна движечка сила во животот на секој од нас. Влијае врз речиси сите аспекти од нашите животи, без разлика дали станува збор за големи или мали, безначајни нешта. Постојат два типа мотивација: надворешна и внатрешна. Надворешната мотивација е насочена кон постигањето некаков исход, најчесто награда. Внатрешната, пак, се однесува на внатрешниот нагон за постигање успех или цел. Според научниците, поефективен е вториот тип ...

Карфиолот е зеленчук кој може да се приготви на повеќе начини. Можете да го додадете во супи и чорби, па дури и во пици, а можете и да зготвите пире од него. Похуваниот карфиол е особено популарна опција и се служи како предјадење во многу ресторани. Во продолжение прочитајте го нашиот рецепт за похуван карфиол со брашно од наут. Потребни состојки: Начин на подготовка: 1. Загрејте ја рерната на 200 степени целзиусови. 2. Исечете го карфиолот на ...

Ако барате дестинација каде ќе можете да уживате во најдобрите зајдисонца, бескрајните плажи и гостопримливи локални жители, Шри Ланка е вистинскиот избор за вас! 1. Долга историја Можеби една од најдобрите причини да ја посетите Шри Ланка е нејзината долга историја. Ви се верува или не, првите знаци на човечка цивилизација на островот датираат од пред 34.000 години! Со островот владееле девет дестинации пред да биде колонизиран од страна на ...

Велигден е симбол на надежта и новиот живот. Освен тоа, велигденските денови преставуваат и време за обнова, па заедно со убавината на пролетта ни носат убава енергија. Цитатите кои ќе ги прочитате во продолжение на совршен начин ни ја доловуваат велигденската магија! „Бог е љубов која го победи злото.“ – Папа Франциск „Воскресението е сржта на нашите верувања како христијани. Без него нашата вера е бесмислена.“ ...

Денес се одбележува Денот на планетата Земја, па затоа одлучивме да ви споделиме еко совети за патување. Планирање и подготовка Ова може да се примени за секаков вид патување, но игра особена важност за време на престојот во природа. Камповите каде што го планирате одморот, снабдувањето со уреди за подготовка на храната и начинот на кој ја пакувате – сето ова може да влијае врз животната средина. Освен тоа, важно е и да бидете подготвени ...

Во вторник Сонцето го напушта Овенот и влегува во знакот на Бикот со што ќе започне период од четири недели во кој ќе се поврземе со надворешниот свет преку нашите сетила. Како земјен знак, Бикот го забавува темпото на животот за да ја забележиме убавината што е насекаде околу нас. Овен Во текот на оваа недела универзумот поволно ќе влијае врз вашиот финансиски сектор. Имено, сезоната на Бикот е одлично време да работите на финансискиот план ...

Благодарение на положбата на ѕвездите, одредени хороскопски знаци ќе можат да ја подобрат својата материјална благосостојба и да ги решат финансиските проблеми. Дел од нив ќе мора да се чуваат од измами и завидливи луѓе, а други, пак, ќе добијат примамливи понуди за работа и напредок во кариерата. Овен Благодарение на среќните околности, на самиот почеток на неделата ве очекува подобрување на вашата финансиска состојба. Од особена важност е да ...

Според астролозите, мај ќе ни донесе многу убави работи, особено во поглед на љубовта. Покрај тоа, мај е месец на обнова и промена. На 10 мај Јупитер ќе го заврши престојот во знакот Риби што ќе влијае позитивно врз водените и земјените знаци на Зодијакот. Дополнителна мотивација ќе бидат и Марс во Риби и Сонцето во Бик. Во продолжение прочитајте кои хороскопски знаци ги очекува нова романса во мај! Овен Како еден од најимпулсивните знаци во ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
65%
1038
weather icon

Белград

-3ᴼ / -3ᴼ
1.54
93%
1040
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
75%
1040
weather icon

Софија

-1ᴼ / -3ᴼ
1.54
85%
1038
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.25
67%
1036
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
0.89
84%
1039
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
5.14
69%
1032
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
35%
1031
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
53%
1032
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.81
59%
1034
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
89%
1040
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
57%
1035
Currency

61.535

Currency

59.7585

Currency

72.8654

Currency

36.9644

Currency

41.3984

Currency

65.5

Currency

8.161

Currency

0.58524

Currency

0.38414

Currency

0.52545

Currency

1.6816

Currency

0.69046

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

502491 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

991 $

Злато

87341 $

Бакар

8 $

Паладиум

29710 $

Платина

29835 $

Цинк

89774 $