
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Поради Украина, Џозеф Бајден во основа започна војна меѓу Западот и Русија, која за малку ќе прерасне во нуклеарен конфликт, напиша заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев на Телеграм. „Старецот во еден момент го загуби компасот, во основа започна војна меѓу колективниот Запад и Русија, која за малку ќе се претвори во нуклеарен конфликт со НАТО“ – забележа Медведев. „Опашките“ на одлуките на Бајден ќе се ...
Израел на официјалната страна на „Икс“ објави фотографија од 33. заложници што Хамас етапно треба да ги ослободи во следните недели, во согласност со Договорот за прекин на огнот. Иако утрово примирјето требаше да почне, истото се одложи бидејќи Хамас навремено не ја достави листата на заложниците што треба да ги ослободи во текот на денот, како што е превидено. ❤️🎗️ We are waiting for each and every one of you. pic.twitter.com/hys5TbvqU8 — ...
Почетокот на примирјето меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Газа, кој требаше да започне во 8:30 часот (по локално време), е одложен откако Хамас не ги соопшти имињата на заложниците кои ќе бидат ослободени, изјави портпаролот на израелските вооружени сили, Даниел Хагари, цитиран од светските агенции. Спорот не беше решен во определеното време. Хагари рече дека израелските одбранбени сили (ИДФ) „продолжуваат да напаѓаат, дури и сега, ...
Карлос Алкараз продолжува со одличните настапи на Австралија Опен. Се пласираше во четвртфиналето откако го совлада Џек Дрејпер, кој му го предаде мечот на својот ривал при резултат 7:5 и 6:1 за Шпанецот. Момчето од Мурсија покажа дека е во одлична форма, но веќе во следната рунда би можел да ја има најтешката можна задача на овој турнир – Новак Ѓоковиќ. Алкараз ќе игра со Србинот кој десетпати го освојуваше Австралија опен. Нивниот дуел ќе се ...
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров е оптимист во пресрет на вечерашниот натпревар со Гвинеја во 3. коло на Д-групата на Светското првенство 2025. – Натпреварот со Гвинеја ни е од круцијално значење. Мораме да се мобилизираме и да го добиеме натпреварот. Нема да калкулираме воопшто, победата ни е потребна за пласман во втор круг. Можеби сме фаворити на хартија, но со оглед дека имавме две тешки и исцрпувачки дуели, ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека очекува големи промени од новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, а особено уривање, како што рече, на постоечкиот корумпиран систем кој служел за уништување слободни и слободарски држави во светот. -Ако го направат тоа ќе бидат структурни промени во политичкиот проток на крв во светот и верувам дека ќе го направат тоа – изјави Вучиќ на ТВ Хепи. Тој изјави дека многу организации ...
Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, им кажал на советниците дека планира да отпатува во Кина по преземањето на функцијата, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на извори блиски до разговорите. Трамп изрази интерес да отпатува во Кина во првите 100 дена на функцијата, се вели во извештајот. Инаугурацијата на Трамп е во понеделник, а кинеските државни новински агенции во петокот објавија дека кинескиот потпретседател Хан Женг ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и нареди на својата армија да не започнува прекин на огнот во Газа, кој требаше да започне во 8:30 часот по локално време (0630 GMT) додека Хамас не ги објави имињата на заложниците што треба да бидат ослободени, соопшти неговата канцеларија. „Премиерот му наложи на ИД дека прекинот на огнот, кој треба да стапи на сила во 8:30 часот, нема да започне додека Израел не ја добие листата на ослободени ...
Компанијата за животно осигурување MetLife спроведе истражување за физичките, социјалните, менталните и финансиските аспекти на различни генерации и дојде до заклучок дека на генерацијата Z не и оди најдобро и дека има проблеми во речиси сите области од животот. „Ген З не работи многу добро“, изјави Тод Кац, извршен потпретседател на MetLife, за InsuranceNewsNet, додавајќи: „Нашето истражување покажа дека целокупното здравје на сите возрасни ...
Фудбалската асоцијација на Гренланд долго време сака да се приклучи на ФИФА и УЕФА и да учествува во официјални натпревари. Според последните информации, административните пречки се при крај и на Гренланд почнуваат подготовките за сериозно ниво на фудбал. Хумел создаде сини дресови кои наликуваат на лизгалиште, а дресовите се хит на социјалните мрежи. Дресовите потсетуваат на земја која е 80 проценти покриена со мраз и вода. На ракавите има ...
На Ракометна федерација на Македонија (РФМ) ѝ е изречена парична казна поради „недолично однесување на навивачите“ на вчерашниот натпревар против репрезентацијата на Холандија што се одигра во Вараждин, Хрватска, во рамките на Светското првенство, се вели во информацијата објавена на официјалната веб-страница на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ). Исто така, Ракометна федерација на Македонија е предупредена дека идните натпревари на ...
Нигерија е примена како „земја партнер“ во алијансата БРИКС, објави бразилската влада, која во моментов претседава со алијансата. БРИКС е основан во 2009 година од Бразил, Русија, Индија и Кина, а Јужна Африка се приклучи во 2010 година, објави АП. Минатата година и се приклучија Иран, Египет, Етиопија и Обединетите Арапски Емирати. Саудиска Арабија е поканета да се приклучи, додека Турција, Азербејџан и Малезија официјално поднесоа барања за ...
Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-Јол е официјално уапсен под обвинение за бунт, што го прави првиот актуелен претседател во историјата на нацијата кој се соочил со притвор додека бил на функцијата, јавува „Анадолу“. Западниот окружен суд во Сеул го одобри налогот за апсење, наведувајќи дека има доволно докази за обвиненијата, објави новинската агенција Јонхап. Јун е обвинет дека прогласил воена состојба на 3 декември и наводно распоредил ...
Американската владина агенција за имиграција (ICE) се подготвува за „масовна операција“ на депортации кога Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата претседател на САД на 20 јануари, пишува „Њујорк пост“. Како што рекоа на овој медиум, близок до Републиканската партија во САД, од извори блиски до ICE, операцијата ќе започне низ целата земја на 21 јануари, ден по инаугурацијата на Трамп. Фокусот ќе биде ставен на градовите каде што „раководството не ...
Само македонските политикански пацери во оргазматичен занес продолжуваат со рефренот ,,ЕУ, ЕУ, ЕУ”! Оксиморонски повторуваат дека за неолибералната глобалистичка алтернатива нема алтернатива. Oко не им трепнува и мува не ги лази агендата за непожелниот македонизам. Како и за фактот дека конечното затворање на ,,Македонското прашање” го режираат оние што инфантилно ги нарекуваат “стратегиски партнери”. Пишува: Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ Уште една ...
Израел нема да го продолжи процесот на запирање на војната во Газа додека не добие список од 33 заложници кои Хамас треба да ги ослободи во првата фаза од договорот, изјави во саботата израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. „Нема да продолжиме со договорот додека не добиеме список на заложници кои ќе бидат ослободени, како што е договорено. Израел нема да толерира никакво прекршување на договорот. Единствена одговорност е на Хамас“, рече ...
Полицијата во Трогир, Хрватска, уапси 50-годишен маж осомничен дека се обидел да труе дете со родентицид што се користи за контрола на штетни глодари, извести сплитско-далматинската полиција. Во средата, на 15 јануари, родителот на детето пријавил дека непознат маж му дал торба во која тврдел дека има бонбони и дека треба да проба. Момчето се сомневало во зборовите на непознатиот маж, не ги конзумирало, видело дека во чантата нема бонбони, а за ...
Најмалку 60 луѓе загинаа денеска во северна Нигерија кога цистерна се преврте, истури бензин и предизвика експлозија, соопшти Федералниот корпус за безбедност на патиштата (FRSC). VIDEO: Moment Petrol-Filled Tanker Exploded At Dikko Junction In Niger State pic.twitter.com/iBitTZvFtO — Blueprint Newspapers (@Blueprint_ng) January 18, 2025 Несреќата во државата Нигер уследи по слична експлозија во државата Џигава минатиот октомври, во која ...
Извршниот директор на австрискиот градежен концерн Страбаг, Клеменс Хазелштајнер, ненадејно почина на 45-годишна возраст, објавија денеска австриските медиуми. Како што соопшти синоќа компанијата Страбаг, Клеменс Хазелштајнер „ненадејно и неочекувано“ починал на 45-годишна возраст. Понатаму се наведува дека се работи за природна смрт. Неговите функции во концернот привремено ги презедоа други членови на одборот на директори. Со 86.000 ...
Во рамките на одбележувањето на 80-годишнината на Македонскиот народен театар, на 25 јануари со почеток во 20:00 часот ќе се одигра премиерната изведба на претставата „Народен пратеник“ од авторот Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Егон Савин. Култното режисерско име Егон Савин се враќа во МНТ по подолг период. Ова е негова трета претстава во театарот, претходно ги има поставено „Злосторство и казна“ (1994) и „Лаж и паралаж“ (1996). Во ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони во понеделник ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, соопштија синоќа претставници од нејзиниот кабинет, а нејзините поддржувачи се надеваат дека таа ќе стане мост меѓу Вашингтон и Европа во следните четири години. Мелони го посети Трамп на неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида на почетокот на овој месец, заработувајќи пофалби од новиот претседател, кој ја нарече ...
Социјалната мрежа ТикТок, во сопственост на кинеската компанија Бајтденс, најави дека утре ќе биде принудена да ги прекине сите активности во САД, доколку не добие јасна изјава од Белата куќа за нејзината иднина. Соопштението беше објавено откако американскиот Врховен суд вчера го потврди законот со кој се забранува употреба на ТикТок во САД, освен ако платформата не ги прекине врските со кинеската матична компанија до недела, објавија ...
Премиерот Андреј Пленковиќ ќе го разреши Јосип Дабро од функцијата вицепремиер и министер за земјоделство, шумарство и рибарство, со кого синоќа разговараше и побара од него да поднесе оставка, што Дабро потоа и го направи, изјави утрово владиниот портпарол Марко Милиќ. Премиерот синоќа разговарал со вицепремиерот Дабар за објавените снимки кои укажуваат на несоодветно однесување и употреба на огнено оружје, потврди Милиќ. „Тој му кажа дека ...
Човек се закачил за надворешната страна на вагон за брз воз во Германија кој возел со брзина до 282 километри на час и избегал без повреди, соопшти вчера полицијата. 40-годишен унгарски државјанин во четвртокот без билет се качил во воз за северниот крајбрежен град Либек во Минхен. Но, полицијата тврди дека тоа не била причината за ризичниот трик. Кога возот застанал на станицата во Инголштад, на околу 70 километри северно од Минхен, патникот ...
Светската економија ќе расте стабилно оваа и следната година, со јаз меѓу САД и еврозоната, објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во своите најнови прогнози, предупредувајќи на значително повисоки цени на енергијата на Стариот континент. Светската економија годинава ќе порасне за 3,3 отсто, а со исто темпо би требало да расте и во 2026 година, покажуваат привремените прогнози на ММФ, кои ги вклучуваат само водечките светски економии и ...
Боливискиот суд денеска издаде налог за апсење на поранешниот претседател на земјата, Ево Моралес, откако тој не се појави пред суд поради наводна врска со малолетничка и трговија со луѓе. -Издадена е потерница за негов претрес и апсење – рече судијата Нелсон Рокабадо. Обвинителите поднесоа обвинение против Моралес во средината на декември, на што тој одговори тврдејќи дека тоа е стратегија за блокирање на неговата претседателска кандидатура, ...
Студентските протести во Србија по уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад не стивнуваат. Во цела Србија вчера во 11:52 часот се одржа едноминутно молчење за да им се оддаде почит на загинатите во уривањето на настрешницата во Нови Сад. При една ваква акција во Белград, една студентка беше тешко повредена откако на тротоар ја удрил автомобил. Како одговор на овој див чин синоќа се одржаа протести во Крагуевац, Ниш, Краљево ...
Во јавноста во Хрватска протече видео снимка на која министерот за земјоделство и актуелен вицепремиер Јосип Дабро пука со девет истрели од пиштол ХС-2000 низ отворен прозорец додека се вози во приватен автомобил. Според она што може да се види на видеото, Дабро се вози на совозачкото седиште во автомобилот и лежерно е облечен во шорцеви и маичка, што навестува дека видеото е снимено во текот на летото. Во позадина се слуша народна музика. Се ...
Македонската ракометна репрезентација загуби од Холандија со 37-32 во рамки на 2 коло од групата Д на Светското првенство во Вараждин. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров се бореа во текот на целите 60 минути против фаворитот, но не можеа против брзите „лалиња“, но и неколкуте сомнителни одлуки на данските судии. Македонија играше одличен натпревар во првите 20 минути. Имавме постојано водство се до 12-13. Потоа имавме голем пад кога седум ...
Пред секоја делегација, наместо името на државата, беа имињата на претседателот и на министерот за надворешни работи. Можно ли е ваквиот аранжман за претставниците од „целиот свет“ да е издејствуван од Грција само за да не стои името „Македонија“? Секако. Грчкото влијание не можеше да се спореди со она на малата Македонија, нова држава во процес на меѓународно признавање. Пишува: Денко МАЛЕСКИ (Белешки од годините на независноста) Во јули 1992 ...