
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Траги од амфетамин, екстази и кокаин биле откриени во тоалетните кабини во зградата на финскиот парламент, објави финскиот јавен сервис Иле. Во три тоалетни кабини биле пронајдени траги од дрога, кои ги користеле и мажи и жени, се вели во извештајот. Примероците се земени во вечерните часови во ноември, кога пратеничките групи одржуваа божиќни прослави на петтиот кат, каде се наоѓаат салите за состаноци и канцелариите. Покрај пратениците, на ...
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте и порача на Европската унија дека треба да ги преиспита своите приоритети за трошење со цел да ги зголеми буџетите за одбрана и дека е загрижен за ситуацијата во Босна и Херцеговина и Косово. Руте, коментирајќи ја ситуацијата во Босна и Херцеговина, рече дека е од суштинско значење да не се создаде безбедносен вакуум во земјата и изрази целосна поддршка за ЕУФОР, поточно мисијата „Алтеа“. Потоа им се ...
Вкупните штети и економски загуби предизвикани од шумските пожари во Јужна Калифорнија се проценуваат на 250 до 275 милијарди долари, објави денеска метеоролошката компанија Accuweather. Прелиминарните проценки го надминуваат обемот на штетите од сезоната на пожари во 2020 година, изјави главниот метеоролог на фирмата, Џонатан Портер, предупредувајќи дека шумските пожари во областа на Лос Анџелес би можеле да станат најлошите во модерната ...
Со голема хуманитарна акција „Повеќе од гол”, лидерот во приредување игри на среќа ја започнува новата година. Mozzart повторно внесува хуманитарна нота на светското првенство во ракомет. Македонските ракометари во среда го играат првиот натпревар, а за секој нивен погодок ќе бидат донирани по 5.000 денари во хуманитарни цели. Промотер на хуманитарната акција на Mozzart ќе биде капитенот на македонската репрезентација, Филип Кузмановски кој без ...
Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за цунами откако земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија, јавува Си-Ен-Ен. Издадено е предупредување за цунами за префектурите Мијазаки и Кочин, соопшти JMA, пренесе Кјодо. Во префектурата Мијазаки веќе е забележано цунами високо 20 сантиметри, а според јапонската агенција, не се потврдени оперативни аномалии во нуклеарната ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен добро се опоравува од пневмонијата од која боледуваше и се наоѓа во нејзината куќа во Хановер, информира денеска главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо. Таа соопшти дека Фон дер Лајен уште оваа недела ќе отсуствува од своето работно место во Брисел, поради што побарала со заседанието на Колеџот на комесари в среда да претседава извршната потпретседателка на Европската комисија за чиста, ...
Многу земји изразуваат подготвеност да бидат платформа за потенцијални преговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, но прерано е да се зборува за тоа, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој рече дека се уште нема суштински подготовки за средбата Путин-Трамп, но додаде дека постои политичка волја за тоа. „Ваквите контакти се многу неопходни и препорачливи“, нагласи ...
Лансирањето на ракетата „Њу Глен“ од компанијата „Блу Ориџин“ на американскиот милијардер Џеф Безос беше откажано во последен момент поради технички проблеми. Висока околу триесет ката и дизајнирана за повеќекратна употреба, ракетата „Њу Глен“ требаше да биде лансирана рано утринава од Кејп Канаверал, Флорида. Ракетата го ресетираше своето одбројување повеќе пати, надминувајќи ја временската рамка за лансирање поставена за 4 часот наутро по ...
Русија соопшти дека Украина се обидела да нападне компресорска станица што го снабдува гасоводот Турски тек. Руското Министерство за одбрана објави дека противвоздушната одбрана соборила девет украински беспилотни летала кои се движеле кон компресорската станица Рускаја во јужниот руски регион Краснодар. Наведено е дека нема жртви меѓу персоналот стациониран на станицата, иако инфраструктурата претрпела мала штета „поради фрагменти од ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека пожарникарите од неговата земја се подготвени да помогнат во борбата со пожарите во Калифорнија. „Денеска дадов инструкции на украинскиот министер за внатрешни работи и на нашите дипломати да се подготват за можно учество на наши спасувачи во сузбивање на пожарите во Калифорнија. Понудивме наша помош на американската страна преку релевантни канали, 150 наши пожарникари се веќе подготвени“, ...
Во ескалацијата на незадоволства меѓу најистакнатите следбеници на Доналд Трамп, неговиот поранешен советник Стив Банон го нарече последниот миленик на Трамп, Илон Маск, „расист“ и „навистина злобен човек“. Во интервју за Corriere della Sera, Банон го критикуваше прифаќањето на некои форми на имиграција од страна на Маск и вети дека ќе осигура Маск да нема пристап до Белата куќа на највисоко ниво. – Маск е навистина злобно момче, многу лошо ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Украина му понудила помош на словачкиот народ за време на периодот на прилагодување на недостатокот на транзит на гас од Русија, но дека Братислава ја одбила. „Добро е што словачкиот премиер Фицо конечно се врати од својот одмор во луксузен хотел во Виетнам и сега е во Братислава. За него лично, тоа мора да биде предизвик – да се префрли од луксузен живот во обид да ги исправи сопствените ...
Бројот на убиени и ранети севернокорејски војници во Украина најверојатно надмина 3.000, вклучувајќи околу 300 мртви и 2.700 ранети, изјави денеска јужнокорејски пратеник, повикувајќи се на информации од тамошната разузнавачка агенција. „Се чини дека севернокорејските власти ги повикале своите војници да се самоубијат со кревање во воздух за да избегнат апсење“, рече пратеникот, цитирајќи ја јужнокорејската Национална разузнавачка служба (НИС). ...
СРБИЈА официјално понуди да биде домаќин на шефот на руската држава Владимир Путин и новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, гарантирајќи им целосна безбедност. Понудата ја објави српскиот претседател Александар Вучиќ, кој нагласи дека Србија е официјално заинтересирана да биде домаќин на средбата Трамп-Путин бидејќи „не само што формално е надвор од воените блокови, туку во суштина е надвор од двата блока, ...
Бројот на загинати во пожарите што беснеат низ Лос Анџелес се искачи на 24, соопштија утрово властите. Канцеларијата на судски вештак во округот Лос Анџелес објави список на жртви, вклучувајќи осум лица кои загинаа во пожарот што беснее во Пацифик Палисадес и 16 лица кои загинаа во пожарот во Итон. И покрај предупредувањата дека секој обид за навлегување во областа на пожарот е од висок ризик, многу луѓе кои беа принудени да ги напуштат своите ...
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој е поддржан од партијата СДП и коалицијата, победи по вториот круг на претседателските избори. Според хрватската Државна изборна комисија, по обработени 99,59% избирачки места, Милановиќ освои 74,67% од гласовите, а кандидатот на ХДЗ и коалицијата, Драган Приморац 25,33%. -Ова е голем ден за мене, оваа победа ја гледам како признание и одобрување на мојата работа. Ова е плебисцитарната порака на ...
Црна Гора беше погодена од силно невреме, придружено со силен ветер и неочекувани снежни врнежи, што предизвикаа проблеми во повеќе региони. Во главниот град Подгорица, како и на приморјето, последиците од временските непогоди се значителни. Во Подгорица силниот ветер собори неколку дрвја, а градските служби веднаш реагираа за санирање на штетите. Според изјавата на градоначалникот Саша Мујовиќ, сите надлежни институции се на терен и работат на ...
Десетици илјади Романци незадоволни од откажувањето на претседателските избори денеска маршираа низ Букурешт, барајќи да се одржи вториот круг од претседателските избори и претседателот во заминување Клаус Јоханис да поднесе оставка. Протестот беше организиран од опозициската десничарска Алијанса за обединување на Романците, втората по големина партија во Романија, објави Ројтерс. -Бараме враќање на демократијата со продолжување на вториот круг ...
Кандидатот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за советник за национална безбедност, Мајк Волц, денеска изјави дека во блиска иднина очекува разговор меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. – Очекувам разговор меѓу Трамп и Путин во наредните денови и недели, изјави Волц на Еј-Би-Си. Тој додаде дека „во тек се подготовки“ за состанокот и оти од перспектива на Трамп „не може да се постигне договор ако нема некаков вид ...
Најавениот прекин на испораките на гас од Азербејџан за Србија нема да се случи, објави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ. Во објава на својот профил на Икс, Вучиќ информира дека бил известен од властите во Азербејџан дека и покрај објективните пречки, нема да прекине испораката на гас за Србија. „Нашите браќа и пријатели од Азербејџан тукушто ме информираа дека, без оглед на објективни проблеми предизвикани од виша сила, нема да има ...
Маж кој дошол да гласа во вториот круг од претседателските избори во Хрватска починал на избирачко место во Риека. Од Државната изборна комисија соопштија дека гласачкото место 77 е затворено. Се очекува гласачкото место да биде затворено околу еден час додека се транспортира телото на починатиот. На местото на настанот пристигнала полиција и брза помош. Кандидатите за нов петгодишен претседателски мандат кои имаа доволно гласови за вториот ...
Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Мексико, во близина на брегот на Мичоакан. Земјотресот се случил во 2 часот и 33 минути, по локално време, на длабочина од 91,1 километар. Според првичните информации, земјотресот предизвикал штети на голем број објекти. ❗ El sismo fue perceptible en los estados de Colima, Michoacán, Morelos, así como algunas zonas de la Ciudad de México. pic.twitter.com/sCPDUPKPTB — Sepa Más ...
Шест лица загинаа во експлозија на плинска боца во ресторан во градот Мост, на северозападот на Чешка, при што била запалена зградата, пренесе Хина. Британските медиуми јавија дека во големата експлозија синоќа се повредени уште осум лица, а од ресторанот и околните згради се спасени 30 лица, соопшти противпожарната служба на социјалната мрежа Икс. Според очевидци, до експлозијата дошло кога се превртела греалка на плин, што предизвикала пожар, ...
Авионите испуштија вода и огноотпорна прашина на стрмните ридови за да го спречат ширењето кон исток на шумскиот пожар Палисејдс во Лос Анџелес, додека гаснењето на пожарот на теренот се интензивираше поради предупредувањата за налет на ветер до 110 км на час што може да ги влоши работите. Во текот на изминатите 24 часа, пожарот Палисејдс се прошири на дополнителни 400 хектари и проголта повеќе домови, објавија властите. Во шесте истовремени ...
Украински дрон погоди голема рафинерија за нафта во Нижнекамск (Татарстан), потврди шефот на украинскиот центар за борба против дезинформации, Андриј Коваленко. Вработените беа евакуирани поради нападот, а на снимката се гледа како чад се издига од местото. – Рафинеријата игра клучна улога во снабдувањето со гориво на руската армија. Отстранувањето на рафинериите и нафтените магацини директно влијае на способноста на Русија да води интензивна ...
Во Хрватска денеска се одржува вториот круг од претседателските избори на кои ќе се бира меѓу актуелниот шеф на државата Зоран Милановиќ и Драган Приморац, кој е поддржан од владејачката ХДЗ. Во првиот изборен круг, кој се одржа на 29 декември, Зоран Милановиќ освои 49,10 отсто од гласовите, додека 19,35 отсто гласаа за неговиот противкандидат Драган Приморац. За гласање регистрирани се околу 3.8 милиони граѓани, а ќе гласаат на 6.755 избирачки ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо остро ја критикуваше Украина како несигурен партнер и рече дека е уморен од нејзиниот претседател Володимир Зеленски кој патува низ Европа за да „моли и уценува“. Фицо ова го кажа во говор пред собраниска комисија, а снимката ја објави на својата Фејсбук страница, пренесува Кликс. Словачката опозиција свика седница на парламентарна комисија и побара Фицо да ја објасни средбата со рускиот претседател Владимир Путин ...
Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом го покани новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Калифорнија за да ја испита штетата предизвикана од смртоносните шумски пожари во округот Лос Анџелес. Во писмото, Њусом побара од Трамп да му се придружи на средбата со жртвите и пожарникарите и потсети на федералната помош што веќе беше доделена од администрацијата на актуелниот претседател Џозеф Бајден. Писмото дојде откако Трамп ги обвини ...
Во Бања Лука вечерва е убиен Дејан Костиќ – Дела, водач на навивачката група „лешинари“. Според информациите од медиумите во регионот, дошло до пукање во бањалучкиот ресторан „Стара Ада“, при што бил убиен Дејан Костиќ. Местото е под строга контрола на полицијата и брзата помош, јавува АТВ. Дејан Костиќ – Дела ѝ стана познат на јавноста откако малтретираше келнер, а снимката стана достапна за јавноста. Тој беше осуден на парична казна од 9.000 ...
Ѕвездата на ТикТок и инфлуенсер Јаел Виљареал од Монтереј, Мексико, најави тужба против неговото поранешно момче кое „нагло ја прекина врската“ со него по 18 месеци. Во видеото објавено на 9 декември, кое сега има повеќе од 5 милиони прегледи, инфлуенсерот на социјалните мрежи објасни дека неговиот поранешен партнер купил камера со неговата кредитна картичка додека се уште биле заедно. „Тврди дека сум му подарил фотоапарат, што е лага“, рече ...