
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Меланија Трамп во интервју за „Фокс њуз“ зборуваше за својот живот, но и за тоа дека никогаш не зависела од сопругот – новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп. „И за првпат бев јас, само ми се чинеше дека луѓето не ме сфаќаат сериозно и не ме прифаќаат, можеби сега ќе биде поинаку. Немав голема поддршка од народот. Можеби некои луѓето ме гледаат само како сопруга на претседателот, но јас стојам со моите нозе, имам мои мисли“, рече таа. ...
Франција мора да остане непоколеблива бидејќи се соочува со „новото глобално нарушување“ кое го отелотворува Маск, рече премиерот Франсоа Бајру, додавајќи дека Франција мора директно да се соочи со глобалните сили, алудирајќи на враќањето на Доналд Трамп на политичката сцена, пишува Гардијан. Во својот прв политички говор пред францускиот парламент, Бајру рече дека има нов светски поредок или, подобро кажано, нов светски неред кој го загрозува ...
Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, објави дека нејзиниот рак се повлекува. „Олеснување е што сега сум во ремисија и останувам фокусирана на закрепнувањето. Како што знае секој на кого му е дијагностициран рак, потребно е време да се прилагоди на новата нормала“, вели таа во изјавата објавена на Инстаграм. „Мојата искрена благодарност е до сите што тивко одеа покрај мене и Вилијам додека минавме низ сето ова“, продолжи таа. „Не можевме да ...
Градот Глоговек во Полска му нуди на милијардерот Илон Маск да го купи масивен замок од 13 век и да го претвори во негово европско седиште. Градоначалникот на Глоговек, Пјотр Бујак, денеска изјави дека упатил покана до „Икс“ и испратил писма до неговите компании во кои му нудат на Маск да го купи замокот. Цената не беше објавена, а Маск досега не одговорил на понудата. Бујак за „Асошиејтед прес“ изјави дека видел медиумски извештаи во Европа ...
Репрезентациите на Италија и Франција со убедлива победа го започнаа 29.Ссветско првенство во ракомет. Во Б групата, Италија го победи Тунис со 32:25. Кај Италијанците најдобар беше Пратнер, кој даде 10 гола, а Булзамини и Менгон постигнаа по четири гола. Кај туниската репрезентација најефикасен беше Бен Абдалах со шест гола, а Мараф постигна четири гола. Во вториот меч од оваа група вечерва бранителот на трофејот Данска ќе игра против Алжир. ...
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска потпиша извршна наредба која има за цел да обезбеди дека САД можат брзо да изградат инфраструктура за напредни операции со вештачка интелигенција (ВИ), како што се големи центри за складирање и обработка на податоци, и да се снабдуваат со електрична енергија од „чисти извори“. Извршната наредба ги упатува федералните агенции да го забрзаат развојот на инфраструктурата за ВИ од големи размери на ...
Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 17 часот и 37 минути во областа на Крит, најголемиот остров во Грција. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 34,7 и географска должина 24,3., на длабочина од околу еден километар под површината на земјата. Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните ...
Членови на десничарската Алтернатива за Германија (АФД) во југозападниот германски град Карлсруе им поделиле илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација во нивната „безбедна земја на потекло“. „Убаво е и во вашата татковина“, пишувало на флаерите, на кои се наведува датумот на заминување 23 февруари, кога во Германија се одржуваат предвремени парламентарни избори, објави „Политико“. За време на партиската конвенција викендот, ...
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте објави во Хелсинки дека НАТО започнува нова мисија за заштита на подморничките кабли во регионот на Балтичкото Море. „Мисијата меѓу другото ќе вклучи низа средства, фрегати и поморски патролни авиони, ќе го зајакне нашето присуство на Балтикот“, рече Руте на заедничката прес-конференција со финскиот претседател Александар Стуб и естонската премиерка Критен Михалис, по заклучок на вонреден самит посветен на ...
Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама нема да присуствува на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп на 20 јануари, соопшти кабинетот на поранешниот претседател. На инаугурацијата ќе присуствуваат поранешните претседатели Барак Обама, Бил Клинтон и Џорџ Буш. Поранешните први дами Лора Буш и Хилари Клинтон ќе им се придружат на своите сопрузи на церемонијата на положување заклетва во Вашингтон. Не беше дадено ...
Украинските елитни сили продолжуваат со борбите во регионот Курск, каде што се соочуваат со редовни руски и севернокорејски трупи. Службата за безбедност на Украина продолжува да испрашува двајца севернокорејски војници заробени во областа Курск, откривајќи нова димензија во војната меѓу Украина и Русија. Војниците се префрлени на лекарска помош во Киев, а поради јазичната бариера украинските служби соработуваат со јужнокорејската разузнавачка ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека за време на руската агресија, Германија и обезбедила на Украина 16 отсто од вкупната меѓународна помош. „Ние сме многу благодарни за германската помош за Украина. Генерално, од почетокот на целосната инвазија, Германија и помага на Украина. Нејзиниот придонес е околу 16 отсто од вкупната помош што ја доби Украина. Ова се многу сериозни бројки“ – рече Зеленски за време на средбата со ...
Еврокомесарката за проширување – Марта Кос денеска изрази уверување дека за време на овој мандат на Европската комисија (2024-2029) барем една земја од процесот на проширување ќе стигне до „финишот“. Кос во Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент рече дека расположението за проширување сега е видливо попозитивно отколку во изминатите години. „За првпат по десет години имаме реална перспектива дека за време на овој мандат можеме ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави можност за одржување референдум за негово разрешување. Оваа изјава ја објави на својот официјален Инстаграм профил, откако Центарот за истражување, транспарентност и одговорност (ЦРТА) соопшти дека мнозинството граѓани на Србија се изјасниле за негово отстранување од функцијата. – Објективната и непристрасна ЦРТА информираше дека огромно мнозинство граѓани се за моја смена. Ако овие наводи се ...
Русија нема да се откаже од своите нови територии под никакви услови, нема прашање за тоа, и важно е светот да го признае влегувањето на ДПР, ЛНР, Запорожје и Херсонската област и Крим во Русија, изјави постојаниот член на Советот за безбедност на Русија и помошникот на претседателот на Русија – Николај Патрушев во интервју за „Комсомолскаја Правда“. – За тоа не се ни дискутира. Териториите кои некогаш беа управувани од Киев станаа дел од Русија ...
Израелската влада се надева на брз заклучок на индиректните преговори со Хамас за ослободување на заложниците во Појасот Газа и ослободување на палестинските затвореници кои ги држеше Израел, изјави владиниот портпарол. – Навистина се надеваме дека наскоро ќе можеме да објавиме добри вести. Блиску сме, но сè уште не на крајот, рече тој. Тој укажа на важен напредок во последните недели, а особено во изминатите денови, при што Хамас покажа ...
Постои само техничко ниво на комуникација меѓу САД и Русија, а не вистински политички дијалог, изјави денеска портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков. „Како што знаете, постојат одредени канали за комуникација меѓу Вашингтон и Москва, и на воена и на дипломатска линија. Но, тоа се прилично технички контакти, каде што не се одвива политички дијалог или дијалог на највисоко ниво“, рече Песков, пренесе ТАСС. „Њујорк тајмс“ претходно објави, ...
Посетата на пациенти на сите клиники на Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) на Србија е забранета поради превенција и контрола на ширењето на респираторните инфекции, јавува денеска РТС. Забраната за посета на пациенти стапи во сила вчера, соопшти Централната комисија за болнички инфекции на Универзитетската болница на Србија, објавено е на веб-страницата на таа здравствена установа. Заради превенција, нареден е зголемен епидемиолошки надзор ...
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола и неговата сопруга Кристина Сера се разделија по 30 години врска, ексклузивно откри „Ел Периодико“. Според информациите на каталонските медиуми, шпанскиот тренер и неговата сопруга одлучиле да се разведат минатиот декември. Истиот извор наведува дека тие се разделиле на пријателски и срдечен начин и дека побарале од најблиското семејство и пријателите да не зборуваат за тоа во медиумите. Дека нивната ...
Смртоносните пожари кои беснеат во Лос Анџелес од минатата недела дополнително се влошија од топлите ветрови кои пристигнаа од пустината. Пожарите сè уште беснеат, а оваа недела се враќаат таканаречените „Санта Ана“ или „Ѓаволски ветрови“. Ветровите од Санта Ана се топли, суви ветрови кои дуваат од североисточен правец. Тие ја зголемуваат брзината додека удираат во планините околу Лос Анџелес и предизвикуваат намалување на нивото на влажност, ...
Се чини дека последните денови на TikTok во САД се ближат. Доколку нема поголема промена во следните неколку дена, популарната платформа во САД ќе престане да работи, на жалење и разочарување на милиони Американци кои поминуваат часови секој ден скролувајќи низ екраните на нивните телефони гледајќи бројни видеа на мрежата. Се разбира, TikTok се противи на таа одлука и смета дека тоа е напад на слободата на говорот на Американците, додека ...
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе беше осуден за злосторства во обид да го поништи неговиот пораз на претседателските избори во 2020 година, доколку не победеше на изборите во 2024 година, рече специјалниот обвинител Џек Смит во својот последен извештај за случајот. Смит, кој поднесе оставка по изборната победа на Трамп во ноември, утврди дека наводите може да се докажат и да доведат до негова пресуда. Исто така, може да се докажат ...
Претседателот на Турција – Реџеп Таип Ердоган вчера го означи почетокот на турската „Година на семејството“ со најава на мерки за зголемување на наталитетот. Осврнувајќи се на „историската вистина дека силното семејство го отвора патот за силна држава“, Ердоган претстави низа финансиски мерки за поддршка на младите семејства, јавува „Асошиејтед прес“. Тој се обиде да го прикаже движењето ЛГБТК+ како дел од странски заговор чија цел е ...
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска пристигна во ненајавена посета на Киев за да ја потврди поддршката на Берлин за Украина во нејзината борба против руската армија. Германија е втора по пружање воена помош за Украина по САД. Таа се обидува да го увери Киев за континуирана помош, бидејќи Украина се грижи за понатамошна поддршка од сојузниците кои се преокупирани со избувнувањето на војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас. ...
Со натпреварот Италија – Тунис, денеска од 17:30 часот во Пореч, Хрватска ќе почне 29-от ракометен Мундијал. Покрај Хрватска, ко-домаќини на Светското првенство ќе бидат и Данска и Норвешка. На шампионатот што ќе трае до 2 февруари ќе учествуваат 32 репрезентации поделени во осум групи. Помеѓу нив е и македонската репрезентација. Состав на групите: Група А (се игра во Хернинг, Данска): Германија, Полска, Чешка, Швајцарија. Група Б (се игра во ...
Голем пожар беше предизвикан денеска од напад на украинско беспилотно летало врз енергетски објект во Казан, Русија, соопштија локалните власти. Во предградието на Казан, главниот град на руската република Татарстан, „се запали резервоар за гас по напад со дрон“, соопшти локалната власт на каналот Телеграм. Во соопштението се наведува дека нема повредени и дека претседателот на Татарстан Рустам Миниханов дошол да го посети местото на пожарот. ...
Претседателот на САД, Џозеф Бајден, во последниот говор посветен на надворешната политика во неговиот мандат рече дека „противниците на САД се послаби отколку што беа пред четири години“ и дека рускиот претседател Владимир Путин „не успеа да ја потчини Украина и да го ослабне НАТО“. „Кога Путин ја започна својата инвазија, имав две работи – едната беше да го соберам светот да ја брани Украина, а другата беше да се избегне војна меѓу две ...
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп утринава изјави дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин „многу наскоро“ откако ќе ја преземе функцијата следната недела. Тој не даде распоред за средбата, која ќе биде прва меѓу лидерите на двете земји од почетокот на руската војна со Украина во февруари 2022 година. Запрашан за неговата стратегија за завршување на војната, Трамп изјави за Newsmax: „Па, има само една стратегија ...
Смртоносни пожари го зафатија Лос Анџелес, а глетката е ужасна. Пожарникарите се подготвуваат за нова закана – силен ветер, кој според предвидувањата на националната метеоролошка служба може да достигне брзина до 75 километри на час. Најмалку 24 луѓе загинаа во пожарите. Шефот на противпожарната служба, Кристин Кроули, го опиша пожарот како „еден од најпредизвикувачките природни настани во историјата на градот“. Полицијата уапси и дваесетина ...
Идната прва дама на САД Меланија Трамп вели дека е спакувана и подготвена да се врати во Белата куќа, каде нејзиниот син Барон ќе има спална соба и планира да ја оживее нејзината иницијатива „Биди најдобар“, која служеше за заштита на благосостојбата на децата. Меланија Трамп, сопругата на реизбраниот американски претседател Доналд Трамп, во интервју за Фокс њуз што се емитуваше денеска, изјави дека најавениот документарен филм за нејзиниот ...