
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Рускиот функционер за безбедност Сергеј Шојгу во денешното интервју предупреди дека расте опасноста од вооружен конфликт меѓу нуклеарните сили. „Во контекст на растечкиот конфликт и влошувањето на геополитичкото ривалство во светот, ризиците од насилни конфликти меѓу големите држави, вклучително и со учество на нуклеарните сили, растат“, рече Шојгу, секретар на Советот за безбедност на претседателот Владимир Путин, објави агенцијата ТАСС. ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, разговараше со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман. Тоа беше прв разговор на Трамп со странски лидер откако тој се врати во Белата куќа во понеделникот. „Двајцата лидери разговараа за напорите за воспоставување стабилност на Блискиот исток, зајакнување на регионалната безбедност и борбата против тероризмот“, се вели во соопштението на Белата куќа. „Тие разговараа и за меѓународните економски ...
Унгарскиот премиер Виктор Обран денеска изјави дека Унгарија бара од Европската унија да ја убеди Украина да продолжи со транзитот на гас од Русија во Европа. Орбан, исто така, изјави за унгарското државно радио дека Унгарија мора да го отфрли миграцискиот пакт на Европската унија, бидејќи тој претставува „смртоносна закана“ за земјата, пренесе МТИ. Тој посочи и дека договорот за миграција, кој го поддржаа опозициските партии, претставува и ...
Во Хрватска започна бојкотот на продавници, малопродажни синџири и бензински пумпи поради постојаното поскапување, врз основа на иницијатива што започна во Фејсбук групата „Ало, инспекторе“, која е поддржана од Европскиот центар за потрошувачи, а во меѓувреме поддржан е од компании за заштита на потрошувачите, синдикати, политички партии, па дури и од самиот министер за економија. Оваа иницијатива започна со пораки кои беа споделени на ...
Поради бурата Еовин, училиштата и универзитетите во Ирска и Шкотска денеска се затворени, а откажани се и голем број летови од аеродромите во Глазгов, Единбург и Даблин, како и тргнувањата на траектите во Ирското Море. Аеродромот во Даблин соопшти дека авиокомпаниите откажале повеќе од 110 планирани полетувања и 110 пристигнувања за денеска, заклучно со 3.30 часот, објави Скај њуз. „Понатамошни откажувања и одложувања на летови се можни подоцна ...
Генералниот штрајк или „општа граѓанска непослушност“, на кој се повикани српските граѓани од студентите во блокадата, почна денеска. „Не одиме на работа, не одиме на часови, не ги извршуваме секојдневните обврски. Ја земаме слободата во свои раце. Вашето учество прави разлика“, напишаа студентите на Инстаграм во средата. Поддршка на акцијата најавија бројни компании, здруженија и политички партии. На генералниот штрајк се приклучува и Н1 и ...
Новак Ѓоковиќ го предаде полуфиналето на Австралија опен откако го загуби првиот сет со 7:6 од Александар Зверев. Рекордерот десеткратен победник на првиот Грен слем во сезоната, кој го држи и рекордот по бројот на освоени големи турнири (24), тоа го направи поради повреда. Ѓоковиќ побара и медицински тајм-аут во првиот сет од полуфиналето против Карлос Алкараз поради проблем со препоните. А потоа го направи тоа кога неговиот противник водеше, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дека САД воопшто треба да потрошат нешто за НАТО, велејќи им на новинарите дека САД ги штитат членките на НАТО, но тие „не не штитат нас“. Трамп ги повтори своите претходни барања другите членки на трансатлантската алијанса да потрошат 5 отсто од својот бруто домашен производ (БДП) за одбрана, што е огромен пораст од сегашната цел од 2 отсто и ниво на кое ниту една земја на НАТО, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е „подготвен да преговара за договор со Русија“ за ставање крај на војната. „Тој е подготвен да преговара за договор“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, додавајќи: „Тој е некој кој изгубил многу војници, како и Русија“. Трамп тврди дека Русија изгубила повеќе војници во текот на трите години војна и дека исто така би сакала да се ...
По повеќе од половина век мистерија и теории на заговор, Доналд Трамп потпиша извршна наредба за декласификација на преостанатите документи. Овој потег може да фрли светлина врз некои од најтемните поглавја во американската историја. Декласификација на документите за атентатот на ЏФК може да даде одговори на прашањата што ја мачат јавноста и истражувачите со децении. Оваа одлука се очекува да ја задоволи потребата за транспарентност и вистина, ...
Ракометарите на Унгарија ја победија Австрија во трката за втората позиција на табелата во групата 2 на СП2025 во салата во Вараждин, (29-26). Првото полувреме им припадна на Австријците со 13 – 12, но во вториот дел Унгарците го покажаа најдоброто од себе и се изборија за бодови со кои се искачија на втората позиција на табелата и оттаму ја истиснаа Македонија. Лидер во оваа група е Франција, а Македонија е трета, со еден бод помалку од ...
Мнозинството од американскиот Сенат во четвртокот го одобри кандидатот на претседателот Доналд Трамп, Џон Ретклиф, поранешен член на Претставничкиот дом кој беше директор на Националното разузнавање за време на првиот мандат на Трамп, да биде директор на ЦИА. Сенатот гласаше 74 против 25 за да го потврди Ретклиф, при што 20 демократи и еден независен сенатор ги поддржаа републиканците во поддршката на номинацијата. Сенатот предводен од ...
Американската ТВ мрежа Си-Ен-Ен отпушта околу шест отсто од работната сила, или околу 200 вработени во традиционалната студиска продукција, во обид да ја задоволи новата публика во време на Доналд Трамп која забрзано емигрира на дигиталните платформи. Како што изјавија денеска од телевизијата, новинската мрежа на Си-Ен-Ен, која постои веќе 45 години, ја очекуваат значајни промени како нова програмска шема во работните денови и обновена дигитална ...
Либанската милитантна група Хезболах денеска соопшти дека доколку израелските сили не се повлечат целосно од Либан до недела, како што е предвидено во договорот за прекин на огнот, тоа би било „еклатантно“ кршење на договорот. Милитантната група рече дека извештаите за плановите за продолжување на военото присуство на Израел во Либан надвор од крајниот рок се повик до политичкото раководство во Либан да изврши притисок врз земјите кои го ...
Студентите во блокадата ги повикаа граѓаните на Србија во петок на тотален прекин на сите активности, посочувајќи дека „генералниот штрајк“ треба да биде израз на општа граѓанска непослушност и граѓанска солидарност. Студентите кои повеќе од два месеца блокираат околу 60 факултети во Србија поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, во четврток повикаа на генерален штрајк во петок и секој час добиваат се поголема поддршка. Во исто ...
Акциите на руската армија и победата се најдобриот одговор на „ултиматумите“ на претседателот на Украина Володимир Зеленски за враќање на границите од 2022 година, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев на состанокот на Воено-индустриската комисија на Русија. „Нашите противници не само што се откажуваат од своите напади, туку се поставуваат различни ултиматуми, и покрај уставот на нашата земја. ...
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за мисии, Ричард Гренел, денеска истакна дека за време на претседателскиот мандат на Џо Бајден, односите меѓу САД и Косово се влошиле и потсети дека премиерот Курти, го поддржал Бајден и Камала Харис, која ги критикуваше неговите потези, објави Телеграф. „Односите на САД со Косово настрадаа за време на претседателствувањето на Џо Бајден. Стејт департментот и Белата куќа на Бајден ги ...
Хрватското Министерство за надворешни и европски работи даде препораки за патување во Србија откако Хрватска упати протестна нота поради третманот на хрватските граѓани во таа земја. „Се препорачува одложување на сите несуштински патувања, зголемена претпазливост, следење на моменталната состојба и добивање подетални информации пред патување поради евидентираните несоодветни и неосновани постапки на властите на Република Србија кон хрватските ...
Пожарот во Хјуз, на околу 80 километри северно од Лос Анџелес, испрати огромен пламен и облаци чад над ридско подрачје и дополнително ги измачи пожарникарите кои успеаја да стават два големи пожари во градското подрачје главно под контрола. За само неколку часа во средата, новиот пожар порасна на две третини од големината на пожарот Итон, еден од двата големи пожари што ја опустошија областа Лос Анџелес. Погодената област не беше толку населена ...
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) Живко Мукаетов по мечот во Вараждин не го криеше задоволството од играта на ракометарите и победата над Катар. – Многу сум задоволен, се надевам и навивачите, од победата и пристапот на играчите. Честитки до момците особено од односот кон националниот дрес. Ракометарите се вистински пример како треба да се бориме за Македонија. Навистина жалиме што нема поголем број на навивачите во ...
Организаторот на играта на македонската репрезентација Марко Митев постигна пет гола во денешната победа над Катар со 39:34 и беше прогласен за играч на натпреварот. Митев е задоволен од прикажаната игра на целиот македонски тим и најави борбена игра и со големиот фаворит Франција. – Со Катар одевме на се или ништо. Моравме да победиме. Го знаевме тоа. Бевме многу фокусирани и подготвени. Оваа победа многу ни значи. Голема благодарност до ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го назначи Шон Куран за нов директор на американската тајна служба. Во објава на својата социјална мрежа Truth Social, Трамп рече дека Куран е „голем патриот“ кој го штител неговото семејство во последните неколку години. Куран претходно служеше како специјален агент задолжен за безбедноста на Трамп четири години. Тој скокна на сцената за да го заштити Трамп со своето тело за време на првиот обид за атентат ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање на Светскиот економски форум во Давос му порача на остатокот од светот дека ако не ги произведуваат своите производи во САД, ќе се соочат со царини во вредност од „трилиони долари“. Тоа би значело воведување на универзални тарифи, од кои многумина стравуваат, а кои би влијаеле на целиот свет. „САД ќе бидат светска престолнина на вештачката интелигенција и криптовалутите… Дојдете и ...
Бугарскиот премиер Росен Жељазков на средба со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, искажал поддршка за проширувањето на ЕУ, но според принципот на сопствени заслуги, односно исполнети обврски, пренесува БТА. Жељазков по средбата со Кошта во Стразбур, изјави дека разговарале за важни прашања поврзани со агендата на ЕУ во однос на проширувањето. – Го потврдивме нашиот став, кој се однесува на земјите од Западен Балкан – дека се ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска застана во одбрана на Илон Маск, откако тој беше обвинет дека упатил нацистички поздрав претходно оваа недела на денот на инаугурацијата на Трамп. „Илон Маск е неправедно обвинет“, напиша Нетанјаху на платформата на Маск. .@elonmusk is being falsely smeared. Elon is a great friend of Israel. He visited Israel after the October 7 massacre in which Hamas terrorists committed the worst atrocity ...
Доналд Трамп го опиша нападот на американскиот Конгрес на 6 јануари 2021 како многу мал инцидент, бранејќи ја својата одлука за помилување на напаѓачите. Тој навести дека оние го ставиле низ четири години пекол преку кривично гонење би требало да бидат ставени под истрага, додавајќи дека Џо Бајден згрешил што не се помилувал и себеси. Во своето прво интервју по враќањето во Белата куќа, Трамп се осврна и на укинувањето на пресудите и отфрлањето ...
Повеќе од 50.000 луѓе се под наредба за евакуација бидејќи пожарот зафати планинска област северно од Лос Анџелес. Пожарот во округот Хјуз избувна вчера и за само шест часа изгоре околу 39 квадратни километри шуми и вегетација во близина на езерото Кастаик, популарно излетничко место лоцирано на околу 64 километри од градовите Итон и Палисejд, кое гори веќе трета недела, објави АП. Иако областа беше под црвена тревога за опасност од пожар, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп за Фокс њуз ја откри содржината на писмото што Џо Бајден го оставил во фиоката на неговото биро во Овалната соба. Писмото започна со „Почитуван претседателе Трамп“. „Додека се збогувам со оваа света функција, вам и на вашето семејство ви посакувам сѐ најдобро во следните четири години. Американскиот народ – и луѓето ширум светот – бараат од овој Дом цврстина во неизбежните бури на историјата, и тоа е мојата ...
Спасувачките екипи денеска во рудникот за јаглен во Велење пронајдоа и трето тело на рудар, со што бројот на жртвите во несреќата што се случи пред два дена се искачи на три. Несреќата се случила во понеделникот вечерта, кога мокра глина пробила во рудникот, а првата жртва била пронајдена истиот ден, додека вториот рудар е пронајден рано денеска. – Втората жртва, која утрово беше пронајдена мртва, веќе е пренесена од јамата. Третата жртва се ...
Сопствениците на социјалните мрежи мора да одговараат за „труење на општеството“ и „еродирање на демократијата“, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез на Светскиот економски форум во Давос. Тој додаде дека за време на состанокот на Европскиот совет ќе предложи да се стави крај на анонимноста на социјалните мрежи и нивните алгоритми да се направат потранспарентни. – Сопственикот на мал ресторан ќе одговара доколку неговата храна ги отруе ...