
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



По смртта на Јапонката Томико Итока на 29 декември 2024 година на 116-годишна возраст, Ина Канабаро Лукас, 116-годишна бразилска калуѓерка, стана новата најстара личност во светот. Ова признание беше официјализирано на 4 јануари 2025 година од Геронтолошката истражувачка група LongeviQuest. Родена на 8 јуни 1908 година во Сао Франциско де Асис, на југот на Бразил. Ина Канабаро Лукас е правнука на генералот Дејвид Канабаро, историска личност во ...
Барселона освои бод на гостувањето кај Хетафе во саботниот натпревар од 20. коло на шпанскиот шампионат, откако поведе (Жил Кунде во 9. минута) и прими израмнувачки гол (Мауро Арамбари во 34.). Со тоа му дозволи на Реал уште повеќе да се одвои во првенствениот поредок. Претседателот на клубот, Жоан Лапорта беше бесен во својот коментар за играта. Го мачеше ситуацијата на крајот од мечот, односно моментот во кој тврди дека требало да биде ...
Папата Франциск ја критикуваше најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека, откако ќе ја преземе функцијата, ќе иницира построго спроведување на антиимиграциските мерки, вклучително и депортации. Во интервју за италијанскиот телевизиски канал Canale 9, Папата рече дека би било „срамота“ доколку Трамп продолжи со најавениот план, објави Ројтерс во понеделникот, додавајќи дека користењето остри зборови е невообичаен начин ...
Биткоинот достигна ново рекордно високо ниво над 109.000 долари денеска пред инаугурацијата на републиканецот Доналд Трамп. Најголемата криптовалута достигна вредност од 109.333 долари на платформата Binance. Трамп го спомна биткоинот во својот вчерашен говор. „Од изборите, берзанските индекси пораснаа, а оптимизмот кај малите бизниси достигна рекордни 41 поен, највисоко ниво во последните 39 години. Биткоинот урива еден по друг рекорд“, рече ...
Осум лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што утринава околу 4 часот и 30 минути избувна во дом за стари лица во Велики Борак, во белградската општина Бараево, дознава РТС. Пожарот е изгаснат, а во гаснењето учествувале голем број пожарникари и противпожарни возила. Др. Виолета Николиќ од Итната медицинска помош за РТС изјави дека добиле повик од пожарникари за избувнување на пожар во дом за стари лица во Велики Борак. Таа наведе дека ...
Наскоро и официјално повторно како прва дама на САД, Меланија Трамп лансираше сопствена криптовалута пред инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп, пишува Би-Би-Си. Соопштението дојде еден ден откако новоизбраниот претседател Доналд Трамп ја претстави криптовалутата $Trump. И двете валути бележат раст, но и драстични подеми и падови. „Официјалнoтo меме на Меланија е активен Сега можете да купите $MELANIA“, објави Меланија на X вчера. The ...
Доналд Трамп денеска ќе се врати во Белата куќа, откако официјално стана 47-ми претседател на САД. Инаугурацијата ќе се одржи попладне, но прославата започна во неделата. „До утрешното зајдисонце, инвазијата на нашата земја ќе биде запрена“, рече Трамп на собирот на „Направете ја Америка повторно голема“ во преполната арена „Капитал Уан“ во Вашингтон, ден пред неговата инаугурација. Тој ќе положи претседателска заклетва на денот на ...
Како дел од договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, рано утринава беа ослободени 90 палестински затвореници од израелските затвори, соопшти палестинската милитантна група. Меѓу ослободените Палестинци има 69 жени и 21 млад маж од окупираниот Западен Брег и Ерусалим, се вели во соопштението, пренесе Би-би-си. Израелската затворска служба објави дека 90 палестински затвореници се ослободени на окупираниот Западен Брег. Прекинот на огнот ...
Германскиот фудбалер Денис Лерче (29) игра за германскиот четвртолигаш Рот-Вајс Ерфурт, а во последните пет години изгуби повеќе од 50 килограми. Пред пет години играше во регионалната лига за СВ Опум III и имаше 145 килограми. Сега тој објави дека ја достигна целната тежина од 90 килограми. “Тоа функционира само со многу дисциплина. Трчав секој ден после тренинг и се откажав од алкохолот и брзата храна”, изјави Лерче. Потоа отпатува во Турција ...
Флорентино Перез беше реизбран за претседател на Реал Мадрид до 2029 година. Тогаш неуништливиот сопственик на кралскиот клуб ќе има – 81 година! Како што објави познатиот италијански новинар и инсајдер Фабрицио Романо, првиот човек на кралскиот клуб Флорентино Перез е реизбран за претседател на Реал Мадрид. Овој почитуван бизнисмен доби нов четиригодишен мандат и ќе остане на чело на Мадрид до 2029 година. Перез беше првиот претседател на Реал ...
Новиот претседател на Грузија, Михаил Кавелашвили денеска помилува 613 затвореници, што е прв ваков потег откако тој ја презеде функцијата на 29 декември. Кавелашвили на Фејсбук изјави дека ги помилува затворениците по повод празникот Богојавление врз основа на овластувањата што му ги дава Уставот, а која се заснова на принципот на хуманост и државните интереси. Како што се наведува, помилуваните „се вратиле кај своите семејства и повторно ќе ...
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави денеска дека планира утре да издаде извршна наредба со која на кинеската матична компанија на платформата TikTok ќе и даде повеќе време да најде купувач пред таа трајно да биде забранета во САД. „На тој начин ќе можеме да постигнеме договор за заштита на нашата национална безбедност“, рече Трамп, додавајќи дека би сакал САД да имаат 50 отсто сопственички удел во заедничката платформа со ...
Менаџерот на Манчестер Јунајтед – Рубен Аморим изјави дека има огромни проблеми, но дека нема да го промени својот тактички план и покрај десеттиот сезонски пораз (од Брајтон 1:3), кој го остава клубот во опасност од најлош пласман во историјата на Премиерлигата. Португалецот, кој беше пречекан како спасител на Јунајтед, освои само 11 од можни 33 бода. Исто така, ова е првпат од сезоната 1989/90 да загубат 10 од првите 22 натпревари во лигата. ...
Иранскиот суд го осуди на смрт популарниот пејач Амир Хосеин Магсулу (37), познат како Таталу, поради богохулење, објавија денеска локалните ирански медиуми. „Врховниот суд го прифати приговорот на обвинителот“ на претходната петгодишна затворска казна за кривични дела поврзани со богохулење, објави реформистичкиот весник „Етемад“, пренесе Гардијан. Наведено е дека случајот против иранскиот пејач е „повторно отворен“, а тој „овој пат е осуден ...
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, одржува победнички митинг во Вашингтон, ден пред неговата инаугурација и враќање во Белата куќа, а информациите се дека неколку десетици илјади, а можеби и над 100.000 луѓе со часови чекаат пред „Капитол Уан Арена“ на дожд да влезат внатре и да му дадат поддршка на претседателот. Пред влезот во арената има километарски редици. И покрај тоа што надвор е многу студено и непрекинато врне, граѓаните ...
Македонската ракометна репрезентација вечерва во Вараждин ја совлада Гвинеја со 29:20 (полувреме 14:10) во натпревар од 3. коло во групата Д на Светското првенство. Со овој триумф избраниците на селекторот Кирил Лазаров обезбедија пласман во Главната групна фаза на Мундијалот 2025. Македонија ја оправда фаворитската улога и заслужено ја запиша првата победа на планетарниот ракометен собир што се игра во Хрватска, Данска и Норвешка и вкупно 22. ...
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров даде првична оценка за настапот на „црвено-жолтите“ во првата фаза на 29. Светско првенство. – Треба да сме задоволни. Со пласманот во Главната фаза ја исполнивме првичната цел. Можевме многу подобро вечерва, но најважно е што победивме. Драгоцено е и искуството што го стекнуваат младите. Имавме 20-ина промашени удари од кои многу зицери. Со поквалитетен противник не смееме да си ...
За поздравување е секогаш кога се раѓа нешто ново, но за предупредување и за тешка осуда е нашето лакомо, недомаќинско, непатриотско однесување кон нашето природно богатство и кон она другото богатство создадено од човечка рака направено некогаш. Кој ќе го одржува денешново „ново“ и кој ќе го варди да не се уназади и запусти како нашето Маврово. Пишува: Ана ПАНОВСКА Ако денот се познава по утрото, оваа 2025 година ќе биде: Фали ме усто оти ќе ...
Претседателот на Србија – Александар Вучиќ, преку својот Инстаграм профил им се обрати на граѓаните и истакна дека нема да дозволи никаква преодна влада, па дури, како што вели, ако му стават пиштол на чело, нема да дозволи уништување на земја. „Никогаш нема да прифатам дека сум сам во светот. Нема преодни влади и никакви чуда. Не станува збор за предавање на власта. Сакам да им ја предадам власта врз основа на советодавен референдум. Но сакам ...
Нема крај на лошите изданија на Манчестер Јунајтед, кој игра очајно од коло во коло – „ѓаволите“ денеска загубија во 22. коло од Премиер лигата на домашен терен од Брајтон (3:1), па и по денешното коло остануваат во долниот дел од табелата. Од друга страна, Брајтон денеска ја забележа шестата победа во последните седум натпревари против Јунајтед, а третпат во низа славеше на „Олд Трафорд“. Кошмарното попладне на Јунајтед беше најавено веќе во ...
Израелските сили презедоа три израелски жени – Дорон Штајнбречер (31), Емили Дамари (28) и Роми Гонен (24) – кои беа држени од Хамас во Газа. Тие се првите кои се враќаат според првата фаза од договорот за прекин на огнот, кој треба да трае 42 дена. Во објавата на платформата X, израелските одбранбени сили (IDF) изјавија: „Тројцата повратници моментално се придружувани од елитната единица на ИД и безбедносните сили Шин Бет на враќање во Израел, ...
Полицајката Сузана Јоксимовиќ (46) рано утрово загинала кога на неа налетал автомобил додека таа го шетала своето куче. Возачот побегнал од местото, а полицијата трага по него. Тешката сообраќајка се случила околу 5 часот и 30 минути на улицата Кумодрашка во Вождовац. -Таа жена го шеташе своето куче речиси секое утро, се познаваме по видување. Не можев да поверувам дека ова се случи – изјавил еден од жителите на улицата кој изутрината исто така ...
Повеќе од 10.000 милионери ја напуштиле Велика Британија во изминатата година, оценуваат аналитичарите на компанијата „Њу ворлд велт“, припишувајќи го тоа на повеќе причини, објавија денеска британските медиуми. Даноците, како и растечката моќ на САД и Кина во глобалниот технолошки сектор, се наведени како некои од причините, пишува весникот „Стандард“. Меѓу потенцијалните причини за заминувањето на милионерите од Велика Британија, беше ...
Камионите за прва помош пристигнаа во Појасот Газа денеска, по стапувањето во сила на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, објавија локалните безбедносни сили. Светската програма за храна на ОН соопшти дека помошта влегла во Појасот Газа преку преминот Керем Шалом на југ и Зиким на север. Според арапските медиуми, речиси 200 камиони се на пат кон палестинската територија. Хуманитарната ситуација во Газа веќе беше лоша пред ...
Министерството за здравство на владата на Хамас во Газа денеска објави нов биланс според кој најмалку 46.913 лица се убиени во повеќе од 15 месеци војна со Израел. Билансот на убиени е до ноќеска на полноќ, пред да стапи во сила прекинот на огнот денеска во 9.15 часот по Гринич. Исто така се наведува дека 110.750 луѓе се ранети. Војната започна на 7 октомври 2023 година со напад на Хамас врз Израел, по што израелската војска започна офанзива во ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека, пред сè, би сакал да ја намали европската помош за Украина, но дека за таква одлука е потребно едногласност во Европскиот совет, пренесоа денеска словачките медиуми. Според него, Зеленски смета дека секој треба да му биде слуга, но, како што рече, Роберт Фицо е премиер на Словачка и не е слуга на Украина. Братислава бара Киев да го отвори вентилот и да дозволи проток на руски гас кон Словачка и други ...
Папата Франциск повика на почитување на прекинот на огнот во Газа и на зголемување на хуманитарната помош и враќање на заложниците. „Се надевам… дека (прекинот на огнот) страните веднаш ќе го почитуваат“, рече Папата на крајот од молитвата Ангел Господов, додавајќи дека се надева дека „сите заложници конечно ќе можат да се вратат дома во раце на нивните најблиски“. „Изразувам благодарност до сите посредници: ова е добро посредничко дело за ...
Безмилосните злосторства на Киев врз цивилите и молкот на Западот само уште еднаш потврдуваат дека „европските вредности“ поддржуваат истребување на се што е руско, истакна портпаролката на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација – Марија Захарова. „Тие злосторства се уште една очигледна потврда за терористичката и неонацистичка природа на режимот во Киев“, одговори таа на прашањето на новинарот да ги коментира телата на ...
Илјадници Палестинци раселени поради војната денеска се вратија во своите домови во Појасот Газа, откако стапи на сила примирјето меѓу Израел и Хамас, пренесе Бета. Илјадници луѓе пристигнаа во Џабалија од градот Газа на северната палестинска територија. Други движења на населението беа забележани во секторите Рафа и Кан Јунис на југ, според очевидци. Долгоочекуваниот прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа официјално ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен, кој денеска во Мелбурн во осминафиналето го совлада Чехот Јиржи Лехечка со 6:3, 6:4, 7:6. Натпреварот траеше 2 часа и 39 минути. Ѓоковиќ е седмиот тенисер во светот, додека Лехечка е на 29. место на АТП листата. Ова беше втор дуел на српскиот и чешкиот тенис, а втор триумф за Ѓоковиќ. Српскиот тенисер во четвртфиналето на првиот сезонски Грен слем турнир ќе игра ...