Министерството за образование и наука (МОН) ги демантира наводите што денеска ги изнесе опозицискиот СДСМ оти во училиштата недостигаат многу учебници и оти учениците немаат учебници за голем број предмети, а и оние што ги има се искинати или половични. Од МОН велат дека е испечатен целиот тираж што го побарале училиштата и дека има учебници за сите ученици, вклучително новите учебници за седмо одделение и прва година гимназиско образование, ...

Министерството за образование и наука реагира на прес конференцијата на политичката партија СДСМ од каде со истите, препишани лански соопштенија се обидуваат да девалвираат нешто што е добро сработено сега, а требало токму тие да го сработат во изминатите седум години. За жал, четири нивни министри не успеаја да обезбедат нови учебници, ниту пак да го унапредат електронскиот дневник со кој наставниците имаа големи предизвици до оваа учебна ...