
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Изненадниот напад на Хамас врз Израел беше колосален неуспех на израелското разузнавање, изјави во саботата експертот за безбедност на Би-Би-Си, Френк Гарднер. Израел има една од најобемните и најсофистицираните разузнавачки мрежи на Блискиот Исток, и домашни и странски. Има информатори инфилтрирани во милитантни групи не само на палестинските територии, туку и во Либан, Сирија и на други места. Во минатото, тие можеа да убиваат водачи на ...
а На регионалниот пат Прилеп-Крушево синоќа се случила сообраќајна во која животот го изгуби 46 годишен битолчанец. Несреќата се случила помеѓу патничко моторно возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(46) од Битола, и патничко моторно возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(43) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Т. кој бил пренесен во Градска болница-Прилеп ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 81 година, осомничено за полови дејствија спрема деветгодишно девојче, (за други полови дејства против дете кое не наполнило 15 години) и од судот побара мерка привор. Осомничениот, искористил прилика во која 9-годишно девојче побарало од него услуга како нејзин сосед, ја повикал во својот дом во Кисела Вода и таму ...
Утре, во период од 11:00 до 11:30 часот, инженерите од сите македонски градови ќе го изразат своето незадоволство и спротивставување на владината одлука за доделување на концесија за користење водата на Црна река за производство на електрична енергија на грчкиот ППЦ-Архиродон се вели во најавата од Здружението на инжењери, пренесува А1.Он. „Со оваа манифестација на незадоволство на македонските инженери, Владата треба да ја преиспита и да ја ...
Десетина дена по враќањето на Зоран Заев во СДСМ преку таканаречениот Стратешки тим се случува поскапување на над 1000 производи за широка потрошувачка што предизвика многу реакции меѓу кои и таа на водителот Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит. ,,Како бе не ви е јасно зошто корнишоните и ајварот не поскапеле, за разлика од цвеклото и лутеницата? Три дена откако се врати човекот во стратешкиот тим на СДСМ и веќе се гледаат првите резултати”, ...
Израелската армија соопшти дека е подготвена за војна, откако Хамас со 5.000 ракети најави почеток на „воена операција“ против Израел, јавуваат светските агенции. Израелските одбранбени сили објавија дека гаѓаат цели на Хамас во Газа како одговор на денешните напади врз Израел. Исламистичкото движење Хамас утрово го изврши најголемиот напад врз Израел во последните години, отворајќи жесток ракетен истрел од Појасот Газа, додека вооружените ...
Владата подготвува документ за зголемување на акцизата за половните возила кои што се увезуваат во земјата. Во документот кој го добила Телма, се вели дека по сеопфатните дискусии за измена и дополнување на уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и износите потребни за пресметка на данокот согласно новата метода, која произлегува од проектот со Светската банка за унапредување на оданочувањето на моторните возила, Финансии ...
Софистицираните и најсовремени возила за одржување на хигиена во урбани средини на Брако од линијата Грин машинс се претставија на „111-та годишна конференција и саем“ во организација на Лигата на општини во Тексас, која се одржа во Далас. Стручниот тим од американската филијала на Грин машинс во САД, во соработка со тим од IDS – една од најголемите компании во Тексас за снабдување со комунална опрема, пред претставниците на општините од ...
На видеата објавени на социјалните мрежи утрово се гледаат голем број на насилни акции против цивили направени од членови на Хамсс кои ноќеска успеале да влезат на израелска територија и да пукаат врз цивили и вооружени Израелци. На едно од видеата се гледа како Хамас се изживува врз телото на почината млада девојка а на друго се гледа војник кој најверојатно е мртов. WARNING: GRAPHIC IMAGES An Israeli soldier has been taken by Palestinian ...
Затворената иранска активистка Наргес Мохамади ја доби Нобеловата награда за мир како признание за нејзината неуморна кампања за правата на жените и против смртната казна. Таа го продолжи својот активизам и покрај бројните апсења од иранските власти и остана водечка светлина за националните протести предизвикани од смртта на Махса Амини минатата година. Семејството на Мохамади го нарече „историски и длабок момент за иранската борба за ...
Млад скопјанец завчера се здобил со повреди од остар предмет пред угостителски објект, информираа вчера попладне од Министерството за внатрешни работи. „ Во 20.42 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека на улицата „Тале Христов“ имало повредено лице со остар предмет. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека околу 20.30 часот, пред угостителски објект, две лица физички го нападнале М.А., на ...
Палестинскиот Хамас ноќеска лансирал до 5.000 проектили во Израел. Дел од медиумите и социјалните мрежи јавуваат за војници на Хамас кои влегле во израелските населби на југот каде се пука во цивили. Израелската влада бара граѓаните да се затворат дома. Според непотврдени извештаи убиени и ранети се десетина Израелци, меѓу нив и еден војник. Дел од фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи Palestinian Forces are crossing the Border ...
Порака до Артан Груби и ДУИ „да не продаваат магла“, туку целосно да ги затворат казината по примерот на Косово и Албанија упати лидерот на Демократското Движење, Изет Меџити, во интервју за Алсат. „Иако е влезен со двете нозе во бизнисот со казината на аргументиран начин, почнувајќи од директорот, управниот одбор и од многу други прашања, ние го предизвикуваме да го направи тоа што го направија Албанија и Косово и целосно да ги затвориме ...
“Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија”, на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски ќе биде промовирано како нов субјект на политичката сцена во понеделник (09 октомври 2023 година) со почеток во 20 часот во хотел Холидеј Ин во Скопје. ЗНАМ има за цел да ги смени работите во државата, да ги промени процесите, од граѓаните за граѓаните, и да се стави целосно во служба на Македонија, велат иницијаторите. На настанот се предвидени обраќања ...
Европскиот парламент вчера усвои резолуција со која се повикува Европската унија да почне пристапни преговори со Молдавија пред крајот на оваа година. Документот беше усвоен со 448 гласа „за“, 45 „против“ и 43 „воздржани“. Европратениците тврдат дека молдавската влада покажала одлучност и способност да ги исполни барањата поставени од Европската комисија за почеток на преговорите за членство. Тие додадоа дека пристапот на Молдавија во ЕУ ќе ...
Кандидатот за градоначалник на Благоевград, Атанас Кирјаков, со повеќе македонски „маркери“ во својата понуда за локалните избори во Бугарија на 29 октомври. „Како градоначалник на Благоевград /престолнината на Пиринска Македонија/ ќе отворам Македонски клуб во центарот на Благоевград и ќе поставам споменик на македонскиот крал Александар III Македонски, во културниот календар на Општина Благаевград свечено ќе се слават сите македонски празници ...
Самонаречениот прв вицепремиер Артан Груби целосно се изгуби на интервјуто во Канал 5. Најпрвин тој тврдеше дека по изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе го смени уставот а кога новинарот Гоце Михајловски го праша зошто тогаш во интерес на европската иднина ДУИ и СДСМ не дадат предвремени избори за опозицијата да ги донесе устав ите измени тој рече дека никој не верува дека ќе се случи тоа во што тој преходно беше сигурен дека ќе се случи. Делот каде Груби ја ...
Сомневање за злоупотреба на службената положба и овластување за лична корист, на штета на репутацијата, интегритетот и работењето на најстариот државен Универзитет, се дел од причините поради кои група професори од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ поднеле пријава против ректорот на Универзитетот, Биљана Ангелова, до Државната комисија за спречување на корупцијата. Според нив, Ангелова и додека работела како проректор го прекршила законот со ...
Шефот на пратеничката група на најголемата опозициска партија во Собранието на Косово, Демократската партија на Косово (ПДК), Абелар Тахири изјави дека однесување на премиерот Албин Курти е директен напад врз парламентарната демократија, јави дописникот на МИА од Приштина. Изјавата на Тахири уследи откако Курти објави дека одлучил тој и членовите на неговата влада да не одговараат на пратеничките прашања на републичките пратеници кои не гласале ...
Во вечерашната емисија „За или против“ на Алфа ТВ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кој што во однос на законот за амнестија истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира законот за амнестија со 5.000 амандмани, бидејќи законот е резултат на коалициони пазарења а не на реалните потреби на граѓаните. „Серијата на штетни закони кои што пристигаат во Собрание, најверојатно коалиционите неприлики кои што им се случуваат во влада ...
Најмалку еден член на претседателството на Друштвото на писатели на Македонија го обвинува претседателот на оваа реномирана аосцијација Христо Петрески за кршење на статутот, за приватизација и манипулација со тимот кој ја води ДПМ. Попладнево членот на претседателството на ДПМ Бранко Цветковски се повлече од ова тело со образложение дека не сака да учествува во деградација на достоинството на македонските писатели. ,,За да нема нејаснотии и ...
Претседателката на српската влада Ана Брнабиќ праша како претседателката на Косово Вјоса Османи влегла во Шпанија, имајќи предвид дека таа земја не ги признава пасошите на Косово. Таа истакна дека не знае дали Османи, во тој случај, влегла со српски пасош во Шпанија. Српската премиерка кажа дека вчерашната изјава на претседателот на Србија Александар Вучиќ најдобро ја опишува српската политика, а тоа е дека Белград никогаш не барал санкции за ...
Професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова ја анализира ,,молерската” фирма на премиерот Ковачевски, министерката Јованка Тренчовска, лидерката на ЛДП и пратеничка Моника Зајкова, потпретседателот на собранието Горан Мисовски и други кои според неа извршиле политички упад во детска градинка. Наведените политичари пред неколку дена се сликаа во градинка фалејќи се дека таа била кречена. Во коментар со наслов ,,Политичка молерска ...
Реакција на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), за вчерашната изјава на првиот вицепремиер Артан Груби емитувана на „Само интервју”, во врска со актуелните случувања поврзани со индустријата на игри на среќа: „Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), реагира на вчерашната изјава на првиот вицепремиер Артан Груби емитувана на „Само интервју“, во која тој отворањето на три нови друштва за приредување ...
Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола денеска изјави дека проширувањето е и ќе остане најсилната геополитичка алатка на Европската унија. „Тоа е процес од кој корист имаат и постојните и идните членки. Мојата главна порака беше дека треба да започнеме искрена дискусија за внатрешните реформи, да бидеме подготвени кога идните членки ќе бидат подготвени“, изјави Мецола пред новинарите во Гранада. Таа рече дека реформите мора да ...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски го информираа амбасадорот Дејвид Гир за ситуацијата во Македонија, при што акцент во текот на разговорот се стави на корупцијата и криминалот, информираат од ВМРО-ДПМНЕ за средбата со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Гир одржана во партиското седиште. Амбасадорот бил информиран за сознанијата на партијата дека речиси секој ден се појавува нов ...
Соочен со низа корупциски скандали во неговата партија ДУИ, крп се на деловникот на собранието и немањето 80 пратеници за уставни измени нервозниот спикер на Собранието Талат Џафери не можеше да го издржи притисокот на прашањата од водителката и се караше во студио на Телма со Оливера Трајковска. Во неколку наврати во емисијата Џафери се однесува агресивно и потценувачки кон искусната новинарка. Целата емисија на ТВ Телма на овој линк ...
Министерството за економија целосно стои зад Одлуката за намалување на цените на основните прехранбени производи која ја донесовме пред две недели. Најмалку до 30 ноември, до кога е на важност оваа одлука, отстапување од нејзе нема да има. Сите производи кои се опфатени во Одлуката за намалување на цените на Министерството за економија ќе останат со даночна стапка од 5 проценти, напиша на својот фејсбук профил министерот за економија Крешник ...
За покривање на дополнитените расходи кои ги наметнала енергетската криза во 2022 година Владата жртвувала проекти од најмалку 170 милиони евра, а граѓаните се оштетени со 220 милиони евра кои би биле употребени за подобрување на нивниот живот. Ова се констатира во последното истражување за последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните за кое се дебатираше денеска. Сабина ...
Власта да свика итна седница и да ја корегира одлуката за листата на производи со зголемен данок на додадена вредност, бара ВМРО-ДПМНЕ. Најголемата опозициска партија од старт беше против планот на власта кој сам по себе ќе повлече огромни, милионски штети кои би паднале врз грбот на граѓаните и стопанството. Бараат сите производи кои се дел од секојдневната употреба да се вратат на стапка од 5% ДДВ, неместо сегашните 10%. Дека не требаше ...