
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Израелските сили се уште се борат против вооружените милитанти на Хамас на седум до осум локации во јужен Израел во близина на Појасот Газа, соопштија израелските одбранбени сили на брифингот утринава. Ова го вклучува Беери, аграрна заедница, во која преку ноќ беа инфилтрирани борци на Хамас. Многу милитанти се убиени, но други се уште се кријат во куќите во кибуцот, соопшти ИД, пренесе Би-би-си. Израелската војска додаде дека погодила повеќе ...
Вкупно 37 возачи на автобуси успешно ги завршија тридневните обуки во скопскиот хотел „Континентал“. Веќе в среда тие ќе отпатуваат за Кршко, Словенија, каде ќе полагаат за „КОД 95“, кој им е потребен за да возат во Европската Унија. Германска компанија од Мајнц веќе има договорено 168 возачи на автобуси од Македонија, објави Плусинфо. Предавачот Далибор Млаѓеновиќ, од српската компанијата „КОДА 95“, беше ангажиран да ги обучи возачите за ...
Најмалку 260 тела се пронајдени на местото на музички фестивал во Израел по нападот на Хамас, објави спасувачката организација Зака. Вооружени лица на Хамас застрелаа посетители кои бегаа и земаа некои заложници на фестивал во рурална земјоделска област во близина на границата Газа-Израел. Фестивалот беше само едно од местата погодени во саботата наутро од најмоќниот и најкоординиран напад што Хамас некогаш го извршил на израелска територија. ...
По изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски според кој ЕУ не ја притиска Бугарија во однос на Македонија бидејќи против отворање на преговори со Македонија се најмалку пет членки на ЕУ кои забележуваат висок степен на корупција во земјава, со реакција вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ: .„Тоа се неодговрни и неточни изјави од страна на опозицијата дека има пет други држави од ЕУ кои имале забелешки за ...
Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија соопшти дека вечерва пристигнал првиот авион со албански, македонски и косовски државјани кои барале да го напуштат Израел по прогласувањето воена состојба. Авионот на „Ер Албанија“ со 40 патници, поддржан од Министерството за Европа и надворешни работи, Министерството за инфраструктура и енергетика и албанската амбасада во Израел, слета пред малку на меѓународниот аеродром „Мајка ...
Власта се фали, граѓаните се жалат. Замрзнувањето на цените и зголемувањето на каматите ќе придонесе за благ пад на инфлацијата, анализира кредитната Агенција „Фич“. Изминатиов период затегнувањето на монетарната политика и намалувањео на дефициотот на тековната сметка придонесоа за враќање на едноцифрената инфлација. Сепак, таа останува многу висока кај храната, а благ пад се очекува со владината мерка замрзнување на цените, наведува „Фич“. ...
„Фич“ предупредува и на можни негативни последици од проектот за изградба на автопатите по должината на Коридорот 8 и 10д, пишува Блумберг адриа на македонски јазик. Рејтинг агенцијата „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ+ со стабилен изглед. Ова значи дека рејтингот на земјава се уште не е инвестициски. Агенцијата во соопштението во кое детално ја оценува македонската економија напиша дека „стабилниот рејтинг е поддржан од ...
Групацијата „Дајхман“ одлучи да го затвори брендот „Ониго“ поради пад на профитабилноста, јавуваат германските медиуми. Ланецот за чевли „Дајхман“ со околу 1,4 илјади филијали низ Германија го снабдува целото семејство со чевли по пристапни цени. „Deichmann SE“ ги вклучува и марките Snipes, MyShoes и Onygo, пренесува Capital.ba. Основана во 2016 година, „Onygo“ забрзано се шири и во последните години се отворени бројни продавници на брендот во ...
Кој кого во случајов прави луд? Владата народот, или пак народот сам себе зашто не може да закрпи крај со крај и да купи основни намирници за да преживее. Под превезот ДДВ за луксузни производи, Владата поскапува и производи кои се дел од секојдневната потрошувачка кошница на просечните, па и на посиромашните граѓани. Целта е јасна, да се полни буџетот на сметка на џебот и стандардот на народот, реагира опозицијата. Еден или два производи може ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија „никогаш, никаде и никому“ нема да дозволи етничко чистење на српскиот народ. Вучиќ на настанот „Збор Краишника“ во Ковилово изјави дека бегалската колона од времето на операцијата на хрватската Олуја „никогаш повеќе не смее да им се повтори“ на Србите. „Никогаш нема да дозволиме брутално етничко чистење на нашиот народ или насочено против нашиот народ, каде било и кон никого. ...
Полицијата денеска информира за уште еден случај на обљуба на дете во Скопје. Имено, вчера попладне 56 годишен татко од Скопје пријавил дека соседот Д.П. (78) го обљубил неговиот малолетен син. Како што е наведено што пријава обљубата се случила во два наврати, на 25-ти и 30-ти септември оваа година. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Инаку, 30 дневен куќен притвор вчера му беше одреден на 81 годишен ...
Темата која што се отвора е нешто што според мене е број еден проблем на Македонија, далеку над сите други проблеми, и проблем кој што директно го поврзувам со поткопување на националните интереси и негирањето на самобитноста на македонскиот народ. Затоа што високот ниво на криминал и корупција создава корумпирани политичките елити пред се во лицето на двете политички партии кои што ја водат владата, кои што обременети со потребата секој ден или ...
Повеќе од 600 Израелци се убиени од саботата, се наведува на Фејсбук страницата на израелската владина прес-служба. Се додава дека повеќе од 100 луѓе се киднапирани, а повеќе од 2.000 се повредени. Најмалку 370 Палестинци се загинати во Појасот Газа, а други 2.200 се повредени, соопшти палестинското Министерство за здравство. Утрово беше објавено дека 313 се мртви, а нешто помалку од 2.000 повредени. Израел соопшти дека извршил повеќе од 400 ...
Екс пратеничката и претседателка на скопската организација на владеачката партија Софија Куновска јавни признава дека боли што СДСМ стана дури трета партија во Македонија. Куновска вели дека колку и да е критична кон својата матична партија боли фактот што СДСМ има послаб рејтинг и од ДУИ. Таа најавува дека СДСМ ќе ,,се слика на следните избори”. ,,Колку и да сум критична кон СДСМ, секогаш со намера да се спречи пропаѓање, ова боли… Само вие ...
Драма се случувало денес на Конечка планина во близина на Штип кога при гаснење на пожар пожарникарите забележале дека еден од нивните колеги го нема. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вели дека кога пожарникарите забележале дека колегата им го нема, веднаш престанале со гаснењена пожарот и почнале да го бараат исчезнаиот пжарникар. -Кога бевме информирани побаравме дополнителна помош и почнавме со пребарување. Неколку часа подоцна ...
Македонските инженери не ја поддржуваат владината одлука која под концесија ја дава водата на Црна река за производство на електрична енергија на грчкиот конзорциум Архиродон кој го доби тендерот за изградба на ХЕЦ Чебрен… Енергетските експерти бараат владата да ја преиспита и повлече ваквата штетна одлука и да не склучува договори со која било странска или домашна компанија со која се откажува од државните води. Наместо македонското ...
Власта доби три сериозни аргументи против засебни парламентарни и претседателски избори. На позицијата на СДСМ дека скапите избори за претседател и за пратеници треба да се одвојат затоа што владечката коалиција на тој начин може да победи се спротивставува шефот на парламентарната за надворешна политика Антонио Милошоски. Во емисијата Трилинг со Горазд Чомовски Милошоски дава три причини зошто изборите треба да бидат во една кампања. Според ...
ДУИ стана заложник на криминогените апетити на еден човек. ДУИ стана играчка во рацете на Артан Груби, реагира Демократското движење на Изет Меџити. Заслепен од власта и тендерите реши да не обвини нас дека сме го блокирале законот?! Како не тој, туку ние да сме платени од валканите пари на казината! Значи нападот е најдобрата одбрана! Но, дали навистина мисли дека некој му верува на него? Повторуваме уште еднаш, наш предлог е конечно да ги ...
Расте бројот на жртвите од силниот земјотрес што вчера го погоди Авганистан, а според новите официјални податоци, објавени од талибанската влада во неделата, загинале повеќе од две илјади луѓе, а над девет илјади се повредени. По земјотресот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала што во саботата го погоди регионот на околу 30 километри северозападно од градот Херат, следеа уште осум силни потреси. 2.053 луѓе загинаа, а 9.240 се ...
„Заврши неформалниот Самит на европските лидери во Гранада, со целосен дебакл. Дури и главната прес конференција на која чекале 700 новинари, била откажана. Во Декларацијата како завршен документ, не се споменува ниту една земја, ниту еден датум. Во друг документ, се дава само поддршка на Украина и на напорите за енергетска ефикасност. Она што е за нас важно, проширувањето, е буквално последен пасус во Декларацијата и освен вообичаените фрази ...
Двојните стандарди, кога станува збор за Србија, се гледаат и по тоа што нападот на група Албанци од Косово врз македонската полиција во 2015 година не беше терористички чин, но настаните во Бањска беа, и поради тоа дури бара воведување санкции против Србија, изјави шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ. „Имено, во 2015 година бев претседавач со ОБСЕ, а во име на ОБСЕ разговарав со македонските власти. Потоа имаше убиство на осуммина ...
Кремљ веќе а најверојатно и ќе продолжи да ги користи нападите на Хамас во Израел за да ја намали американската и западната поддршка и внимание кон Украина. Зеленски знае кој го нападна Израел и кој е спонзор Москва засили неколку разузнавачки операции по нападите, главно обвинувајќи го Западот дека ги запоставува конфликтите на Блискиот Исток во корист на поддршката на Украина, се наведува во дневната анализа на Институтот за проучување на ...
Утре во просториите на Министерството за финансии ќе се дискутира за данокот на моторни возила. На иста маса треба да седнат претставници на сите комори од делот на увозниците на автомобили, додек, пак, одлуката за тоа како ќе се пресметува данокот на моторни возила, и колку тоа ќе влијае врз нивната цена ќе де најде на седница во вторник. Всушност, станува збор за измена и дополнување на уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни ...
Дваесет и тригодишен жител на селото Корешница е приведен под сомнение дека се обидел на криумчари 30 мигранти. На 07.10.2023 околу 20 часот полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГН Михајлово и ПС за ГП и ГН Богородица го привеле И.С. (23) од с.Корешница, кој со комбе „рено“ со кавадаречки регистерски таблички превезувал 30 мигранти. Возачот се обидел да избега од местото на настанот, но бил лишен од слобода од страна на полициските ...
ВМРО 62 пратеници 👍👍 СДСМ 24 пратеници Ќе победиме. Убедливо!! Ова е статусот на екс пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев кој бројките ги дава објавувајќи ја анкетата на Маркет Вижн според која партијата на Христијан Мицкоски има предност од 2,5 спрема 1 за СДСМ. Ѓорчев не наведува дали овие броеви на пратеници се резултат на анализа на анкетата по изборни единици или негова паушална оценка. Повеќе за анкетата На СДСМ му се случува колапс, ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беше реизбран за претседател на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) на четвртиот вонреден конгрес на партијата. Претседателот на Конгресниот совет Али Ихсан Јавуз изјави дека Ердоган е реизбран за претседател со добивањето на сите 1.399 валидни гласови, пренесе „Дејли Сабах“. Ова е осми пат како Ердоган е избран за лидер на партијата од нејзиното формирање. Со истото гласање е избран ...
Главниот државен ревизор Максим Ацевски во интервју за „Радио Слободна Европа“ посочува дека во ревизорските извештаи објавени во април констатирани се неправилности на Клиниката за онкологија и во Битолската болница. Она што е идентично за двете клиники, вели Ацевски, е дека двете институции располагаат со акцелератор кој е наменет за лекување на онколошките пациенти, но поради несоздадени услови дадена е поголема сума на средства, а апаратите ...
Владата на ДУИ и СДС ги потроши парите од буџетот на криминални и матни тендери и сега ќе го полни преку зголемени даноци на прехранбените продукти. Тоа кое што го најавуваше како повисоко ДДВ за луксузни производи, се претвори во поскапи цени за сирење, компоти, феферони, брашно, детска храна и други артикли кои просечните, па и посиромашните граѓани секој ден ги купуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „ Ова значи само посиромашни граѓани и повеќе пари ...
Целиот свет разбира кој со своите постапки може да организира терористички напад на групата Хамас против Израел, изјави синоќа претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во своето вечерно видео обраќање, цитиран од „Укринформ“. „Денешниот терористички напад против Израел беше внимателно подготвен и целиот свет разбира кои спонзори на теророт би можеле да го охрабрат и организираат овој напад. Израел има целосно право да се брани од ...
Ако утре се одржат парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во сооднос од повеќе од 2,5:1 со владеачката партија СДСМ. Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 18 до 25 септември, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк Една четвртина од испитаниците изјавиле дека на наредните избори ќе гласаат за политичката партија ВМРО- ДПМНЕ (25,1%), потоа следуваат ДУИ со 9,7%, СДСМ со 9,5% ...