“Почнувајќи од 9-ти октомври (понеделник), до крајот на ноември 2023 година, односно во период од два месеци, на Меѓународниот Аерoдром Скопје ќе се врши надградба на системот за ракување со багаж. Затоа, апелираме до сите вас кои што ќе патувате во наведениот временски период преку Меѓународниот Аеродром Скопје, да пристигувате на аеродромот, односно на шалтерите за пријавувањепатници и багаж, 3 часа пред планираното време на полетувањена ...

Скопје ќе има парно греење со почетокот на грејната сезона и тоа никогаш не било доведено во прашање, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски. Бислимоски додава дека одлуката за цената на парното ќе биде донесена кога ќе добијат цврсто уверување дека ќе започне да се монтира новиот цевковод на мостот „Беласица“, а како што рече, според информациите што тој ги има нема никаков проблем меѓу ЕСМ и Град Скопје. ...

Нов ценовен шок за граѓаните. Од сега, повторно нови и повисоки цени во маркетите – две недели откако околу 50 производи се намалија за најмалку 10%. Во маркетите околу 1.000 производи се со повисоки цени бидејќи, данокот на додадена вредност се зголемува од 5% на 10%. Од Владата претходно, кога и беше најавена оваа мерка, соопштија дека во неа ќе бидат опфатени само луксузните продукти, меѓутоа сликата во маркетите е поинаква. Од изутрината на ...

Вчера на третиот Самит на Европската политичка заедница во Гранада, Шпанија, се случи мистериозно отсуство на Ковачевски од средбата на четири моќни ЕУ лидери со албанскиот премиер Еди Рама. На средбата на која не е повикан македонскиот премиер биле присутни претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџа Мелони, британскиот премиер Ричи Сунак и холандскиот ...

„Соединетите Американски Држави се единствената земја, која како агресивна воена империја сонуваше да освои нови територии, а потоа и целиот свет, единствената која го правеше тоа доследно во последниве 30 години.“ – изјави на јутуб-каналот Dialogue Works Лари Џонсон, поранешен агент-аналитичар на американската разузнавачка агенција ЦИА и од 1989 до 1993 година заменик-директор на Канцеларијата за борба против тероризмот на Министерството за ...

Сите знаат дека имаме многу процеси во државата за кои би рекла дека се штетни за европската интеграција, а на многу закони се става европското знаменце. Целта им на луѓето од власта очигледно да ги поминат законите на брза трака, рече Марија Петрушевска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Заспиј ако може што се емитува на телевизија Алфа. Петрушевска се осврна на неколку закони кои имаа европско знаменце. „Скандалозно е, не е ...

„За да има проширување на Европската Унија, кандидатите за членство мора да ги спроведат реформите, а ЕУ од своја страна мора да се подготви за нивниот прием. Ова е првпат по многу години да имаме дебата на високо ниво за вакво фундаментално и важно прашање.“ Ова го изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, при пристигнувањето на денешниот неформален самит на ЕУ што се одржува во шпанскиот град Гранада, најавувајќи ја сесијата за ...

Владата ја донесе листата на производи кои треба да се оданочуваат со 10% ДДВ наместо 5%. Тоа е трагичниот дел, затоа што во услови на највисока инфлација во изминатите децении, Власта го покачува данокот за 100%. Сега ќе ви го кажам и комичниот дел. Во листата на производи што од денес ќе биде со 10% наместо 5% ДДВ се наоѓаат и прехранбени производи кои се со замрзнати цени до 30 ноември оваа година – истакна Бојан Стојаноски, пратеник од ...

Две третини од македонските граѓани сметаат дека Македонија се движи во негативна насока. Бројот на испитаниците кои сметаат дека земјата се движи во позитивна насока е речиси двојно намален, од 14,2 отсто во јуни на 7,7 % во септември 2023. Македонските граѓани се песимисти, владее корупција, растат цените, стандардот паѓа… Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 18 до 15 ...

Во 2024 година истекува договорот на ЕВН со Владата за универзален снабдувач со струја па така властите подготвуваат нов повик за избор. На 1 јули 2019 ЕВН, како победник во наддавањето со понуда на најниска маржа, за прв пат започна да работи како универзален снабдувач со струја за сите потрошувачи кои не излегуваат на слободниот пазар, односно остануваат на регулираниот. Од Владата велат дека Регулаторна комисија за енергетика и ...

Изутрината се случило испад на Блок 1 и Блок 3 од електроенергетскиот систем. Проблемот настанал во трафостаницата на МЕПСО што се наоѓа во непосредна близина на РЕК Битола. Веднаш по инцидентот преземени се сите мерки и активности за санација на оштетените делови во РЕК Битола, по што започнаа операции за враќање во функцијата на двата блока, соопшти АД ЕСМ. Сличен проблем имаше и во 2021 година кога еден од блоковите се оштети и не беше во ...

За разлика од Унгарскиот премиер Виктор Орбан кој јавно се противи на идејата на некои земји членки за санкции против Србија за настаните на Косово македонскиот премиер Димитар Ковачевски не се изјаснува за идејата. Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера изјави дека идејата за воведување санкции кон Србија е смешна и дека тоа е невозможно. Тој го кажа ова пред новинарите пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ и посочи дека Србите во ...

Од скандалозното откритие на Телма за зетот на Али Ахмети Куштрим Смајлај се гледа дека тој иако нема валиден договор за работа ниту за бизнисот нема банкарска гаранција а договорот за работа е истечен работи за државна компанија која му исплаќа огромни пари. Пет камиони со зелена боја, нови, набавени во мај, со ознаки на К.С.А. Интернационал, фирмата во сопственост на зетот на Али Ахмети, Куштрим Смајлај, се ангажирани за работа во ТЕЦ ...

„Во последнава година, откако е претставен така наречениот ‘француски предлог’ на преговарачката рамка за Македонија, претставниците на меѓународната заедница речиси беспоговорно инсистираат на спроведување на уставните измени, што ги бара Бугарија, заради внесување на Бугарите како ’дел од народ’ во преамбулата. Иако ваквиот услов претставува прекршување на меѓународното право по повеќе основи, па и на темелните правни стандарди на ЕУ, ...

Најобичен квиз со бугарски ученици кои не знаат кој е Гоце Делчев на најпластичен начин покажува колкава е лагата на официјална Софија за наводниот бугарски карактер на Гоце Делчев. Неодамна на квиз во Бугарија на ученици им беше зададено прашање да го погодат македонскиот револуционер и идеолог, Гоце Делчев. Ниту еден ученик не знаеше кој е тој. На социјалните мрежи се споделува видеото на Магазин Шило од квиз во Бугарија, во кои ученици не ...

Поведена постапка за 60 годишен скопјанец кој у се заканувал на градоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски дека ќе биде убиен. „На 4 октомври, осомничениот со моторцикл дошол пред куќата на градоначалникот на Општина Карпош и неговото семејство, па без причина најпрвин започнал на висок тон да го навредува, а потоа и вербално да се заканува дека ќе го убие и ќе му го уништи животот. Со заканите продолжил и кон сосед кој случајно ...

Две прашања поставува новинарот Бранко Героски во врска со изјавата на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи кој побара да се преиспита учество на Македонија во иницијативата Отворен Балкан, ако се докаже дека Србија била вклучена во настаните на северот на Косово на 24 септември. „Настрана дилемите околу тоа кој и како ќе го преземе товарот на докажување на „државната вклученост“ на Србија во настаните кои Османи ги нарекува „напад ...

„Според Артан Груби, Ковачевски е тоа што ѝ треба на Македонија. И сега и во иднина. Нема посилен аргумент за тоа колкав пион е Ковачевски.“- реагира преку својот фејсбук-профил Драган Ковачки, пратеник во Собранието на Mакедонија и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Во објавата Ковачки дополнува: „Штетата што Ковачевски со своето однесување ѝ ја нанесе на СДС е непоправлива. Ќе бидат прегазени на избори.“ #Промени Ставовите на Ковачки ...

Доналд Трамп падна под листата на Форбс 400 на најбогатите луѓе во САД по втор пат во три години, објави магазинот во средата додека судењето за деловна измама на поранешниот претседател продолжи во Њујорк. „Доналд Трамп повеќе не е доволно богат за најексклузивниот клуб во земјата“, објави Форбс. „Со проценето богатство од 2,6 милијарди долари, тој е 300 милиони долари пониско од богатството според кое Форбс ги рангира 400 на најбогатите луѓе ...

Околу 2.000 функционери – министри, заменици-министри, пратеници, судии, градоначалници, раководители, советници и други избрани и именувани лица од 1 јануари 2024 ќе добијат зголемување од 150 до 400 евра месечно. Платата на сите функционери ќе расте со порастот на просечната плата, којашто годинава е повисока во однос на лани, па и зголемувањето ќе биде поголемо. Платите ќе бидат зголемени и до 40.000 денари бруто, односно 24.000 нето за ...

Скопската компанија „Стед-комерц“ ќе ја одржува хигиената во 16 деловни единици на државната компанија Пошта за период од 2 години за тие услуги ќе наплати до 1,2 милиони евра (со вклучен ДДВ). Во конкуренција на три компании за чистење „Стед Комерц“ дала најниска понуда која е пониска од почетната цена за 70.000 евра, дознава „Фактор. Најневеројатно е тоа – консѝтатира порталот Фактор – што освен што ќе плати пари за чистење „Пошта“ ќе отстапи ...

Брашното, џигерот, сладоледот….Сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата, замрзнатите теста, млечните и сирни намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, ајдемер и гауда кашкавалот, павлаката за готвење, растителните сирења и намази од денес ќе бидат оданочувани со 10% ДДДВ. „Меѓу нив е и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортиљи, нудли. ...

Украинската војска загуби повеќе од 90.000 војници од почетокот на нејзината контраофанзива против руските сили во јуни, изјави во четвртокот рускиот претседател Владимир Путин. „Само од 4 јуни, украинските единици веќе изгубија над 90.000 луѓе“, рече Путин на пленарната седница на клубот за дискусија „Валдаи“ во Сочи, истакнувајќи дека оваа бројка вклучува смртни случаи и онеспособувања. Украина, исто така, изгуби 557 тенкови и речиси 1.900 ...

Бојан Миовски му донесе реми 1:1 на Абердин против Хелсинки на својот стадион „Питодри“ во второто коло од Конференциската лига на УЕФА, прв за шкотскиот тим во групата Г од ова европско натпреварување сезонава. Македонскиот напаѓач во 79. минута ја искористи одбиената топка од гостински дефанзивец во противничкиот шеснаесетник и со глава го постави конечниот резултат. За 24-годишниот штипјанец ова е осми погодок во сите клупски конкуренции ...

Доколку не се усвојат уставните измени парламентарните избори ќе се одржат во редовниот термин и ќе се примени одлуката за 100 дена Албанец премиер, а кој ќе биде таков премиер ќе одлучи лидерот на ДУИ Али Ахмети, чии одлуки се најдобри за граѓаните што е докажано многупати досега, порача првиот вицепремиер Артан Груби. Засега остануваме на ставот за 100 дена премиер Албанец, освен ако ВМРО-ДПМНЕ не ги гласа уставните измени, тогаш ќе се ...

Директорот на скопската Универзалана сала Горјан Христовски бара вработени да се унапредат и да земаат поголема плата, а салата не работи 7 години и стои разурната. На денешната седница на Советот на Град Скопје како точка на дневен ред беше планот за вработување во Универзална сала за 2024 година. „Во делот на унапредување и распределување има наведено унапредување на вработен од домаќин во тон мајстор, унапредување од хаусмајстор во ...

Само за три месеца Светска банка ја „скастри“ за една четвртина својата прогноза за растот на бруто домашниот производ на Македонија годинава, сведувајќи го на 1,8 проценти, што е за 0,6 процентни поени помалку од нејзината јунска проекција. „Растот во 2023 година се очекува скромно да се зголеми за 1,8 отсто, како одраз на забавувањето на надворешната побарувачка и на постојаната криза со трошоците на животот, делумно неутрализирана од ...

Во честитката до образовниот кадар СДСМ посакува честит Светски ден на учителот, драги наши наставници кои се стожер на нашето според партијата квалитетно образование! ,,За наставниот кадар СДСМ обезбеди поголеми плати за 55% и подобри услови за работа. Платата на наставниот кадар за повеќе од 6 години владеење на СДСМ ја покачивме за 55 %. Наставниците мора да бидат соодветно вреднувани за својата одговорна работа, па затоа СДСМ се залага и ќе ...

Иако лутеницата и наполитанките во нормално држави можат да станат луксуз само во случај на елементарна непогода или војна во Македонија владата на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците ги прогласија и овие производи за луксуз. Граѓаните утре повторно ќе се соочат со нов ценовен шок. Владата по итна постапка го донесе законот за повисоко ДДВ, но листата на производи ја криеше, споменувани беа само перките од ајкула, чија семето, тартуфите, сирењето ...

Ако нема мир во регионот, ќе нема ниту иницијативи како Отворен Балкан, ниту Берлински процес, а некои иницијативи ќе треба да се преиспитаат, ијави денеска премиерот Димитар Ковачевски од Гранада, Шпанија, по вчерашната изјава на шефот на дипломатијата Бујар Османи, дека ќе се преиспита учеството на Македонија во иницијативата „Отворен Балкан“ доколку се докаже дека Србија на било каков начин е вклучена во нападот во Северно Косово. – Ставот ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
6.17
67%
1011
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
3.6
49%
1012
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
38%
1013
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
6.17
45%
1013
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.89
39%
1011
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 19ᴼ
0.51
58%
1014
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
2.24
61%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
64%
1013
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
41%
1012
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
5.14
40%
1012
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
5.66
50%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
7.2
48%
1013
Currency

61.525

Currency

53.5268

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52