
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Ја знаете ли приказната за Охридската јагула? За нејзиното чудесно „свадбено“ патешествие долго 5.000 километри, преку реката Дрим до Јадранското Море и од таму во Саргаското Море во северниот дел на Атлантскиот Океан, каде што се мрести? Секако дека ја знаете. Сме ја учеле како деца. Ја учат сега и нашите деца и внуци… Сепак, иако не е без основа, во голем дел тоа е приказна за големи и мали деца. Од 1965 година, откако со изградбата на ...
Срамната анкета на Фокус која наводно професионално ја спровела агенцијата Стратум РД (Добитник на владини пари преку Фондот за иновации) попладнево исчезна од насловната страница на порталот на весникот. Веста за анкетата нарачана од Фокус според која Ковачевски е најпопуларен политичар веќе не може да се најде меѓу 15 најважни вести на порталот кои се објавени на еден од трите слајда со главни и најважни наслови на денот. Исчезнувањето на ...
„Подобра атмосфера за забрзана интеграција немало од последното големо проширување во 2004-та година. Со оглед на низа аргументи, вклучувајќи и безбедносни, кои се запоставуваат, моја препорака е е да ги искористиме овие околности и да ја направиме измената на Уставот.“ – вели Тони Поповски, прв министер за животна средина и просторно планирање во Владата на Македонија, во својата колумна со наслов „После изгор лето влегуваме во жешка политичка ...
Не сакаат да служат како декор во работните групи за законски измени ниту да даваат легитимитет на процеси со кои не се согласуваат. 7 те невладини од Блупринт групата за реформи во правосдуството се повлекоа од изработката на новиот КЗ и ја напуштија и работната група за законот за конфискација на имот во граѓанска постапка. Порачуваат дека со измените на КЗ со кои намалија на казните на трите клучни дела за борба против висок криминал и ...
Опозицијата бара претседателските и парламентарните избори да се одржат во ист ден, но власта инсистира на одвоени процеси иако временската разлика помеѓу првиот и вториот процес е помала од два месеца. Аналитичарите во тоа гледаат замисла на владејачкото мнозинство да добие на рејтинг и гласови доколку опозицијата во меѓувреме гласа за уставните измени, но планот, како што посочуваат, е безуспешен бидејќи засега не постојат никакви најави за ...
„Прв-премиер Албанец останува дел од договорот меѓу коалициските партнери СДСМ и ДУИ.“ – ова во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 го истакна вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ Фатмир Битиќи. ТВ 21 пишува: „Тоа може да се поништи само со нов договор меѓу двајцата лидери на двете партии, кои го направија овој договор. Подадената рака за договор останува подадена рака и останува дека во последните 100 дена ќе има ...
Со изложување на целосната слатка и солена програма, Витаминка и оваа година се претставува пред светската јавност на најголемиот саем за храна и пијалаци, Ануга којшто се одржува во Келн, Германија. Посетителите на штандот на Витаминка имаат можност да се запознаат и да ги пробаат производите на компанијата, посебно новитетите кои веќе ги предизвикаа првите позитивни импресии. „Ануга е центарот на сите значајни произведувачи на храна и ...
Би свикал лидерска средба за договор за термин за претседателски и парламентарни избори, но само доколку претседателите на политичките партии би се согласиле на тоа – изјави за МИА претседателот на Собранието Талат Џафери, предупредувајќи дека ако има разговори, тие би требало да завршат најдоцна до крајот на година, зашто после тоа почнуваат да течат роковите предвидени со закон и Устав за редовните избори. – Прво и основно, не е прашањето ...
По грешката со невозможни 102 проценти испитаници анкетирани од агенцијата Стратум РД по нарачка на неделникот Фокус пронајдена е уште една грешка која укажува дека анкетата е правена наменски и брзоплето. Со најмалку двете сериозни грешки истражувањето кое најверојатно има цел СДСМ да ја намали штетата што ја претрпе со објавување на професионалната анкета на Маркет Вижн каде Ковачевски и партијата се губат убедливо од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, ...
Нецели два дена по упадот на милитантите на Хамас кои убија стотици цивили и војници Европската унија донесе одлука да ги казни сите Палестинци и да ја укине сета помош за луѓето во Газа. ,,Размерите на теророт и бруталноста против Израел и неговиот народ е пресвртна точка. Не може да има работа како и обично. Како најголем донатор на Палестинците, Европската комисија го разгледува своето целосно развојно портфолио, во вкупна вредност од 691 ...
Додека како никогаш претходно се случува хаос во културата и не се поддржуваат проекти од национално значење министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска тврди дека СДСМ има успеси во културата. Во период кога филмаџиите јавно велат дека министерката лаже, филхармонија протестира а театрите пропаѓаат таа се фали дека СДСМ има успеси во културата. Според Костадиновска Стојчевска успех на СДСМ е што УНЕСКО не го одзема статусот на ...
Пропаста на славниот ПАСОК во Грција, кој од главна политичка сила, речиси исчезна од политичкиот живот е судбината која му се заканува на СДСМ во Македонија. Самото тоа што владејачката партија на анкетите падна дури на трето место, покажува дека падот од власт не само што е неминовен, туку може да биде катастрофален. Политичкиот аналитичар Александар Ристевски за Алфа вели дека самото тоа што коалициониот партнер Али Ахмети, се искачи над ...
„Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) не треба да се укинува, иако многумина веднаш го исползуваа сегашниот миг да го прогласат злонамерно како мртов коњ, бидејќи ја изгубило смислата на своето постоење. Со неговото укинување би се избришал уште еден значаен и незаменлив дел на македонскиот национален идентитет.“ – реагира новинарот Ивица Челиковиќ, книжевен творец, преведувач и новинар, во својата колумна со наслов „Друштвото на писателите ...
Од ВМРО-ДПМНЕ го прашуваат премиерот Ковачевски за каква помош кон економијата зборува, кога, како што велат, само лани се затвориле илјадници фирми. „Дали за воведувањето на таканаречениот солидарен данок со кој удри по компаниите кои чесно работат и плаќаат придонеси или за зголемувањето на ДДВ за над 1.000 производи? Која помош ја даде Ковачевски кон економијата кога има пад на реалната плата? Каде одат парите од буџетот и како се трошат? ...
Инфлацијата и натаму останува висока, иако на хартија има благо намалување. Трошоците на живот во септември поголеми за 6.6%, споредено со истиот период лани. Храната поскапела за 7.8%, пијалаците за 7.9%, облеката за 5.1%, комунулаиите за 6.1%, мебелот за дури 10%. Во септември најмногу поскапеле јајцата, сирењето, месото, шеќерот, чоколадите и рибата, со еден збор се – што граѓаните најмногу купуваат, или сега по ново, сакаат да купат. ...
Премиерот Ковачевски за луксузната храна вели дека чипсот не бил здрав, а затоа секој лекар можел да потврди. Листата на производи кои добија повластена ДДВ стапка од 10% наместо 5%, се производи кои Владата ги смета за луксузни и за неосновни во најголемиот дел на домаќинствата, а дел од нив не се ниту здрави, тврди премиерот Димитар Ковачевски. За Владата нема зголемување на ДДВ затоа што Македонија е земја со најниска стапка на овој данок во ...
Предизвиците со кои се соочуваме денес се од духовна и од економска сфера. На државата и е потребен фундаментален документ, којшто ќе биде изработен под водство на МАНУ, заедно со универзитетите и стопанските комори, без учество на извршната власт. Но, не е доволно само да се изработи ваков документ, туку потребна е негова имплементација во континуитет, порача претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев. Тој денеска во своето обраќање по повод 56 ...
Свиркачи од клиниката за протекоа снимки од нападот на кардиологот Сашко Јовев врз неговиот наследник директорот Марјан Шокаревски. На снимките се гледа како Јовев откако води жешка расправа со вработените физички го напаѓа директорот Шокаровски. За среќа Шокаровски кој е турнат кон ѕидот од клиниката не е победен. Кардиохирургот Јовев е еден од главните експерти кои Јавното обвинителство ги користи во политичко – бизнис пресметката на моќни ...
И дефинитивно пропадна обидот за вистинско обединувањето на Бихаќка. Денеска на СДСМ му се случува најголемата поделба од 2006 година кога Тито Петковски со својата НСДП се отцепи од матичната партија и замина со ВМРО-ДПМНЕ. Обединувањето на СДСМ пропадна откако до вчера траеле надежите лак делови од Бихаќка дека во СДСМ ќе се врати Максим Димитриевски кој вечерва во Скопје ја промовира новата партија ЗНАМ која има потенцијал да ја преполови ...
Во чудната анкета на некогаш влијателниот неделник Фокус според која премиерот Ковачевски е најпопуларен политичар има дури 102 % испитаници. Ова го покажува прашањето за поддршка на уставните измени каде вкупната бројка на испитаници не е 100 туку 102 проценти. Ако се собере вкупната бројка на испитаници на прашањето за уставните измени излегува дека Фокус преку агенцијата Стратум Р&Д прикажува лажна анкета која излегува од основната ...
„Денес се одбележуваат 136 години од раѓањето на отец Владимир Алексеевич Мошин, Роден е во Санкт Петербург, Русија. Во националната македонска меморија останува забележан како еден од најголемите познавачи и истражувачи на македонското книжевно и ракописно наследство. Според него, македонските ракописи ја ширеле светлината на најстарото кирилометодиевско наследство низ вековите.“– се наведува во статијата со наслов „Човек со енциклопедиски ...
Неделникот ,,Фокус“ денеска го објави своето контроверзно истражување на јавното мислење за повеќе актуелни теми кое беше најавено во текот на вчерашниот ден според кое Ковачевски е најпопуларен политичар. Анкетата е спроведена од компанија која добила огромни пари од Фондот за иновации под контрола на СДСМ. Анкетата според која Ковачевски е убедливо најпопуларен политичар наводно ја спровела фирмата Стратум Р&Д која пред последните локални ...
Бугарските власти во засилената кампња се заканија дека ќе им ги одземат пасошите на Македонци во Албанија кои заради докоменти прифатиле бугарски државјанства. Владини и невладини организации од Бугарија водат кампања на застрашување, пишува „360 степени“. Неколку дена пред стартот на пописот, регионот Голо Брдо го посети потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотовакоја ги обвини Македонците дека ги асимилирале Бугарите. „Самите луѓе од таму ...
Анкетатата на неделникот Фокус според која во водство меѓу политичарите е премиерот Ковачевски е како да дупиш цела нација во здрав мозок, смета аналитичарот Ивор Мицкоски. Неделникот Фокус вчера најави анкета според која Ковачевски води пред Груевски и Мицкоски. Неделникот не кажа која ја спровел наводната анкета која беше објавена откако реномираната агенција Маркет Вижн по нарачка на порталот МКД.мк објави релевантна анкета според која ...
Скандалозна одлука на еден од водечките македонски фудбалски судии во корист на тимот на контроверзниот Усеини од ДУИ. На видеото на ФФМ јасно се гледа дека нема никаков контакт меѓу напаѓачот на Воска, тимот на контроверзниот Нефи Усеини и одбранбениот играч на Македонија Ѓорче Петров но тоа не било пречка Ставрев да досуди пенал. Судијата е на само неколку метри од шеснаесетникот на МЃП и гледа дека нема никаков контакт но сепак пресуди ...
…Во изминативе 33 години во три наврати (односно во 1994, 2009 и 2014 година) се одржале два изборни процеси – претседателски и парламентарни избори – истовремено објави на Фејсбук потсетува поранешниот спикер на Собранието, Трајко Вељановски. Доколку не се во прашање партиски калкуалции на власта, не постојат никакви пречки за истовремено одржување на претседателските и парламентарните избори. „Оттаму, кога станува збор за следните ...
САД го испратија својот најголем носач на авиони на помош на Израел Хамас го обвини Вашингтон дека всушност учествувал во агресијата против палестинскиот народ со оваа акција Борбената група на пат кон Источниот Медитеран Одлуката на САД за распоредување на носачот на авиони УСС Џералд Форд и поморска работна група во источниот Медитеран претставува „реално учество во агресијата“ против палестинскиот народ. Ова го изјави Хазем Касем, портпарол ...
Откако пред 3 дена и писателите Зоран Анчевски, Весна Мојсова-Чепишевска, Лилјана Пандева, Влатко Мартиновски, Славчо Ковиловски, Марина Мијаковска и Александра Јуруковска поднесоа оставки како членови на Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) и писателот Христо Петрески поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Петрески, утрово соопшти дека поднел оставка ...
Лепа Брена пеела на геј свадба во Палма де Мајорка, која младенците ги чинела дури 50.000 евра. Пејачката дошла на забавата на покана на белграѓанец, кој со години гради кариера во светската модна индустрија, а со партнерот е во врска 10 години. Како што дознава српски „Курир“, за овој ангажман добила 30.000 евра, но младенците потрошиле уште 20.000. Штотуку венчаниот пар и обезбедил кралски третман – на аеродромот „Никола Тесла“ во Сурчин, од ...
Платформата Одговорност и денеска повикува на протест во 18 ч. пред Владата на Македонија. Платформата Одговорност, формирана од неколку граѓани кои имаат изгубено член од семејството на Клиниката за онкологија и нема никаква политичка позадина, информираат организаторите на протестите за случајот Онкологија. „ Од минатата недела добивме и поддршка од онколошките пациентки кои веќе некое време протестираат пред ОЈО. До 1 Ноември остануваме со ...