
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



„Двајца шампиони“ би бил насловот на фотографијата на денот на која се светскиот првак во ултимејт фајт Александар „Велики“ Волкановски и кошаркарската легенда Скоти Пипен. Австралиската спортска ѕвезда со македонско потекло по татко му Тоде од битолското село Беранци ја сподели на социјалните мрежи дружбата за маркетиншки цели со едно од најдобрите ниски крила во историјата на кошарката, соиграч на Мајкл Џордан во Чикаго Булс, со кој освоија ...
Заврши драмата со багажот на македонските патници во Берлин кои речиси три часа чекаа да им дојде багажот на летот Скопје – Берлин. Откако никој од одговорните на аеродромот не можел да каже каде исчезна багажот на цел авион одеднаш багажот се појавил на лентата на која предходно пишувало дека багажот е веќе доставен до патниците. Повеќе детали за настанот кој покажува дека и во една организирана држава како Германија можат да се случат чудни и ...
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот изјави дека Соединетите Држави се обидуваат да ја наметнат својата хегемонија која се распаѓа низ светот и дека војната во Украина покажа колку Западот изгубил контакт со реалноста. „Ние не ја започнавме таканаречената војна во Украина. Напротив – се обидуваме да ја завршиме“, рече Путин на состанокот на клубот за дискусија „Валдаи“ во црноморското одморалиште Сочи. Западот ја предизвика војната ...
Голем срам за германските авио власти откако попладнево во Берлин исчезнал багажот на цел авион од Македонија. Багажот на над 200 патници на линијата на Виз Ер од Скопје за Берлин исчезнал во засега нејасни околности. Очевидци на случајот велат дека на линијата за подигнување на багажот предвидена за Скопје не се појавил ниту еден куфер на патниците меѓу кои има и деца и болни луѓе за потоа аеродромот да прикаже дека подигнувањето на куферите е ...
Уставниот суд, без расправа и повикување експерти, ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на планот за Буњаковец, во кој спаѓа и просторот на „Треска“, велат од Шанса за Центар. Над 1 милион м2 бруто изградена површина за домување наместо 400.000 што ги дозволува ГУП-от. Над 60% изграденост за домување наместо 22% колку што дозволува ГУП-от Над 33.000 жители наместо 12.500 колку што дозволува ГУП-от. Над 9.300 просечен број на ...
Со растот на просечната плата, гфункционерските плати ќе бидат поголеми и до 400 евра од идната година. Ова значи дека околу 2.000 функционери ќе добиваат уште повисока плата од 78% покачување. Во јули просекот на плата во Македонија е 36 286, а се очекува до крај на годината да е значително поголем, со оглед на тоа што се покачија и платите во јавниот сектор . Законот вели дека платата се утврдува според основицата која е просечната плата на ...
Едногласно усвоен деловник, договор за темпото со кое ќе се одвива работата и првичен план како и кои поранешни и сегашни функционери ќе се повикуваат како сведоци. Собраниската Анкетна комисија која треба да утврди дали има политичак одговорност на Клиниката за онкологија и дали се прекршени правата на пациентите денеска ја одржа првата седница – пренесе Телма. Претседателката на Комисијата, пратеничката Рашела Мизрахи најави дека денеска ќе ...
Најмалку 49 лица загинаа денеска во руски ракетен напад врз продавница за храна во областа Харков, североисточна Украина, јави УНИАН, цитирајќи го шефот на регионалната воена администрација Олег Синегубов. Тој истакна дека меѓу убиените во нападот, што се случи околу 13.15 часот по локално време во селото Гроза, округот Купјан, има и шестгодишно момче. „Нападнати се продавница и кафуле“, изјави Синегубов. Пред војната селото Гроза имало околу ...
Недостигот на учебници претставува структурна дискриминација зашто е зафатена поголема популација, односно голем број на ученици во основното образование, бидејќи со почетокот на учебната година не беа дставени повеќе од една третина од учебниците, од 123 потребни учебници, недостигаа 46 изјави денеска Весна Бедневска, член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и нагласи дека заедно со Здруението на млади правници се ...
Црна Гора исто како и Македонија тешко се справува со инфлацијата оти и двете земји се увозно зависни и имаат слабо домашно производство, ама Црногорците имаат за 200 евра повисока просечна плата за разлика од Македонците. Според црногорскиот вицепремиер и министер за земјоделство Владимир Јоковиќ, кој е во официјална посета на Македонија, земјите од регионот прават напори да им се помогне на граѓаните кои тешко го пребродуваат притисокот од ...
Домаќинствата може да користат поевтина електрична енергија преку ден посочи Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика на трилатералниот состанокот на Асоцијацијата на Медитеранските регулатори за енергетика МЕДРЕГ, Бордот на регулатори на енергетската заедница и Совет на европските регулатори за енергетика. Претседателот на МЕДРЕГ Абделатив Бардах алармираше дека е неопходно земјите да работат на инклузивен ...
Aсоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија од пред Владата побара да не дозволи Владата преку Државната лотарија на Македонија да ја спинува јавноста. Асоцијацијата посочи дека во објавата на Државна лотарија на Македонија која неодамна беше пласирана во медиумите се информираше дека тендерска документација по Јавниот повик за избор на правни лица заради доделување договор за заедничко вложување во интернет игрите на среќа во коишто ...
По многу години, сега на агендата како тема го имаме проширувањето на Европската Унија. Ова е исклучително важен состанок со сите земји во Европа и една од главните теми што нам ни е од најголема важност е проширувањето, а секако ќе дискутираме и теми поврзани со дигитализацијата и воведувањето на вештачката интелигенција со цел подобрување на условите за граѓаните, изјави премиерот Димитар Ковачевски, пред почетокот на третиот состанок на ...
Скијачкиот центар Попова Шапка е без поголемиот број од вработени. Над 25 работници протестираат пред седиштетото на центарот оти како што велат раководството бара од нив да потпишат отказ од „Елем Турс“ и да преминат во новоформираното претпријатие Ски центар Попова шапка од Тетово, објави „Слободен Печат“. Шабан Османи кој речиси целиот работен век го поминал на центарот, вели дека тој и неговите колеги не се согласуваат на ваквиот чекор оти ...
Марија Андоновска координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје на почетокот на вонредната седница рече дека срамота е што градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска не дојде на седницата која што самата ја побарала и побара да се обезбеди нејзиното и присуството на директорите на Јавните претпријатија, посочувајќи дека на денешната седница ќе се разговара за ребаланс на буџетот на градот и ќе се носат важни ...
Измените на Законот за помилување дојдоа од правните недоумици и турбуленциите и настојувањето на претседателот Стево Пендаровски да ја пропише постапката, во која ќе се изземе од дискреционо одлучување за тоа кого ќе помилува и за кого ќе издаде амнестија. Новото законско решение ги носи тие можности за исклучување на можноста за аболиција за луѓе кои се во судска или правосилна постапка. Тоа е прилично добро решение ако се има во предвид дека ...
Дали сакал Ковачевски или не сакал избори ќе има. До сега во овие повеќе од 3 децении не се случило да нема лидерска средба на која ќе се договорат термини за тие избори, не се случило да нема лидерска средба на која ќе се договорат термини за тие избори, не се случило да нема разговори во кој ќе се дефинира изборниот законик затоа што таму има препораки од ОБСЕ и ОДИХР технички кои треба да бидат имплементирани негдека околу 12 на број. Не се ...
Министерот за надворешни работи Бујар Османи бара Македонија да го преиспита своето учество во иницијативата Отворен Балкан, ако се докаже дека Србија била вклучена во настаните на северот на Косово на 24 септември. Настрана дилемите околу тоа кој и како ќе го преземе товарот на докажување на „државната вклученост“ на Србија во настаните кои Османи ги нарекува „напад врз Косово“. Настрана и дилемите како ќе се обезбеди кредибилноста на процесот ...
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе изгради ѕид во Јужен Тексас во обид да го запре протокот на мигранти кои доаѓаат од Мексико, објави Би-Би-Си. Планирано е да се изградат околу 32 километри во округот Стар долж границата со Мексико, каде што голем број мигранти преминуваат во земјата. Изградбата на ѕид долж границата со Мексико беше една од иницијативите на поранешниот претседател Доналд Трамп. Во 2020 година Џо Бајден ...
Во интервју за „Фокус“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, го обвини министерот за правда Кренар Лога дека е во комуникација со нарко-кланови, на кои, според него, им ветувал дека со Законот за амнестија ќе им ги скрати затворските казни. -Не е точно дека сме биле информирани, немаме никаква официјална комуникација одамна со ниедна владина институција, вклучително и Министерството за правда, и тоа е резултат на заклучок на седница ...
Екс директорката на Управата за јавни приходи Анастасија Илиеска се обидува да најде логика во низата нелогични потези на власта. Илиеска дава оценка за низа погрешни чекори на власта кои го влошуваат стандардот на граѓаните. ,,Нелогично е со одлука на Влада да се замрзнуваат цени на прехранбени производи, а при тоа во ист ден со закон да се зголемува данок на додадена вредност исто на прехранбени производи. Нелогично е да зборуваш за даночна ...
Обвинителката Вилма Русковска вели дека ѝ било нудена позиција на заменик државен обвинител доколку ја прекине истрага за предмет по извесен предмет додека била на чело на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Во интервју за А1он Русковска не открива од каде доаѓале понудите но за тоа ја информирала оценската мисија која го „тресе“ Судскиот совет, а чии ченови биле заинтересирале и за причините зошто таа е оддалечена од ...
Поранешната шефица на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска отвори војна со луѓе од врвот на СДСМ и ДУИ кои и нуделе висока функција за да запре истраги кои веќе биле почнати. ,,Истите личности кои ми нудеа да бидам заменик државен обвинител за да се прекине истрага за предмет се оние кои се обидуваа да ми вршат притисок додека го водев Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција”, вели во интервју за А1он ...
„Сметам дека е потребен ремонт, генерален реизбор на сите судии и јавни обвинители во втор и во трет степен. Како би одел тој реизбор, има неколку точки. Прво постепено, по една третина, тоа да не биде само формално. Што да бараме со тој реизбор – стручност, меѓутоа и докажан интегритет и покажани резултати во работењето, смета обвинителката од Вишото јавно обвинителство, Фатиме Фетаи која порано беше дел од веќе згаснатото Специјално јавно ...
Соединетите Американски Држави и испратија на Украина повеќе од милион парчиња иранска муниција кои беа запленети минатата година во водите на Индискиот Океан, соопшти вчера американската војска. Со години, американската морнарица запленила оружје за кое се верува дека доаѓа од Иран за борците во Јемен поддржани од Иран, а обично се транспортира со рибарски чамци. Централната команда на САД, која е одговорна за воените операции на Блискиот ...
Авторот на романот „Папокот на светлината“ Венко Андоновски е добитник на меѓународната Толстоева награда „Јасна Полјана“ за 2023 година за романот Романот е објавен во руски превод на еминентната македонистка, преведувачка на над 70 книги од македонски автори и афирматор на македонската култура, Олга Панкина. Олга Панкина ја доби годинешнава награда „Јасна Полјана“ за најдобар превод на руски јазик, за романот на Андоновски. Ова, на вчерашната ...
Шефот на државата, претседателот Стево Пендаровски бара исклучување на аболицијата во македонскиот правен систем, односно да се оневозможи правото на шефот на државата да помилува лица за кои е во тек истражна или судска постапка, а нема правосилна пресуда, соопштија од Кабинетот на Пртседателот. Ако Собранието го изгласа Предлог – законот за помилување, тогаш во иднина претседателот на државата нема да може да помилува лица кои се осомничени ...
Анализата на протоколот за спроведување на основниот договор, потпишан од министрите за надворешни работи Бујар Османи и Теодора Генчовска на 17 јули 2022 година покажува дека тој во некои делови е поштеден и од самиот договор кој треба да го дополни. ,,Македонскиот и бугарскиот премиер на 1 август 2017 година потпишаа контроверзен договор на асиметрична основа, штетен по македонските национални и државни интереси, во спротивност на ...
Само што се врати во СДСМ онсњ ,,обедини”, со Ковачевски и својата партија ДУИ преку својот портпарол и министер за надворешни работи Бујар Османи удри по најзвучниот проект на Зоран Заев. Министерот Османи највува сака Македонија ќе го преиспита учеството во Отворен Балкан доколку се докаже државно учество од страна на Србија во инцидентите во Косово на 24 септември. Според неговата изјава учеството на Македонија во проектот Отворен Балкан е ...
Аналитичраот Џевдет Хајредини реагира на повикот на американската амбасадорка во Земјава, Агелер, која ги повикува лидерите на сите партии да ја направат вистинската работа за земјава. Да потсетиме, амбасадорката на САД рече дека закони за амнестија имало порано, а сигурно ќе има и во иднина, но лидерите мора да ги информираат граѓаните за своите одлуки. „Најважната работа за Амбасадата, за САД е да бидеме уверени дека процесот се движи по ...