Прстените на Уран се невидливи, освен со најголемите телескопи-тие не беа откриени дури до 1977 година, но се изненадувачки светли во новите топлински снимки од планетата направени со два големи телескопа во пустините на Чиле. За астрономите термичкиот сјај претставува нов видик кон прстените, кои инаку се видливи само затоа што одразуваат малку светлина во видливиот, или оптички опсег и во близина на инфрацрвеното зрачење. Новите слики ...

Третата по големина месечина на Сатурн ја сочинува нашата листа поради три добри причини. Првиата беше очигледна за италијанскиот / францускиот астроном Џиовани Доменико Касини наскоро откако го откри Јапетус во 1671 година, бидејќи Јапет беше на десната страна на Сатурн. Откако полека се придвижи по својата орбита од 79,3 дена и премина на левата страна на заоблената планета, тој исчезна! Заслуги: NASA/JPL/SSI Ова бизарно однесување не запре. ...

Ако вонземјани некогаш го посетиле нашиот Сончев систем, Сатурн веројатно е планетата што би ја запомниле. Седумте гигантски прстени кои орбитираат околу екваторот на Сатурн го прават него најразличната планета во сончевиот систем. Можеби не е очигледно на сликите од планетата, но парчињата мраз и карпи што ги сочинуваат тие прстени, кружат околу Сатурн со брзина 70 пати поголема од брзината на звукот. Уште повеќе, секој прстен си се движи по ...

Астрономите штотуку открија комета толку голема, штотаа може да е всушност мала планета. Објектот е именуван 2014 UN271. Астрономите Педро Бернардинели и Гери Бернштајн ја пронајдоа во архивските аркивските фотографии од истражувањето за темна енергија. Се чини дека е широка околу 100 км, 2 или 3 пати поголема од огромната-кометата Хејл-Боп (Hale-Bopp) од 90-тите години на минатиот век. Сликата на која е забележана и орбитата на огромната комета ...

Во декември оваа година љубителите на ноќното небо ќе добијат посебен поклон поради тоа што Јупитер и Сатурн ќе бидат најблизу еден до друг на небото во последните 800 години. Поставете го својот телескоп и надевајте се на чисто небо. Небесната синхронизација започна уште летото со тоа што Јупитер и Сатурн почнаа да се движат еден кон друг на небото при што во периодот меѓу 16ти и 25ти декември ќе бидат раздвоени само една петтина од дијаметарот ...

Малечки делчиња од големата црвена дамка, се чини дека се одделуваат од Јупитер. Дали е тоа знак на распаѓање на овој црвен облак, или само последица на атмосферскиот хаос што не можеме да го видиме? Со ширина од 16.350 километри (заклучно со 3 април 2017 година), Големата црвена дамка на Јупитер е 1,3 пати поголема од Земјата. Во последните 10 години, особено во последните пет месеци, се појаивија ужасни предупредувања дека Јупитеровата ...

Толку сме навикнати да се замислуваме на површината на Земјата (а можеби наскоро и на Марс) што кога ќе видиме планета како Јупитер, едно од првите прашања што ми паѓа на ум е „Можеме ли да застанеме на неа? Јупитер во цела своја убавина. Заслуги: НАСА Ајде за момент да ги игнорираме екстремните услови (гравитација, атмосферскиот притисок, висока температура и ветрови) што владеат на џиновската планета, и ајде да се спуштиме низ ...

Да, можно е една месечина да има своја месечина и/или прстени, и има неколку места каде што научниците сметаат дека тоа е (или било) така. Сепак, месечините имаат тенденција да ротираат бавно, а тоа го отежнува процесот на месечевата месечина да најде стабилна орбита. Астрономите се сомневаат дека необичниот гребен на Сатурновата месечина Јапет можно е да бил формиран кога месечина или неколку прстени паднале на нејзината површината. Во 2008 ...

Научниците низ целиот свет имаат забележано дека земјата во последно време, околу својата оска се врти побрзо од нормалното-всушност најбрзо до сега. Неколку научници имаат дадено изјави за овој необичен феномен, дури и некој истакналае дека во изминатава година сме имале некои од најкратките денови забележани било кога. Во најголем дел од историјата на човештвото , времето било обележано со 24 часовниот циклус на променaтa на денот и ноќта. ...

Дали некогаш сте се запрашале што ќе се случи со Сончевиот Систем кога Сонцето ќе згасне? Дали тоа ќе значи крај за планетата Земја, или пак животот ќе се прилагоди и ќе пронајде нови методи за да опстане? Сонцето во иднината како црвен џин кој ја пече планетата Земја. Заслуги: Fsgregs/Wikimedia Commons За околу 5 милијарди години Сонцето ќе ја потроши својата енергија, а тоа драстично ќе влијае врз Сончевиот Систем. Океаните ќе пресушат, ...

Во почетокот на септември 1859 година, земјата беше обвиткана од монументална соларна бура, која ја мавташе нашата магнетосфера со исфрлање на коронална маса, нешто што никогаш порано не се случило. Наречен е Карингтонов настан, и се случи за време на Технолошката револуција. Привремено ги нокаутираше телеграфските системи, но во тоа време сè уште не бевме зависни од електричната технологија преку која што невремето може да предизвика ...

Поставувањето на телескопот има големо значење, бидејќи кога тој зголемува, не ја зголемува само сликата што сакаме да ја видиме, туку ги зголемува и сите пречки. Значи телескопот мора да биде стабилен за време на набљудувањето, но и лесен за ракување, што значи, добро избалансиран. Телескопот исто така мора да поседува и можност за набљудување на сите точки од небото, што се над хоризонтот. Тој мора да биде поставен на масивна основа, со ...

Функцијата на објективот е двострана: да собира што е можно повеќе светлина и да овозможи набљудување на објектот под што е можно поголем агол. Што повеќе се собира светлина тоа значи дека може да се набљудуваат послаби тела, според тоа јасно е дека колку е поголем објективот толку е подобар од причина што има поголема површина. Ако земеме дека дијаметарот на зеницата кај човековото око кога е отворена, значи навикната на темно, е 7mm ...

Телескопот е основниот астрономски инструмент. Тој ни овозможува многу подобро да ги набљудуваме слабите и ситни тела на небесната сфера отколку со голо око. Најважниот дел на секој телескоп е објективот. Тој ја создава сликата на небесните објекти во својот фокус. Кога телескопот се користи за фотографирање или пак за некои други врсти на инструментални набљудувања, фокусот е местото каде што се мести филмот на апаратот или пак влезниот отвор ...

Двогледи во астрономијата главно се користат ако помагала за полесно наоѓање на некои небесни тела. Главни карактеристики на еден двоглед се неговото зголемување и дијаметарот на неговите леќи. Притоа, при описот на еден двоглед прво се дава неговото зголемување, а потоа дијаметарот на леќите изразен во милиметри. Принципот на кој работи еден двоглед е многу сличен на оној кај телескопите рефрактори за кои ќе стане збор малку понапред, па затоа ...

Огледалото на вашиот телескоп рефлектор е најважниот дел од инструментот. Од состојбата во која се наоѓа огледалото во голема мера зависи квалитетот на сликата што ја гледате во окуларот. Еве неколку практични совети за тоа како правилно да го исчистите огледалото по долга употреба. 🙂 Потребни материјали: Огледало на телескоп пред чистење Прво исчистете го лавабото каде што ќе го чистите огледалото. Исчистете го темелно. Подгответе го растворот ...

Сјајот на ѕвездите зависи од два фактори: од оддалеченоста на ѕвездите и од тоа колку тие навистина зрачат светлина: E= I/r2 , интензитет на зрачењето, I, и оддалеченоста на изворот до нас, r. Ако сакаме да видиме која од две ѕвезди е посјајна, мораме да ги доведеме на исто растојание. За таа цел се воведува поимот апсолутна магнитуда (МV), која се дефинира како привиден сјај на ѕвездата на оддалеченост од 10 pc (парсека). Апсолутниот сјај се ...

Привиден сјај на ѕвездите Во 19. век Норман Погсон забележал дека разликата во сјајот помеѓу ѕвездите од првата и шестата група (магнитуда) е околу 100 пати. Со развојот на фотометриската апаратура потврдена е точност на Вебер-Фехнеровиот психофизички закон, кој гласи: (m2-m1) log c = log E1/E2 Во оваа равенка, m1 и m2 претставуваат привидни ѕвездени величини (субјективни чувства на дразбата), а E1 и E2 се соодветните осветлености кои се ...

Долната скала е дадена како пример да се има општа претстава како функционира скалата на магнитуди. Скалата е со намера да биде визуелна; максимумот на ефикасност на детекција на човековото око (при ноќна адаптација) е околу 495 нанометри, додека формалниот фотоелектричен (ве) V максимум (филтрирана лента блиска до визуелната) е околу 550 nm; максимумот кај цецеде (CCD) тежнee околу 700 nm. Примерите се дадени за целобројни вредности и не се ...

Астрономијата е најстара природна наука. Нејзините задачи се: a) проучување на привидните и вистинските положби и движења на космичките тела и нивните форма и големина, б) проучување на градбата на космичките тела, нивниот хемислки состав, соодветните физички услови, физичките и хемиските појави и процеси, в) проучување на постанокот и еволуцијата на космичките објекти и системи, како и на целата Вселена. Најдобро во објаснувањето на ...

Главен недостаток на хоризонтскиот систем е во рамномерната промена на координатите на дадениот астрономски објект како што ротира Земјата околу својата оска во текот на денот. Овој недостаток е отстранет со користење на координатен систем кој е поврзан со вртењето на небесната сфера. Најчесто овој систем го објаснуваме со проекција на Земјиниот географски (велиме геоцентричен) координатен ситем на небото во одреден временски момент (в. сл. 1). ...

Првиот Кеплеров закон кажува дека планетите се движат по елипси околу Сонцето и дека Сонцето се наоѓа во едниот фокус на елипсата. Точките F1 и F2 претставуваат фокуси на елипсата. Најблиската, до Сонцето, точка од орбитата на планетата се нарекува перихел, а најодалечената од него точка се нарекува афел. Елипсата е крива која има две полуоски: голема (а) и мала (b). Големата полуоска на елипсата претставува средно растојание на планетата од ...

После законите на Кеплер, наредно прашање кое барало одговор било: што е тоа што дејствува на планетите за да тие се движат на тој начин околу Сонцето. Во тоа време бил познат принципот на инерција на Галилеј, согласно кој природна состојба на секое тело е да се движи по права линија со постојана брзина. Значи, ако на планетата не дејствува ништо, таа би се движела по инерција: праволинински со некоја постојана брзина. Меѓутоа, планетата не се ...

Њутновиот закон не егзактен, тој не е во состојба точно да го опише движењето на сите тела во природата. Овој закон, во текот на историјата, бил повеќе пати проверуван. Првото сомневање во точноста на законот било поврзано со движењето на сателитите на Јупитер. Со прецизно набљудување на движењето на сателитите било забележено дека, тие понекогаш избрзуваат за 8 минути, а понекогаш каснат за 8 минути од времето пресметано со помош на законот за ...

Објаснување на ваквото “неправилно” движење на Меркур немало се додека Ајнштајн не покажал дека Њутновиот закон не е сосема точен и дека е потребно тој да се модифицира. Во 1905 година тој ја дава својата револуционерна теорија, позната како специјална теорија на релативност, во која го променува класичното сфаќање за просторот и времето. Десет години покасно, во 1915 година, Ајнштајн ја дал општата теорија на релативност во која ...

Денот, или поточно деноноќието, трае 24 часа само затоа што човекот сакал така да биде. Не постои ништо поврзано со астрономијата или природата со самата поделба на часови, минути и секунди. Но, има нешто што се случува за времетраење од еден ден. Секогаш кога Земјата ќе се заврти еднаш околу својата оска поминува определено време, кое се нарекува ден. Астрономите многу прецизно го имаат измерено денот, и тоа со помош на ѕвездите. Во големите ...

Првиот месец во годината е месецот јануари и со него започнува секоја нова година. Што се однесува до астрономијата, на овој датум (1 јануари) во Вселената не се случува ништо значајно, што значи дека празникот 1 јануари или Нова Година е вештачка творба на човекот. Во светски рамки, овој празник не е претставен со еден ден, кој ќе го прославува целата планета. Така на пример: Евреите новата година ја слават на 6 септември, а Кинезите некаде ...

Знаете ли што е претставено на цртежот? Денес би рекле дека е тоа стап забоден во земја, но во минатото тоа бил моќен и прецизен астрономски инструмент. Стручно се нарекува гномон и тоа е првиот астрономски инструмент кој го создал човекот, а во суштина е многу едноставен. Не се знае точно од кого и кога е откриен, но се споменува во Кина од пред повеќе од илјада години, потоа во Месопотамија и стариот Египет и др. Како работи гномон? Кога е ...

Марко Теренцие Варон, голем римски научник, кој живеел во вториот и првиот век п.н.е бил првиот кој за датирање на изминатите настани ги користел датумите на затемнување на Сонцето и Месечината. По него, ова станало вообичаена пракса за одредување на датумот на некое случување за кое не постоеле други податоци, а се спомнувало некакво затемнување, и астрономијата во оваа смисла допринела многу за историската наука. Овој метод за одредување на ...

Да ја продолжиме приказната за оддалеченоста на нашата Месечина (првиот дел прочитајте го овде). Стигнавме до оваа точка во минатото: Земјата и Месечината имаат иста брзина и свртени се една кон друга со иста страна. И се движат како едно тело, како да се поврзани со некаква ригидна спрега. Тоа беше фантастична глетка, бидејќи Месечината толку се доближи до Земјата, скоро да ја допре. Сликата недоволно потсетува на старите приказни во кои ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
4.63
35%
1008
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
2.68
60%
1004
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
88%
1004
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
5.66
34%
1008
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
5.85
28%
1004
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.51
92%
1005
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
2.57
51%
1012
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
65%
1010
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
5.14
65%
1011
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
2.24
45%
1007
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
3.09
90%
1005
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.17
50%
1012
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641