Јупитеровата голема црвена дамка можеби не исчезнува

0

Малечки делчиња од големата црвена дамка, се чини дека се одделуваат од Јупитер.  Дали е тоа знак на распаѓање на овој црвен облак, или само последица на атмосферскиот хаос што не можеме да го видиме?

jupiter damka

Со ширина од 16.350 километри (заклучно со 3 април 2017 година), Големата црвена дамка на Јупитер е 1,3 пати поголема од Земјата.

Во последните 10 години, особено во последните пет месеци, се појаивија ужасни предупредувања дека Јупитеровата големата црвена дамка полека исчезнува. Сепак, некои астрономи веруваат- да го парафразираме Марк Твен дека – „вестите за нејзината судбината се многу претерани, или барем предвремени“.

Роберт Хук, британски физичар, прв ја опишал Големата црвена дамка во 1665 година. Во 1979 година, кога двете вселенски летала Војаџер прелетале близу Јупитер, сликите кои ги вартиле назад покажале дека дамката е црвен облак што ротира, и е дел од огромен вртлог кој е  неколку пати поголем од Земјата.

Загриженоста за „здравјето“ на Големата црвена дамка се појави кога  астрономите сфатија дека површината на облакот во 1979 година, беше само половина од нејзината површина во 1800-тите (утврдено од старите фотографски плочи). Неодамнешните слики покажаа значително  поголемо намалување на облакот, што доведе до наслови од типот на „дамката може да исчезне во рок од 20 години“. Во пролетта 2019 година, астрономите објавија дека се распаѓа на големи „сечила“ и „снегулки“ црвени облаци.

Големата црвена дамка ме заинтересира уште во 1979 година, кога ги погледнав сликите на Војаџер, само неколку дена откако НАСА ги обработи. Прекрасната структура на оваа извонредна атмосфера ме интригираше, бидејќи мојата кариера се промени од астрофизика во динамика на флуиди (студија за тоа како се движат течностите и гасовите). Има ли подобар начин да се започнете со истражување на основната физика и математика на динамиката на флуиди отколку да ја проучувате Големата црвена дамка?

Облаци и вртлози на Јупитер

Верувам дека не постои опасност големата црвена дамка да исчезне. Анализирајќи ги сликите со компјутерски модели кои користат физика на флуиди, мојата истражувачка група од Беркли успеа да ја утврди областа на самото место. Откривме дека површината на самата дамка (облак) е поголема од нејзиниот основен вртлог, вртливиот гас што ја дефинира. Прашањето тогаш е: Дали намалувањето на површината на облакот значи дека самиот вртлог се намалува?

Тешко е да се одреди врската помеѓу големината на облакот и големината на вртлогот, а  дури и начинот на кој се формираат и распрснуваат Јовијанските облаци. Затоа, за да го разберат „здравјето“ на самото место, планетарните научници треба да го проучат „здравјето“ на неговиот вртлог, а не неговиот облак; намалувањето на облакот немора да е предвесник на смртта. Врз основа на интеракциите на самата дамка со другите вртлози, мојата група откри дека нема докази дека самиот вртлог ја променил својата големина или интензитет.

Атмосферата на Јупитер содржи и други вртлози освен големата црвена дамка, од кои некои се корисни за следење на неговото „здравје“. Некои, како оваа дамка, се антициклони кои ротираат во спротивна насока од вртењето на планетата; други се циклони кои ротираат во иста насока како и планетата. Антициклоните се појавуваат како светли облаци и така лесно се забележуваат, но циклоните (освен на половите) често имаат незабележителни облаци или воопшто немаат облаци.

Од каде знаеме дека Јовијанските циклони постојат кога облаците не се видливи? Повеќе од еден век астрономите ги документираа движењата на антициклоните кои се прекриени со облаци, додека тие полека се движеа. Промените во нивната брзина честопати беа нагли и се чинеше дека се случуваат без причина. Сепак, под претпоставка дека овие вртлози стапуваат во интеракција со циклон кои не содржат слободни облаци, можеме да ги објасниме наглите промени.

damka

Серија слики ( со лажна боја) на кои се забележува повторното оделување на црвени облаци од дамката во пролетта 2019 година. Во правата слика, доминантот дел е на источната страна од џиновскиот црвен вртлог. Делчето потоа се откинува од големата црвена дамка, но ново делче почнува да се одвојува на петтата слика.

Два истовремени настани што доведоа до оделување

Антициклоните се спојуваат едни со други. Сепак, антициклоните ги одбиваат циклоните. Во пролетта 2019 година, кога беше забележано „оделувањето“, беше забележано дека Големата црвена дамка се спојува со серија мали облаци (веројатно мали антициклони) од нејзината северозападна страна. Ваквите спојувања се вообичаени; Војаџер 1 прв ги забележа овие, а потоа беа забележани на секои неколку месеци. Типично, малите антициклони не се „уништуваат“ веднаш, но произведуваат грутки околу нив, што кружат околу,кои полека мигрираат во центарот.

Верувам дека одделувањето на облаци од самото место како „снегулки“ и „сечила“ забележани во 2019 година се должеше на два истовремени настани: „непроголтани“ грутки кои споени со антициклони патуваат по границата на самото место, и блиска средба со еден или повеќе темни циклони .

Кога голем антициклон и помал циклон се приближуваат едни кон други пред да одбијат, тие создаваат дамка на „стагнација“ близу границата на антициклонот каде локалните ветрови нагло ја менуваат насоката, движејќи се приближно нормално врз основа на нивните оригинални насоки. Помислете на две пожарникарски црева насочени едни кон други, така што нивните млазови вода се судираат – потоците моментално запираат кај местото на ударот (дамката на стагнација) и потоа се распрснуваат нанадвор. Секој облак или „непроголтана“ грутка на што ќе се наиде во дамка на стагнација, слично ќе се разбие и ќе се разлее во спротивни насоки.

Нумеричките пресметки на мојата истражувачка група во Беркли покажуваат дека неодамнешните набљудувања на распрснати облаци, можат да се објаснат со судири на „непроголтани“ црвени облаци кои се наоѓаат на работ на големата црвена дамка, со точки на стагнација произведени при блиска средба со циклон.

Парчиња од црвени облаци се распрснуваат нанадвор од дамката на стагнација, и се појавуваат како „снегулки“ и „сечила“. Ниту спојувањата што ги создадоа грутките, ниту блиските средби на циклони сами по себе не се невообичаени, но не е вообичаено да се појават во исто време. Сепак, ниту еден настан не е знак дека големата црвена дамка се распаѓа. Јас и моите колеги веруваме дека ќе преживее уште многу години.

Превод: Христијан Петрески

Извор: astronomy.com

Сподели.