Некои научници сметаат дека фреквенциите произведени од молњи може да бидат поврзани со нашите мозочни бранови, медитација и хипноза. Шуманова резонанца Невремиња со громтевици што удираат околу Земјата околу 50 пати во секунда создаваат електромагнетни бранови со ниска фреквенција што ја опкружуваат планетата. Некои научници мислат дека овие бранови, наречени Шуманови резонанци, може да имаат влијание врз човечкото однесување. Шумановата ...
Доколку постоеја вонземјански цивилизации во други планетарни системи, дали би можеле тие да го детектираат нашето постоење на Земјата? Ова е прашање кое води кон нови начини на барање вонземјанска интелигенција. Но не е лесно да се стигне до одговорот на ова прашање. Уметнички приказ на Областа врз која Земјата Транзитира. Заслуги: OpenSpace/American Museum of Natural History Тим од астрономи идентификуваа 2 034 планетарни системи на максимално ...
Згасната ѕвезда голема колку Месечината е најмалата таква ѕвезда која ја имаме видено досега. Ѕвездата е бело џуџе, ултрагустото срушено јадро на ѕвезда со маса слична на сончевата, но со пречник од само 4280 километри. Таа е и најмасивното бело џуџе досега видено, со маса 1,35 пати поголема од сончевата. Илустрација на големината на џуџето. Заслуги: Џузепе Париси Застанете малку за тоа да ви легне – малку повеќе од масата на нашето Сонце ...
Како преку една егзопланета откривме дека нашето Сонце е нормална ѕвезда Малите темни региони на Сонцето со векови им помагаат на научниците да ја проучуваат нашата најблиска ѕвезда. Гледањето сончеви дамки е лесно кога се набљудува Сонцето, но идентификувањето на дамки кај ѕвездите слични на Сонцето и оддалечени светлосни години од нас може да биде предизвик. Сега, астрономите искористија егзопланета во орбита за барање ѕвездени дамки. Тие ...
Марс е бомбардиран со радијација. Без зaштитно магнетно поле и густа атмосфера како онаа на Земјата, зрачењето од вселената има речиси непопречен пат до површината на Марс. Нашите машини можат да се шеткаат на површината и безгрижно да се соочат со сето тоа зрачење. Но, ние луѓето неможеме. За луѓето, сето тоа зрачење е смртоносна опасност. Заслуги: Murray Buttes. (NASA/JPL-Caltech/MSSS) Како би можеле сите потенцијални човечки истражувачи да се ...