Уништувачките соларни бури би можеле да бидат многу почести отколку што знаеме

0

Во почетокот на септември 1859 година, земјата беше обвиткана од монументална соларна бура, која ја мавташе нашата магнетосфера со исфрлање на коронална маса, нешто што никогаш порано не се случило.

Наречен е Карингтонов настан, и се случи за време на Технолошката револуција. Привремено ги нокаутираше телеграфските системи, но во тоа време сè уште не бевме зависни од електричната технологија преку која што невремето може да предизвика голем хаос.

кн 1

Моќна експлозија од Х класа снимена во различни бранови должини. Заслуги: NASA/SDO

И, да, сончевите бури навистина можат да не збунат. Кога наелектризираните честички од Сонцето се втурнуваат во Земјината магнетосфера, интеракцијата може да предизвика геомагнетна бура, создавајќи струи, атмосферски нарушувања и јонизација што може да ја нокаутира електричната мрежа, и да ги наруши комуникациите и навигацијата.

Ако сончева бура голема колку Карингтонов Настан ја погоди Земјата денес, би биле во неволја. И, иако оттогаш не сме биле погодени од такво нешто, астрофизичарите веруваат дека сончевите бури од таа големина не се толку невообичаени како што мислевме.

Всушност, истражувачите сметаат дека Сонцето може да фрла бури слични на Карингтонов настан на секои неколку децении – и само прашање е на време кога би се нашле повторно во таква ситуација.

„Карингтонов Настан се смета за најлошото сценарио за вселенски временски настани против модерната цивилизација“, објасни астрофизичарот Хисаши Хајакава од универзитетот Осака.

„Ако се случува неколку пати во еден век, треба да преиспитаме како да се подготвиме против неа и да ја ублажиме таквата опасност од вселенското невреме“.

Иако Карингтонов Настан е добро проучен и карактеризиран, Хајакава и неговиот тим сфатија дека нешто недостасува. Научните и историските анализи се фокусираа на западната хемисфера, оставајќи записи за половина планета надвор од сликата.

Преку меѓународна соработка се собраа голем број историски записи за бурите, од аурорите од невремето од источната хемисфера и од Иберскиот Полуостров. Овие вклучуваат дневници на руската опсерваторија, записи, извештаи од весници и историски записи од Источна Азија.

Тие, исто така, успеаја да ги повратат необјавените набљудувања од Европа, вклучувајќи ги и цртежите од Сонцето, чие интензивно магнетно поле се смета дека произведувало исфрлање на короналната маса поврзано со невремето. Проучувајќи ги овие цртежи, истражувачите беа во можност да ја следат еволуцијата на невремето.

Цртежот подолу, од германскиот астроном Хајнрих Швабе од Кралското Астрономско Друштво, ги покажува сончевите точко што се видливи на 27 август (лево), 1 септември (средина) и потоа група на сончеви точки од 1 септември, од блиску (десно).

kn 2

Хајакава и др., Вселенско време, 2019 година, учтивоста на Кралското астрономско друштво

Овие записи потоа беа споредени со западните објавени записи, како што се дневници од бродови, научни публикации и извештаи од весници.

Преку оваа сеопфатна анализа, тимот откри нешто ново за Карингтонов настан; имено, дека тоа не бил само еден огромен појас на плазма. Наместо тоа, тимот верува дека Сончевите дамки избувнаале неколку пати во текот на неделите пред и по самиот настан, од претходно исфрлање на короналната маса на 27 Август 1859 година, кое продолжило до почетокот на Октомври.

Ерупцијата во Август произвела помало сончево невреме кое можело, како што велат истражувачите, да придонесе за сериозноста на Септемврискиот настан.

Бидејќи екипата сега ја имаше најкомплетната реконструкција некогаш направена за Карингтонов настан, тие потоа се обидоа да ја споредат со други значајни бури, како што е бурата од февруари 1872 година, која произведе спектакуларна аурора која што беше објавена во весниците ширум светот; невремето од мај 1921 година што ги збриша телеграфските сервиси во САД; бурата во август 1972 година, која можеби ги активирала морските мини; и невремето од март 1989 година што избриша канадска електрична мрежа.

Тимот открил дека, особено, невремето во 1872 и тоа во 1921 година имале силни сличности со Карингтонов настан. И да не заборавиме на сончевата бура од јули 2012 година – колосално исфрлање на короналната маса што за малку ја промаши Земјата, но ќе беше со големина на Карингтон, ако се најдевме на нејзиниот пат.

Сето ова сугерира дека сериозноста на Карингтонов настан не е невообичаена, и дека можеби досега имавме среќа.

„Првичната споредба открива дека Карингтонов настан веројатно не е исклучително екстремно невреме, но е една од најекстремните магнетни бури“, напишаа истражувачите во својот труд.

„Овој настан се сметаше за катастрофа што се случува еднаш во еден век, но историските набудувања нè предупредуваат дека ова може да биде нешто што се случува почесто и оттука може да биде и претстојна закана за модерната цивилизација“.

Истражувањето е објавено во списанието Вселенско Време.

Превод: Лазар Динев

Извор: sciencealert.com

Сподели.