Во обид да се продолжи мисијата на Voyager 2, НАСА ќе исклучи уште еден инструмент од леталото. Претходно, во октомври 2024 година, НАСА го исклучи плазма спектрометарот а во текот на месецов ќе се исклучи и инструментот за нискоенергетски наелектризирани честички (Low-Energy Charged Particle) на Voyager 2. Уметничка презентација на една од сондите на Војаџер (NASA, JPL-Caltech) Што значи ова за издржливото летало? „Ако не исклучиме инструмент ...

Во 2019 година, вселенското летало New Horizons на НАСА прелета покрај Арокот, најдалечниот и најпримитивен објект што досега бил истражуван. Сега, додека продолжува да се движи подлабоко во вселената, главниот научник Алан Стерн сподели возбудливи нови информации за мисијата. Арокот: Минатата цел на New Horizons Во 2019 година, New Horizons изврши историски близок прелет покрај Арокот, мала замрзната карпа во Кајперовиот Појас. Овој објект ...

Астрономите објавија дека Вселенскиот телескоп Џејмс Веб (JWST) успешно ги сними првите директни слики на јаглерод диоксид на планета надвор од нашиот Сончев систем. Ова откритие не само што го демонстрира капацитетот на телескопот, туку и дава вредни информации за формирањето на планетите во Универзумот. Најјасниот поглед во инфрацрвениот спектар досега на иконскиот мултипланетарен систем HR 8799. (Фото кредит: NASA, ESA, CSA, STScI, W. Balmer ...

Новата мапа на универзумот открива потенцијални промени во темната енергија. Темната енергија, мистериозната сила што ја забрзува експанзијата на универзумот, можеби се менува со текот на времето. Ова шокантно тврдење доаѓа од нови податоци собрани од Спектроскопскиот инструмент за темна енергија (DESI), поставен на Опсерваторијата Кит Пик во Аризона, САД. Доколку овие набљудувања се потврдат, ќе биде потребно целосно преиспитување на нашето ...

Во едно од највозбудливите астрономски откритија на нашето време, научниците конечно потврдија постоење на четири егзопланети во орбитата на Барнардовата ѕвезда – втората најблиска ѕвезда до Земјата, по системот Алфа Кентаур. Овој резултат доаѓа по децении на дебати, побивања и нови тврдења, кои ја прават Барнардовата ѕвезда вистинска митска фигура во ловот по далечни светови. Уметнички впечаток за погледот од една од планетите што орбитираат ...

Со најновите откритија, бројот на месечини на Сатурн порасна на вкупно 274, што го прави планетата со најмногу природни сателити во нашиот Сончев систем. Ова значајно откритие повторно ја отвора дискусијата меѓу астрономите: до која големина небесното тело сè уште се смета за месечина, а кога станува само карпа во орбитата? Сатурн, планета со најмногу месечини. Кредит: NASA/JPL/Space Science Institute Нови откритија со напредни техники ...

Со почеток од 17 март 2025 година, Скопско Астрономско Друштво го организира редовниот Воведен курс по астрономија. Придружете ни се, затоа што учењето го правиме забавно, а овие предавања се одлична можност да се запознаете и со нашата работа и доколку сакате да ни се придружите како членови. Целта на курсот е посетителите да се запознаат со основните принципи и факти од областа на астрономијата, без да им бидат потребни предзнаења од оваа ...

Во неверојатен успех за вселенските истражувања, месечевиот лендер Blue Ghost на компанијата Firefly Aerospace успешно слета на површината на Месечината во рамките на мисијата Blue Ghost Mission 1. Слетувањето се случи на 2 март 2025 година, во 3:34 часот по источниот стандарден временски појас, во регионот Mare Crisium – огромен базен со широчина од над 300 милји, лоциран во североисточниот квадрант на блиската страна на Месечината. Овој ...

Новото откритие на Хабл оддалечено 567 милиони светлосни години е навистина уникатно. Со негова помош астрономите пронајдоа галаксија опкружена со, не еден, туку девет концентрични прстени – последица на насилен судир со сина џуџеста галаксија која продрела низ нејзиниот центар. Официјално наречена LEDA 1313424, оваа галаксија го доби соодветното име “Bullseye”. “Bullseye e во многу посебен момент во времето“, вели астрономот Питер ван Докум од ...

Земјата е безбедна од астероидот 2024 YR4, кој некогаш беше сметан за потенцијална закана. Според најновите набљудувања, шансите за судир се сведени на нула, што доведе до негово прераспределување на нултото ниво на Торинската скала, што означува дека нема опасност. Оваа промена е резултат на дополнителни набљудувања кои ја коригираа неговата орбита. Астероидот 2024 YR4 беше откриен во декември 2024 година и веднаш привлече внимание бидејќи брзо ...

Ново истражување на карпести фрагменти од Месечината нуди свежи сознанија за кога и како наш природен сателит се претворил од истопена магма во цврста форма. Овие откритија, објавени на Science Alert, се базирани на анализа на месечеви карпи вратени на Земјата во текот на мисиите Аполо. Истражувачите веруваат дека овие фрагменти ја откриваат точната временска точка кога Месечината се оладила и се формирала како цврсто тело. Уметничка илустрација ...

Астрономијата и календарот се две области кои долго време биле меѓусебно поврзани. Една од најинтересните аномалии во историјата на календарот се случила во октомври 1582 година, кога 10 дена едноставно исчезнале. Овој настан е поврзан со преминот од јулијанскиот кон грегоријанскиот календар, кој се користи и денес. Каде се деновите од 4 до 14 октомври? Историски контекст Јулијанскиот календар, воведен од Јулиј Цезар во 45 година п.н.е., бил ...

Во бескрајниот простор на нашиот Сончев Систем, каде милијарди небесни тела танцуваат во орбити околу нашето Сонце, постои една мала, но потенцијално опасна точка што го привлекла вниманието на астрономите ширум светот. Оваа точка е астероидот 2024 YR4, објект кој, според најновите набљудувања на НАСА, се смета за еден од најопасните астероиди откако почнале да се следат таквите небесни тела. Астероидот 2024 YR4 има 1 од 32 шанси да удри во ...

Виножитото е феномен кој секогаш кај луѓето буди восхит, без оглед на тоа дали знаеме нешто за овој феномен или не. Она што сме учеле на училиште е само еден мал дел од феноменот на виножито. Ние обично кога ќе видиме виножито на небото, се нарекуваме со тоа име, виножито. Но, тоа воопшто не е така. Белата светлина и нејзините компоненти во различни бои се прекршуваат различно со различни големини на водени капки во атмосферата. Еден таков ...

Во една впечатлива студија, астрономите успеале да го добијат најдобриот поглед досега на процесот на раѓање на планетите. Со помош на најсовремените телескопи и техники, тие ги откриле деталите на протопланетарните дискови — облаци од прав и гас кои кружат околу млади ѕвезди и служат како „лежишта“ за формирање на нови планети. Оваа слика од студијата го прикажува PDS 70 и неговите две планети со циркупланетарни дискови. Дисковите покажуваат ...

Кинескиот ровер Тансуо и вселенскиот костим Вангју, се дел од амбициозните планови на Кина за истражување на вселената. 1. Тансуо: Следниот Кинески Ровер за Месечината Општ преглед Клучни карактеристики Мисија и цели Новиот кинески вселенски костим за истражување на Месечината, познат како „Вангју“ (лево); и планираниот ровер на месечината со екипаж на нацијата, познат како „Тансуо“ (десно). (Кредит на слика: Централна телевизија на Кина (CCTV)) ...

Телескопот Џејмс Веб (JWST) продолжува со фантастичен нов поглед на универзумот, овојпат со нова слика на протоѕвездата HH30, прикажана во неверојатни детали. Првично откриен со телескопот Хабл, овој објект од типот Хербиг-Харо, кој е темен молекуларен облак, е совршен за JWST. Сликата го прикажува протопланетарниот диск гледан од страна, со конусен одлив на гас и прашина, и тесен млаз кој избувнува во вселената. Слика од близу на ...

Џо Велајдум не може а да не се замисли, што би се случило ако само малку подолго останал пред неговата куќа, пред да тргне на прошетка со неговите кучиња. Остатоци од метеоритот кој удрил на пешачка патека пред некоја куќа во Маршфилд, Пенсилванија во јули 2024 година. Кредит: Лаура Кели Имено, Џо се спремал на прошетка со неговите кучиња и само неколку секунди по тргнувањето од неговата куќа, метеорит удрил во пешачката патека точно пред ...

Колку е темно твоето небо? Односот помеѓу светлосното загадување и астрономијата ги загрижува и аматерите и професионалните астрономи. Дали вашето небо е доволно темно? Прецизен одговор на ова прашање е корисен за споредување на местата за набљудување и, уште поважно, за одредување дали локацијата е доволно темна за да ви овозможи да ги турнете очите, телескопот или камерата до нивните теоретски граници. Исто така, потребни ви се точни ...

Геологот со шест тркала пронашол фасцинантна карпа која има некои индикации дека можеби била домаќин на микробиолошки живот пред милијарди години, но потребни се дополнителни истражувања. Карпа исполнета со “вени” го привлекува вниманието на научниот тим на роверот „Perseverance “ на НАСА. Тимот го нарече „Водопади Чејава“, карпата во форма на стрела содржи фасцинантни особини кои можеби се поврзани со прашањето дали Марс бил дом на микроскопски ...

Универзумот е полн со чуда, а Џејмс Веб вселенскиот телескоп неодамна фати едно такво чудо на неговата камера. Нова слика на спектакуларната небула околу WR 140 на Џејмс Веб Вселенскиот Телескоп Инфрацрвеното око на Џејмс Веб откри необичен детал на ѕвезда оддалечена околу 5,600 светлосни години. Ѕвездата ја обиколува нешто што изгледа како концентрични светлински прстени кои зрачат светлина нанадвор. Овие прстени се вистински и постојат, и зад ...

Како соодветен чин на почит кон најоддалечениот лет некогаш спроведен од вселенско летало, објектот од Кајперовиот појас- 2014 MU 69 е официјално именуван “Аррокот”. Ова име претставува домороден американски термин што значи небо на алгонквински јазик. Композитска слика од примордијалниот затворен двоен систем 2014 MU69 што се наоѓа во Кајперовиот појас, направена со податоци од сондата Нови Хоризонти. Со согласност од старешините и ...

Хоризонтскиот систем се дефинира локално за секој набљудувач, на смото место, на Земјата (или на некое друго небесно тело). Неговиот почеток е местоположбата на набљудувачот, негова референтна оска е локалната вертикала (определено од локалното гравитациско поле), а референтната рамнина е видливиот хоризонт или просто, хоризонтот кој е нормален на оската. Точката на пресек на оската-вертикалата со небесната сфера, над посматрачот, се вика зенит, ...

До самата одлука на тогашната Советска Државна комисија, Гагарин не знаел дека токму тој ќе биде првиот избран космонаут кој ќе полета во Вселената. Јуриј Гагарин е роден на 9-ти март 1934 год. во близината на Смоленск, Русија. Во 1955 год. во Саратово завршил индустриска техника и пилотски курс во аеро клуб. Школувањето го продолжил во Оренсбург и во 1957 год. станал пилот – ловец на Советските воздухопловни сили. Организаторот на подготовката, ...

Кога астероидот “Бог на хаосот” Апофис ќе направи многу близок прелет покрај Земјата во 2029 година, гравитацијата на нашата планета може да предизвика потреси и лизгање на земјиштето кои целосно ќе ја променат површината на астероидот. Илустрација на масивен астероид упатен кон Земјата. Астероидот “Бог на хаосот” Апофис ќе дојде исклучително близу до Земјата во 2029 година. Кредити: ЕСА – П. Карил Именуван по Апеп, древниот египетски бог на ...

“Барнард Б е една од ретките познати егзопланети со маса помала од онаа на Земјата.” Астрономите открија планета која орбитира околу најблиската соло ѕвезда до нашиот Сончев систем, позната како ѕвезда Барнард. Новооткриената егзопланета има околу половина од масата на Венера, што ја класифицира како ‘помала Земја.’ На егзопланетата Барнард Б и е потребно нешто повеќе од три земјини денови да направи орбита околу нејзината матична ѕвезда – ...

Нашата Месечина отсекогаш била инспирација за поетите, уметниците и музичарите. Глетката на нашата една и единствена Месечина е позната на секој кој некогаш погледнал нагоре кон нашето небо навечер, а понекогаш и преку ден. Сепак, одвреме-навреме, нашата Месечина е придружена од мали астероиди кои талкаат преблизу до нас. Астрономите детектирале астероид со ширина од 11 метри, кој го има името 2024 РТ5 и се приближил на 567 000 километри до ...

Дали кометата А3 може да стане уште една Голема Комета или барем да достигне сјајност за да може да се види со голо око? Ќе дознаеме во есента 2024. Набљудувачите на комети се надеваат на големи нешта од кометата С/2023 А3 во есента 2024. Можеби сте забележале дека по првичната експлозија на супернова, за тоа како таа може да стане “комета на векот” и сите предвидувања дека е предодредена да “свети на нашето ноќно небо посветло од Месечината”, ...

На 15 август 1977 астрономот Џери Ехман (Jerry R. Ehman) додека ги разгледувал податоците добиени од Big Ear радиотелескопот кој се користел за потрага по вонземски живот, забележал интересна аномалија во облик на теснопојасен сигнал. Бил многу импресиониран од резултатот и го заокружил отчитувањето на интензитетот на сигналот додавајќи го зборот Wow! веднаш до него. Од таму и познатиот сигнал го добил своето име. Сигналот доаѓа од соѕвездието ...

Бетелгез е омилен меѓу астрономите аматери многу години. Како и да го изговарате, неговото неочекувано затемнување привлекува уште поголемо внимание на оваа променлива ѕвезда на црвениот суперџин во Орион. Има неколку циклуси на варијабилност, еден од нив се јавува во период од 2.170 дена, 5 пати подолг од неговиот нормален период на пулсирање. Штотуку беше објавен труд кој сугерира дека причината би можела да биде придружна ѕвезда од 1,17 ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
5.66
59%
1009
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
4.63
61%
1011
weather icon

Загреб

15ᴼ / 12ᴼ
6.69
43%
1014
weather icon

Софија

10ᴼ / 9ᴼ
3.09
82%
1010
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.07
71%
1009
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
3.09
46%
1013
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
6.26
57%
1005
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
48%
1005
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
39%
1006
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
3.6
70%
1008
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
59%
1012
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
59%
1009
Currency

61.525

Currency

56.8468

Currency

73.565

Currency

35.8229

Currency

39.732

Currency

64.4608

Currency

7.93968

Currency

0.66916

Currency

0.37876

Currency

0.52226

Currency

1.49584

Currency

0.66438

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

16160.00

Рутениум

20190.67

Калај

36.67

Сребро

1096.89

Злато

99169.02

Бакар

10.26

Паладиум

30703.96

Платина

31469.90

Родиум

184063.02

Цинк

2.85