Трката за комерцијални вселенски летови навистина започна, со повеќе од 85 компании и организации кои бараат иднина во меѓупланетарниот туризам. Сепак, некои истражувачи се загрижени дека се преценуваме. Пред патувањето вон границите Земјата да стане редовен настан, светот треба да спроведе некои основни мерки за биосигурност, предупредуваат тие. Во спротивно, би можеле да почнеме да примаме непожелни посетители од вонзезмјани. Илустрација на ...

Ултра-дифузните галаксии ги збунуваат астрономите. Од аспект на број на ѕвезди, се работи за мали галаксии, но раширени низ огромни растојанија. Поради тоа, тие се бледи и тешко се забележуваат. Не знаеме како настанале и не знаеме ништо за халото од темна материја кое им помага да се формираат. Галаксијата DF2 – една од ултра-дифузните галаксии кои беа проучувани. Заслуги: ESA/Hubble Во едно неодамна објавено истражување можеби можеме да ...

Месечината не очекува. По децении без ниту еден човек да стапне на нејзината површина, НАСА има планови за враќање на Месечината во блиската иднина. Како дел од програмата наречена Артемида, астронаутите ќе се вратат на месечината уште во 2024 (тоа беа првобитни планови но сега тоа е поместено за најрано 2027 година) со цел воспоставување на долготрајно човечко присуство. Илустрација на концептуален систем за снабдување со енергија преку ...

Ова откритие крева исто толку прашања колку и одговори.Сигурно си мислите дека големите галаксии во раниот универзум би имале доволно гориво за нови ѕвезди, но според едно ново истражување, тоа не е секогаш точно. Користејќи го Вселенскиот Телескоп Хабл и Големата Група од Милиметарски/Субмилиметарски Телескопи во Атакама (анг. Atacama Large Millimeter/Submillimeter Array – ALMA), астрономите открија шест рани галаксии (во периодот околу 3 ...

Постојат неколку видови на маглини, кои се категоризираат во однос на тоа како изгледаат кога ќе се погледнат низ телескоп. Постојат 5 главни типови на маглини: емисиони маглини, рефлексиони маглини, апсорпциони маглини, планетарни маглини и остатоци од супернови. Емисионите маглини, како што споменавме, постојат во близина на масивните ѕвезди со високи температури. Високофреквентните фотони што се зрачат од ѕвездите ги возбудуваат електроните ...

За време на овие денови на пандемија многумина сме приморани да седиме дома во карантин. Исто така, овие денови кога е убаво времето, многумина излегуваме на тераси, или во двор (ако го имаме), и доколку седењето надвор го продолжиме до вечерните часови, почнуваме да се занимаваме со одамна заборавената човечка активност – набљудување на небото и небесните објекти. Но, живееме во модерна технолошка ера, па така на небото немаме само ...

Астероид со големина на фрижидер мина до Земјата без астрономите да го приметат се до неколку часа по самиот чин. Прелетот беше навистина близок од космичка гледна точка. На 24 октомври астероидот бил на само 3000 km од Земјата над Антартикот, поблизу дури и од некои сателити правејќи го трет по ред астероид според близината да се доближи на Земјата без да ја погоди. Симулации на орбитата на 2021 UA1. Заслуги: Orbit Simulator/Tony Dunn/Twitter ...

Долготрајниот престој во Вселената може да предизвика промени во мозочната структура на астронаутите. Овие промени можеби ќе ги објаснат невообичаените симптоми кои астронаутите ги покажуваат при враќањето на Земјата. Во истражувањето научниците ги скенирале мозоците на 34 астронаути, пред и по нивниот престој во Вселената. 18 од нив учествувале во долги мисии (просечно околу 6 месеци) на Меѓународната Вселенска Станица, додека 16 учествувале во ...

Стивен Волфрам, информатичар, физичар и менаџер на софтверската компанија Волфрам рисрч (зад Волфрам Алфа и програмата Математика Mathematica) се појави на насловите оваа недела кога го отвори проектот Волфрам физикс проџект. Блог постот што го најави проектот објаснува дека тој и неговите соработници тврдат дека „го нашле патот кон фундаменталната теорија на физиката“, дека тие „изградиле парадигма и рамка“ и дека им ...

Големата експлозија ја заробува нашата фантазија како ниеадна друга теорија во науката: прекрасното, експлозивно раѓање на нашиот универзум. Но дали знаете што следеше потоа? Околу 100 милиони години мрак. Кога космосот конечно се осветлил со првите ѕвезди, тие биле поголеми и посветли од сите по нив. Светеле со УВ зраци толку интензивни што ги јонизирале околните атоми. Космичката зора- од првата ѕвезда до комплетирањето на „космичката ...

Земјата, Сончевиот Систем и целиот Млечен Пат заедно со неколкуте илјади најблиски галаксии се движат во голем „меур“ со дијаметар од 250 милиони светлосни години, со просечна густина на материјата за половина помала од остатокот од универзумот. Ова е хипотезата која ја нуди теоретски физичар од Универзитетот на Женева (UNIGE) како решение за проблемот кој предизвикува раздор на научната сцена веќе една деценија – Со која ...

Постојат 4 типови на меѓуѕвездена материја: 1) студени региони и темни облаци на гасови и прашина, со температура од околу 10 K, наречени молекуларни облаци, кадешто материјата постои во вид на молекули; 2) региони со температури од околу 200 K, кадешто егзистира молекуларен водород, па затоа овие се наречени HI региони; 3) региони со температури од околу 10000 K, околу жешките O и B ѕвезди, каде температурите се доволно високи да ги возбудат ...

Меѓуѕвездената вселена не е празна, туку е исполнета со атоми и молекули на гас, како и зрна прашина, кои ја попречуваат светлината која доаѓа од подалечните ѕвезди. Концентрациите на овие објекти се нарекуваат маглини. Од една ваква маглина, наречена соларна маглина, се смета дека настанало и Сонцето и целиот Сончев систем. Маглините се особено важни при еволуцијата на ѕвездите, бидејќи тоа се места во вселената каде се раѓаат нови ѕвезди. ...

Плејадите (М45) во соѕвездието Бик. Авторски права: Мартин Стојановски; Обработка: Astro Makquenovi На фотографијата погоре е прикажано ѕвезденото јато и рефлексиона маглина Плејади (М45) во соѕвездието Бик. Многу од луѓето ова јато го мешаат со соѕвездието Мала Мечка. Астро-фотографијата е направена на следниот начин: Експозиција: 18х5 минути (вкупно 1:30 минути) на ISO 1600 Телескоп: Skopos APO f-7, Lacerta MGEN Autoguider Moнтажа: Celestron ...

Што може да предизвика поголема стравопочит од објект кој е невидлив, но со толку силно гравитациско поле што може да распрсне цели ѕвезди? Можеби два такви објекти кои се вртат еден околу друг… Најново истражување предвидува дека вакво сценарио се случува доста често во внатрешноста на ѕвездените јата, но и дека наскоро ќе имаме можност да ги детектираме. За едни од најспектакуларните настани во Вселената се сметаат судирите на ...

Во својот животен век, ѕвездите ја црпат својата енергија од нуклеарните процеси во просторот внатре во јадрото. Како што ѕвездите полека остануваат без гориво потребно за нуклеарни реакции, така со текот на времето се собираат и се претворуваат во бели џуџиња. Станува збор за компактни ѕвездени остатоци. Во исто време, ѕвездената обвивка се шири во околниот простор и астрономите можат да ја забележат волшебната глетка од планетарната маглина. ...

Овој уметнички впечаток покажува како изгледаат супермасивни црни дупки во центрите на галаксиите. Плавата боја претставува зрачење испуштено од материјата близу црната дупка. Сивата структура околу црната дупка е наречена торус и е составена од гас и прав. Заслгуи: NASA/JPL-Caltech Младите галаксии блескаат со светли нови ѕвезди кои се формираат во многу краток период, но како галаксија еволуира ѕвездената формација евентуално запира. Според ...

Само што помисливте дека повторно можете да почнете да го игнорирате Бетелгез, црвениот џин повторно почна да се занесува. По првото затемнување, проследено со осветлување, Бетелгез повторно почна да се затемнува. Исто така, ова ново затемнување не се совпаѓа со моменталниот циклус на светлосни промени на Бетелгез, што повторно обраќа внимание на ѕвездата. Заслуги: ЕЈО/Дигитализиран небесен поглед 2. Признание: Давид де Мартин Бетелгез, на ...

Следнава содржина е развиена во соработка меѓу Меѓународната асоцијација за темни неба и Астрономи без граници. Повторно е тоа време од годината: доаѓа метеорскиот дожд Персеиди! Секој август, обожаватели на вселената низ северната полутопка ја креваат главата нагоре за да ја видат оваа неверојатна претстава на ѕвезди што паѓаат и го осветлуваат ноќното небо. Оваа година, Персеидите ќе бидат највидливи во ноќта меѓу 11 и 12 август. Светлината од ...

Персеидите се често најимпресивниот метеорски дожд во северната полутопка. Персеидите нудат голем број на метеори секоја година, а исто така се случуваат во Август кога температурата под ноќното небо е доволна висока за подолги престои надвор. ХетерВенделбо ја направил оваа слика од пересидите на 10 Август 2019 година Прашина од комета Секој јули и август Земјата се среќава со остатоци оставени од кометата 109П/Свифт-Татл. Оваа комета има орбита ...

Иако живееме во релативно мирен дел од космосот, во вселената демне опасност. ЗОНА НА ОПАСНОСТ. Многу темни објекти се предалеку од Сонцето за да би можеле да се набљудуваат. Во иднината невидена опасност би можела да дојде од длабоките краишта на вселената. Заслуги: Астрономија: Роен Кели Иако живееме во релативно мирен дел од космосот, продолжувајќи со своите животи и гледајќи ги ѕвездите како далечна позадина, сепак сме дел од универзумот кој ...

Во изминатите 20тина години се разви гледиште дека кометите и астероидите, иако се различни тела, се послични од она што астрономите мислеа на почетокот. Кометата 9P/Tempel 1 откако е погодена во јадрото од вселенското летало Deep Impact на 4ти јули 2005. И кометите и астероидите се остатоци од примарната сончева маглина од пред околу 4.6 милијарди години (NASA/JPL-Caltech/UMD) Сончевиот Систем е комплексно место. Освен Сонцето и главните ...

Снимката за Кваоар од апаратот „Нови Хоризонти“ на растојание од 2.1 милијарди километри. Двете спирални галаксии се IC 1048 и UGC 09485. Тие се околу 370 милијарди пати подалеку од леталото отколку Кваоар. Заслуги: NASA/JHUAPL/SwRI Камерите на меѓупланетарниот апарат „Нови Хоризонти“ (New Horizons) ја снимиле необичната џуџеста планета Кваоар (Quaoar) на растојание од над две милијарди километри. Џуџестата планета Кваоар ...

Рано наутро на 21-ви јануари 2017 џуџестата планета Хаумеа помина пред ѕвезда и ја фрли својата сенка врз Европа. Дванаесет телескопи на десет различни локации го набљудуваа овој настан. Европските научници сметаа дека транзитот ќе открие нови информации за овој далечен член на Сончевиот Систем кој орбитира подалеку од Сонцето отколку Плутон. Два од телескопите искорисени во набљудувањето, едниот во Словенија, а другиот во Италија, се ...

Во последнтие години по историскиот прелет на сондата Нови Хоризонти (New Horizons) во 2015 можеме да го разбереме Плутон подлабоко. Научивме многу за него, но едно од најголемите изненадувања беа бројните траги кои укажуваат на тоа дека се’ уште има течни океани под ледената површина на Плутон. Со просечно растојание од 5,9 милијарди километри од Сонцето во студените региони на Кајперовиот појас, научниците сметаа дека џуџестата планета е ...

Леталото Зора (Dawn) на НАСА полека заминува од подрачјето околу Церера, но тоа не значи дека нема да може да направи уште некоја неверојатна фотографија. На последните фотографии објавени од Jet Propulsion Laboratory (ЈPL) ја има и најпознатата знаменитост на Церера – кратерот Окатор. Во средината кратерот има мистериозна светла точка за која научниците веруваат дека е халовулкан, геолошка карактеристика проследена со ерупции која ...

Комуникацијата помеѓу леталото Зора и Deep Space Network на НАСА која требаше да се случи во средата на 31ви октомври и четврток 1ви ноември беше безуспешна. Откако тимот ги елиминираше сите можни причини за невоспоставувањето на комуникацијата, беше заклучено дека леталото останало без неговото гориво. Леталото веќе не успеало преку антените да воспостави контакт со контролорите на мисијата, ниту пак да ги сврти соларните панели кон Сонцето за ...

И оваа година, Скопско Астрономско Друштво организира Циклус предавања на популарни астрономски теми. Циклусот започнува на 18.10.2018 (четврток), а предавањата ќе се одржуваат секој четврток, со почеток од 20:00 часот, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје. Предвидени се 7 предавања од различни области во астрономијата, со актуелни и интересни теми, но и едно предавање од биомедицината на ...

Заслуги: NASA, ESA, A. Simon (NASA Goddard Space Flight Center), и M.H. Wong, и A. Hsu (University of California, Berkeley) Оваа недела, НАСА објави нови слики од силниот ефект на 42 годишното лето на Уран, воедно и од огромните бури што го имаат зафатено Нептун. Систем на облаци врз северниот пол на Уран Заслуги: NASA, ESA, A. Simon (NASA Goddard Space Flight Center), и M.H. Wong, и A. Hsu (University of California, Berkeley) Благодарение на ...

Изгледа дека стариот Уран не може да земе здив. Веќе нешто го има превртено на својата страна и затоа неговата орбита е спротивна од онаа на другите планети во Сончевиот Систем. Веројатно и лошо мириса. Сега астрономите дознаа и дека неговата атмосфера истекува во вселената. Длабоко во податоците од историската средба на ледената планета со Војаџер 2 во 1986 година, сѐ до сега се криело постоењето на плазмоид – атмосферски материјал кој ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
4.63
35%
1008
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
2.68
60%
1004
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
88%
1004
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
5.66
34%
1008
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
5.85
28%
1004
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.51
92%
1005
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
2.57
51%
1012
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
65%
1010
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
5.14
65%
1011
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
2.24
45%
1007
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
3.09
90%
1005
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.17
50%
1012
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641