На 4 септември, на регионалниот патен правец Кочани – Пониква, се возеше ридско-брзинска трка од Државниот шампионат во автомобилизам што се бодува и за ФИА – зона на Централна Европа. На патеката долга 5,9 километри, во четири класи, учествуваа 26 возачи од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Косово. Организатор на натпреварот беше АКК „Перформанс“ од Скопје, во соработка со Автомобилистичката федерација на Македонија, Здружението на ...

Во саботата во Кочани се одржа Меѓународниот меморијален турнир во борење „Легендите на Спартак“.Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ги поздрави присутните и учесниците натпреварувачи од земјава и странство во машка и женска конкуренција, кои беа во голем број. Борачите на „Спартак“ освоија седум медали од кои пет во машка – 1 златен, 3 сребрени и 1 бронзен и две во женска конкуренција – 2 златни. Медалите ги освоија:Филип Ангелов – ...

Новинарите од локалните медиуми денеска ги избраа најдобрите во спортот во Општина Кочани за 2022 година, а врз основа на пристигнатите пријави од спортски колективи и поединци. Со тајно бодување, за најдобар спортист на Општина Кочани за 2022 година е избран фудбалерот Тоше Манов од ГФК „Осогово“, со вкупно 22 бода. Втор е каратистот Филип Стојанов од КК „Партизан“ со 19 бода, а трета шахистката Јована Давиткова од Сојузот на училишни спортови ...

Почитувани, На синоќешната свечена седница на Совет на Општина Кочани, по повод денот на ослободувањето на нашиот град, имавме можност да го слушнеме обраќањето на актуелниот градоначалник Папазов. Почнатите и завршените проекти кои беа набројани, несомнено се дел од инфраструктурната револуција која се случуваше во изминативе неколку години. Да! Целата општина добива нов лик – но, колку Вие, почитуван градоначалник Папазов, или вашите партиски ...

Сите сме свесни за потребата од изградба на Дом за стари лица во Кочани, чии услуги ќе ги користи целиот регион. Оваа потреба и идеја за изградба на еден ваков Дом за стари лица, потекнува уште пред многу години, но подоцна со поддршка од Здружението на пензионери и преку Центарот за развој на Источно-планскиот регион беа обезбедени соодветни средства за почеток. Но, во меѓувреме со назначување на новата министерка во МТСП, во месец септември ...

На 6 мај, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани премиерно беше прикажана театарската претстава „Тој и Таа“, подготвена од Театарската група „Годо“ од Кочани, по адаптација на драмскиот текст „Друг човек“ од Петар Гладилин. „Тој и Таа“ е приказ на состојбата на мажот и жената во системското живеење, во кое тие забораваат кои се и што се. Влезени во кругот со непишани правила наречен систем, кој им го уништува емотивниот развој, тие ...

Во согласност со одобрението бр.03-1885/2 од 27.09.2022 год. (наш бр. 03-309/2 од 27.09.2022 год.) издадено од Општина Кочани за користење на простор за организирање на панаѓур во Кочани и одлука бр. 02-319/5 од 10.10.2022 год., донесена од Управниот одбор на КЈП Водовод Кочани, за утврдување почетна цена за јавно наддавање за организирање на традиционалниот Кочански панаѓур во 2022 год., Комисијата за спроведување на постапката за јавно ...

Дури девет бебиња од една бременост родила млада жена од државата Мали, што е своевиден феномен кој ретко се случува во светски рамки. Во нејзиниот случај погрешил и ултра звукот, кој открил дека носи седум бебиња, но при породувањето се појавиле уште две. За нејзиното породување се погрижиле медицинските стручњаци во Марокот, каде поради подобрите услови и нега била префрлена, а трошоците ги покрила владата на малата држава. Сега веќе светски ...

НЕВЕРОЈАТНИОТ БОШКО ИЛИЕВ ОД КАВАДАРЦИ ВИКЕНДОВ ГО ПРЕПЛИВА 7 КИЛОМЕТРИ ДОЛГОТО ЕЗЕРО „КАЛИМАНЦИ“ И Е СЕ ПОБЛИЗУ ДО ЦЕЛТА ДА ГИ ПРЕПЛУВА СИТЕ ВЕШТАЧКИ ЕЗЕРА ВО ДРЖАВАТА. МАРАТОНЕЦОТ ПОТСЕТУВА ДЕКА ОВИЕ БОГАТСТВА ВООПШТО НЕ СЕ ИСКОРИСТЕНИ ОД РЕКРЕАТИВНО-ТУРИСТИЧКИ АСПЕКТ По сончево и топло време, за околу 3 часа пливање, вчера кавадарецот Бошко Илиев го покори и едум километри долгото вештачко езеро Калиманци, кај Македонска Каменица Докторот по ...

Времето во првата декада од декември се очекува да биде главно променливо облачно со повремени сончеви периоди, меѓутоа во наредните денови се можни и повремени слаби врнежи од дожд, а на повисоките места ќе провејува снег. Во овој период ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе бидат со мали промени и ќе се движат во интервали од -8 до 2, а максималните ќе достигнат од 5 до 12 степени. Кон крајот ...

Македонски државјанин од Виница викендов бил пронајден мртов во Софија, објави „Слободен печат“, повикувајќи се на бугарското Министерство за внатрешни работи. Како што објави медиумот, станува збор за 26- годишниот С. С. од Виница кој бил пронајден починат во близина на шопинг молот „Парадајс“ во центарот на Софија. Од Министерство за надворешни работи (МНР) соопштија дека преку македонското МВР веќе е стапено во контакт со семејството на ...

Денеска во попладневните часови од круната на Браната „Градче“ во бездната длабока седумдесетина метри се фрлил триесетгодишниот К.Ј. (1992 г.), од Кочани, при што починал на самото место. Дека загинатиот го планирал самоубиството потврдува тоа што пред да скокне во смртта, го соблекол палтото и го оставил паричникот. Екипа од полицијата извршила увид на местото на трагичниот настан. Актуелности.мк дознава дека при самоубиственото фрлање имало ...

Почитувани, Зборувате за кочење на Проектот за изградба на Дом за стари лица – Проект кој СДСМ го започна, а вие не умеете ниту да го реализирате. Да не зборуваме затоа дека не сте ни близу до решавање на главните општински проблеми кои се од суштинско значење и ги засегаат најмладите лица во Општината – учениците. Се закитувате со туѓи перја и напаѓате без причина, а нашите деца одат на училиште плаќајќи од џебот на нивните родители. Факт е ...

Почитувани, Нашата советничка група е конструктивна и секогаш на страната за доброто на сите. Планот за вработувања доби наша поддршка како чекор напред кон реализација на веќе започнатите проекти. Планот мораше да се изгласа затоа што како воопшто би функционирала една градинка ако нема вработено соодветен кадар!? Ниту имало ниту ќе имаме договор за вработувања со кој било политички субјект. Поинтересно е што Левица не го поддржа истиот тој ...

Почитувани, Дали граѓаните се должни да субвенционираат одредени бизниси кои се во сопственост на одредени подинци? Во нормална држава ова е недозволиво, ама кај нас во општина Кочани очигледно дека суровата вистина е токму таа. За што всушност се работи? ВМРО – ДПМНЕ како десна партија секој пат се залага за поддршка на бизнисите кои се општествено одговорни и даваат свој економски бенефит во општината. Но исто така ВМРО ДПМНЕ е народна партија ...

Почитувани, Итавте кон преземање на локалната власт, се послуживте со секакви манипулации да ги убедете граѓаните да ви ја дадат нивната доверба, гордо парадиравте откако вашите планови се остварија, но заборавивте на еден многу важен детал – локалната власт е во служба на граѓаните. Локалната власт не е наменета за остварување на лични интереси. Тоа значи дека секоја одлука, секој проект, секаков план не смее да штети никому. Вашата очигледна ...

Почитувани, На денешната седница советничката група на ДПНЕ успеа да го изгласа покачувањето на цената на геотермалната вода. Последиците од оваа одлука се катастрофални и директно ќе удрат по џебот на граѓаните. Цената на раноградинарските производи ќе се зголеми и дополнително ќе го оптерети семејниот буџет. Тоа значи дека граѓаните ќе плаќаат повисоки цени на домашни производи за чие одгледување дури имаме и домашен енергенс – геотермалната ...

Почитувани сограѓани, Денес, на седница на совет на општина Кочани присуствував на театар на кој опозицијата, а посебно Аки Акиов кој би требало да се бори и да ги штити интересите на ромската заедница во Кочани, одбија да дадат подршка за реализација на проектот за изградба на куќички за Ромите од старата касарна. Иако знаат дека процедурата е закочена во Министерството за животна средина, односно истата е закочена од централната власт, наместо ...

Почитувана јавност, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кочани и Комисијата за образование, во врска со неодамнешните случувања поврзани со СОУ,,Гошо Викентиев”-Кочани, одлучи да се произнесе во јавноста за да се демантира вистинската намера на заробени институции контролирани од полициските структури на СДСМ. Централната власт и Владата конечно сфатија дека потполно потфрлија во справувањето со енергетската криза, инфлацијата, зголемената ...

Ученици од ОУ „Раде Кратовче“ – Кочани во периодот од 18 до 22 Јули, беа учесници на 16. Меѓународна колонија на анимиран филм. Станува збор за работилница за цртан филм во скоп на Одделението за книги за деца, Народна библиотека „Стеван Сремац“ во Ниш, Р. Србија, кадешто учениците изработија анимиран филм на хумористичната народна песна „Медведова женидба“. На работилницата освен учесниците од Македонија, учествуваа ученици и од Србија и ...

Вкупно 3 672 ученици денеска ја започнаа новата учебна година во Кочани. Од нив 1 037 се средношколци, а 2 635 се ученици во основно образование. Првиот училиштен ден беше посебно свечен за првачињата, кои годинава се 322. Училиштата создадоа пријатна атмосфера на прозивката пред првиот школски час, а со нив беше и градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој им посака добро здравје и успех во учењето. Директорите на сите училишта ја ...

Како новоназначен в.д директор на ОУ „Никола Карев“ сакам да ја информирам јавноста за настанатата ситуација. Иако не сакам да се навраќам години наназад и да ги коментирам непазарните цени кои превозникот Авто Атом ги има склучено со договор за јавна набавка по кој немилосрдно се богати на терет и штета првенствено на учениците, а потоа и на сите нас како даночни обврзници, ќе ја коментирам само денешната ситуација. Превозникот Авто Атом со ...

Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ и Здружението за поддршка на економскиот развој – Локална акциона група – Кочани одржаа настан на кој ги претставија резултатите од проектот „Имплементирање на едукативен модул базиран на виртуелна реалност во средните училишта“ финансиран од ЕУ-програмата Еразмус плус. На присутните им се обрати Голубинка Георгиева, раководителка на Одделението за јавни дејности во Општина Кочани, која го изрази ...

Денеска ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ Кочани одбележа 50 години од постоењето на детската градинка. Со богата културно-уметничка програма подготвена од стручниот, воспитувачкиот и негувателскиот тим на детската градинка заедно со дечињата беше одбележан јубилејот пред полната сала во Мултикултурниот центар во Кочани. -Одбележувањето на 50 годишниот јубилеј на нашата установа основана во 1972 година е одбележување на растежот и развојот, создавање ...

30 студенти кои ќе ја користат општинската стипендија за учебната 2022/2023 година ги потпишаа договорите со Општина Кочани. Според Комисијата за доделување на студентските стипендии, на конкурсот пристигнале 35 пријави. Од нив 17 студенти добиле стипендија за постигнат висок успех во студирањето, осуммина се од социјално загрозени семејства и петмина студенти се од медицински науки. Петмина од пријавените кандидати не ги исполниле условите да ...

Владата на Република Северна Македонија денеска на 118-та редовна седница го разгледа и го усвои предлогот на Министерството за образование и наука, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на18 јануари да започне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици. Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на ...

НАМАЛУВАЊЕТО НА БРОЈОТ НА УЧЕНИИЦИ ЗА 63 ВО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА, САМО ЗА ЕДНО ПОЛУГОДИТЕ, Е СВОЕВИДЕН АЛАРМ КОЈ ТРЕБА ДА ГИ ЗАГРИЖИ НАДЛЕЖНИТЕ ВО ДРЖАВАТА. УШТЕ ПОЗАГРИЖУВАЧКИ Е ШТО ТРЕНДОТ НА ПРАЗНЕЊЕ НА УЧИЛИШТАТА И НА ДРЖАВАТА ПРОДОЛЖУВА СО ДРАМАТИЧНА ДИНАМИКА За тоа какви ни се состојбите во државата, најдобро зборува осипувањето на бројот на ученици во основните и средните училишта кое бележи драстични размери. Само за пет месеци, ...

Две работи му се случија на Драмскиот аматерски фестивал деновиве, кои најавуваат посодржајна и поквалитетна организација. Првата е одобрените средства од Министерството на култура во износ од околу 370.000 денари. Втората е промената на извршниот директор на ДАФ. На местото на Дарко Спасов собранието ја избра актерката Кристина Атанасова Арсова. До промената дојде по поставувањето на Спасов за в.д. директор на Националната установа „Театар ...

Фестивалската управа на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија го објавува повикот за избор на претстави за 59. Издание. Право на учество на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија – Кочани имаат аматерски театри, работилници, драмски секции, студија, групи кои аматерски се занимаваат со рецитаторство, експериментални и алтернативни сцени и други форми на самостојно сценско изразување и организирање кои творат во полето на драмскиот ...

Денеска во ЈОУ Библиотека „Искра“ се одржа промоција на поетската збирка „Алфа и Омега“ од авторката м-р Славица Урмова – Марковска. Со оваа промоција се одбележа 21 март, Светскиот ден на поезијата. Се работи за дело во кое се поместени повеќе циклуси песни, работени во период од 10 години. За оваа поетска збирка авторката има добиено наградата „Бели Мугри“за 2021 година што ја доделува доделува Домот на култура „Кочо Рацин“ од Скопје. ...

Скопје

9ᴼ/9ᴼ
0.51
93%
1015

Белград

15ᴼ/12ᴼ
2.06
80%
1011

Софија

9ᴼ/8ᴼ
0.0
90%
1017

Сараево

15ᴼ/15ᴼ
1.05
70%
1012

Љубљана

12ᴼ/8ᴼ
0.51
86%
1012

Атина

19ᴼ/13ᴼ
1.79
65%
1014

Тирана

10ᴼ/10ᴼ
1.54
100%
1016

Подгорица

12ᴼ/10ᴼ
0.51
94%
1016
Currency

61.56

Currency

57.1646

Currency

71.7704

Currency

37.8498

Currency

41.767

Currency

63.0903

Currency

7.92196

Currency

0.62414

Currency

0.37129

Currency

0.52561

Currency

1.7699

Currency

0.68507

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

530 $

Никел

603086 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

871 $

Злато

74540 $

Бакар

9 $

Паладиум

30767 $

Платина

30886 $

Родиум

151607 $

Цинк

92926 $