Денеска во просториите на општинската сала беше остварена средба со која беше означен почетокот на програмата Општинско корисна работа 2023/24 година. Вклучени се вклупно 15 лица на 13 позиции, односно негуватели на лица со попреченост, негуватели во градинка, посредници во Центар за донација и фасилитатор за јакнење на социјален дијалог, додека за образовен и личен асистент во средните училишта, огласот ќе биде распишан дополнително. Проектот ...

Краткотрајно невреме со силен ветер денеска околу 17,30 часот ги зафати Кочани и Виница при што предизвика проблеми во сообраќајот, електричното напојување, како и други помали штети на инсталации и објекти. Под налетот на ветерот паднаа дрвја покрај патишта и на самите коловози, со што времено го блокираа сообраќајот на повеќе сообраќајници. Во Кочани противпожарната служба и екипи на КЈП Водовод интервенираат на влезот во градот од правец на ...

Ги информираме водокорисниците дека откако беше детектиран дефектот на главниот цевковод за висока зона дежурните екипи на КЈП “Водовод” – Кочани излегоа на терен и во најбрз можен рок го санираа настанатиот дефект. Поради овој дефект, неколку часа без вода останаа следните улици: “Пиринска”, “Бел камен”, “Охридска”, “Први мај”, “Марко Цепенков”, а исто така без вода за пиење беа и населбите Бејрут, Калиманова глава и Варница. По санирањето на ...

На 23 јуни 2023 година градоначалниците на општините што гравитираат околу Осоговските Планини: Кочани, Пробиштип, Македонска Каменица, Крива Паланка и Кратово; министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и центрите за развој на Источниот и на Североисточниот плански регион потпишаа меморандум за соработка кој ќе овозможи користење на средствата од Програмата за рурален развој на Министерство за земјоделство, шумарство и ...

В среда, на 28 јуни, во 19 ч., на спортските терени на СОУ „Љупчо Сантов“ ќе се одигра првиот натпревар од овогодишниот Петровденски турнир во мал фудбал. Претставници на ОФС – Кочани, како директни реализатори на турнирот што го организира Општина Кочани, со ждребување ги утврдија четирите групи од пријавените дванаесет екипи. Според Александар Андов, претседател на ОФС – Кочани, ќе се игра по правилата за футсал и според временските услови. Ќе ...

Почитувани, на оваа прес конференција, која ја одржуваме на брегот на езерскиот бисер „Градче“, практично го промовираме Проектот: „Градче – да блесне езерскиот бисер“, кој почнува со имплементирање од денеска и ќе се спроведува во наредните шест месеци, истакна на прес конференцијата Ангела Митевска, асистент во Проектот. На настанот покрај претставник на Општина Кочани, се присутни ученици од основните и средните училишта, претставници на ЗГ ...

Општина Кочани како организатор на Петровденскиот турнир во мал фудбал, го продолжува рокот за пријавување на фудбалските екипи до понеделник, 26 јуни 2023 година, кога ќе се одржи и ждребувањето за утврдување на распоредот на екипите учеснички на турнирот. Екипите се должни при пријавувањето да уплатат котизација од 2 000 денари на сметката на ОФС Кочани – 210041087870107 и да достават име на екипата и список од десет играчи со наполнети 16 ...

На детските игралишта во Кочани е регистрирана честа појава на негрижливо, несовесно однесување. Кон просторот наменет за забава на најмладите, посебно неодговорно однесување е забележано од страна на возрасните, со остатоците од храна, грицки и пакувањата од пијалаци. Надлежните служби од Општина Кочани повикуваатсите да придонесеме за хигиената во детските игралишта. Загрижувачка е и појавата на оштетување на урбаната опрема. Општина Кочани ...

Ги информираме граѓаните дека е отстранет дефектот на цевководот за водоснабдување од висока зона на територија на Општина Кочани, поради што без вода за пиење беа корисниците кои ги користат нашите услуги во високата зона. Дефектот е отстранет околу 12 часот денеска, а по неколку часа се очекува целосно нормализирање на водоснабдувањето на улиците кои беа во прекин. Дефектите од ваков обем претставуваат сериозен и комплексен проблем кој бара ...

Ги информираме корисниците дека настанатиот сериозен дефект на цевководот за водоснабдување од висока зона на територија на Општина Кочани сеуште не е саниран. Екипите на КЈП “Водовод” Кочани со сопствена механизација и работна сила, но и помогнати со значителна механизација од приватни стопанственици и Општина Кочани во текот на денот 19.06.2023 година (понеделник) и доцна во ноќта работеа на отклонување на дефектот. Поради зголемениот водостој ...

Поради неповолните временски услови, најавеното прво авионско третирање на комарци во Кочани е презакажано за в четврток, 22 јуни во раните утрински часови. Авиотретирањето против комарци ќе го извршат стручни екипи на Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ од Куманово. Ќе се прска со еколошко средство за уништување комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарците, одобрен од Бирото за лекови. Со авиотретирањето ќе бидат опфатени ...

Втор ден голем број граѓани на Кочани мака мачат како да преживеат без вода во домовите поради прекин во водоснабдувањето предизвикан од дефект на една од главните цевки на мрежата. Дефектот се случил за миг, во саботата, по обилните врнежи и пороите, а поправката ќе трае со денови, едно поради проблематичниот терен, а друго поради несоодветната опременост на екипите за брзо и ефикасно дејствување. Вчера, а особено денеска социјалните мрежи ...

Честите и на моменти обилни врнежи од дожд вчера и денеска веќе предизвикуваат посериозни проблеми по течението на реките и во поедини села во рамничаркиот дел од општината. По коритата на помалите реки, Кочанска, Оризарска, Осојница, Зрновска денеска се измерени по 4 до 7 м3 вода во секунда, која кога ќе се слее во Брегалница прави во неа да течат помеѓу 40 и 50 м3 вода во секунда, што е мошне сериозна количина. Од тие причини, таму каде ...

Чуда ја прават оваа замја чудна, бидејќи на мала територија се случуваат такви природни феномени, на кои дури и научниците во прв момент немаат сигурен одговор. Виничани, особено жителите на Грланско маало од Виничка Кршла, со години се прашуваат, кој и како ги донел познатите кактусови растенија од видот Opyntia во недопрената природа на доловите покрај селото, како тие се прилагодиле на овдешните климатско-почвени услови и што би можел да ...

ЛОЦИРАН ДОМИНАНТНО НАД СЕЛОТО БЛАТЕЦ, МАНАСТИРОТ „ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ПРИВЛЕКУВА ВЕРНИЦИ ОД ЦЕЛИОТ РЕГИОН, КОИ ТУКА ДОАЃААТ ЗАРАДИ ДУХОВНИОТ МИР НО И ЛЕКОВИТАТА ВОДИЧКА. ОД ПРЕД ГОДИНА-ДВЕ ЗАПОЧНА И ТРАДИЦИЈАТА НА ОРГАНИЗИРАЊЕ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ СО ПЕЧАЛБАРИТЕ ОД БЛАТЕЦ И ПОШИРОКО. Преодот од малата висорамнина кон сртмните ридови на планината „Плачковица, таку каде што завршува селото Блатец а започнува густата шума, е лоциран Манастирот ...

В сабота, на 10 јуни, Општина Кочани во соработка со Клубот за планинарски спортови „Москито“ од Кочани организира планинарска тура на релацијата Пониква – Панаѓур – Пониква, под мотото Пешачењето е здравје. Движењето ќе биде организирано во група што ќе ја водат планинари од КПС „Москито“, а во активноста ќе се вклучат и членови на Извидничкиот одред „Ластовица“. Планинарската тура до врвот Панаѓур е со вкупна должина од 6 км и се поминува за ...

Поради истекот на мандатот на членови на органите на облиците на месната самоуправа, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов донесе одлука за распишување избори за нови органи на месната самоуправа. Согласно Статутот на Општина Кочани, ќе се избираат нови членови на органите на Месната заедница Грдовци.. Изборот ќе се изврши на собир на граѓани што ќе се одржи на 28 јуни, со почеток во 19 ч., во училишната зграда во с. Грдовци. Граѓаните ...

Започнува реализацијата на проектот за изградба на делови од фекалната канализациска мрежа во населеното место Оризари. Со проектот е планирано да се градат седум краци од канализацискиот систем, со вкупна должина од 595 м, на различни локации во Оризари. Вредноста на инвестицијата е 7.788.000 денари, од кои 5 милиони денари се од Министерството за животна средина и просторно планирање, а останатите се од Буџетот на Општина Кочани. Активностите ...

В среда, 14 јуни, од 5 до 8 часот наутро, стручни екипи на Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ од Куманово ќе ја спроведат првата фаза од авиотретирањето против комарци. Авиотретирањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарците, одобрен од Бирото за лекови. Со авиотретирањето ќе бидат опфатени површините во градското подрачје на Кочани и низинските села што припаѓаат на ...

Под мотото Пешачењето е здравје, Општина Кочани во соработка со Клубот за планинарски спортови „Москито“ и Извидничкиот одред „Ластовица“, изведе планинарска тура на релацијата Пониква – Панаѓур – Пониква. Учесниците имаа околу два часа активно пешачење на падините на Осогово, на патеката со вкупна должина од 6 км, во одлични временски услови. За помладите учесници, на врвот Панаѓур (1669 м н. в.) се одржа кратко претставување на дел од опремата ...

НАД 49.000 ДЕНАРИ ПРИХОД МУ ТРЕБААТ НА ЕДНО ЧЕТИРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО ЗА ДА ЈА ОБЕЗБЕДИ МИНИМАЛНАТА МЕСЕЧНА КОШНИЧКА. ПРАШАЊЕТО Е КОЛКУ СЕМЕЈСТВА ВО ДРЖАВАТА ГИ ИМААТ ТИЕ ПРИМАЊА И ПАРИ? Синдикалците убаво пресметале дека на едно стандардно семејство му се потребни близу 50.000 денари за да преживее скромно во текот на еден месец, но пресметките и бројките не ја одразуваат реалната ситуација во државата, бидејќи се далеку од состојбите во кои се ...

НА 27-ТЕ РЕГИОНАЛНИ СПОРТСКИ ИГРИ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ШЕСТЕ ОПШТИНИ ВО РЕГИОНОТ, ЗП КОЧАНИ ОСВОИ НАЈМНОГУ ПРВИ И ВТОРИ МЕСТА, СО ШТО Е НАЈУСПЕШНО ЗДРУЖЕНИЕ. СВОЈАТА ДОМИНАЦИЈА ЈА ПОТВРДИЈА ФУДБАЛЕРИТЕ И КОШАРКАРИТЕ, АТЛЕТИЧАРИТЕ … Здружението на пензионери од Кочани и годинава учествуваше на 27 по ред пензионерски спортски игри што се одржаа во Делчево, каде се натпреваруваа спортисти од шест здруженија во регионот. Постигнатите резултати се ...

Почитувани сограѓани, Градоначалникот Папазов и директорот на КЈП Водовод, Антонио Паунов, бараат покачување на тарифата за снабдување со вода за пиење, канализација и прочистување на отпадни води. Зошто? Затоа што тендерот за времени партиски вработувања го потрошивте уште во месец март годинава? Во време на светска економска криза, кога Владата предводена од СДСМ, обезбеди поефтина електрична енергија за јавните комунални претпријатија, ...

Советот на Општина Кочани ја одржа 29. седница на која ги усвои годишните планови за вработување за 2024 година на СОУ „Гошо Викентиев“, ООУ „Малина Попиванова“ и ООУ „Раде Кратовче“, како и предлог-одлуката за давање на користење без надоместок на простории, сопственост на Општина Кочани, на Месната заедница во с. Горни Подлог. Членовите на Советот не ја усвоија измената на Годишниот план за вработување во ЈОУ Библиотека „Искра“ за 2023 година. ...

Општина Кочани како организатор на ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ги повикува фудбалските екипи, најдоцна до 18.06.2023 година, да се пријават за учество на турнирот. Екипите се должни при пријавувањето да уплатат котизација од 2 000 денари на с-ка 210041087870107 – ОФС Кочани, да достават име на екипата и список од десет играчи со наполнети 16 години. Пријавите може да се подигнат од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или од ...

Со концерт на наградените ученици од државните и меѓународните натпревари и настапи на хорот, наставници и на оркестарот од традициски инструменти, Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ го одбележа патрониот празник – 67-годишнината од своето постоење и 96. роденден на неговиот основач, професорот Јуруков. Директорката на училиштето Марија Лазарова го истакна задоволството од континуирано високите резултати што ги покажуваат учениците на ...

Епилогот на страотната сообраќајна несреќа кај Кадрифаково е три лица загинати, меѓу кои и 15-годишна девојка. Сообраќајната несреќа која денеска околу пладне се случи на автопатот Штип-Миладиновци, во близина на патарината кај селото Кадрифаково зацрни семејство. Според портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова, 15-годишната девојка и 62-годишна жена загинале на самото место, а потоа во Клиничката болница во Штип починала и 37-годишна жена, ...

Шампионот во третата фудбалска лига исток, ГФК „Осогово“ од вчера е дел од второто по квалитет фудбалско натпреварување во државата, единствената втора лига. Овој факт повлекува линија на сето тоа што до сега е направено и тоа што треба да се направи за иднината на фудбалот во Кочани и пошироко, бидејќи мора да се искористи како позитивна пресвртница. Успехот е можност сите фактори во градот, политички, стопански, спортски, индивидуални, ...

В среда, на 31 мај 2023 година во Кочани, во раните утрински часови стручна екипа на Центарот за јавно здравје – Скопје ќе ја спроведе првата фаза од превентивното терестичко (земјено) дезинсекционо третирање за заштита од комарци. Истиот ден ќе се спроведе и ларвицидно третирање. Во првата фаза од дезинсекција ќе бидат опфатени 300 хектари на локации на подрачјето на град Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, ...

В недела, на 28 мај по улиците во централното градско подрачје во Кочани, ќе се одржи хуманитарна трка во организација на Ротари клубот Кочани-Виница. На повикот за учество во трката досега се пријавени стотина учесници, а организаторот очекува нивниот број да се удвои. Учесниците ќе трчаат на 5 и на 10 километри, а годинава ќе има и фамилијарна трка, на 2,5 км. Општина Кочани е еден од поддржувачите на Ротари трката, која ќе биде проследена и ...

Скопје

12ᴼ/12ᴼ
1.54
88%
1015

Белград

18ᴼ/14ᴼ
2.57
72%
1011

Софија

12ᴼ/10ᴼ
2.57
84%
1017

Сараево

15ᴼ/15ᴼ
1.69
68%
1012

Љубљана

15ᴼ/10ᴼ
3.6
80%
1013

Атина

18ᴼ/14ᴼ
1.03
58%
1014

Тирана

13ᴼ/13ᴼ
2.06
100%
1017

Подгорица

14ᴼ/11ᴼ
0.0
88%
1016
Currency

61.56

Currency

57.1646

Currency

71.7439

Currency

37.8498

Currency

41.767

Currency

63.0903

Currency

7.92196

Currency

0.62414

Currency

0.37129

Currency

0.52561

Currency

1.7699

Currency

0.68507

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

530 $

Никел

603086 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

871 $

Злато

74540 $

Бакар

9 $

Паладиум

30767 $

Платина

30886 $

Родиум

151607 $

Цинк

92926 $