Убедлив победник во првиот круг од претседателските избори во Општина Кочани е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова, велат резултатите поместени на интернет апликацијата на ДИК. Конкретно, Гордана Силјановска-Давкова освоила 8059 гласа што е 52,59 отсто од вкупниот број избирачи, додека Стево Пендаровски 3.884 гласа, што е 25,35 отсто. Тоа претставува повеќе од двојна предност од 4.175 гласови во корист на ...

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа. Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата. Несреќата се случила околу 14:25 часот, помеѓу две патнички ...

Во соработка со Општина Кочани, Здружението „Медиа плус“ од Штип ја спроведе работилницата„Безбедни училишта – развивање на доверба“, активност од проектот „Безбедноста е нашето мото“, поддржан од Амбасадата на САД. Работилницата ја водеа универзитетските професори Методи Хаџи Јанев од Воената академија „Михајло Апостолски“ и Олга Кошевалиска, деканка на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, чија специјалност е детската ...

Во рамките на програмата на Општина Кочани за одбележување на Меѓународниот ден на Ромите, денеска во салата на Мултикултурниот центар се одржа трибина на темата „Ромите во Кочани денес“. Трибината, со свое излагање за реализираните активности за ромската заедница во Кочани, ја отвори градоначалникот Љупчо Папазов, кој говореше за општинските мерки и активности во повеќе области: образованието, социјалата, урбанизмот и инфраструктурата. Видувања ...

Секаде каде одиме се чувствува ентузијазмот за промени кај луѓето, така и овде во Кочани луѓето се повеќе ни се приклучуваат во промените. Нашиот градоначалник во изминатиот период имаше опструкции од централната власт, меѓутоа со промената на власта, верувајте дека ќе има инвестиции во Кочани. Околу 4 милиони евра предвидуваме од централниот буџет да се дадат за подинамичен развој на Кочани. Тоа значи нова инфраструктура, нови градинки, нови ...

Почитувани, медиуми, почитувани сограѓани Изминативе 7 и пол години се можеби најтешките години за Македонија. Порази на секој чекор, понижување на меѓународен план и дома, инфлацијата го изеде и онака нискиот стандард, учениците ни учат без учебници, болните се лечат без лекови, правда никаде… Наместо претседател, имавме статист, човек кој секојдневно си противречеше сам на себе и наместо став добивавме само констатации. Ветуваа живот, а ...

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и директорката и членка на Управниот одбор во „Макпетрол“, Марија Јосифовска-Спасовска денеска го потпишаа меморандумот за соработка, со што Општина Кочани ќе биде вклучена во општествено одговорната кампања, преку која „Макпетрол“ дава придонес во решавањето на проблемот со врсничкото насилство. Во рамките на оваа кампања, учениците кои посетуваат настава во основните училишта во Општина Кочани ќе ...

По вонредното коло во вторник, второлигашите го продолжуваат првенството со натпреварите од 20 коло. Кое се игра в сабота. На програмата се неколку мошне интересни средби, меѓу кои дербито помеѓу прво и третопласираните Беса и Детонит, кое се игра во Добри Дол. Радовишани се осоколени по победата над Пелистер и сигурно сакаат да му за замрсат сметките на лидерот на табелата. Осогово по малку разочарано патува во Охрид, каде ќе игра против ...

Со натпреварите помеѓу ФК „Слога 1934“ – ФК „Дојранско езеро“, ФК „Вардарски“ – ФК „Тиверија“, ФК „Овче поле“ – ФК „Карбинци“ и ФК „Ударник“ – ФК „Малеш“, и слободниот ФК „Рудар“ кои се играат в недела, започнува пролетната полусезона во Третата фудбалска лига Исток. Со оглед на случувањата во паузата помеѓу двете полусезони, особено кај клубовите кои имаат амбиции за повисок ранг, се очекува интересно и неизвесно првенство. Познавачите на ...

Во Оризари, од десната страна на Масалница, на потегот од влезот во селото кон црквата „Св. Атанасиј“, се гради улицата „Кеј на револуцијата“. Улицата е долга 600 м, широка 7 м, со тротоари од двете страни. Деновиве се работи на тампонирање на теренот, поставување на тротоарски и улични рабници и на поплочување на тротоарите. Проектот опфаќа изградба на потпорен ѕид, пропусти и сливници за атмосферска вода и поврзување со улицата „Ангел Донев“. ...

Општина Кочани го објави конкурсот за две стипендии за спортисти-спортска надеж на Кочани, за остварени спортски резултати и достигнувања во 2023 година, во машка и во женска конкуренција. Месечниот износ на стипендијата е 3 илјади денари, а стипендијата ќе се доделува десет месеци во 2024 година. Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани. Право на стипендија имаат жители на општина Кочани на возраст од 17 до 20 години, кои се ...

На неколку локации во општина Кочани се одвиваат градежни активности за уредување на патната и комуналната инфраструктура. Во Лесна Индустрија се поставени цевки за атмосферска и фекална канализација и веќе се работи на машински ископ за порамнување на теренот за изградба на улицата „Новопроектирана 1“. Тековните работи ги изведува „Калина“ од Оризари, а во наредниот период ќе биде распишана јавна набавка за асфалтирање на оваа улица. Средствата ...

КЈП Водовод Кочани ги известува своите корисници дека е овозможена нова услуга за online пријавување на состојба на водомерите. Во делот “Состојба на на водомер” на веб страната на КЈП Водовод Кочани http://www.vodovodkocani.com.mk или на следниот линк ( https://vodovodkocani.com.mk/состојба-на-водомер/) корисниците со едноставно пополнување на контaкт формата ќе може да ја пријават новата состојба на нивниот водомер. Во контакт формата е ...

Советот на Општина Кочани ја одржа 44. редовна седница, на чиј дневен ред се најдоа три точки. Со 12 гласа „за“, Советот ги усвои Завршната сметка на Буџетот на Општина Кочани и Годишниот извештај на Општина Кочани за 2023 година. По образложението од стручните служби, Советот ја усвои и одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2024 година. Дел од прераспределените средства ќе бидат трансферирани на СОУ ...

ВО НЕПРИМЕРНО ИМПРОВИЗИРАНИ УСЛОВИ, ВО ПРАШИНА, МОБИЛНАТА ЛАБОРАТОРИЈА СМЕСТЕНА ВО КОМБЕ, ПАРКИРАНО КАЈ ГРАДСКИОТ СТАДИОН, ВЧЕРА ПОПЛАДНЕ ПРАВЕШЕ БРЗИ ПЦР ТЕСТОВИ. ОКОЛУ СТОТИНА ГРАЃАНИ ГЛАВНО ГАСТАРБАЈТЕРИ СТРПЛИВО ЧЕКАА ЗА ДА СЕ ЗДОБИЈАТ СО НЕОПХОДНИОТ ДОКУМЕНТ, ПЛАЌАЈЌИ ПРИТОА ПО 1200 ДЕНАРИ ЗА ТЕСТ. Вчера попладне во запустениот простор кај градскиот стадион и тениските терени, во прашина до колена, Мобилна лабораторија по доцнење од два-три ...

Почитувани сограѓани, Ромската заедница во нашата општина со децении се соочува со сериозни проблеми кои го отежнуваат секојдневието, за што јавноста е добро запознаена. Немањето на детален урбанистички план за овој дел од градот беше главна причина ромското население да нема елементарни услови за живот, како добивање на одобренија за градба за сопствени живеалишта, водовод, канализација, улици… Денес, по неколкугодишната изработка на ДУП за ...

Стартот на пролетната полусезона во Втората фудбалска лига на Македонија ги потврди најавите дека првенството ќе биде неизвесно и возбудливо. Постигнатите резултати во првото коло варираат од очекувани до изненадувачки. Кај очекуваните се победата на ФК „Беса“ над ГФК „Осогово“ од 3:0, а кај изненадувањата е победата на ФК Вардар Неготино против ФК „Детонит Пласчковица“ од 2:0. Еве ги резултатите од првото пролетно коло: ФК „Беса“ – ГФК ...

На 23. јануари, во 19 часот, во Хотел „Национал“ ќе се одржи традиционалната манифестација „Избор на најдобрите во спортот во 2023 година“, под покровителство на градоначалникот Љупчо Папазов, а со поддршка на Општина Кочани. Изборот на спортистот на годината, на најдобриот тренер, на најдобриот спортски работни и најдобрите клубови, како и признанијата на надежните млади спортисти го изврши Асоцијацијата на новинари, по систем на бодување. На ...

Откако неколку фудбалери си заминаа од таборот на ГФК „Осогово“, управата побрза да јаде соодветни замени и засилувања, при што деновиве е постигнат договор со познатите Стојанче Стојов од ФК „Каменица Саса“ и Екрем Мемеди од ФК „Башкими“ од Куманово. Се работи за проверени и квалитетни фудбалери со кои жолто-сините добиваат на квалитет во организацијата на играта. Тоа особено се однесува на Стојанче Стојов, кој игра меѓу двата шеснаесетника. ...

ФК Слога 1934 продолжува со потрагата и ангажирањето нови фудбалери со цел во пролетната полусезона да стигне до првото место во Третата лига Исток, и да се доведе во ситуација преку бараж да избори место меѓу второлигашите. На радарот на управата на виничани се повеќе квалитетни фудбалери, од кои со неколкумина е постигнат договор напролет да го облечат црвениот дрес. Најновото соопштение од клубот го потврдува ангажманот на искусните голмани ...

Денеска во Мултикултурниот центар во Кочани беше отворена Младинска канцеларија од страна на Општина Кочани и Фондацијата за развој на локалната заедница. Уредувањето и опремувањето е заедничка активност на Општина Кочани и Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, во рамки на проектот „Направи разлика!“ имплементиран од Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, во партнерство со Ротари клуб Кочани и Виница и Ротари клуб Штип, ...

Ноќеска, нешто по еден часот се случила тешка сообраќајка на регионалниот пат Кочани- Пониква, во непосредна близина на одморалиштето, односно на делницата помеѓу месноста Аеродром и централниот паркинг. Во сообраќајката учествувало едно патничко моторно возило марка „БМВ“ со штипски регистарски ознаки, управувано од деветнаесетгодишниот Н.И. од с.Карбинци. Според изјава на очевидци, кои учествувале во спасувањето на повредените, до несреќата ...

Општина Кочани во соработка со Асоцијацијата на новинари – Кочани и годинава ја организира манифестацијата Избор на спортист за 2023 година. На манифестацијата ќе се изберат: Право на учество во изборот имаат сите спортисти, екипи и спортски работници од клубови со дејност спорт, регистрирани во општина Кочани, а секој кандидат требa да поднесе копија од клупската легитимација. При пријавувањето e потребно да се достават податоци за постигнатите ...

Во пресрет на големиот христијански празник, Рождество Христово – Божиќ, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов до верниците од православната вероисповед упати божиќна честитка во која се вели: „Почитувани сограѓани, Посакувам овие празнични моменти и денови да ви донесат многу здравје, радост и среќа во вашите семејства, а духовниот мир и меѓусебното разбирање да царуваат во вашите срца. Божиќ е најрадосниот христијански празник, ...

Емилија Постолова од с. Градец, Виница, синоќа го донесе на свет првото новороденче во Кочани во 2024 година. Третото дете во семејството Постолови е женско, по двете момчиња. Медицинскиот тим соопшти дека бебето е тешко 3,3 килограми, долго 50 сантиметри и во моментов и тоа и мајката се чувствуваат добро. Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ги посети мајката Емилија и новороденчето Бојана, врачувајќи им ги традиционалните подароци ...

Како дел од кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, Општина Кочани, преку заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа – РОМАКТЕД фаза 2, реализираше работилница на тема „Како да го препознаеме и да превенираме родово базираното насилство меѓу децата“. Во интерактивна комуникација со ученици од шесто до деветто одделение од ОУ „Раде Кратовче“, едукатор од UN Women разговараше за формите, мотивите и начините на ...

Искрено и аргументирано новинарите на Гласно ја соопштија нивната реакција по повикот на Општина Кочани за изборот на најдобрите спортисти во 2023 година, кој вообичаено се случува кон крајот на првиот месец во годината. Бидејќи, покрај тоа што улогата на избирач е неблагодарна, речиси редовно повлекува различни реакции на колективи и спортисти од различни спортови. На позитивните им се радуваме, од негативните сме револтирани. Иако секој ...

Полн погодок беше организираниот дочек на Новата Година во градскиот парк, каде 2024 ја дочекаа неколку илјади граѓани од Кочани и околината. Со топло вино и други жестоки и освежителни пијалоци, и младо и повозрасно уживаше во музиката на Андријана и Бојана, кои создадоа преубава новогодишна атмосфера. Впечаток е дека никој не зажали што најлудата ноќ ја помина на најмасовната прослава на испраќањето на старата и дочекот на новата година, во ...

Во пресрет на новогодишните празници, ОУ „Никола Карев“ во Кочани организираше спортско-музички настан на кој гостуваше поранешниот ученик, сегашен фудбалски репрезентативец Јован Манев. Присуството на фудбалерот Манев предизвика голем интерес во јавноста, која ја наполни Спортската сала „Никола Карев“, па учениците и публиката имаа можност да поминат пријатна дружба со Манев, кој, како што истакнаа организаторите, секогаш дава поддршка за ...

Територијалната противпожарна единица – Кочани и Доброволното противпожарно друштво – Кочани, в петок, на 29 декември, во 12 ч. во Градскиот парк во Кочани организираат предновогодишен настан за најмладите сограѓани. Целта на настанот е со забава на најмалите да им се приближи пожарникарството како професија и од рана возраст да се стекнуваат навики за првенција, грижа и заштита на природното и материјалното добро. Општина Кочани и кочанските ...

Скопје

3ᴼ/3ᴼ
1.03
100%
1014

Белград

5ᴼ/4ᴼ
2.06
91%
1011

Софија

4ᴼ/1ᴼ
1.03
100%
1013

Сараево

6ᴼ/6ᴼ
2.5
78%
1013

Љубљана

5ᴼ/2ᴼ
1.03
95%
1011

Атина

16ᴼ/10ᴼ
1.54
62%
1012

Тирана

10ᴼ/10ᴼ
3.09
87%
1013

Подгорица

8ᴼ/7ᴼ
3.09
93%
1013
Currency

61.5453

Currency

57.3622

Currency

71.7715

Currency

37.389

Currency

41.9994

Currency

62.879

Currency

7.9235

Currency

0.62181

Currency

0.36864

Currency

0.52531

Currency

1.7628

Currency

0.6882

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

546 $

Никел

606189 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

884 $

Злато

75090 $

Бакар

9 $

Паладиум

31819 $

Платина

29553 $

Родиум

151607 $

Цинк

92009 $