Борачите на Боречкиот клуб Спартак од Кочани и Балканец од Штип деновиве се на висински подготовки на Пониква на Осоговските Планини, каде на надморска височина од 1600 метри се работи на подобрување на физичките можности. Борачите максимално ги користат природните услови и чистиот воздух за да ги наполнат батериите за предизвиците што ги очекуваат за претстојната сезона на турнири и натпревари, со цел остварување што подобри резултати. ...
Во прекрасен зимски амбиент, со снег и блескаво сонце, денеска верници од Кочани, но и туристи кои престојуваат во сместувачките капацитети на Пониква, беа дел од празнувањето на Свети Василиј Велики, Василица, во истоимениот манастир на Осоговските Планини. Со свечената празнична литургија чиноначалствуваше владиката Иларион, кој ја продолжува традицијата да присуствува на манастирските слави во овој духовен храм, лоциран на 1640 метри ...