
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



АКО ПРИ РАМНОПРАВНА РАСПРЕДЕЛБА СО СИСТЕМИТЕ КОНСКО И РАВЕН-РЕЧИЦА, „РЕЧАНИ“ ДОБИЕ ДВА МИЛИОНА ЕВРА, ПРАШАЊЕТО Е ШТО ЌЕ ЗНАЧАТ ТИЕ ЗА ДИНАМИКАТА НА ИЗГРАДБА НА АКУМУЛАЦИЈАТА, КОЈА Е ОД КАПИТАЛНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ОПШТИНАТА И РЕГИОНОТ. ОПТИМИСТИЧКИТЕ НАЈАВИ СЕ ДЕКА ВЕШТАЧКОТО ЕЗЕРО ЌЕ СЕ ИЗГРАДИ ЗА 3-4 ГОДИНИ, НО … Според информацијата од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со ребалансот на буџетот за 2022 година се обезбедени ...
ВО ВРЕМЕ КОГА НА ПАЗАРОТ НА ОГРЕВНО ДРВО И ПЕЛЕТИ ТРГОВЦИТЕ ПРАВАТ ШТО САКААТ И ПРЕДИЗВИКУВААТ ЦЕНОВЕН ХАОС, ВЛАДАТА ОДЛУЧИ ДА ЈА ОГРАНИЧИ МАРЖАТА НАЈМНОГУ ДО 10%. КАКО ТОА ЌЕ ФУНКЦИОНИРА НА ПАЗАРОТ, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ. ДАЛИ ЦЕНИТЕ ЌЕ СЕ НАМАЛАТ, ИСТО ТАКА НИКОЈ НЕ ЗНАЕ. Трговската маржа за огревното дрво и пелети се ограничува до 10%, одмлучи Владата на денешната седница, а по предлог на Министерството за економија. Со оваа мерка се очекува да се ...
КАКО СКАПНАА БУКАТА И ДАБОТ, ТАКА ПОСКАПЕ И СЕЧЕЊТО НА ДРВАТА, МАШИНСКО И СО СЕКИРА. АКО ЛАНИ СЕЧЕЊЕТО ЧИНЕШЕ 120 ДЕНАРИ ЗА МЕТАР ПРОСТОРЕН, СЕГА ЧИНИ 200 ДЕНАРИ. И ЦЕПАЧИТЕ СЕ ВО ТРЕНД НА ПОСКАПУВАЊЕ, ИАКО НЕМААТ ДИРЕКТНО ЗГОЛЕМЕНИ ТРОШОЦИ. ЗА ИСЦЕПЕН КУБИК, НАПЛАЌААТ ПО 150 ДЕНАРИ. Иако некои ги третираат како споредни трошоци, сепак во цената на огревното дрво треба да се вкалкулираат и транспортот, машинското сечење, како и цепењето, па дури ...
Со превземање на функцијата Градоначалник на Општина Зрновци од 26.10.2021 година, побарав увид на евиденцијата по основ на блокади од страна на Министерството за финансии-Сектор трезор на Р. Македонија, по што ни беше доставен табеларен преглед на налози за извршување по основ на судски решенија доставени од НБРМ до Министерството за финансии со кои е блокирана Буџетската сметка на Општина Зрновци. Во месец Ноември и Декември со Вработената ...
ОД ДЕЛЧЕВО КОН СКОПЈЕ НЕМА НИ РЕДОВНА НИ ВОНРЕДНА АВТОБУСКА ЛИНИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ ДА МОЖАТ ДА СТИГНАТ ДО ГЛАВНИОТ ГРАД, АМА ЗАТОА ИМА ЛИНИИ ДО ИТАЛИЈА, ГЕРМАНИЈА, ШВАЈЦАРИЈА. ПРОБЛЕМОТ Е ШТО ВО ГРАДОВИТЕ И НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА НА ИСТОКОТ НЕМА МНОГУ НЕШТА КОИ ИМ СЕ ПОТРЕБНИ НА ГРАЃАНИТЕ. НЕМА ЛОКАЛНИ ТЕЛЕВИЗИИ, НЕМА АСАЛНО ЗДРАВСТВО ОТИ НЕМА ЛЕКАРИ, НЕМА СУДИИ, НЕМА ДЕЦА ВО КЛУПИТЕ, НЕМА ЗЕМЈОДЕЛЦИ ПО ПОЛИЊАТА … Информацијата дека Делчево нема ...
ВО ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО И ХАРТИЈА И КАФЕ СЕ НОСИ ОД ДОМА, БИДЕЈЌИ ОПШТИНАТА Е ФИНАНСИСКИ ТОЛКУ ЗАГЛАВЕНА ШТО Е ДОВЕДЕНО ВО ПРАШАЊЕ ОСНОВНОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ. ПОДДРШКА ОД ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ НЕМА, А ТУЖБИ СТИГНУВААТ ОД СИТЕ СТРАНИ ЗА ДОЛГОВИ И КАМАТИ, ПЛУС ЕНОРМНИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА. Само по основ на сметките за потрошена и фактурирана електрична енергија за последните три месеци, Општина Чешиново-Облешево од сопствената сметка треба да издвои ...
ДОДЕКА ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИ НА МАКЕДОНИЈА ГИ БРАНИ ИНТЕРЕСИТЕ НА НОВИНАРИТЕ, ЗГАСНУВААТ СЕ ПОВЕЌЕ МЕДИУМИ И СЕ ПОГОЛЕМ БРОЈ НОВИНАРИ БЕГААТ ОД ПРОФЕСИЈАТА. ИСТОВРЕМЕНО РЕГИОНАЛНИТЕ ЧЕЛНИЦИ НА ЗНМ, НА КОИ НОВИНАРСТВОТО ИМ Е СПОРЕДНА ДЕЈНОСТ, ГИ УЖИВААТ БЛАГОДЕТИТЕ, НА ГРБОТ НА НОВИНАРСКАТА ФЕЛА. Контрапродуктивни активности и политики промовира во последно време Здружението на новинари на Македонија, излегувајќи со заложби и ставови околу ...
ЗДРУЖЕНИЕТО „КАМЕНИ МОСТ“ ВЧЕРА ЈА ОРГАНИЗИРАШЕ ИСЕЛЕНИЧКАТА СРЕДБА ВО ДВОРОТ НА МАНАСТИРОТ „СВ. СПАС“ КАДЕ СЕ СОБРАА ГОЛЕМ БРОЈ ПРИВРЕМЕНО ВРАБОТЕНИ ВО ИТАЛИЈА, ШВАЈЦАРИЈА И ДРУГИТЕ ЗЕМЈИ. НА ПРИСУТНИТЕ ИМ СЕ ОБРАТИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ВИНИЦА, МИЛЕ ПЕТКОВ, А ВО ИМЕ НА ОРГАНИЗАТОРОТ, ЗДРУЖЕНИЕТО „КАМЕН МОСТ“ ГИ ПОЗДРАВИ ИЛОНА ЗАХАРИЕВА. В недела во дворот на Манастирот „Св. Спас“, кај Пеклани Здружението „Камен Мост“ја организираше ...
По повод 14 години постоење, уредникот на ТВ Кочани ЛД со пригоден текст, кој го пренесуваме во целост: Денеска „Телевизија Кочани ЛД“ полни 14 години откако се појави во медиумскиот етер на 18. Август 2008 година, како прва приватна телевизија на просторот од Штип до границата со соседна Република Бугарија. Колку успешно ја извршува својата одговорна информативна и забавна функција, ќе кажат граѓаните, односно гледачите, бидејќи ние самите да ...
ЖИТЕЛИТЕ НА ЗРНОВЦИ ЧЕТИРИ ДЕНА ТРАГААТ ПО ИСЧЕЗНАТИОТ ЗДРАВКО ДИМИТРОВ ДАКЛЕТО, КОЈ БЕЗ БИЛО КАКОВ ТРАГ ВО ПЕТОКОТ СЕ ОДДАЛЕЧИЛ ОД СВОЈОТ ДОМ. ВО АКЦИЈАТА ЗА ПРОНАОЃАЊЕ УЧЕСТВУВАА И КОЧАНСКИТЕ ДОБРОВОЛЦИ, МЕЃУТОА НА ПОСОЧУВАНИТЕ ЛОКАЦИИ ДО СЕГА ТОЈ НЕ Е ПРОНАЈДЕН. ПОТРАГАТА Е ПРОШИРЕНА И КОН МЕСТА ВО КОИ ИСЧЕЗНАТИОТ ИМА РОДНИНИ. НАЈГОЛЕМ ХЕНДИКЕП Е ШТО ПРИ ЗАМИНУВАЊЕТО ОД ДОМА ГО ОСТАВИЛ МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН. Четврти дена како трае потрагата по ...
26. декември е датумот кога по експресниот пат Кочани – Штип ќе профункционира сообраќајот. Поконкретно од понеделник ќе биде пуштена во употреба и втората делница од Кочани до Крупиште, што ќе овозможи возилата експресно да сообраќаат од крајниот исток кон централните делови на државата. На свеченото сечење на лентата ќе присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, како и претставници на јавни ...
Бројот на новозаразени со ковид 19 во Кочани секојдневно расте. За 24 часа се регистрирани 30 новозаболени лица и двајца починати. Институтот за јавно здравје регистрираше 12 оздравени пациенти, а бројот на активни случаи позитивни на ковид 19 во Кочани е 269. Третиот бран на коронавирусот ги преполни и болниците . Во мододуларната ковид болница веќе неколку дена нема слободен кревет. Хоспитализирани се 34 пациенти од кои 80 проценти се на ...
Кочанската полиција прекинала свадбена свеченост во Кочани, поради непочитување и непостапување на присутните во склад со задравствените прописи. Од МВР соопштуваат дека денеска околу 14.00 часот во ОВР Кочани било пријавено организирање на свадбена прослава на улицата „Шукри Шаин“, на која спротивно на ковид мерките, биле присутни повеќе граѓани. Веднаш по пријавата, на местото на настанот се упатиле полициски службеници и по консултации со ...
ВО БИТКАТА СО КОРИД 19, А ПОРАДИ НЕДОСТИГ НА МЕСТА И КИСЛОРОД ВО АМБУЛАНТИТЕ, СЕ ПОГОЛЕМ БРОЈ ГРАЃАНИ САМИ ИЗДВОЈУВААТ ПО 1000 ЕВРА И ПОВЕЌЕ, ЗА ДА МУ ОБЕЗБЕДАТ НА ЗАБОЛЕНИОТ КИСЛОРОДНА ПОДДРШКА КОЈА ЖИВОТ ЗНАЧИ. ЌЕ НАВЛЕЗАТ ЛИ ОДГОВОРНИТЕ НА ЛОКАЛНО НИВО ПОДЛАБОКО ВО СУШТИНАТА НА ПРОБЛЕМИТЕ СО И ОКОЛУ КОВИД 19 ПАНДЕМИЈАТА. Помеѓу многубројните драматични и тешки патешествија низ кои минуваат заболените од Ковид 19 и нивните семејства, е и ...
Крајно несоодветната транспарентност во функционирањето на ковид амбулантите и центрите во здравствените установи низ градовите и регионалните центри и одсуството на кампања за конкретни и концизни совети до граѓаните, заедно со речиси едногодишното примарно лекување по телефон, според поедини врвни доктори, доведоа до експлозија на ширењето на Ковид 19 во регионот и во државата. Истовремено голема е дистанцата помеѓу тоа што се случува во Ковид ...
Во модуларната болница во Кочани моментално се хоспиталиирани 8 пациенти од кои 7 се на кислородна поддршка, а слободни кревети за позитивни пациенти на ковид 19 кои имаат потреба од болничко лекување има 25, информираше директорот на општа болница со проширена дејност Кочани, др. Александар Серафимов. Серафимов додаде дека е во тек и вакцинацијата на вакциналниот пункт во Кочани , а денеска се очекува да пристигнат вакцини од Астра Зенека. Сите ...
Поради перманентниот пораст на бројот на новозаразени пациенти во градот, директорите на здравствените установи во Штип и во Кочани се во постојан контакт околу можноста за повторно отворање, односно активирање на Модуларната амбуланта во кругот на Општа болница. Од кочанската болница информираат дека бројот на пациенти со симптоми на ковид 19 е се поголем , иако за среќа повеќето се со полесна клиничка слика па немаат потреба од болничко ...
Изминатиот викенд во Ковид одделението на Физикална медицина во Кочани се регистрирани 15 пациенти коишто се хоспитализирани поради компликации од КОВИД 19. Од нив 12 се со потешка клиничка слика и на постојана кислородна поддршка, информираат од Општа болница со проширена дејност Кочани. Во текот на денешниот ден неколку пациенти ке бидат пуштени на домашно лекување, а со оглед на големиот притисок на пациенти на Инфективното одделение во Штип ...
Синоќа на меѓународниот фестивал ИН ВИНИЦА ВЕРИТАС беа промовирани книги на афоризми “Во љубовта е вистината” и “Oд Вардар до Владивосток”, дела на познатиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски. -“Вечерва ја промовираме автологијата на поговорки, мисли и афоризми на тема љубов, жена и брак во која се поместени мисли и афоризми од пред нашата ера до денешни денови“, рече Ѓорѓијоски. Синоќешниот настан го отвори директорот на домот на културата Јовица Илиев ...
Изведувачот ги почна работите покрај „Кејот на Револуцијата“, со поставување на бетонските подлоги за 22 клупи. Клупите се долги 2 метра и се комбинација од дрво и метал. На потегот од Градскиот плоштад до Пракот на Револуцијата ќе бидат поставени и исто толку канти за отпадоци. Новите парковски клупи и дизајнираните канти ќе ја заменат постојната урбана опрема којашто е оштетена, а избраниот изведувач „Политехна“ ќе има задача на одредени ...
Пониква како во бајка. Снег, сонце и илјадници туристи и викендаши. Од убаво-поубаво. Уживање за сите сетила на човекот… На враќање пак планински убавини. Возиш, возиш и наеднаш ОП! Коњи на патот. Лижат сол на асфалтот. Гајле си немаат што патот е за возила, а не за нив. Кој како ќе се снајде – нека помине… Или нека чека. А неколку километри подолу потпалената градска депонија чади ли чади … за „чао“! Развој на туризмот на наш начин Сподели: ...
Предолгата изградба на многу објекти, особено во делот на патната инфраструктура, и несекогаш соодветната сигнализација, оставаат премногу простор голем број возачи да се најдат пред искушенија и предизвици, па и реална опасност, при најмало невнимание да доживеат сообраќаен инцидент или друга посериозна несреќа. Денеска нашата камера регистрираше патничко моторно возило кое ја промашило кружницата кај поранешната Фабрика за хартија и преку ...
Овие денови државните власти од метрополата Скопје, кои изгледа заборавиле на своето минато и потекло, дојдоа во Тркање и одлучно изјавија дека е добро што се случил пожарот и што им ги изгорел пасиштата. Тие со државни пари, демек од народот, ќе купеле семе за трева и ќе го посеале по пеплосаните ридови Драчевик, Сламерник и секаде каде е изгорено. Плус ќе се изградат поилишта, хранилишта .. И така тревата ќе никне, ридовите ќе раззеленат а по ...
Во рамките на фестивалот за хумор и сатира Ин Виница Веритас, синока се одржа стенд ап комедијата „Вештачка интелегенција природна глупост „ со Никола Тодоровски, на која виничани имаа можност да се насмеат и да уживаат во настапот кој траеше 75 минути. -“Веќе незнам колку пати ја имам приликата да учествувам на фестивалот “Ин Виница Веритас”, oвој пат со Стендап шоу и секогаш ми е драго што сум дел од овој фестивал. Виничката публика секогаш ...
Ловното здружение Бел Камен од Виница со години наназад, во континуитет остварува одлични резултати во своето работење. Претседателот на здружението, вели дека перманентно се води грижа за бројноста на дивечот во ловиштата, како и на збогатување на инфраструктурата, со цел ловците да имаат што подобри услови за лов. Како резултат на таквата стратегија, од година во година бројот на членови на друштвото се повеќе се зголемува. Деновиве ЛЗ Бел ...
Новата 2023 година кочанчани ја дочекаа во Градскиот парк, во максимално позитивна атмосфера, атрактивни музички групи, добра забава и новогодишен огномет. Штета што маглата го расипа визуелниот ефект од огнометот, за уживањето да биде целосно. Сепак, големиот број граѓани кои излегоа во и околу паркот, како и по главните улици, уште еднаш ја потврдија потребата од вакви масовни и празнични собирања, кои му даваат нова димензија на заедништвото. ...
По повод големиот христијански празник, Рождество Христово – Божиќ, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов до верниците од православната вероисповед упати божиќна честитка во која се вели: „Почитувани сограѓани, Ви ги честитам православните празници кои во секој дом носат мир и благосостојба. Божиќ е најрадосниот христијански празник, празник на семејството и мирот, празник на Христовото раѓање, додека Бадник е предвесник на големиот ...
ИАКО СО СЛАБ ИНТЕНЗИТЕТ СНЕГОТ НА ПОНИКВА МОЖЕ ДА ЈА СПАСИ ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА, А ДОЖДОТ ВО КОТЛИНИТЕ ДА ЈА ПОДОБРИ ЗИМСКАТА ВЕГЕТАЦИЈА НА ЕСЕНСКИТЕ ПОСЕВИ, НО И ДА ГИ ПОДНАПОЛНИ АКУМУЛАЦИИТЕ. ОД МАКЕДОНИЈА ПАТ ПОДГОТВЕНИ ДА ИНТЕРВЕНИРААТ ДОКОЛКУ ДОЈДЕ ДО НАВЕВИ, ПОЛЕДИЦИ И ДРУГИ ПРОБЛЕМИ НА ПАТИШТАТА Десетиот ден од јануари донесе врнежи од снег на Пониква, кои продолжија во текот на целиот ден, при што се формира снежна покривка од неколку ...
Општина Кочани во соработка со Асоцијацијата на новинари – Кочани и годинава ја организира манифестацијата Избор на спортист за 2022 година. На манифестацијата ќе се изберат: Право на учество во изборот имаат сите спортисти, екипи и спортски работници од клубови со дејност спорт, регистрирани во општина Кочани, а секој кандидат требa да поднесе копија од клупската легитимација. При пријавувањето e потребно да се достават податоци за постигнатите ...
Синоќа, на Акушерското одделение во Општа болница – Кочани се роди првото бебе во 2023 година. Дваесет и осумгодишната Ангела Крстова од Кочани роди здраво женско дете, второ во семејството Крстови. Медицинскиот тим соопшти дека бебето е тешко 3,2 килограми, долго 51 сантиметар, и во моментов и тоа и мајката се чувствуваат добро. Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ги посети мајката и новороденчето. Врачувајќи им ги традиционалните ...