Во пресрет на 24 мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов со првачињата, наставниот, раководниот кадар од ООУ „Свети Кирил и Методиј“ и со повеќе општински делегации, претпладнево положија свежо цвеќе на споменикот во училишниот двор. Одбележувањето на патрониот празник ќе продолжи со свечена академија што ќе се одржи вечерва во холот на ОУ „Свети Кирил и Методиј“. ...

По повод Денот на пожарникарството во Македонија градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ги посети Територијалната противпожарна единица – Кочани и Доброволното противпожарно друштво и ги врачи наградите на најуспешните пожарникари. Наградата за најупешен пожарникар во 2022 година ја доби Влатко Јефтимов од ТППЕ. Наградата за најуспешен доброволен пожарникар, што се доделува првпат, му беше врачена на Мирче Павлов од ДПД. Сподели: ...

На јавните патишта и улици во Кочани во тек е периодичното одржување. Општина Кочани парцијално поставува нова и ја менува дотрајаната вертикална сигнализација. Со подобрувањето на временските услови од денеска започнува бележењето на хоризонталната сигнализација. Избраниот изведувач работеше на обновувањето на пешачките премини на улицата „Стево Теодосиевски“. Работите ќе продолжат утре, на улиците „Стево Теодосиевски“, „Димитар Влахов“, ...

По повод Денот на пожарникарството во Македонија, в сабота, на 20 мај, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ќе ги посети Територијалната противпожарна единица – Кочани и Доброволното противпожарно друштво – Кочани и ќе ги врачи наградите на најуспешните пожарникари. Наградата за најупешен пожарникар во 2022 година, ќе ја добие Влатко Јефтимов од ТППЕ, а за најуспешен доброволен пожарникар, што се доделува првпат, ќе ја добие Мирче ...

На 16 мај, во Министерството за животна средина и просторно планирање, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов го потпиша исклучително значајниот договор за проектот „Поврзување на Виница со Пречистителната станица за отпадни води во Кочани“. Договорот за проектот го потпишаа и другите крајни корисници, градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков, директорите на двете комунални претпријатија „Солидарност“ од Виница и „Водовод“ од ...

ИЗДАДЕНИТЕ ДОЗВОЛИ ОД СТРАНА НА НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ, И ПРЕСКАПОТО ЕВЕНТУАЛНО ОБЕШТЕТУВАЊЕ НА ИНВЕСТИТОРОТ ОД АСТРОНОМСКИ НАД 20.МИЛИОНИ ЕВРА ДОКОЛКУ НЕ МУ СЕ ДОЗВОЛИ ГРАДБА, СЕ ЧИНИ СЕПАК ЌЕ ЈА НАПРАВАТ НЕМИНОВНА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА МИНИЕНЕРГЕТСКИОТ КАПАЦИТЕТ НА МАЛА РЕКА, ДУРИ И БЕЗ ОГЛЕД НА ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ НЕГАТИВНИ ВЛИЈАНИЈА ВРЗ ПРИРОДАТА ОКОЛУ ЕЗЕРОТО ГРАДЧЕ И ОСОГОВИЕТО. ВО КЛИСУРАТА НА МАЛА РЕКА ВЕЌЕ СЕ РАСЧИСТУВА ВЕГЕТАЦИЈАТА И СЕ ПРОБИВААТ ...

ОТКАКО СЕ ОСТВАРИЈА СИТЕ КАЛКУЛАЦИИ КОЈ ИСПАЃА А КОЈ ОСТАНУВА, В САБОТА, СО ОДИГРУВАЊЕ НА ПОСЛЕДНОТО КОЛО, ЗАВРШИ ПРВЕНСТВОТО ВО ВТОРАТА ЛИГА НА МАКЕДОНИЈА. НОВИ ПРВОЛИГАШИ СЕ ВОСКА СПОРТ И ГОСТИВАР, БАРАЖ ЌЕ ИГРА ВАРДАР, А ИСПАЃААТ БОРЕЦ, СЛОГА И ЛОКОМОТИВА. Во саботата заврши првенството во единствената втора лига на Македонија, кое во финишот беше филигрански изрежирано според потребите на највлијателните клубови. Аутсајдери победуваа ...

Oпштина Кочани се вклучи во реализација на најголемата национална акција за чистење и селектирање отпад – Генералка викенд 2023. Во акцијата учествуваа Детската градинка „Павлина Велјанова“, основните и средните училишта, вработени во КЈП „Водовод“ и Општина Кочани. Се собираше и селектираше отпад на повеќе локации: во околината на Спомен-домот „АСНОМ“, во Тикешински Лозја, Лукубија, кај спортските терени во СОУ „Љупчо Сантов“ и ОУ „Свети Кирил ...

Здружение на пензионери – Кочани и годинава се подготвува за организирање на спортски игри на локално ниво, од кои ќе се изврши селекција за учество на Регионалните и Републичките спортски игри. Заинтересираните пензионери и пензионерки кои сакаат да учествуваат во спортските дисциплини: табла, шах, пикадо, домино, фудбал, кошарка, скок од место, трчање, теглење на јаже и стрелаштво, можат да се пријават во пензионерските клубови во Кочани, ...

На 12 мај, Oпштина Кочани ќе се вклучи во реализација на најголемата национална акција за чистење и селектирање отпад – Генералка викенд 2023. Во акцијата ќе учествуваат основните и средните училишта, дел од вработените во КЈП „Водовод“ и Општина Кочани. Акцијата ќе започне од 10 ч., кога од пред зградата на Општина Кочани учесниците ќе појдат кон соодветните локации: „АСНОМ“, СОУ „Љупчо Сантов“, Тикешински Лозја и Лукубија. Покрај собирање и ...

Денеска во обновената сала на ЦК „Бели Мугри“ во Здружението на пензионери од Кочани беше домаќин на 21 Регионална ревија на песни, музика и игри, која ја организира Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија. На оваа своевидна смотра на традиционалниот фолклор, која ја удостоија претседателката Станка Трајкова и претставници на СЗПМ, учествуваа шест здруженија од општините Берово, Пехчево, Делчево, Македонска Каменица, Виница и ...

Селекторот на 60-то. издание на Драмски Аматерски Фестивал кој ќе се одржи кон крајот на мај, Игор Џамбазов, од вкупно пријавените 16 претстави одбра 10, плус две вон конкуренција. Интернационалната димензија на фестивалот ќе му ја дадат три претстави од Србија и една од Хрватска. Селектирани за учество се следните претстави и театарски групи: „НОЌ ВО МУЗЕЈОТ“ на ЦК ИВАН МАЗОВ-КЛИМЕ од КАВАДАРЦИ, „ТУНЕЛ“ на ТЕАТАРСКАТА ГРУПА „ГОДО- ТУНЕЛ“ од ...

Попладнево со дефилето, традиционалните игри и концертот во Зрновци, започнаа десетите Ѓурѓовденски обичаи, ора и песни, организирани од Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, а поддржани од Министерството за култура. На оваа манифестација учествуваат десетина ансамбли од земјава и од странство, кои пред публиката во Зрновци се претставија со одбрана програма, карактеристична за местата од кои доаѓаат. Пред почетокот на концертот, ...

Како дел од програмските активности, КЈП “Водовод” Кочани деновиве изврши санација на неколку оштетени капаци на шахти на коловозните ленти на улица “Теодосија Паунов” во Кочани. Во рамките на своите предвидени работни активности во следниот период КЈП “Водовод” Кочани ќе изврши санирање и на други оштетени капаци на шахти на коловозните ленти и сливни решетки. Поради се позачестените кражби и оштетувања на метални капаци на шахти, апелираме до ...

Во рамките на своите планирани активности за поправка и унапредување на водоводната мрежа, секторот водовод и канализација при КЈП “Водовод” Кочани во претходните неколку денови изврши повеќе интервенции според претходно утврден план и динамика. На улица “Бел камен” во Кочани беше извршена промена на вентил на главна линија. Со ова ќе се овозможи при сопирање и други интервенции на главната линија за оваа улица, прекинот на вода да биде сведен ...

Во ЈОУ Детска градинка „Павлина Велјанова“ – Кочани деновиве се реализираа мониторинг-средби на тема ,,Градење на капацитетите на негувателите во предучилишните установи“. Мониторинг-средбите имаа за цел да го поттикнат и да го мотивираат кадарот за спроведување стратегии и знаења за организирање стимулативна средина за учење, на начин што ќе овозможи позитивни социо-емоционални резултати кај децата и кај нивните семејства. На средбите ...

Општина Кочани и здружението „Ромалитико“, заеднички ќе го реализираат проектот за бетонирање крак на улицата „Стамен Манов“ во Ромското Маало во Кочани, за што денеска, двете страни го потпишаа договорот. Уличниот крак е на потегот кон Колерски Гробишта, со должина од 120 м и со различна ширина од 1,5 до 3 м. Со финансиска поддршка од УСАИД, „Ромалитико“ ќе учествува во проектот со 40 %, со набавка на градежни материјали. Рокот за градба е два ...

Денеска, во салата на Општина Кочани, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата одржа конститутивна седница, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов. Советот којшто брои 13 членови, ќе има задача да ја подобри состојбата и безбедноста во сообраќајот во Кочани. Конкретните активности на ОСБСП ќе бидат насочени кон унапредување на сообраќајната култура и едукација и спроведување мерки со кои ќе се ...

Започнаа обуките за младите од Кочани, членови на Одборот на Младинската локална банка, кои изминативе два дена го креираа својот тим и си поделија тимски улоги. Преку интерактивни тимски игри успеаја подобро да се запознаат меѓусебно, а со помош на интересни методи ги утврдија приоритетните проблеми на младите од Кочани и почнаа со теренска работа. Тие ги посетија сите локации каде е можна појава на овие проблеми. Во наредниот период ќе ...

Членот на Советот на Општина Кочани Аки Акиов, на 6 април оваа година, во изјава пренесена преку електронски и традиционални медиуми изрече невистини и клевети кон градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов. „Изречената груба клевета ги нарушува мојата чест и углед и претставува основ за заштита и надомест на штета, согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Доколку поседувате соодветни докази дека одредени субјекти кои ...

Денеска во доцните попладневни часови избувна пожар во Хотелот „Центар“, односно поранешната стоковна куќа лоцирана во центарот на Виница, од каде се креваше густа чад која ги вознемири граѓаните. Со брза интервенција на противпожарните служби од Виница и од Кочани, пожарот е изгаснат за нешто повеќе од еден час, при што е спречена поголема катастрофа. Засега не се знаат причините за пожарот, како и предизвиканата материјална штета. Се очекува ...

Денеска официјално е пуштено во употреба ,,Детското игралиште” во ОУ Никола Карев. Игралиште е дел од заедничкиот проект со Ротари клубот ,, Кочани-Виница” во склоп на проектот ,,НАПРАВИ РАЗЛИКА”, кој е финасиран од USAID заедно со Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип и РК Штип. – Ова детско игралиште е делот кој требаше ние како училиште да го финасираме за да останиот дел од заедничкиот проект, а тоа се две подлоги за ...

Со свечена академија на ООУ „Никола Карев“ и полагање свежо цвеќе на спомениците, вчера и денеска беше одбележана 118-годишнината од смртта на големиот македонски револуционер и претседател на Крушевската Република, Никола Карев. Општински делегации положија цвеќе на спомениците на Карев во Паркот на Револуцијата, кај селото Тркање и во Спомен-паркот во Свиланово. Претставници на Извидничкиот одред „Ластовица“ и ученици од ОУ „Никола Карев“ ...

Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ синоќа го одржа првиот од серијата концерти насловени „Музичка среда“, на кој се претставија учениците што ги изучуваат традициските инструменти. Раководниот и наставниот кадар во кочанското музичко училиште оценува дека богатата народна култура која е создавана со векови треба постојано да се надградува и да се пренесува од генерација на генерација. Концертот под наслов „Низ традицијата“ го потврди ...

Денеска, во салата за состаноци на Општина Кочани, градоначалникот Љупчо Папазов оствари средба со директорите и училишните педагози од основните училишта во Кочани во врска со претстојниот упис на првачиња во основните училишта. Согласно реонизацијата потребно е секој родител да се јави за упис во училиштето во кое согласно реонот припаѓа ученикот, од каде што воедно родителите ќе добијат покана. Родителите кои нема да добијат покана потребо е ...

Согласно законот за Основно образование во прво одделение се запишуваат деца родени во 2017 година кои до крајот на календарската година ќе наполнат 6 години и деца родени до 31.01.2018 год. по претходно барање на родител и добиено мислење од педагог и психолог. Основното училиште ги опфаќа учениците од својот реон утврден од основачот на основното училиште и истите ќе ви достават покана за упис на вашето дете со термин кога треба да се обратите ...

Доброволното противпожарно друштво – Кочани денеска доби уште едно противпожарно возило за интервенции. Станува збор за пратечко возило – цистерна, од марката „ТАМ“, со сад за складирање на вода од 5 тони и е опремено со комплет противпожарна опрема, црева, млазници, разделници, скала и противпожарен топ. Од ДПД Кочани информираат дека возилото е набавено со средства од општините Кочани,Зрновци и Чешиново-Облешево, а е набавено од Доброволното ...

На 24 април, понеделник во ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани, традиционално ќе се одбележи 23 април, Светскиот ден на книгата и авторското право, прогласен од страна на УНЕСКО во 1995 година. На манифестацијата ќе бидат прочитани пораките, кои секоја година се објавуваат по повод 23 април, Светскиот ден на книгата и авторското право. Македонската порака, за 2023 година е напишана од проф. д-р Ана Стојаноска, а светската порака е напишана од г-ѓа ...

По повод празникот Рамазан Бајрам, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов упати честитка до верниците од исламската вероисповед, во која се вели: Почитувани, Во пресрет на големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам, oд мое име и од името на Локалната самоуправа ви го честитам празникот на сите верници од исламската вероисповед во Кочани. Нека овој празник донесе мир, спокој, радост, хармонија во домовите и семејствата. Верувам ...

Денеска средното општинско училиште „Гошо Викентиев“ го одбележа патрониот празник. По тој повод, свежо цвеќе на бистата на патронот положи градоначалникот на Општина Кочани и членови на Советот, училишна делегација, претставници на семејството Викентиеви и Сојузот на борците. Во склоп на овогодинешното одбележување на патрониот празник на најдобрите тројца ученици практиканти во „Руен“ и четворица во „Амфенол“ од страна на двете фирми им беа ...

Скопје

24ᴼ/24ᴼ
1.54
47%
1014

Белград

25ᴼ/22ᴼ
2.57
48%
1012

Софија

23ᴼ/22ᴼ
2.06
38%
1015

Сараево

26ᴼ/26ᴼ
1.79
36%
1012

Љубљана

22ᴼ/19ᴼ
5.66
57%
1002

Атина

26ᴼ/21ᴼ
3.6
35%
1016

Тирана

23ᴼ/23ᴼ
4.12
53%
1017

Подгорица

22ᴼ/20ᴼ
3.09
46%
1016
Currency

61.56

Currency

57.1646

Currency

71.7439

Currency

37.8498

Currency

41.767

Currency

63.0903

Currency

7.92196

Currency

0.62414

Currency

0.37129

Currency

0.52561

Currency

1.7699

Currency

0.68507

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

530 $

Никел

603086 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

854 $

Злато

74022 $

Бакар

9 $

Паладиум

30452 $

Платина

30736 $

Родиум

151607 $

Цинк

92926 $