Триесет и девет годишен маж загина во трагичната сообрајна несреќа што ноќеска се случила на експресниот пат Штип-Кочани, близу клучката за накај Пробиштип. Пријавата за трагичната несреќа во СВР-Штип стигнала во 2.24 часот, потврдуваат од СВР-Штип. Според неофицијални информации во несреќата учествувало само едно возило. Од првичниот увид е утврдено дека автомобилот марка Рено „лагуна“ со скопски регистерски таблички, од засега непознати ...

Децата кои до крајот на календарскава година ќе наполнат 6 години и деца родени до 31 јануари 2019 г., по претходно барање на родител и добиено мислење од педагог и психолог имаат право да се запишат во прво одделение. Уписите во основните училишта во Кочани започнуваат од 9 мај, а согласно Законот за основно образование, основното училиште ги опфаќа учениците од својот реон утврден од основачот на основното училиште. Училиштата ќе достават ...

На 2 мај, во Градскиот парк во Кочани ќе почне Велигденскиот хепенинг, што го организира Општина Кочани во соработка со стопански субјекти и јавни установи од Кочани. Од 10 ч. ќе се одржи „Велигденски пазар на можности“ на Јавната општинска установа „Павлина Велјанова“ – Кочани, кој ќе биде придружен со музички настапи на ученици од ОУ „Никола Карев“ и ЈОУДГ „Павлина Велјанова“. ЈОУ Библиотека „Искра“ ќе приреди „Велигденска работилница“, а во ...

По повод големиот христијански празник Велигден, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов до верниците од православната вероисповед упати честитка, во која стои: „Почитувани сограѓани, Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, дозволете ми да Ви го честитам Вам, на сите православни верници и да Ви посакам Христова љубов, здравје и спокој во секој дом. Празнувајќи го Христовото воскресение ја славиме безусловната љубов и ...

Во тек е бојосување на оградите на мостовите и на заштитните огради во Кочани. Со договорот за бојосување огради што Општина Кочани го склучи по спроведена јавна набавка со фирмата „Политехна-компани“ од Кочани, во тек е бојадисувањето на металните огради во Кочани. Активностите започнаа од Двојниот мост. Деновиве екипите работат на мостовите на Кочанска Река, а бојата на оградите ќе се обнови и на мостот на Масалница во Оризари. Сподели: ...

На 62. Државен натпревар по музика што се одржа на 25 и 26 април во Битола, учениците од Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани, Бјанка Димов и Јован Цветанов, под менторство на наставникот Благој Николов во дисциплина теорија на музиката ги освоија највисоките награди – прво место – специјална награда и прва награда. Макарија Иванова, ученичка во класата на Марија Лазарова, во дисциплината пијано освои втора награда, а Јован ...

Со договорот за изведба на тротоари што Општина Кочани го склучи по спроведена јавна набавка со фирмата „Урбан павер“ од Скопје, почнува изградбата на нови пешачки површини на подрачјето на Кочани. Активностите започнаа од улицата „Трета македонска бригада“, каде што се одвиваат земјените работи, по што тротоарите ќе бидат поплочени со бетонски павер елементи. Со овој проект ќе се подобрат условите за движење на пешаците и поголема безбедност во ...

Во тек е реализацијата на градежните активности за модернизација на преминот на горниот строј на пругата Велес – Кочани, на патниот премин „Основен суд“, на дел од ул. „Никола Карев“ во Кочани. На премините се поставува гумена подлога со цел да се олесни минувањето на возилата и да се забрза протокот на сообраќајот. Поради тековните активности, влезот односно излезот во Кочани од правецот кон Грдовци е затворен за сообраќај, а надлежните служби ...

Убедлив победник во првиот круг од претседателските избори во Општина Кочани е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова, велат резултатите поместени на интернет апликацијата на ДИК. Конкретно, Гордана Силјановска-Давкова освоила 8059 гласа што е 52,59 отсто од вкупниот број избирачи, додека Стево Пендаровски 3.884 гласа, што е 25,35 отсто. Тоа претставува повеќе од двојна предност од 4.175 гласови во корист на ...

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа. Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата. Несреќата се случила околу 14:25 часот, помеѓу две патнички ...

Во соработка со Општина Кочани, Здружението „Медиа плус“ од Штип ја спроведе работилницата„Безбедни училишта – развивање на доверба“, активност од проектот „Безбедноста е нашето мото“, поддржан од Амбасадата на САД. Работилницата ја водеа универзитетските професори Методи Хаџи Јанев од Воената академија „Михајло Апостолски“ и Олга Кошевалиска, деканка на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, чија специјалност е детската ...

Во рамките на програмата на Општина Кочани за одбележување на Меѓународниот ден на Ромите, денеска во салата на Мултикултурниот центар се одржа трибина на темата „Ромите во Кочани денес“. Трибината, со свое излагање за реализираните активности за ромската заедница во Кочани, ја отвори градоначалникот Љупчо Папазов, кој говореше за општинските мерки и активности во повеќе области: образованието, социјалата, урбанизмот и инфраструктурата. Видувања ...

Секаде каде одиме се чувствува ентузијазмот за промени кај луѓето, така и овде во Кочани луѓето се повеќе ни се приклучуваат во промените. Нашиот градоначалник во изминатиот период имаше опструкции од централната власт, меѓутоа со промената на власта, верувајте дека ќе има инвестиции во Кочани. Околу 4 милиони евра предвидуваме од централниот буџет да се дадат за подинамичен развој на Кочани. Тоа значи нова инфраструктура, нови градинки, нови ...

Почитувани, медиуми, почитувани сограѓани Изминативе 7 и пол години се можеби најтешките години за Македонија. Порази на секој чекор, понижување на меѓународен план и дома, инфлацијата го изеде и онака нискиот стандард, учениците ни учат без учебници, болните се лечат без лекови, правда никаде… Наместо претседател, имавме статист, човек кој секојдневно си противречеше сам на себе и наместо став добивавме само констатации. Ветуваа живот, а ...

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и директорката и членка на Управниот одбор во „Макпетрол“, Марија Јосифовска-Спасовска денеска го потпишаа меморандумот за соработка, со што Општина Кочани ќе биде вклучена во општествено одговорната кампања, преку која „Макпетрол“ дава придонес во решавањето на проблемот со врсничкото насилство. Во рамките на оваа кампања, учениците кои посетуваат настава во основните училишта во Општина Кочани ќе ...

По вонредното коло во вторник, второлигашите го продолжуваат првенството со натпреварите од 20 коло. Кое се игра в сабота. На програмата се неколку мошне интересни средби, меѓу кои дербито помеѓу прво и третопласираните Беса и Детонит, кое се игра во Добри Дол. Радовишани се осоколени по победата над Пелистер и сигурно сакаат да му за замрсат сметките на лидерот на табелата. Осогово по малку разочарано патува во Охрид, каде ќе игра против ...

Со натпреварите помеѓу ФК „Слога 1934“ – ФК „Дојранско езеро“, ФК „Вардарски“ – ФК „Тиверија“, ФК „Овче поле“ – ФК „Карбинци“ и ФК „Ударник“ – ФК „Малеш“, и слободниот ФК „Рудар“ кои се играат в недела, започнува пролетната полусезона во Третата фудбалска лига Исток. Со оглед на случувањата во паузата помеѓу двете полусезони, особено кај клубовите кои имаат амбиции за повисок ранг, се очекува интересно и неизвесно првенство. Познавачите на ...

Во Оризари, од десната страна на Масалница, на потегот од влезот во селото кон црквата „Св. Атанасиј“, се гради улицата „Кеј на револуцијата“. Улицата е долга 600 м, широка 7 м, со тротоари од двете страни. Деновиве се работи на тампонирање на теренот, поставување на тротоарски и улични рабници и на поплочување на тротоарите. Проектот опфаќа изградба на потпорен ѕид, пропусти и сливници за атмосферска вода и поврзување со улицата „Ангел Донев“. ...

Општина Кочани го објави конкурсот за две стипендии за спортисти-спортска надеж на Кочани, за остварени спортски резултати и достигнувања во 2023 година, во машка и во женска конкуренција. Месечниот износ на стипендијата е 3 илјади денари, а стипендијата ќе се доделува десет месеци во 2024 година. Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани. Право на стипендија имаат жители на општина Кочани на возраст од 17 до 20 години, кои се ...

На неколку локации во општина Кочани се одвиваат градежни активности за уредување на патната и комуналната инфраструктура. Во Лесна Индустрија се поставени цевки за атмосферска и фекална канализација и веќе се работи на машински ископ за порамнување на теренот за изградба на улицата „Новопроектирана 1“. Тековните работи ги изведува „Калина“ од Оризари, а во наредниот период ќе биде распишана јавна набавка за асфалтирање на оваа улица. Средствата ...

КЈП Водовод Кочани ги известува своите корисници дека е овозможена нова услуга за online пријавување на состојба на водомерите. Во делот “Состојба на на водомер” на веб страната на КЈП Водовод Кочани http://www.vodovodkocani.com.mk или на следниот линк ( https://vodovodkocani.com.mk/состојба-на-водомер/) корисниците со едноставно пополнување на контaкт формата ќе може да ја пријават новата состојба на нивниот водомер. Во контакт формата е ...

Советот на Општина Кочани ја одржа 44. редовна седница, на чиј дневен ред се најдоа три точки. Со 12 гласа „за“, Советот ги усвои Завршната сметка на Буџетот на Општина Кочани и Годишниот извештај на Општина Кочани за 2023 година. По образложението од стручните служби, Советот ја усвои и одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2024 година. Дел од прераспределените средства ќе бидат трансферирани на СОУ ...

ВО НЕПРИМЕРНО ИМПРОВИЗИРАНИ УСЛОВИ, ВО ПРАШИНА, МОБИЛНАТА ЛАБОРАТОРИЈА СМЕСТЕНА ВО КОМБЕ, ПАРКИРАНО КАЈ ГРАДСКИОТ СТАДИОН, ВЧЕРА ПОПЛАДНЕ ПРАВЕШЕ БРЗИ ПЦР ТЕСТОВИ. ОКОЛУ СТОТИНА ГРАЃАНИ ГЛАВНО ГАСТАРБАЈТЕРИ СТРПЛИВО ЧЕКАА ЗА ДА СЕ ЗДОБИЈАТ СО НЕОПХОДНИОТ ДОКУМЕНТ, ПЛАЌАЈЌИ ПРИТОА ПО 1200 ДЕНАРИ ЗА ТЕСТ. Вчера попладне во запустениот простор кај градскиот стадион и тениските терени, во прашина до колена, Мобилна лабораторија по доцнење од два-три ...

Почитувани сограѓани, Ромската заедница во нашата општина со децении се соочува со сериозни проблеми кои го отежнуваат секојдневието, за што јавноста е добро запознаена. Немањето на детален урбанистички план за овој дел од градот беше главна причина ромското население да нема елементарни услови за живот, како добивање на одобренија за градба за сопствени живеалишта, водовод, канализација, улици… Денес, по неколкугодишната изработка на ДУП за ...

Стартот на пролетната полусезона во Втората фудбалска лига на Македонија ги потврди најавите дека првенството ќе биде неизвесно и возбудливо. Постигнатите резултати во првото коло варираат од очекувани до изненадувачки. Кај очекуваните се победата на ФК „Беса“ над ГФК „Осогово“ од 3:0, а кај изненадувањата е победата на ФК Вардар Неготино против ФК „Детонит Пласчковица“ од 2:0. Еве ги резултатите од првото пролетно коло: ФК „Беса“ – ГФК ...

На 23. јануари, во 19 часот, во Хотел „Национал“ ќе се одржи традиционалната манифестација „Избор на најдобрите во спортот во 2023 година“, под покровителство на градоначалникот Љупчо Папазов, а со поддршка на Општина Кочани. Изборот на спортистот на годината, на најдобриот тренер, на најдобриот спортски работни и најдобрите клубови, како и признанијата на надежните млади спортисти го изврши Асоцијацијата на новинари, по систем на бодување. На ...

Откако неколку фудбалери си заминаа од таборот на ГФК „Осогово“, управата побрза да јаде соодветни замени и засилувања, при што деновиве е постигнат договор со познатите Стојанче Стојов од ФК „Каменица Саса“ и Екрем Мемеди од ФК „Башкими“ од Куманово. Се работи за проверени и квалитетни фудбалери со кои жолто-сините добиваат на квалитет во организацијата на играта. Тоа особено се однесува на Стојанче Стојов, кој игра меѓу двата шеснаесетника. ...

ФК Слога 1934 продолжува со потрагата и ангажирањето нови фудбалери со цел во пролетната полусезона да стигне до првото место во Третата лига Исток, и да се доведе во ситуација преку бараж да избори место меѓу второлигашите. На радарот на управата на виничани се повеќе квалитетни фудбалери, од кои со неколкумина е постигнат договор напролет да го облечат црвениот дрес. Најновото соопштение од клубот го потврдува ангажманот на искусните голмани ...

Денеска во Мултикултурниот центар во Кочани беше отворена Младинска канцеларија од страна на Општина Кочани и Фондацијата за развој на локалната заедница. Уредувањето и опремувањето е заедничка активност на Општина Кочани и Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, во рамки на проектот „Направи разлика!“ имплементиран од Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, во партнерство со Ротари клуб Кочани и Виница и Ротари клуб Штип, ...

Ноќеска, нешто по еден часот се случила тешка сообраќајка на регионалниот пат Кочани- Пониква, во непосредна близина на одморалиштето, односно на делницата помеѓу месноста Аеродром и централниот паркинг. Во сообраќајката учествувало едно патничко моторно возило марка „БМВ“ со штипски регистарски ознаки, управувано од деветнаесетгодишниот Н.И. од с.Карбинци. Според изјава на очевидци, кои учествувале во спасувањето на повредените, до несреќата ...

Скопје

9ᴼ/9ᴼ
0.51
93%
1015

Белград

15ᴼ/12ᴼ
3.6
79%
1011

Софија

10ᴼ/8ᴼ
1.03
91%
1017

Сараево

14ᴼ/14ᴼ
1.39
72%
1012

Љубљана

12ᴼ/8ᴼ
0.0
89%
1012

Атина

18ᴼ/12ᴼ
1.34
66%
1014

Тирана

9ᴼ/9ᴼ
1.54
100%
1017

Подгорица

12ᴼ/9ᴼ
1.03
88%
1017
Currency

61.56

Currency

57.1646

Currency

71.7704

Currency

37.8498

Currency

41.767

Currency

63.0903

Currency

7.92196

Currency

0.62414

Currency

0.37129

Currency

0.52561

Currency

1.7699

Currency

0.68507

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

530 $

Никел

603086 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

871 $

Злато

74540 $

Бакар

9 $

Паладиум

30767 $

Платина

30886 $

Родиум

151607 $

Цинк

92926 $