Во тек е реализацијата на градежните активности за модернизација на преминот на горниот строј на пругата Велес – Кочани, на патниот премин „Основен суд“, на дел од ул. „Никола Карев“ во Кочани. На премините се поставува гумена подлога со цел да се олесни минувањето на возилата и да се забрза протокот на сообраќајот. Поради тековните активности, влезот односно излезот во Кочани од правецот кон Грдовци е затворен за сообраќај, а надлежните служби ...

Кочани, 26 април 2024 (МИА) – Работници и механзиација на ЈП „Македонски железници – Инфраструктура“ почнаа со градежните активности за модернизација на премините на пругата Велес – Кочани, на две улици во градското подрачје на Кочани. На дел од железничката линија што се вкрстува со булеварот „Никола Карев“ во близина на Основниот суд, се менуваат старите и дотраени дрвени прагови со бетонски. На премините се поставува гумена подлога за да се ...