Во организација на Кино сојузот на Македонија и Народна техника на Македонија, во петокот, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани се одржа 52. Државен фестивал на аматерски филм на Македонија. Златна плакета во категоријата документарен филм и Златна плакета за монтажа доби филмот „Трпејца“ на авторот Томе Љушев од Охрид; Златна плакета за краток игран филм и за сценарио доби филмот „Ти можеш“ на Марјан Беџоски и Никола Димески од Прилеп; ...

Амфенол денеска слави на само нему своиствен начин. Заокружена е првата декада од неверојатно успешен развој, кој ја издигна компанијата во самиот врв на македонското стопанство. Во таква атмосфера, продолжуваат и планираните активности кои денеска ќе кулминираат. За 11 часот е закажана забавата за најмалите, со настап на дечињата од КДУ „Павлина Вељанова“ и ОМУ „Ристо Јуруков“. За во 12 часот е закажано обраќањето на директорот Сашко Наков, а ...

Во просториите на ОФС-Кочани председателот Александар Андов, секретарот Столе Тошев и спортскиот работник Драганчо Димитровски како членови на сојузот кој ја предводи Третата фудбалска лига Исток на екипите од Третата фудбалска лига Исток им доделивме по 20 (дваесет) фудбалски топки се со цел да им помогнеме на екипите кои се натпреваруваат во сезоната 2023/24 во ТФЛИ. Голема благодарност до Фудбалска Федерација на Македонија што ни го одобри ...

Синоќа, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, се одржа јавна расправа за прибирање предлози од граѓаните за креирање на Буџетот на Општина Кочани за 2024 година. На консултативната средба, граѓани, претставници на урбаните и месните заедници, членови на Советот на Општина Кочани, претставници на бизнис-секторот говореа за потреби за реализација на инфраструктурни проекти: водоводна, атмосферска и фекална канализација, општински патишта ...

Почитувани сограѓани, Од мое лично име и од името на Општина Кочани, Ви го честитам 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ. 11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, Кресненското и во Илинденското востание. Празнувајќи го овој ден, им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото и антифашистичко востание, кои ги вградија животите за денешната слобода. ...

Во месноста викана Цацков Бунар,во тек е пробивање и тампонирање на пристапен пат со кој за жителите и стопанствениците од тој дел на општината се обезбедува сообраќајна врска со експресниот пат Кочани – Крупиште – Штип. Според проектот, пристапниот пат е со должина од 425 м и ширина од 4 м. Изведувач на работите е „Стојменов“, а средствата во износ од околу 790.000 денари се од општинскиот буџет. Стручните служби од Општина Кочани истакнуваат ...

На 06.10.2023 во 18.40 часот во Полициска станица Кочани е пријавено дека на регионалниот пат Р-1 309 Кочани – Зрновци патничко моторно возило ,,голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.Д.(42) од Кочани, излетало од коловозот, соопшти МВР. По несреќата, возачот и неговите двајца малолетни сопатници од Кочани биле пренесени во Општата болница Кочани, каде од лекар на возачот и едниот малолетник им биле констатирани телесни повреди, а ...

Уште еден во низата протести на пензионерите од Кочани, кои се незадоволни од ниските пензии и игнорантскиот однос на министерството за труд и социјала, се одржа синоќа во Паркот на револуцијата во Кочани. Пензионерите со транспаренти побараа поддршка од Здружението на пензионери, чии членови се, и ги повторија барањата за линеарно зголемување на пензиите од 5000 денари и определување минимална пензија од 18.000 денари. Членот на Иницијативниот ...

На свеченоста во Градскиот парк во Кочани, првачињата од основните училишта од Кочани станаа членови на најмасовната меѓународна организација – Детската организација. Учениците од повисоките одделенија од основните училишта од Кочани на првачињата им приредија забавна програма, посакувајќи им добредојде во Детската организација, а најмалите ученици ги поздрави и градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов. Традиционално, приемот на децата во ...

По повод одбележувањето на роденденот и 75-годишнината од основањето на Градежниот факултет во Скопје, актуелни и пензионирани професори, асистенти и студенти, заедно со деканот на Градежниот факултет, проф. д-р Горан Марковски, денеска ја посетија Станицата за третман на отпадни води во Мојанци. Пречистителната станица во Мојанци претставува еден од поновите капитални проекти во кои Градежниот факултет дал свој придонес. Градоначалникот на ...

И третиот завршен ден од Манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ им приреди убави доживувања, како на гостите, така и на граѓаните на Општина Кочани и регионот, и пред се на жителите на Мојанци, кои беа кадарни да пречекаат амбасадори и претставници на амбасади, како и голем број гости. Традицијата на зажнејувањето и на вршидбата ја видоа стотици гости, некои за прв пат, наградувајќи ги со спонтани аплаузи жетварите во народна носија, кои со ...

„Осогово“ – „Новаци“ 2:1 полувреме 1:0. Победа која им ги разгали срцата на љубителите на фудбалот во Кочани, токму во време кога сите се посомневаа во можностите на оваа млада и неискусна екипа. Тоа што го започнаа против Беласица, кога ја совладаа со 3:1, „жолто-сини“ го продолжија и против Новаци, борба за секоја топка. „Осогово“ поведе во во 30’ со голот на Драган Паунов, кој го искористи одличното проигрување од Тоше Манов и биеше присебно ...

32. манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ официјално започнува од утре, 29 септември. Манифестацијата ќе започне во Градскиот парк со музички настап на бендот Nomad во 17 часот, во 19 часот ќе настапи театарската група Fireter со уличен театар и огнено шоу, ќе биде крунисанана жетварската убавица и официјално ќе биде отворена манифестацијата. Првата празнична вечер ќе нѐ забавува кочанскиот бенд Malinov&Special Selection во 20 часот. ...

На 26.09.2023 во 09.40 часот во ОВР Кочани, С.А.(57) од Кочани пријавил дека околу 09.00 часот во менувачница на ул. „Тодосија Паунов“ во Кочани, В.И од с.Облешево, Општина Чешиново – Облешево, при размена на евра во денари приложил 3 банкноти во апоени од по 500 евра, меѓу кои и една сомнителна банкнота во апоени од 500 евра, со намера истата да ja пушти во оптек како вистинска. Полициски службеници од ОВР Кочани ја одзеле банкнотата за ...

Утрово кочанчани ги разбуди веста за големата трагедија која се случија на улицата Страшо Ербапче ,каде 56 годишен маж со над 40 убоди од нож убил 43 годишна жена. Убиството се случило утрово околу 6 часот откако по претходна расправија на жената и биле нанесени убодни рани при што починала на лице место. Настанот во Итната медицинска помош го пријавиле соседите откако се разбудиле од силната расправија помеѓу мажот и жената. Според неофицијални ...

На 16 септември, Меѓународниот ден за чистење на планетата, КЈП „Водовод“ – Кочани, Општина Кочани и СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, спроведоа акција чија цел е да се влијае на подигањето на свеста за потребата од чиста животна средина. Вработени од секторот Градско зеленило од „Водовод“ со механизација ја косеа обраснатата вегетација на локацијата околу Спомен-домот „АСНОМ“, а вработени од Комунална хигиена собраа и изнесоа околу 11 метри кубни ...

Деновиве се работи на расчистување и уредување на дел од коритото на реката Масалница, во Оризари. Јужно од мостот на Масалница, во централниот дел на Оризари со механизација се чисти коритото од обраснатата вегетација. Активностите што ги реализира Општина Кочани се совпаѓаат со тековните работи за продолжување на кејската улица од десната страна по течението на Масалница. Придонес кон што поцелосно средување на кејот на Масалница даваат и ...

На 13 и 14 септември, на Пониква се одржа Вториот меѓународен ФИС ролер-ски натпревар. Скијачката федерација на Македонија, со поддршка на Општина Кочани денеска во ресортот „Магнолија“ ги додели наградите на најуспешните натпреварувачи. Во оваа дисциплина во нордиското скијање годинава учествуваа натпреварувачи од Македонија, Србија, Грција и Унгарија. Од лани, овој натпревар влезе во календарот на Скијачката федерација, што дава нови можности ...

Во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2023“, на 30 септември, со почеток од 17 ч., во централното подрачје на Кочани ќе се одржи Празнично дефиле, на кое ќе можат да се претстават јавни институции, приватни фирми, здруженија на граѓани и физички лица. Општина Кочани, како организатор на манифестацијата, ќе им овозможи на учесниците во дефилето два начина на претставување: со дефилирање од Градскиот плоштад по улицата „Маршал ...

На 12 септември Советот на Општина Кочани ја одржа 34. редовна седница, на која донесе одлука за доделување финансиска помош од 100.000 денари на Доброволното противпожарно друштво – Кочани за реализација на програмски активности на ДПД. Со цел да одговори на организациските потреби, со 17 гласа ги усвои измените и дополнувањата во Правилникот за начинот на организирање на културната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“, како и Планот за ...

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов денеска го потпиша договорот со Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“, за реконструкција на дел од улицата „Стамен Манов“ во Кочани. Со оваа локална акција ќе се изврши рехабилитација и реконструкција на 436 м од улицата „Стамен Манов“, на потегот од Зијата до Фабриката за вода, што ќе чини близу 5 милиони денари. „Ромалитико“, со проектот „Заедно за просперитетна заедница“ ...

Денеска, 7-ми Септември, денот на ослободувањето на Кочани во Мултикултурниот центар се одржа Свечената седница на Советот на Општина Кочани. На одржаната свечена седница градоначалникот Љупчо Папазов имаше свое обраќање во кое беа истакнати постигнувањата во изминатиот период помеѓу двата празника, а беа доделени и највисоките општински награди за животно дело и наградата за значајни остварувања за развојот на Општина Кочани. Според одлуката на ...

По повод 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани и 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, делегација составена од градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и членови на Советот, од Сојузот на Здружението на борците од НОВ, како и партиски делегации положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Паркот на Револуцијата. По тој повод, градоначалникот на Општина Кочани упати ...

Виница, со цел респект, може да се нарече македонско економско чудо затоа што веројатно има посилна економија од многу поголемите општини на истокот. Градот, историски познат по теракотите и оризовите полиња, одамна не е земјоделска, туку индустриска сила на македонскиот исток. Оваа општина лани има четири компании кои во градот внеле приход што кумулативно надминува 130 милиони евра. Најпрофитабилна компанија во Виница лани била австриската ...

Фолклорниот Ансамбл Љупчо Сантов од Оризари од 23-ти до 27-ми учествуваше на III-от Меѓународен детски фолклорен фестивал „Коло Без Граница“ во Тиват, Црна Гора, како единствени претставници од Македонија. За време на фестивалот младите фолклористи остварија бројни атрактивни активности кои ќе ги паметат цел живот: На 24-ти август имаа дефиле и настап во Порто Монтенегро, а потоа слободно време за плажа на прекрасниот јадрански брег, На 25-ти ...

Над илјада верници од расфрланите села и маали на Осоговието, од Оризари, Кочани, Виница и Македонска Каменица, како и многубројни иселеници кои токму за празникот Успение на Пресвета Богородица, се собраа на народниот собор во кругот на истоимениот манастирски комплекс, во селото Пресека, за да го прослават големиот христијански празник и да се помолат за здравје и духовна заштита. По прашливите осум километри пат се движеа колони возила, кои ...

Најмладите членови на Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, вечерва замина за Тиват, Црна Гора, каде ќе учествува на третиот меѓународен фолклорен фестивал „Коло без граница“, како единствен претставик од нашата држава. Фолклорната експедиција утре ќе пристигне во Тиват, каде ќе се сместат во еден од туристичките капацитети на ова репрезентативно приморско градче, по што следуваат многубројните содржини и активности, кои се вистинско ...

Малкумината сточари кои останаа во Брегалничкиот Регион деновиве се договорија и најавуваат дека наскоро ќе утврдат нова знаќително повисока цена на сирењето што го произведуваат. Повисоката цена на сирењето без додатоци, кое тие самите го произведуваат во своите млекарници, ќе се утврди најдоцна до 1 септември, а ќе биде дури за 30% повисока од сегашната. Причини за зголемувањето на цената има повеќе, меѓутоа пресудно е тоа што нема работници ...

Неосновано ги обвинуваат за политичка позадина пензионерите кои го кренаа гласот против ниските пензии, а со барање за линеарно покачување на сите пензии од 3.500 денари. Додека политичарите изнаоѓаат разни алибија да го одолговлечат или разводнат очигледниот притисок врз власта да ги спаси најсиромашните пензионери од глад, околу 90.000 пензионери кои земаат пензија под 12.000 денари, буквално секој месец и секој ден се принудени да бараат ...

Кочанските пензионери масовно се одзваа на денешниот протестен марш од Паркот на Револуцијата до Здружението на пензионерите на Општина Кочани, преку кој го изразија своето незадоволство од актуелните состојби во кои се наоѓаат поради крајно нискиот стандард, кој не им овозможува пристоен живот. Со транспаренти на кои меѓу другото се бара линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари, пензионерите продефилираа во центарот на градот. На ...

Скопје

10ᴼ/10ᴼ
1.03
93%
1015

Белград

16ᴼ/14ᴼ
2.06
74%
1011

Софија

10ᴼ/8ᴼ
1.03
89%
1017

Сараево

15ᴼ/15ᴼ
1.37
70%
1012

Љубљана

13ᴼ/8ᴼ
0.51
82%
1013

Атина

18ᴼ/13ᴼ
1.79
63%
1014

Тирана

11ᴼ/11ᴼ
1.03
100%
1016

Подгорица

13ᴼ/10ᴼ
1.54
88%
1017
Currency

61.56

Currency

57.1646

Currency

71.7439

Currency

37.8498

Currency

41.767

Currency

63.0903

Currency

7.92196

Currency

0.62414

Currency

0.37129

Currency

0.52561

Currency

1.7699

Currency

0.68507

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

530 $

Никел

603086 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

871 $

Злато

74540 $

Бакар

9 $

Паладиум

30767 $

Платина

30886 $

Родиум

151607 $

Цинк

92926 $