
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Холивудските актери најавија дека ќе се приклучат на тековниот штрајк на сценаристите, во најголемото затворање на филмската индустрија по повеќе од 60 години, пренесува „Би-би-си“. Здружението на актери „САГ“(„SAG“) сака стриминг-гигантите да се согласат на поправедна поделба на профитот и подобри услови за работа. Па, поради тоа најавија дека ќе престанат со работа на полноќ. Во моментот кога беше прогласен штрајкот, холивудските ѕвезди ...
Хакери со седиште во Кина добија пристап до сметките за е-пошта на околу 25 организации во САД, вклучително и владини агенции, вели Мајкрософт. Софтверскиот гигант не даде детали за локацијата на владините агенции, но американското Министерство за трговија потврди за Би-Би-Си дека Мајкрософт го информирал за нападот. – Мајкрософт го информираше Министерството за компромисот со неговиот систем Office 365, а Министерството веднаш презеде акција за ...
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот (13 јули, 2023) за првпат зборуваше за она што било разговарано на состанокот во Кремљ на кој присуствуваа 35 команданти на паравоената група „Вагнер“, вклучувајќи го и шефот на групата, Евгениј Пригожин. Средбата се одржа на 29 јуни, само неколку дена откако борците на „Вагнер“ започнаа краткотраен вооружен бунт. „Од една страна, на средбата дадов оценка за тоа што направија на бојното поле (во ...
Голема е веројатноста на политичката сцена да се појави нова политичка партија, јавува ТВ21. Според информациите на телевизијата, она што досега било само како идеја, наскоро може да се преточи во реализација, а тоа е градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска да формира своја политичка партија. Како што дознаваат, идејата постои извесно време, а се заснова врз проценката на нејзините советници дека таа уживала голема поддршка кај ...
Индија ја лансираше третата мисија на Месечината со цел да биде првата што ќе слета на за неа малку истражениот јужен пол, јавува „Би-Би-Си“. Вселенското летало „Чандрајан – 3“ со орбитер, лендер и ровер полета во 9:05 утринава од вселенскиот центар „Срихарикота“. Лендерот треба да пристигне на Месечината на 23 или 24 август. Доколку мисијата биде успешна, Индија ќе биде четвртата земја која направила меко слетување на Месечината, по САД, ...
Основниот кривичен суд Скопје во повтореното судење за случајот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал на Исмет Гури и Ејуп Алими од ДУИ им изрече затворски казни од по три години и шест месеци. Пресудата денеска ја изрече судечки совет на чело со судијката Марија Клетничка-Марковска, која им изрече исти казни како и во март 2020 година. Пресуда не е правосилна и странките имаат право на жалба до Апелација, потврдуваат од Основниот кривичен ...
Лионел Меси наскоро ќе дебитира во дресот на новиот клуб, Интер Мајами. Аргентинскиот „генијалец“ пристигна во Соединетите Американски Држави, а фановите ќе имаат можност да го видат „на дело“ кон крајот на јули. Меси во Мајами не е толку познат како на другите точки од планетата, па затоа реши самиот да отиде во шопинг и се појави во еден трговски центар, каде повеќето луѓе воопшто не го препознаа светскиот фудбалски шампион. Тоа веројатно му ...
Леандро се предозирал, до неговото тело била пронајдена наркотици, што за медиумите го потврдила и неговата мајка Дрена. Но сега американскиот TMZ објави дека полицијата привела жена која се смета за „одговорна за предозирањето на Леандро“, како и дека во истрагата се вклучило и ФБИ бидејќи било откриено дека таблетите кои ги пиел биле измешани со фентанил. Дреана Де Ниро откри дека предозирањето со овој силен наркотички аналгетик било причина ...
асега неименуван клуб од Блискиот Исток изразил желба да го купи најдобриот стрелец на „лацијалите“, Чиро Имобиле, кој според италијанските медиуми веќе ги договорил личните услови за годишна плата од 15 милиони евра и бонус од пет милиони евра при потпишувањето на соработката. Проблемот е што репрезентативецот на Италија има важешки договор со римјаните до 2025 година и неговото заминување не е можно без согласност на калчолигашот. Најголем ...
Фотографијата од самитот на НАТО во Вилнус, Литванија, на која се гледа како украинскиот претседател Володимир Зеленски стои сам меѓу многуте претседатели и премиери кои разговараат и се поздравуваат еден со друг потикна многу размислувања. Корисниците на социјалните мрежи почнаа да ја споделуваат фотографијата со различни коментари но најажаниот е дадали Зеленски е „пуштен низ вода“? Проценете сами, не за џабе се ве ли дека една фотографија ...
Засладувачот аспартам е „можно канцероген“, но останува безбеден за консумирање во претходно утврдени количини, објавија две тела на Светската здравствена организација (СЗО). Заклучоците се резултат на анализите на два посебни експертски панели на СЗО, од кои едната одредува дали има докази дека супстанцијата е потенцијална опасност, а другата проценува колкав ризик од реалниот живот всушност претставува супстанцијата. Аспартамот е еден од ...
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 15.07.2023 година ( Сабота ) поради дефект на шибер од ф – 200 мм на ул. Христо Татарчев бб – спроти општина Кисела Вода, во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Иван Козаров, Петар Дељан, Киро Крстевски, Боте Ботевски, Марко Цепенков, Доситеј Обрадовиќ и Мишко Михајловски, како и дел од корисниците од улиците Вера Јоциќ, Христо ...
Деле Али е класичен пример за пропаднат фудбалски талент, откако некогашната суперѕвезда од времето кога блескаше за Тотенхем за само неколку години успеа да го допре дното во кариерата. Откако мина неколку неуспешни позајмици Деле Али сега се мачи да најде нов клуб, но некогашниот фудбалски велемајстор го привлече врз себе вниманието со ексклузивното интервју дадено во подкаст-емисијата на Гери Невил, во кое Али говореше за ненормалните услови ...
Општина Струга забранува шетање во костими за капење низ централното градско подрачје. Преку официјалната фесјбук страница ги замолуваат гостите и туристите, кои се разладуваат во водите на Охридското езеро или Црн Дрим, да ги почитуваат правилата на доброто однесување и на јавниот ред, со непокажување голотија на јавни места и простори. Во објавата се вели: „Почитување на јавниот ред! Заради почитување на јавниот ред, особено за време на ...
Предизвикот, како и досега, е максимално, професионално и во рамки на закон, бидејќи сите денеска кои што дадовме заклетва сме обвинители кои долги години сме во обвинителството и останува на нас, да продолжиме со добрата работа, изјави јавниот обвинител Елвин Вели, на денешното потпишување на свечените изјави во Советот на јавни обвинители. Вели, како и обвинителката Наталија Тасевска, денеска потпишаа свечена изјава во Јавното обвинителство. ...
Треба да си со ампутиран мозок, па да поверуваш на ваквите „жими мајка“ ветувања, вели Солза Грчева за вчерашните изјави на евроспките министри кои во Скопје со порачаа дека Македонија треба да направи уставни измени, а другите земји ќе направат сè за да нема веќе нови барања од Бугарија. „Ќе направиме се што е во наша моќ да не добивате нови блокади“ – министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка! На ваквата фраза можам само да ...
Роверот Perseverance, кој американската вселенска агенција НАСА го испрати на Марс, на Црвената планета конечно пронајде докази за органски соединендија. Научниците сугерираат дека овие соединенија би можеле да се развијат и на небиолошки начини, но дури и ако тие не претставуваат доказ дека некогаш постоел живот на Марс, резултатите укажуваат на сложени органски услови за клучните градежни блокови кои овозможуваат развој на живите организми. ...
Сообраќајот на регионалниот пат Струмица –Радовиш од 10:37 часот е нормализиран, информира АМСМ. Патот беше затворен за сообраќај во 09:45 часот поради опожарна цистерна која превезувала 20 тони нафта. Во пожарот бил зафатен задниот дел на камионот, кај гумата информираат од Центарот за управување со кризи. Возилото се запалило на еден километар од селото Владиевци на патниот правец Струмица-Радовиш,а на терен излегле шест пожарникари и две ...
Пред полното гледалиште во паркот на МКЦ, со македонската премира на филмот „М“ на Вардан Тозија, синоќа е отворен 22-от Меѓународниот фестивал на европски филм – CINEDAYS. „Имаме совршено отворање на фестивалот, повеќе од 1000 гледачи го следеа филмот „М“ на Вардан Тозија без здив, и во паркот зад МКЦ и во киното Фросина. Благодарност до режисерот Тозија и продуцентот Дарко Попов кои ни овозможија Скопје вечерва да ја добие посакуваната ...
Хари Кејн и натаму е член на Тотенхем, но за неговиот потпис сериозно се борат Баерн Минхен и ПСЖ. Баварците веќе пратија неколку понуди за англискиот репрезентативец, а од пред неколку дена и ПСЖ почнал да го опипува пулсот на премиерлигашот во однос на сумата која треба да се плати за Кејн. Според извори на Билд, најдобриот играч на Тотенхем веќе се договорил за трансферот и доаѓањето во актуелниот германски шампион, а за реализација на оваа ...
Барањето на Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, натпреварите на Централниот терен и теренот број 1 во Вимблдон да започнуваа порани е одбиено од страна на организаторот. Мечевите на двата најголеми терени на Вимблдон почнуваат нешто подоцна, пред се поради ТВ правата, а програмата на тие терени трае до 23 часот. Предлогот на Ѓоковиќ и Мареј беше натпреварите да започнат најдоцна до 13 часот, а не како што е вообичаената пракса во 14:30 часот. Според ...
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервјуто за „Гласот на Америка“ рече дека не е време за предвремени избори, туку време за носење одлуки и дека предвремени избори може да има само доколку опозицијата се согласи веднаш да гласа за уставните измени. – Само тоа е опција што ние како Влада би прифатиле предвремени избори. Мислам дека не е време за предвремени избори туку е за понесување одговорност и за имплементација на она што ...
Девојка за брзо стана хит во Србија, а и на балканот, откако ја снимија како лупи компири додека се вози во автобус. Девојката во розов фустан и потпетици го извади нож и на изнанедување на сите патници почна да ги љупи компирите. Видеото предивика голем број реакции и коментари кај многу твитерџии. Jel moguće ovo da radite u gradskom prevozu 😫 pic.twitter.com/QmTjfP1oOH — Nina Krunić (@nina_krunic) July 11, 2023 „Дали е можно ова да се прави ...
Овен Вашиот оптимизам расте и денес вистински ќе уживате во ситниците што обично ги занемарувате. Атмосферата на работното место ќе има позитивно влијание врз вашата продуктивност, а ќе ви го подобри и расположението. На поле љубов дозволете си да бидете среќни дури и ако не ви се исполнети сите желби. Бик Денес ве очекуваат интересни разговори. Ако се соочувате со некаков проблем, не двоумете се да ли да побарате правен совет. На работното ...
Соопштение за јавност Неспособната локална власт на ДПМНЕ во Скопје целосно ги изневери граѓаните. Наместо модерно Скопје како што ветуваа за време на изборната кампања, кога ја бараа довербата од граѓаните, Мицкоски и ДПМНЕ од Скопје создадоа една голема депонија. Наместо град којшто се развива Скопје уназадува. ДПМНЕ Скопје го врати 60 години назад. Неспособните градоначалници на ДПМНЕ од Скопје направија загаден, нечист, нефункционален град. ...
Соопштение за јавност Со државничките политики на СДСМ земјава стана земја членка на НАТО, започна преговори со ЕУ а посветени сме и на втората стратешка цел-полноправно членство во ЕУ. Кочењата на Мицкоски и ДПМНЕ, во Собранието, во однос на блокадите на реформите, одбивањето соработка за стратешки важни прашања како членството во Унијата претставува директно и активно работење против ЕУ и НАТО. Мицкоски и ДПМНЕ работат против интересот на ...
Десетици илјади холивудски актери најавија дека ќе стапат во штрајк откако пропаднаа последните преговори помеѓу нивниот синдикат и стриминг гигантите пред истекот на крајниот рок. Здружението на актерите (САГ-АФТРА) прифати уште едно продолжување на разговорите со големите филмски студија, но синдикатот не успеа да постигне договор околу исплатата на тантиемите и употребата на вештачката интелигенција. Се очекува актерите денеска да објават ...
Платеничката група Вагнер му предала на руското Министерство за одбрана огромни количини тешко оружје, воена опрема и илјадници тони муниција. „Вагнеровците“ ги предале дури и своите тенкови Т-90 и Т-80, повеќецевни ракетни фрлачи и разновидна артилериска опрема, објави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков. Дополнително, предадени се над 2.500 тони разновидна муниција и 20.000 огнено оружје. Објавена е и снимка од тоа ...
Неспособната власта на ДУИ и СДС ги троши народните пари и ништо не прави за народот. Напротив после потрошени скоро 30 милијарди евра овие години власт ДУИ и СДС ефектите се потоната еконимија и осиромашен народ. Сега оваа расипничка власт се намерачила да зема уште пари од стопанството и граѓаните. За таа цел ќе воведува нови даноци и ќе ги зголемува постоечките за да го финансира своето раскалашено владеење како досега без проекти за ...
За прв пат во Република Северна Македонија, со швајцарска помош, е изработен и презентиран Национален регистар на подземни води, со што податоците за овој важен стратешки природен ресурс, собирани и тематски систематизирани од различните институции, се достапни на една централна платформа. „Нашата држава има висок процент на користење на подземни води, но досега нивниот потенцијал не беше ниту доволно истражен, ниту искористен и што е најважно, ...