Денеска (28.07.2023) беше поставен камен темелник на Полициската станица од општа надлежност Аеродром, во рамки на Секторот за внатрешни работи Скопје, со што официјално отпочнува градбата на нов објект на оваа организациона единица. На настанот се обратија претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, а во присуство на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, ...

Невладината „Разбој” од Велес во партнерство со Здружение на финансиски работници денеска започна со одржување на три од петте предвидени работилници за обновување на старите занаети. Работилницата за грнчарство се одржува во Спомен куќата на Коста Солев Рацин, а за ткаење и изработка на накит во Куќата на Касапови, двете во стариот дел од градот. Работилниците се дел од проектот „Етно креативни работилници за заживување на старите занаети“ ...

Африканската унија повика денеска итно да се врати договорот постигнат со посредство на Обединетите нации со кој се дозволува Украина да извезува милиони тони жито што беше прекината по налог на Русија. „Проблемот со житoто и вештачките ѓубрива ги засега сите“, изјави претседателот на Коморите, Азали Асумани, кој ја предводи 55-члената Африканска унија, за рускиот државен вести РИА Новости. Тој зборуваше во Санкт Петербург, каде што рускиот ...

Украина утрово изврши напад со беспилотно летало, кој не предизвика штети или жртви, изјави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин, без да ја прецизира точната локација на нападот. „Во текот на ноќта беше извршен обид за напад на непријателски дрон. Дронот е соборен од силите на Министерството за одбрана“, напиша Собјанин на Телеграм и додаде дека нема жртви и не е причинета материјална штета. Руската престолнина и нејзиниот регион, лоцирани ...

Факт е дека најголемите мангупи во сообраќајот се токму носителите на функции, рече денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски од собраниската говорница, во врска со опожареното Ауди А6 пред домот на неговиот колега, вицепремиерот Артан Груби. Во ова возило беше утврдено дека незаконски биле поставени светлосна и звучна сигнализација какви што користат возилата на МРВ. – Тоа ниту е прво, ниту, пак, последно возило во кое ...

Англискиот репрезентативец и поранешен капитен на Ливерпул, Џордан Хендерсон денеска беше промовиран како нов фудбалер на Ал Етифак од Саудиска Арабија. Англичанецот стана само уште еден во низата европски фудбалери кои одлучија кариерата да ја продолжат во Саудиска Арабија. Тој во Ал Етифак ќе соработува со поранешниот соиграч од Ливерпул, Стивен Џерард кој е тренер, а за соиграч ќе го има македонскиот репрезентативец Дарко Велковски. BREAKING: ...

Јавното обвинителство да отвори постапка за Артан Груби, бараат од ВМРО-ДПМНЕ, напоменувајќи дека првиот вицепремиер го добива автомобилот „ауди“ осум дена откако фирмата која му го дава купува хотел на Шапка по багателна цена. Смешни се изговорите на Груби дека Аудито му е дадено на услуга. Нема човек што верува дека некој би купил возило од 80.000 евра и би му го дал на користење на Груби, само затоа што му е пријател.Која е економската логика ...

Талибанците наредиле затворање на фризерските и козметичките салони во Авганистан во рамки на најновите ограничувања на правата со кои се соочуваат жените. Портпаролот на Министерството за спречување на пороците и промоција на доблестите изјави за Би-Би-Си дека компаниите имаат еден месец да ја исполнат наредбата почнувајќи од 2 јули, кога првпат биле известени за потегот. Слободите на жените постојано се намалуваат откако Талибанците ја ...

Група млади луѓе, организирани од здружението „Патот на Црешовото топче – Бигорски Манастир“, облечени во комитски носии, дојаваа синоќа во Бигорскиот манастир, каде некогаш од страна на монасите биле изработувани црешови топчиња за Илинденското востание. Коњаниците, пред Светото Писмо, револвер и кама дадоа заклетва за верност кон револуционерното ослободително дело – онаа иста заклетва што некогаш морале да ја положат сите членови на тогашната ...

Жители на липковското село Оризари насилно влегле во просториите на подружницата на ЕВН во Куманово, потврдуваат од компанијата. Мештаните на Оризари бараат да им се вклучи струја, откако вчера останаа без неа откако несовесните слупчанци искршија трансформатори и предизвикаа голема хаварија која остави без струја шест села и ГП „Табановце“. Од ЕВН велат дека вработените на КЕЦ Куманово ги напуштиле работните места од безбедносни причини и ...

Во организација на Агенцијата за иселеништво во Охрид започна Летната школа по македонски јазик за деца на нашите иселеници. Триесет ученици од Норвешка, Малта, Словенија, Франција, Германија, САД, Русија, Австрија и Србија следните шест дена ќе следат настава по мајчин, македонски јазик, ќе имаат спортски активности, како и посети на културно-историските знаменитости на Охрид. Учесниците на Школата ги поздрави директорот на Агенцијата за ...

Големата сцена на Античкиот театар во Охрид за вечерва е резервирана за театарската претстава „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец” со светски прославенот актер, сценарист и продуцент, Џон Малкович. Станува збор за претстава работена според дело и режија на авторот Михаел Штурмингер, во музичка придружба на сопранистите Чен Реис и Сузан Лангбејн и оркестарот на „Виенската академија“. „Пеколната комедија“ всушност претставува сценска ...

На листата на Електродистрибуција за планирани прекини на електричната енргија за утре (27 јули) се и повеќе села од гостиварски регион и дел од Гостивар. Од 6.30 до 15 часот ќе нема струја во: асфалтни бази и каменоломи на регионален пат Гостивар-Кичево и селата: Печково, Долно Јеловце, Горно Јеловце, Вруток, дел од Равен, Речане, Ново Село, Сретково, Церово. Од 7 до 13 часот: селата Куново и Трново Од 8 до 15 часот дел од населба 7-ма зона ...

Војниците во западноафриканската држава Нигер велат дека извршиле државен удар. Тие на националната телевизија објавија дека го поништиле уставот, ги суспендирале сите институции и ги затвориле државните граници. Бунтовниците тврдат дека безбедносните сили управуваат со ситуацијата и ги повикале надворешните партнери да не се мешаат, пренесува АП. Претседателот на Нигер, Мохамед Базоум е задржан во палатата во главниот град Ниамеј од ...

Украинските власти истражуваат дали член на парламентот го прекршил законот кога одел на семеен одмор на Малдивите, пренесува BBC. На официјалните претставници им е забрането да патуваат во странство на одмор, додека на мажите на возраст на регрутирање им е потребна посебна дозвола да ја напуштат земјата. Според информативниот портал Слодство-инфо Јуриј Аристов, 48-годишен пратеник на партијата на Зеленски, Слуга на народот, бил забележан во ...

Кевин Спејси се расплака откако беше ослободен од сите обвиненија на уште едно судење за сексуален напад, што се одржа во Лондон. На 64-годишниот актер му се судеше за сексуални напади врз четворица мажи, што наводно се случиле од 2004 до 2013. „Ви благодарам, ви благодарам“, ѝ кажа Спејси на поротата, држејќи ја дланката на градите. Спејси цело време ги негираше обвиненијата, кои ги опишуваше како лудило, забивање нож во грб и апсолутна ...

Овен Потребни ви се мир и тишина за да ги завршите обврските на работното место и не дозволувајте некои непотребни детали да ви го одвлечат вниманието. Ќе се соочите со некои предизвици, но ако успеете да се покажете во најдобро светло можете да очекувате унапредување и подобрување на финансиската состојба. На љубовен план, станувате свесни што е она што не им се допаѓа на луѓето околу вас. Време е да свртите нова страница и да промените некои ...

Управата на составот од Софија денеска испрати нов апел до своите следбеници, за тоа како да се однесуваат на арената „Тодор Проески“ за да не дојдат во било какви проблеми. „Почитувани фанови, ве повикуваме да ја поддржите вашата омилена екипа против Шкупи, кој е про-албански тим, без манифестации на расизам и ксенофобија. Покрај тоа што ваквите постапки можат да донесат строги казни од УЕФА, нашиот клуб начелно ги осудува и прогласува ...

Според јужнокорејската новинска агенција Јонхап, комерцијалните сателитски снимки покажуваат дека Северна Кореја се подготвува за воена парада на плоштадот Ким Ил Сунг во Пјонгјанг. На комеморацијата на овој настан ќе присуствуваат кинески претставници и руска воена делегација, предводена од министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Руската делегација предводена од министерот за одбрана Сергеј Шојгу пристигна во Северна Кореја, соопшти руското ...

Прстен од злато, со рубини и дијаманти, што рап-легендата Тупак Шакур го носел на неговото последно јавно појавување, беше продаден за милион долари на аукција во Њујорк вчера. Победничката понуда беше многу над проценката на „Сотби’с“ пред продажба што се движеше меѓу 200.000 и 300.000 долари. Со ова, предметот стана највредниот хип-хоп артефакт некогаш продаден, соопшти аукциската куќа. Раперот роден во Њујорк го носел прстенот во текот на ...

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беше извршена ждрепката за новата сезона во најсилната домашна конкуренција, поточно ги имаме распоредот на натпреварите за кампањата 2023/2024. Откако Вардар и Воска Спорт ги надминаа проблемите стана јасно дека 12 екипи ќе бидат дел од ПМФЛ што значи нема да има слободни екипи како што тоа беше случај лани со откажувањето на Ренова. Најтрофејниот македонски клуб Вардар кој после две години ...

Барселона добро го отвори мечот, поведе со гол на Левандовски уште во седмата минута, но само шест минути подоцна Сака искористи една грешка на противникот и изедначи на 1-1. Во 22. минута Сака имаше шанса од пенал да постигне и втор гол, но го изведе многу лошо, го промаши целиот гол. Десетина минути подоцна Рафиња даде гол од слободен удар со помош на живиот ѕид и донесе ново водство на Барселона. Пред самиот крај на првото полувреме Каи ...

Жителите на Галичник неколку пати во изминатите три години барале од надлежните институции да се реши проблемот со зголеменото присуство на мечки во селото. Како што велат од месната заедница на Галичник, одговор не добиле. Порачуваат дека е вистинска среќа што немало поголем инцидент, односно уште никој не настрадал. Забраната за лов на дивеч го зголеми бројот на дивите животни, а тоа во Галичник веќе претставува сериозен проблем, се вели во ...

Џереми Петрис, бекот на Левски, инаку интернационалец од Франција, беше вратен од македонско – бугарската граница, едноставно не успеа да влезе во Македонија како и сите останати играчи на Левски. Имено тој си го заборавил пасошот па јасно е дека не можеше да биде пуштен од наша страна. Сепак, како што велат бугарските медиуми, Петрис дополнително ќе дојде во Скопје. Инаку експедицијата на Левски Софија, која утре во 21 часот игра со Шкупи на ...

Лионел Меси ја крена публиката на нозе во својот прв настап како стартер и со капитенската лента во Интер Мајами, овозможувајќи му триумф на тимот против Атланта со 4:0. Но, неверојатна сцена се случи по 78.минута, кога Аргентинецот беше повлечен од игра Меси доби овации од фановите за одличната игра, а потоа голем дел од навивачите решија веднаш да го напуштат стадионот и не го догледаа натпреварот. Ова само покажува колкава е магијата што ...

Скопје на 26 јули 1963 година загуби многу свој жители, роднини, пријатели, туристи, но доби и нови жители еден од тие жители е и Сузана… „Се сеќавам на топлата јулска ноќ, 25 јули 1963-та година кога ме хоспитализираа на одделението за гинекологија во Државната Болница во Скопје. Бев бремена во седми месец, а јас, сопругот и мојата 5-годишна ќерка со нетрпение го очекувавме новороденчето кое на светот требаше да пристигне на 18 октомври. Си го ...

Ал Хилал испрати понуда од 300 милиони евра до ПСЖ, а Килијан Мбапе треба да заработи 700 милиони евра за една година во дресот на тимот од Саудиска Арабија со сите бонуси. Семејството на Мбапе наводно се согласило на трансфер во Ал Хилал, но само под услов Французинот да одигра една сезона во Саудиска Арабија, а потоа да се пресели во Реал Мадрид. „Кралевите“ долго време се заинтересирани за Мбапе и имаат шанса да го купат летово, но не сакаат ...

Антикорупциската комисија е немоќна да отвори постапка за случајот со автомобилот на вицепремиерот. Првиот човек на Комисија Билјана Ивановска, во интервју за „Република“ објасни зошто не можат да отворат постапка за Груби. Го објасни и случајот со запаленото возило на Груби и зошто не можат да отворат постапка. За возилото не можеме да отвориме постапка бидејќи е регистрирано на друго лице и не е во сопственост на избрано и именувано лице Артан ...

ростување на сите досегашни долгови за струја кои изнесуваат по неколку илјади евра, бесплатни нови приклучоци, без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање… Ова се дел од барањата кои ги поднесоа жителите на Слупчане, и за кои велат дека ако не им се исполнат – нема да дозволат екипи на ЕВН да влезат во селото. Во кумановското село Слупчане е потворно ...

Повеќе од 40 луѓе загинаа, повеќето од нив во Алжир, во шумските пожари на Медитеранот кои им се закануваат на селата и одморалиштата, а илјадници се евакуирани. Грција се подготвува за нови летови за евакуација од Родос, додека пожарите беснеат на островите Крф и Евија. Топлотниот бран не стивнува, се очекува температурите да се искачат над 44 степени во делови од Грција. Министерството за цивилна заштита предупреди на екстремна опасност од ...

Скопје

14ᴼ/14ᴼ
0.51
72%
1020

Белград

19ᴼ/18ᴼ
7.72
48%
1020

Софија

14ᴼ/13ᴼ
3.6
61%
1027

Сараево

15ᴼ/15ᴼ
3.17
61%
1024

Љубљана

15ᴼ/11ᴼ
2.06
75%
1020

Атина

20ᴼ/17ᴼ
4.63
56%
1019

Тирана

14ᴼ/14ᴼ
1.54
77%
1018

Подгорица

19ᴼ/13ᴼ
1.54
56%
1018
Currency

61.5162

Currency

57.5106

Currency

72.679

Currency

37.5774

Currency

42.0353

Currency

63.614

Currency

8.10285

Currency

0.62399

Currency

0.3632

Currency

0.52538

Currency

1.76912

Currency

0.68955

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

546 $

Никел

616639 $

Рутениум

24115 $

Калај

33 $

Сребро

874 $

Злато

75176 $

Бакар

9 $

Паладиум

30692 $

Платина

29370 $

Родиум

151607 $

Цинк

91511 $