Шест лица, меѓу кои четворица цивили и двајца пожарникари, се здобија со полесни повреди при уривање на кран на Менхетен. Густ чад извирал од кабината на кранот, покажуваат видео снимките. Несреќата се случила во реонот на 10 и 11 авенија и 41 и 42 улица во њујоршкиот кварт Менхетен, во близина на комплексот Хадсон Јардс, соопшти полицијата. Пожарот избувнал додека операторот со кран кревал околу 16 тони бетон, изјави Фајфер за новинарите на ...

При масовно насукување на плажа во западна Австралија, угинаа повеќе од 50 китови. Тие се дел од групата од околу 100 пилот китови, неодамна забележани пред Чејни бич во близина на градот Елбани. Во трка со времето, спасувачи се обидуваат да им помогнат на уште живите морски цицачи и да ги транспортираат назад во морето, како што соопшти локалната организација за заштита на природната средина, „Парк вајлд лајф сервис“. Китовите во вторникот, ...

Утре на Градскиот стадион ќе се одигра мечот од квалификациите на Конференциската лига меѓу Шкупи и Левски. За она што се сеќаваат Левски е тимот од филмот на Дарко Митревски „Трето полувреме“ кој за време на бугарската окупација играше со ФК Македонија и му ја одзеде титулата. Но, сега се некои други времиња и ова е натпревар од висок ризик поради ситуацијата меѓу Македонија и Бугарија и уцените кои источниот сосед од нас ги бара за да почнеме ...

За 1,5 денари поскапуваат малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, додека пак на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) цената останува иста. Цената на Мазутот М-1 НС исто така се зголемува за 0,6 денари и ќе чини 42,4, а зголемување од 1,5 денари има и кај Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) кое ќе чини 71,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продаваат за 81,5 денари, односно за ...

По денешната блокада за да ги спречат повторно да работат екипите на ЕВН, жителите на Слупчане ги уништија трафостаниците за снабдување со електрична енергија и направија дефект од највисок степен, поради што жителите од селото и пошироко останаа без струја. Жителите на село Слупчане попладнето извадија дел од трафостаниците, ова за медиумите го потврдија од ЕВН, кои додаваат дека поради тоа некои села во Ликовско останале без струја. ...

Скандал се случи денеска кога за време на пресот министерот за економија Крешник Бектеши беше искаран од новинарка дека не го користи вистинското име на државата – „Република Северна Македонија“. Додека министерот објаснуваше зошто гласал за концесиите за рудникот Иловица-Штука, новинарката Александра Дуковска се побуни зошто Бектеши ја нарекува државата Република Македонија кога, таа, како што рече, е непостоечка држава. – Зборувате за ...

Чин Ганг последен пат беше виден во јавноста пред еден месец. Не се соопштуваат детали зошто е сменет, но се зборува за љубовна афера. Само шест месеци откако беше поставен, Чин Ганг е сменет од функцијата министер за надворешни работи на Кина, според одлуката на кинескиот парламент, пренесува Ројтерс. Причините за оставката не се прецизираат. „Долгиот молк беше многу штетен за кинеската дипломатија. Зависноста на партијата од тајност во ...

Социјалните мрежи вчера беа полни со коментари за говорот на лидерот на Левица Димитар Апасиев на Комисијата за уставни прашања. Но, малкумина забележаа дека неговото обраќање беше чист плагијат и копија на обраќањето на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски. Димче користеше исти фрази и зборови како Никола па така слушнавме „смрт на македонизмот“, „сецкање како салама“, „пресуди од Стразбур“, „копенхашки критериуми“. ...

Градската депонија Острец од утрово повторно гори со засилен интензитет. Причина за запалувањето, како што информираа од делчевското комунално претпријатие, е човечки фактор заради што, најавуваат, ќе биде поднесена кривична пријава. – При редовна обиколка на теренот наши екипи забележале собирачи на пластика и железо во близина на запалената депонија заради што ќе поднесеме кривична пријава. Наши вработени со градежни машини и во моментот се на ...

Во 2. коло од Лига купот на Северна и Централна Америка, Интер Мајами стигна до втората победа. Лионел Меси првпат беше стартер во дресот на Интер Мајами и успеа да постигне два гола за неговата нова екипа уште до 22. минута. Американскиот тим повторно играше во Лигс купот, овојпат против Атланта и победи со убедливи 4:0, а Меси ги воодушеви фановите со својот придонес на теренот. Аргентинецот реализираше уште во 8. минута по одличната ...

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ќе ја посети Северна Кореја на прославата на годишнината од примирјето по Корејската војна, објавија денеска државните медиуми во Пјонгјанг. Најавата за посетата на Шојгу уследи откако кинеска делегација потврди дека на 27 јули ќе присуствува во Пјонгјанг на одбележување на годишнината. Најавените посети се толкува дека Северна Кореја повторно ги отвора своите граници за посетителите на високо ниво по ...

Операторот на украинската нуклеарна централа Запорожје исклучил два реактори поради работи на одржување, соопшти денеска раководството на нуклеарната централа, која е под руска контрола. Руските сили ја зазедоа најголемата нуклеарна централа во Европа во март 2022 година. Меѓународнаата агенција за атомска енергија (МААЕ – IAEA) од минатата година спроведува редовни инспекции во нуклеарката Запорожје и настојвуа да воспостави безбедносен ...

Заловувачкиот тим на ЈП Лајка од денеска до 28 јули ќе започне со стратешко заловување кучиња во општина Ѓорче Петров, поточно, во реоните: Ѓорче Петров, Ѓорче 2, Даме Груев, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука. Од ЈП Лајка информираат дека заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче коешто ќе го сретне во овие реони, а го нема поминато хуманиот третман. Од почетокот на 2023 досега имаме удомено 115 кучиња. Мораме да им се ...

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, на свечена церемонија ќе ги одликува Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан со Орден за заслуги за Република Северна Македонија. Церемонија на одликување со Орден за заслуги за Република Северна Македонија ќе се одржи во Кабинетот на претседателот во 19:30 часот. Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан се смета дека ја сочинуваат ...

Во водите на Охридското Езеро во близина на плажа во Струга вчера бил најден давеник. СВР Охрид соопшти дека по направениот увид било утврдено дека се работи за 67-годишна жена од Ресен. – Во ОВР Струга, вчера во 15 часот и 25 минути е пријавено дека, во водите на Охридското Езеро, во близина на плажа во Струга, забележано е безживотно тело. Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за Ф.С.(67) од Ресен, појасни портпаролот на СВР Охрид ...

Целосно е изгаснат пожарот што ноќеска избувнал во објект на улицата „Боро Хаџиески – Путе“, во близина на црквата Света Петка во Струга. Командирот на територијалната против пожарна единица од Струга Фети Мазари, информира дека пожарот бил пријавен во 2.55 часот и, а пет минути подоцна нивни екипи биле на терен. – Интервениравме со четири против пожарни возила и 10 пожарникари и во 7 часот утрово пожарот беше локализиран, а во 11 часот и 15 ...

Холандската крајбрежна стража информираше дека во пожар што избувнал на товарниот брод „Fremantle Highway“, што пловел под панамско знаме едно лице загинало, а неколку се повредени, пренесе Ројтерс. Во моментот на пожарот, бродот се наоѓал во близина на северниот брег на Холандија, на околу 27 километри северно од островот Амеланд и 180 километри од Амстердам. Бродот превезувал 2.857 автомобили од Германија до Египет, од кои 25 електрични, а се ...

Ова е една од најитните состојби во медицината и бара брза дијагноза и брз третман, бидејќи времето за преживување од моментот на срцев удар до започнување на мерките за реанимација е многу ограничено и се изразува во секунди. Докажано е дека доколку реанимацијата не се почне во рок од четири минути од прекинот на циркулацијата, доаѓа до неповратно оштетување на мозокот, но за среќа брзата реакција на медицинскиот персонал на тимот на ...

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ од Црна Гора замина во Хрватска каде привлече големо внимание, а уживаше во својата јахта на која и даде многу важно име во животот. Како што можете да видите на сликите, јахтата се вика Тара, што е и името на неговата ќерка . Новак вплови во пристаништето Груж во Дубровник. Во тој дел на хрватскиот град има голем број многу скапи јахти, така што и Ѓоковиќ стана дел од таа прекрасна галаксија на пловни ...

Бастри Бајрами утрово го известил претседателот на Собранието Талат Џафери дека во Собранието ќе дејствува како независен пратеник. Тој до сега заедно со Фадил Зендели беше пратеник од Беса. „Слободен печат“ веќе објави дека Бајрами ќе дејствува како независен пратеник откако тој и заменик претседателот на Беса Аријанит Хоџа се дистанцираа од одлуката на лидерот Билал Касами за соработка со Алтернатива и новото движење на Изет Меџити за ...

Министерството за економија ниту некого излажало, ниту измамило, ниту ставило некого во заблуда, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција во врска со концесиите за рудникот „Иловица – Штука“. Според него, не се работи за една, туку за две концесии. Како што најавивме на брифингот, ние сме доставиле само хронологија на настаните и што е одлучено од 2005 година до денеска во делот на Предлог-одлуката за спојување. ...

Овен Собирате аргументи за да ги решите најкрупните проблеми на работното место. Нема потреба да се грижите за ништо, излезот ќе го најдете полесно од вообичаено. Обидете се навреме да ги решите сите недоразбирања поврзани со финансиите, за да не ви се натрупаат непотребни проблеми. Можно е помирување со личноста со која подолго време сте разделени. Оние во врска ќе започнат ново поглавје во заедничкиот живот со партнерот. Бик Луѓето ве ставаат ...

Врз основа на договорот потпишан меѓу двете земји, од британските во албанските затвори ќе бидат трансферирани 200 затвореници албански државјани. – Според неодамна ратификуваниот договор Велика Британија на Албанија ќе и плаќа по четири милиони фунти годишно за да ги преземе 200-те најопасни криминалци, осудени за тешки кривични дела, вклучувајќи убиства, разбојништва, силувања, шверц со дрога, јави Ора њуз. Меѓу првите 17 кои ќе бидат ...

Иако се нагласуваше дека Серхио Рамос кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, сепак се чини дека следна негова дестинација ќе биде Интер Мајами во МЛС лигата. Шпанскиот дефанзивец во летото 2021 година од Реал пристигна во ПСЖ, од каде сега си замина и тоа во ист период кога од клубот замина и Лионел Меси. Рамос сакаше да се врати во Севилја, но шпанската екипа соопшти дека нема потреба од неговите услуги, па затоа Шпанецот си ја бара ...

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин потпиша закон со кој се забранува промена на полот, што сега може да се прави само од медицински причини, објавено е на порталот за правни информации. Медицинските интервенции, вклучително и употребата на лекови кои го менуваат полот, се забранети. Ова не вклучува процедури за третман на „вродени аномалии (деформитети), генетски и ендокрини заболувања поврзани со формирање на генитални органи ...

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 27 и на 28.07.2023 година (четврток и петок), во раните утрински часови, ќе се реализира четвртата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини. Се известуваат пчеларите навреме да ги ...

Артан Груби, првиот заменик премиер пред камерата на Алфа ТВ го покажа единствениот автомобил кој го има наведено во анкетниот лист. – На мое име е, но ја вози татко ми, изјави Груби во разговор со новинарот, па дури му понуди и помош за купување на половни возила од негови пријатели. – Ако вие имате потреба, јас ќе се обидам да ви помогнам преку мои пријатели да си земете возило за ваши приватни потребни, затоа што сте ми мил и драг и да ви ...

Преку соопштение испратено до медиумите, од Владата ја потврдија информацијата дека следната учебна година учениците ќе имаат и пролетен распуст кој ќе трае од 29 април до 5 мај. „Владата ја разгледа Информацијата од Министерството за образование и наука со предлозите за Календарот за организација на учебната 2023/2024 година во основните училишта и јавните средни училишта и донесе одлука во учебната 2023/2024 година учениците од основното и ...

Вработените во зоолошката градина во Охајо во Америка биле изненадени кога откриле дека горила за која четири години мислеле дека е мажјак родила младенче. Од ЗОО велат дека Сали, која е со нив од 2019 година, била пронајдена со бебе во рацете минатата недела. Тие на социјалните мрежи објавија дека новороденчето „изгледа здраво“, а Сали веќе е одлична мајка. Токму поради тоа што досега беше во добра здравствена состојба, Сали ретко одеше на ...

Основците и средношколците од следната учебна година ќе имаат пролетен распуст соопшти Министерството за образование и наука. Одлуката е донесена на Влада и со неа се предвидува учебната година да почнува како и до сега од 1ви септември но за сметка на пролетниот распуст, кој е предвиден во периодот од 29 април до 5 мај, ќе трае до 17ти јуни. Првото полугодие ќе заврши на 29ти декември, а второто почнува на 22 јануари. Според новите измени ...

Скопје

12ᴼ/12ᴼ
1.03
82%
1024

Белград

18ᴼ/16ᴼ
6.69
48%
1022

Софија

11ᴼ/11ᴼ
2.06
82%
1026

Сараево

16ᴼ/16ᴼ
3.1
60%
1026

Љубљана

16ᴼ/8ᴼ
1.03
82%
1008

Атина

20ᴼ/19ᴼ
5.36
57%
1019

Тирана

16ᴼ/16ᴼ
1.03
67%
1020

Подгорица

19ᴼ/14ᴼ
0.0
55%
1021
Currency

61.5455

Currency

57.5106

Currency

71.9099

Currency

37.5984

Currency

42.1023

Currency

62.9736

Currency

7.93732

Currency

0.62399

Currency

0.36369

Currency

0.52538

Currency

1.76788

Currency

0.68955

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

546 $

Никел

616639 $

Рутениум

24115 $

Калај

33 $

Сребро

877 $

Злато

74957 $

Бакар

9 $

Паладиум

30939 $

Платина

29529 $

Родиум

151607 $

Цинк

91511 $