Продавницата за накит „Пијаж“ на улицата „Мир“ во центарот на Париз е ограбена денеска, а за нападот се осомничени три лица, кои побегнале со накит вреден 10 до 15 милиони евра, соопшти полициски извор и државното обвинителство на Париз. За време на грабежот немало повредени бидејќи вработените во тој момент биле на пауза. Според првичните информации на истрагата, еден од тројцата разбојници бил вооружен. Златарницата се наоѓа во центарот на ...

По изјавата на д-р Светозар Антовиќ, дигестивен хирург дека на ентузијазамот секогаш му доаѓа крај и дека мора да се води сметка како ќе се мотивираат тимовите за трансплантација, до нашата редакција пристигна реакција од група медицински сестри, технички и друг среден медицински персонал, кои се дел од овие тимови. По изјавата на д-р Светозар Антовиќ, дигестивен хирург дека на ентузијазамот секогаш му доаѓа крај и дека мора да се води сметка ...

Враќата Заеви кај престојуваат во овие летни денови? Го дишат ли истиот воздух што го дишат бебињата што се раѓаат во Преспа?, прашува пејачката Тања Царовска, споделувајќи ја алармантната состојба во која се наоѓа Преспа, каде воздухот смрди од отровот во него. Ќе си легнував. Ама не можам да спијам, зашто надвор не се дише, откако отворив ме запече грло и очи. Не драги луѓе, не сум во Скопје. Во Преспа сум. Во село на 8 километри од Ресен, на ...

На празникот Илинден во скопско Инџиково со сина боја е вандализиран споменикот на убиениот бранител Горан Стојменовиќ во полициската акција против териристичка група стационирана во Диво Насеље во 2015 година. Со спреј е прекриена неговата биста, но и иконите од осветениот крст во селото. Изразувам најостра осуда за вечерашното сквернавење на споменикот на загинатиот бранител во борбите во Диво Насеље, Горан Стојменовиќ како и на иконите кои се ...

По повод 120-годишнината од Илинденско востание во Софија, бугарскиот претседател Румен Радев одржа говор во кој рече дека „Илинденско-Преображенското востание е најмасовниот израз на волјата за слобода на бугарскиот народ“. -Ова востание се пренесе далеку во времето, бидејќи неговите резултати далекусежно ги надминаа неговите непосредни политички и воени цели. Илинденско-Преображенското востание“ зазема значајно место во односите со Република ...

Над половина милион евра ќе чини прославата на државните празници и посебно Охридскиот раковен договор.Тендерите ги добија две фирми, на јавни набавки на кои немале конкуренција. Тетовската фирма „Арбериа дизајн“ повторно ќе ја организира годишнината од Рамковниот договор, за која што е задолжено Министерството за политички систем, на чие чело е вицепремиерот од редовите на ДУИ, Артан Груби, анализира „Дојче Веле“ Фирмата „Скопје Филм Студио“, ...

Самопрогласениот нов лидер на Нигер, Абдурахаман Чиани, ги отфрли санкциите воведени минатата недела од Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) како „незаконски, неправедни и нехумани“. Тој во телевизиско обраќање во пресрет на Денот на независноста на поранешната француска колонија рече дека Нигер нема да потклекне пред регионалниот и меѓународниот притисок за враќање на претседателот Мохамед Базум на власт. 15 земји, членки ...

Научниците го создадоа „светиот грал“, лек за рак кој ги убива сите формирани туморски клетки, а притоа не им штети на здравите клетки. Новата молекула – со кодно име AOH1996 – цели на протеин присутен во повеќето видови на рак кој им помага на туморите да растат и да се размножуваат во телото. Тоа е значајно бидејќи овој протеин – нуклеарен антиген на клетките што се размножува (PCNA) – претходно се сметаше дека е „неизлечив“. Лекот е тестиран ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по средбата во Прохор Пчињски, заедно со претседателот Стево Пендаровски, отиде во Врање, за што објави три пораки на својот Инстаграм профил, јави дописникот на МИА од Белград. Претседателот Вучиќ со Пендаровски ја посетија винаријата „Алексиќ“ и посочи дека меѓу Србија и Македонија нема отворени прашања, освен едно: „чие вино е подобро“. Немаме отворени прашања со Македонија, се додека не се разговара ...

Спикерот на македонското Собрание, Талат Џафери беше исвиркан заедно со владината делегација, при пристигнување на Мечкин Камен. Додека тие се движеа кон местото каде треба да се сместат, од зад барикадите каде стојат посетителите, извикуваа „Уа, уа“ и исвиркуваа. Меѓу присутните од делегацијата на Владата се Љупчо Николовски и Јетон Шаќири. Со скандирање „Македонија, Македонија“ беа поздравени коњаниците кои пристигнаа во Крушево, оддавајќи ...

Во Киев вчера престојуваше хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман, а потоа хрватското Министерство за надворешни и европски работи соопшти дека Хрватска ги ставила на располагање своите пристаништа на Украина за извоз на украинско жито. Украина соопшти дека постигнала договор со Хрватска за извоз на своето жито. Како што информираше Министерството за надворешни работи во Киев, земјоделските производи ќе бидат ...

Португалецот вчера постави уште еден рекорд, откако постигна гол со глава против Монастир и го израдува Ал Наср (4-1). Роналдо стигна до 145 голови со глава и така го надмина легендарниот Германец Герд Милер. Ѕвездата на Ал Наср дури 115 погодоци со глава постигна за тимовите, додека 30 запиша за репрезентацијата на Португалија. 1⃣4⃣5⃣ Headed goals for Ronaldo – The most in football historypic.twitter.com/nHHeOR51fh — Sportstar (@sportstarweb) ...

– Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум синоќа забележа победа на реваншот против Будуќност во Подгорица во 2.коло од квалификациите од Конференциската лига на УЕФА. Стружани до триумфот од 4:3 беа предводени од Марјан Радески кој постигна три гола (11., 45+3 и 74. минута). Еднаш во листата на стрелците се запиша Бесарт Ибраими (66. минута). Головите за домаќините ги постигнаа: Ѓурковиќ (7), Аџиќ (45+9) и Секуловиќ (82). Стружани ...

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер премиерно ќе ја изведе театарската претстава „Море на тишината“ чиј режисер е Оља Лозица од Хрватска. „Море на тишината“ е приказна која, како што велат од битолскиот театар, ја има несреќата да биде едноставно вистинита. -Тоа е приказна која е пренесувана со години, децении, векови од уста на уста, од колено на колено и од сукња на сукња. Но, за да биде вистинита, на начинот кој што главната хероина ...

Три украински беспилотни чамци се обидоа да ги нападнат патролните бродови „Сергеј Котов“ и „Васили Биков“ во Црното Море, 340 километри југозападно од Севастопол, соопшти руското Министерство за одбрана. Руски патролни бродови уништија три украински беспилотни чамци кои се обидоа да ги нападнат во Црното Море, 340 километри југозападно од Севастопол, соопшти руското Министерство за одбрана. „Вооружените сили на Украина синоќа неуспешно се ...

Денес се прославува Илинден – Денот на Републиката, кој е еден од најголемите државни празници на Република Македонија, а 2-ри август е исто така и голем верски празник кој се слави во чест на пророкот Свети Илија. Денот на Републиката се прославува во знак на сеќавање на два големи настани кои се случиле на овој датум, и со кои се удрени темелите на македонската државност: Илинденското востание од 1903 година кое било организирано од ВМРО ...

НАСА се обидува да регистрира каков било сигнал од Војаџер 2 откако изгубил контакт со леталото на милијарди километри од Земјата, пишува Гардијан. Фрлајќи се подлабоко во меѓуѕвездениот простор, Војаџер 2 е надвор од контакт откако контролорите на летот случајно испратија погрешна команда пред повеќе од една недела, поради што антената на вселенското летало се оддалечи од Земјата за само 2%, но тоа беше доволно за да се прекине комуникацијата. ...

На 120 годишнината од илинденското востание, од нашиот прв Илинден, како македонската парадигма за слобода и непокор, за заедништво и сплотеност, дојде време да го поставиме новиот камен-темелник во македонската историја. По 903-та, 44-та, 91-та, ЕВРОПСКИОТ СТОЛБ ЌЕ БИДЕ НАШАТА ЧЕТВРТА МАКЕДОНСКА РЕПУБЛИКА, пишува генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ по повод 2.август. „Заедничка татковина на сите кои живееме и бескрајно ја сакаме. Врз ...

Делегација на Баерн Минхен во понеделникот престојуваше во Лондон каде се сретна со челниците на Тотенхем. Во оваа посета имаше само една тема, а тоа е рекордна понуда за напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн. Во Баерн сметаа дека најдобра опција е да дојдат во Лондон и директно да разговараат со Даниел Леви, кој досега успешно одолеа на сите понуди за одличниот голгетер. БАЕРН не се откажува од доведување на Хари Кејн. Откако лондонскиот клуб одби ...

Усман Дембеле се уште е член на Барселона бидејќи ПСЖ до полноќ не успеа да ја активира откупната клаузула. Сега работите се менуваат, но шпанските медиуми велат дека токму неговиот агент Муса Сисоко на крајот саботирал од добро позната причина. Сега ситуацијата драстично се менува во корист на Барселона бидејќи од полноќ откупната клаузула на Дембеле е двојно повисока, а ПСЖ може да го доведе за 100 милиони евра, што секако не беше план на овој ...

Македонското Министерство за транспорт и врски, според најавите, кон крајот на август или почетокот на септември треба да потпише меморандум за соработка со српското Министерство за транспорт, со цел нашата држава да се вклучи во проектот за изградба на брзата пруга од Будимпешта, преку Белград и Ниш, до Скопје. Текстот на меморандумот е веќе поминат и одобрен од македонската Влада. Планот е Македонија да се поврзе на пругата од линијата од ...

Московската кула во кој се сместени седум владини министерства беше нападната со дрон во раните утрински часови во вторникот, што е втор напад во последните две ноќи. Зградата IQ е местото каде што се наоѓа руското Министерство за економија и комуникации. Надзорните снимки од внатрешноста на кулата во центарот на градот, неколку километри западно од Кремљ, објавени на интернет, се чини дека ја покажуваат експлозијата непосредно пред 1 часот по ...

На социјалните мрежи во изминатите денови се споделуваше објава во која се бараше 28-годишната Драгана. Драгана исчезна на 29 јули, но денеска се вратила во својот дом, како што објави Министерството за внатрешни работи (МВР). – Денеска (01.08.2023) во 10.00 часот во Полициската станица Гази Баба, В.Ш.(71) од Скопје пријавил дека околу 09.00 часот во домот се вратила неговата ќерка Д.Ј.(28) од с.Булачани, за која на 29.07.2023 било пријавено ...

Светиот Пророк Илија живеел 900 години пред Исус Христос, роден е во 816. година пред новата ера, зборел со Господ Исус Христос, што е забележано и во Светото Писмо, сведочел за Св. Троица и за постоењето на вечниот живот. На втори Август Божјата Црква го прославува чесното и светото име на Божјиот пророк, чудотворец, боговидец и небоземниот граѓанин, силниот ревнител и сведок на Св. Троица и славата Божја, славниот Свети Илија. „ Ангел во ...

КАРИМ БЕНЗЕМА (35) брилијантно го реши вториот натпревар за саудискиот Ал Итихад. Откако постигна гол и асистенција во првата победа над туниски Есперанс (2:1) во Купот на арапските шампиони, во истото натпреварување постигна многу убав гол за победа од 1:0 против исто така тунискиот клуб Сфаксиен. Во првото полувреме мируваа мрежите, по што Бензема во 63. минута погоди за нова радост на Ал Итихад, кој го оствари вториот триумф во Арапскиот куп. ...

Извршниот директор на Баерн (Минхен) Јан-Кристијан Дрисен и техничкиот директор Марко Непе утрово отпатуваа за Лондон за да одржат личен состанок со претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, за иднината на Хари Кејн . Тој разговор првично требаше да се одржи во петок, но во последен момент средбата беше одложена за денеска на инсистирање на влијателната фигура на Тотенхем. Се очекува Баерн да ја подигне понудата за 30-годишниот напаѓач. ...

Условените оставки на министрите од ДУИ денеска формално ќе бидат доставени до премиерот на владина седница потпишани поединечно од секој од петмината министри, најави вчера шефот на дипломатијата и потпретседател на ДУИ Бујар Османи. Оставките, како што образложеи, по автоматизам ќе се активираат веднаш штом бидат усвоени уставните измени, без нови одлуки од партијата, како што е наведено во писмото од партискиот лидер. Ова се ретки времиња во ...

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиенa информација од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека денеска поради менување затворач на водоводна мрежа во објектот на АД „Просветно Дело“, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Кирил и Методиј. (Општина Центар). поради отстранување дефект на водоводната мрежа на ул. ...

Поранешен австралиски воспитувач (45) е обвинет дека сексуално злоставувал 91 дете, го снимал злоставувањето и снимките ги објавувал на интернет. Полицијата вели дека мажот 15 години ловел млади девојки во десетина центри за згрижување во Австралија и во странство. Тој бил уапсен во август 2022 година, но на полицијата и требаше една година да ги истражи и идентификува жртвите, јави Би-би-си. Властите во Австралија велат дека тоа е еден од ...

Овен Денес ќе се обидете да ги префрлите на некој друг административните работи што треба да ги завршите вие. Но, најверојатно, на крајот, сепак ќе мора да се потрудите самите. Имате вишок енергија, нема да ве држи место, па попладнето возете велосипед, одете на вежбање, пливање или изберете некоја активност што ќе ве измори. Ако сте во врска, не му ветувајте на партнерот работи што нема да ги исполните. Бик Ако имате несогласување со некој ...

Скопје

12ᴼ/12ᴼ
2.57
76%
1021

Белград

18ᴼ/16ᴼ
5.14
49%
1020

Софија

13ᴼ/10ᴼ
3.09
70%
1026

Сараево

13ᴼ/13ᴼ
3.18
66%
1024

Љубљана

14ᴼ/9ᴼ
0.51
81%
1010

Атина

19ᴼ/16ᴼ
3.09
61%
1019

Тирана

13ᴼ/13ᴼ
1.54
82%
1018

Подгорица

17ᴼ/11ᴼ
0.51
59%
1019
Currency

61.5162

Currency

57.5106

Currency

72.679

Currency

37.5774

Currency

42.0353

Currency

63.614

Currency

8.10285

Currency

0.62399

Currency

0.3632

Currency

0.52538

Currency

1.76912

Currency

0.68955

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

546 $

Никел

616639 $

Рутениум

24115 $

Калај

33 $

Сребро

874 $

Злато

75176 $

Бакар

9 $

Паладиум

30692 $

Платина

29370 $

Родиум

151607 $

Цинк

91511 $