Пратеничката од редовите на ДУИ, Арта Биљали Зендели во вечерашното гостување во „Само вистина“ на Канал 5 ТВ изјави дека се надева oти барем 80 или 90% од пратеничката група на опозицијата ќе гласа за уставните измени. „Јас пак мислам дека ќе има разум, рацио и дека опозициските пратеници ќе гласаат за уставните измени. Искрено се надевам дека овој пат, тоа нема да бидат 6, 7, 8 пратеници, туку целата пратеничка група или барем 80, 90%. Инаку, ...

Секое лето се случува сапуница околу Килијан Мбапе, овојпат ПСЖ сака да го продаде поради тоа што фудбалерот не потпишува нов договор, но тој сака да го испочитува договорот до крај па да замине како слободен играч во Реал Мадрид. ПСЖ го издигна Мбапе да биде поголем од клубот, откако лани претседатели на две држави го молеа да остане, а сега Ал Келаифи вели дека никој не е поголем од клубот. ПСЖ реши да го отстрани Мбапе од првиот тим, тој ...

Тој фатален скопски ден, далечната 1963 покажа дека Скопје е кревок град. Оттогаш, со секој изминат ден Скопје се сеќава на трагедијата која го зафати нашиот град, но и на силниот светски наплив на солидарност кој го издигна Скопје во бастион на хуманизмот и обновата. По тој повод, на 26-ти јули (среда), во 21 часот, Младинскиот културен центар како институција која е дел од проектот за издигнување на пост-земјотресно Скопје, со пригодна ...

Во шумските пожари кои беснеат низ Алжир загинаа 25 лица, од кои 10 војници се обидуваа да ги стават под контрола пламените јазици поради силните ветрови и високите летни температури, соопшти Министерството за внатрешни работи, додавајќи дека најмалку 1.500 луѓе се евакуирани. МВР соопшти дека загинале 24 лица, а многу повеќе се повредени. Покрај тоа, Министерството за одбрана подоцна објави дека 10 војници загинале, а 25 се повредени при ...

Утревечер на Античкиот театар уникатно и совршено сценско доживување ќе приреди светски познатиот холивудски глумец, режисер и продуцент Џон Малкович со „Пеколна комедија: Исповед на серискиот убиец“. Уметник кој со својата големина ја збогатува фестивалската историја на „Охридско лето“ и за првпат настапува во Македонија. Поврзувајќи ги класичната музика и глумата во еден голем сценско-музички проект, славниот актер утре ќе настапи во придружба ...

Нуркачките клубови „Норкач“ и „Скаут“ од Струга во сабота организираат подводно чистење на Охридското Езеро кај селото Радожда. Според информацијата на клубовите, предвидено е чистење на брегот на Охридското Езеро во вода и на копно во должина на Радожда. – Во вода ќе влезат искусни нуркачи, придружувани од кајчиња на кои ќе се собере целото ѓубре што ќе се извади од езерото. Акцијата е поддржана од јавното претпријатие „Комунално“, кое со свои ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара итна реакција за експлицитните закани упатени кон новинарката на Алсат М, Рита Бехадини на нејзината објава во врска со јавниот став од страна на оџата од Сарај на социјалната мрежа Фејсбук. Колешката Бехадини денеска се обрати до ЗНМ со пријава дека во последните денови е мета на закани од лица со профили на социјалната мрежа Фејсбук, но посебно се одвојува една која содржи експлицитна закана. ...

Српските медиуми уште вчера пренесоа дека Никола Јокиќ дал негативен одговор на повикот за мундијалот и нема да игра на претстојното Светско првенство, што донесе големо разочарување кај низа кошаркарски фанови кај нашиот северен сосед. МВП играчот во големото финале и новиот НБА шампион требаше да ја предводи својата селекција на турнирот на кој драстично ќе биде ослабен и тимот на САД, но денеска пристигна и официјална потврда дека тој нема да ...

Непозната девојка отпатува до езерото Тахо во Америка, каде наишла на проблем кој не го очекувала. Имено, нејзиниот автомобил бил паркиран кога мечката влегла во него и некако успеала да се заклучи, а потоа почнача да се нервира кога сфатила дека не може да излезе, па почнала да уништува се околу себе. Сето тоа е снимено и видеото е објавено на социјалните мрежи. На видеото се гледаат збунети и исплашени луѓе како ја гледаат подеднакво збунетата ...

Колони возила и автобуси – ваква е сликата утрово на граничниот премин „Богородица“. Се бележи зголемена фреквенција на автомобили, а времето на чекање е околу 40 минути до 1 час. Камерите кои се поставени на другите гранични премини покажуваат дека утрово нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на ...

Предлог измена и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија односно Амандманот XII што се однесува на Комитетот за односи меѓу заедниците е НЕУСТАВНО. Впрочем со новиот предлог бројот на членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците наместо досегашните 19 члена, бројот да се зголеми на 43 при што по 16 члена од редот на пратениците во Собранието Македонци и Албанци, а по еден член ќе имаат сите други заедници. Со овој предлог не ...

Овен Денес ги видите колегите во ново светло и тоа ќе ви помогне појасно да ги согледате проблемите на работа. Како да не си давате време за релаксација. Забавете го темпото на живот и почнете да мислите повеќе на себе, а помалку на другите. Овните во врска се во хармонична фаза со партнерот. Затоа денес испланирајте романтична вечер заедно. Бик Промените што се случуваат денес на работа ќе ви отвораат врати. Но, работите што ќе ги слушнете ...

Саудискиот клуб Ал Хилал достави понуда од 300 милиони евра за Килијан Мбапе, што претставува нов светски рекорд во фудбалот. Пари Сен-Жермен ја потврди понудата и му дозволи на Ал Хилал да почне директни преговори со 24-годишниот Мбапе, кој најмногу се поврзуваше со Реал Мадрид. Капитенот на француската репрезентација, со која беше светски првак во 2018, има уште една година од договорот со ПСЖ и потврди дека нема да го продолжи. ПСЖ сака да ...

Собраниската Комисија за уставни прашања со десет гласови „за“ и седуммина против го проследија на натамошно разгледување предлогот за уставни измени. На денешната седница на Комисија предлогот го образложи премиерот Димитар Ковачевски, а зборуваа и своите ставови ги изнесоа претставнции на сите пратенички групи. Против уставните измени се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Собраниската седница за утврдување на потребата од уставни измени е закажана на ...

Бугарската пропаганда во Македонија не запира. По присвојувањето на Илинденското востание и Свети Кирил и Методиј, сега на ред дојде и спортот. Бугарската фондација на контроверзниот Виктор Стојанов најави дека ќе регистрираат бугарски фудбалски клуб наречен ФК Вардар – бугарски, како македонскиот најтрофеен и најпознат клуб. Тие веќе се пофалија со логото на клубот кое е исто како на Вардар но со бугарското знаме. Уште бараат и финансиски ...

Почна седницата за уставни прашања со која претседава собранискиот спикер Талат Џафери, а присутен е и премиерот Димитар Ковачевски. Џафери го предложи дневниот ред со единствена точка на дневен ред: Иницијатива за измена на Уставот. Десет пратеници на владеачкото мнозинство гласаа ЗА дневниот ред, а сите седум пратеници на опозиционата коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ (Никола Мицевски, Александар Николоски, Владо Мисајловски, Проф. Гордана ...

Израелскиот парламент денес го ратификуваше првиот предлог-закон за реформирање на судството што го бараше премиерот Бенјамин Нетанјаху, откако компромисните напори пропаднаа и не успеаја да ја ублажат уставната криза со месеци. Противниците на судските реформи на израелската влада синоќа со часови демонстрираа во Тел Авив и Ерусалим, блокирајќи ги патиштата и најавија дека ќе ги интензивираат протестите по усвојувањето на првиот закон во ...

Државниот инспекторат за труд по поднесената претставка од вработените во ЈП „Комунална хигиена“ Скопје на кои им беа дадени откази, донесе Инспекциска мерка со која Менаџментот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје треба да донесе писмен акт со кој ќе ги поништи одлуките за отказ поради тоа што истите се спротивни на закон и колективен договор, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Соработката помеѓу ССМ и ДИТ воспоставена на највисоко ...

Има денови за историја! Ова е еден од нив! ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи газење на македонскиот национален идентитет, негирање на македонската историја и култура. Денес во Собрание ќе гласаме ПРОТИВ уставни измени! НЕ за уцени и негирања! Кај оваа генерација на ВМРО-ДПМНЕ УЦЕНИ НЕ ПОМИНУВААТ! Да ја вратиме гордоста кај народот, ПОПУШТАЊА НЕМА! Македонци гордо и со крената глава! – напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски. ...

„Денес имав привилегија да ги запознаам штипските таленти, 14-годишниот Драган Костадинов на хармоника и 10-годишната Лина Костадинова, кои дојдоа во придружба на бисерното грло од Сребреник, БиХ, 11-годишниот Ајдин Османовиќ. На големо задоволство на македонската и штипската јавност, на 26 јули, во Домот на културата, со почеток од 20.00 часот, овие музички уметници со изведба на македонски изворни песни и босански севдалинки, уште еднаш ќе ...

Новиот дизајн на логото за Твитер, бела буква „Икс“ (Х), доаѓа откако сопственикот на Твитер, Илон Маск, изјави дека сака да се „ослободи“ од логото на сината птица. Интернет-адресата на социјалната мрежа сè уште е twitter.com, но наскоро треба да се смени во x.com. Објавите на социјалната мрежа, пак, наместо „твитови“ сега ќе се нарекуваат „иксови“ Препознатливата сина птица, која од 2006 година беше заштитен знак на Твитер, заминува во ...

Со најзвучното засилување ова лето, Англичанецот Џуд Белингам во стартните 11, „кралскиот тим“ лошо го отвори дуелот и си заработи негатива од 0-2 по првото полувреме. Фикајо Томори погоди за 1-0, а аргентинскиот тинејџер Лука Ромеро, кој дојде од Лацио минатиот месец зголеми на 2-0. Сепак, во вториот дел Реал направи пресврт, прво со два гола на Валверде во 57. и 59. минута, а потоа во 84., Модриќ направи една генијална асистенција и му ...

Поранешната англиска голманска ѕвезда, Шака Хислоп кој сега работи како фудбалски критичар за „ЕСПН“, имаше непријатен момент за времем на мечот меѓу Реал Мадрид и Милан откако падна во безсознание среде емисија. Сѐ одеше добро додека Хислоп не почна да се клати. Томас му поставуваше прашање, кога овој очигледно почна да губи рамнотежа и се заниша прво нанапред, па назад и потоа се струполи пред својот колега и пред очите на јавноста. Се ...

Дванаесет норвешки министерства беа погодени од сајбер напад, соопшти норвешката влада. Тоа е последен во серијата напади врз јавниот сектор на најголемиот европски снабдувач со гас и најсеверната членка на НАТО. „Идентификувавме слабости во платформата на еден од нашите добавувачи. Тоа сега е решено“, рече Ерик Хоуп, шеф на владината агенција за услуги во министерството. Нападот бил откриен на 12 јули поради „невообичаена активност“ на една од ...

Претседателот на Собранието Талат Џафери, кој по функција е претседател собраниската Комисија за уставни прашања денеска ќе ја отвори седницата за уставни прашања, а по усвојувањето на дневниот ред Предлогот треба да биде образложен од страна на предлагачот, по што се очекува да се отвори дебата од страна на пратениците. Пратеничките групи најавуваат дека ќе го искажат својот став во однос на промената на Уставот односно Преамбулата, ...

Вкупно 90.000 килограми домашни кајсии се дистрибуирани до градинките низ земјава во рамки на кампањата „Здрав оброк за секое дете“ што почна минатата недела. Од денеска, кампањата продолжува со испорака на 175.500 килограми домашни праски. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска, заедно со директорот на Платежната агенција Никица Бачовски, ја посети градинката „Орце Николов“ во општина Карпош. Николовски ...

Единаесет лица загинаа откако се урна покривот на училишната гимназија во североисточна Кина, додека внатре бил одбојкарски тим за девојки, јавуваат државните медиуми. Многу од жртвите се деца, велат очевидци за локалните медиуми, иако тоа допрва треба да биде официјално потврдено. Вознемирените родители се насобраа во блиската болница барајќи новости, пренесе Би-Би-Си. Преживеале само осум од 19-те луѓе кои биле во салата во индустриската ...

Искршено и демолирано е возилото на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Понеделничкото утро на мене и мојата фамилија ни започна вака, го најдов моето возило искршено и демолирано. Очигледно се во паника и исплашени, па тргнаа да не заплашуваат и нас зошто знаат дека ќе има одговорност за сите криминали, пишува Митева на Фејсбук и додава: Ако некој мисли дека пораката е примена, можам само да ви порачам дека ваквите методи кои се одлика ...

Малите изгореници од сонце се карактеризираат со црвено и болно затегнување на кожата кое се појавува неколку часа по изложувањето на сонце. Во текот на следните 24 часа болката и црвенилото се поизразени, а по неколку дена кожата може да почне да се лупи. Во продолжение прочитајте кои домашни лекови можат да ви помогнат да се справите со изгорениците од сонце! Витамин Ц Овој витамин полн со антиоксиданси ги смирува изгорениците предизвикани од ...

Аудито на Груби купено од Еуроком Лајтинг која од градежна фирма презема хотел на Шапка по цена од гарсоњера, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека според податоците кои излегоа во медиумите Еуромкм Лајтинг е фирма која за само 55.000 евра купи хотел на Попова Шапка од една градежна компанија, која потоа добива милионски тендер од власта. Медиумите пишуваа дека Еуриком Лајтинг го добила хотелот како предуслов градежната фирма да го добие тендерот. ...

Скопје

14ᴼ/14ᴼ
1.03
72%
1020

Белград

19ᴼ/18ᴼ
7.72
48%
1020

Софија

14ᴼ/12ᴼ
2.57
61%
1027

Сараево

14ᴼ/14ᴼ
2.98
63%
1024

Љубљана

14ᴼ/10ᴼ
2.06
76%
1020

Атина

19ᴼ/16ᴼ
5.14
58%
1018

Тирана

14ᴼ/14ᴼ
1.54
77%
1018

Подгорица

19ᴼ/13ᴼ
1.54
56%
1018
Currency

61.5162

Currency

57.5106

Currency

72.679

Currency

37.5774

Currency

42.0353

Currency

63.614

Currency

8.10285

Currency

0.62399

Currency

0.3632

Currency

0.52538

Currency

1.76912

Currency

0.68955

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

546 $

Никел

616639 $

Рутениум

24115 $

Калај

33 $

Сребро

874 $

Злато

75176 $

Бакар

9 $

Паладиум

30692 $

Платина

29370 $

Родиум

151607 $

Цинк

91511 $