
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Агенцијата за заштита на личните податоци, следејќи ја примената на Законот за заштита на личните податоци (ЗЗЛП), согледувајќи ја потребата од појаснување на прашањата поврзани со офицерот за заштита на личните податоци (ОЗЛП), известува за следното: Кога треба да определиме ОЗЛП? Согласно ЗЗЛП, контролорот и обработувачот мора да определат ОЗЛП кога: – обработката на лични податоци се врши од страна на органите на државната власт, – основните ...
Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во рамките на својата работна посета на Стразбур, оствари средба со првите луѓе на Венецијанската комисија. На состанокот со секретарката на Комисијата, Симона Граната-Менгини, беше повторено дека мислењата кои ги дава Венецијанската комисија се од исклучително значење за земјата со цел подобрување на текстот на законите. По средбата, во изјава за МИА, Маричиќ кажа дека неколку нови закони ќе бидат испратени ...
Министерството за информатичко општество и администрација подготвува измени и дополнувања на Законот за општата управна постапка со цел допрецизирање на определени одредби и усогласување со процесите на дигитализација. „Анализата на примената на ЗОУП утврди определени практични проблеми. Сè уште не е воспоставена уедначена управна пракса на ниво на јавните органи, па голем дел од нив од објективни причини не можат целосно да се придржуваат кон ...
фото: МЖСПП, студија за Матка Министерството за животна средина и просторно планирање подготвува Закон за прогласување на Кањонот Матка за споменик на природата. Просторот на локалитетот Кањон Матка, образложуваат од Министерството, се прогласува за споменик на природата заради заштита на неговите природни вредности кои се од посебно значење за заштита на природата. „Со прогласување на Споменик на природата Кањон Матка за заштитено подрачје се ...
Група пратеници поднесоа измени на Законот за облигационите односи. Со Предлогот на законот, се вели во законското образложение, се очекува подигање на степенот на одговорност на учесниците во прометот и се остварува посакуваната рамноправност на учесниците во правниот промет. Предлог-законот значително ќе ги подобри условите за водење бизнис на најголемиот број на учесници во правниот промет, а тоа се малите и средните претпријатија, и ќе ...
„Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во модуларниот КОВИД центар во болницата во Тетово и во знак на сочувство со нивните семејства, Владата на Република Северна Македонија на денешната вонредна седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава. За денови на жалост се прогласени денес, утре и задутре (четврток, петок и сабота), а за време на деновите на жалост знамето ...
„За вршење непосреден увид на местото на трагичниот настан во модуларната болница во Тетово, покрај тројца обвинители од Основното јавно обвинителство во Тетово, синоќа излегоа и двајца обвинители од Основното јавно обвинителство од Скопје. На местото на настанот беше и јавниот обвинител на Република Северна Македонија кој присуствуваше и на работата на Кризниот штаб. Во соработка со припадници на МВР, веднаш е започнат увидот. Обвинителите ...
Измените на Законот за адвокатурата се во собраниска процедура со европско знаменце. Адвокатурата, се нагласува во законското образложение, е уставно загарантирана категорија и има важна улога во секое демократско општество, но и централна улога во правосудниот систем. Таа е дефинирана во членот 58 од Уставот на Република Северна Македонија како самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во ...
„Нема да се казни тој што поседува наркотични дроги и психотропни супстанции за лична употреба“, е новата законска одредба предложена во измените на Кривичниот законик, а во врска со кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Законските новини во Кривичниот законик поднесени во собраниска процедура „Одредбите од Кривичниот законик, а кои се однесуваат на членот 215 ...
Измените на Кривичниот законик, чиј предлагач е Владата, се во собраниска процедура со европско знаменце. Главна цел на донесувањето на овој закон е во него да се вградат релевантните меѓународни документи и да се отстранат лоцираните слабости кои произлегоа од практичарите во текот на неговата примена. Законското образложение на законските измени Со Предлог – законот се врши изменување и дополнување на одредбите на Кривичниот законик во четири ...
„Владата ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на Република Северна Македонија на граничните премини ќе мора да приложат: – Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19; или – ...
Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец септември 2021 година, заедно со табеларниот преглед. На 1 септември стапуваат во примена одредби од Законот за основното образование во врска со задолжителните офталмолошки прегледи. На 15 септември стапуваат во примена одредби од Законот за субвенциониран студентски оброк. Со овој закон се уредува правото на студентите за ...
Денес во просториите на Министерството за правда се одржа настан на кој беше презентирана првата функционална анализа на Министерството. Со неа и со функционалните анализи на 27-те основни судови, чија подготовка е во тек, ќе се заокружи процесот на подготовка на функционални анализа за сите правосудни институции во државата. „Како Министерство за правда сметавме дека е повеќе од нужно да имаме ваква анализа, која ќе биде темел за сите идни ...
Протокол за постапување на основните училишта во Република Северна Македонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/2022 година. Протоколот е донесен од Владата и е официјално објавен. Напомена: Овој протокол важи и за државните основни училишта (училишта со ресурсен центар, државното музичко и балетско училиште), со дополнителните мерки за заштита од КОВИД-19 согласно спецификте на ...
„Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, денеска во Владата на Република Северна Македонија одржа средба со директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, со претставник од Канцеларијата на Народниот правобранител и со претставници на граѓански организации на лица со различни видови попреченост. На состанокот, кој го водеше советникот на Претседателот на Владата ...
Народната банка и Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) склучија нов меморандум, кој ќе придонесе за зајакнување и продлабочување на соработката помеѓу двете институции на повеќе нивоа, а со тоа и кон натамошно јакнење на финансиската стабилност. Меморандумот за соработка беше потпишан од страна на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на Советот на експерти на АСО, Крсте Шајноски. Унапредувањето на ...
„На состанокот кој се одржа во Министерството за правда е појаснет начинот за имплементација на Законот за заштита на личните податоци и е појаснето дека првите шест месеци од имплементацијата на новиот Законот за заштита на личните податоци ќе бидат искористени за едукација и корективни мерки. На средбата на министерот за правда Бојан Маричиќ со засегнатите страни, односно претставниците на Стопанската комора на Северна Македонија, ...
Офицерот за заштита на личните податоци, како што дефинира Законот, е овластено лице за заштита на личните податоци. Контролорот и обработувачот, се пропишува во Законот за заштита на личните податоци, се должни да определат овластено лице за заштита на личните податоци (офицер за заштита на личните податоци) во секој случај кога: (а) обработката се врши од страна на орган на државна власт, освен за судовите кога постапуваат во рамките на ...
„Агенцијата за заштите на личните податоци објави насоки за изработка на неопходната документација за технички и организациски мерки при обработката на личните податоци. Напоменуваме дека ова се генерални насоки, а дополнително во соработката со Агенцијата ќе се утврди постапувањето за самостојните адвокати“, велат од Комората. Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП), следејќи ја активно примената на Законот за заштита на личните ...
„Владата на Република Северна Македонија донесе измени и дополнувања на мерките за спречување на ширењето на КОВИД-19 според кои се дозволува организирање и одржување на спортски натпревари со присуство на публика, настани од културата, работа на ресторани, кафетерии, кладилници, обложувалници, концерти, семинари, работилници и други настани на затворено со 30% од капацитетот на просторот, а на отворено до 50% од капацитетот, со почитување на ...
„Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП), следејќи ја активно примената на Законот за заштита на личните податоци, а по извршената анализа на преземените активности од страна на контролорите и обработувачите во врска со нивното усогласување во работењето со одредбите на Законот во рамки на утврдениот 18 месечен период (24 февруари 2020 – 24 август 2021 година), како и согледувањето на предизвиците со кои најчесто се соочуваат, со цел ...
Алијансата „Разбистри сè“ информира дека ги доставила забелешките во врска со измените на Законот за водите до Министерство за животна средина. „Во интерес на запознавање на граѓаните со проблематичните делови од законот и на транспарентноста на целиот процес, нашите забелешки ќе ги објавуваме и јавно. Пристапот до информации и учеството на јавноста мора да бидат осигурени во Законот за водите, со повикување на одредбите од Архуската конвенција ...
„Централната банка успешно ја одржува довербата во банкарскиот сектор, што се докажува и преку постојаниот раст на депозитите во 2020 и 2021 година“, се истакнува во извештајот на кредитната рејтинг–агенција „Стандард и Пурс“. Денарот е стабилен, а монетарната политика оди во прилог на економското закрепнување. Девизните резерви се зголемени. Банкарскиот систем во земјава е стабилен, висококапитализиран и профитабилен, а финансиските услови ...
Од денеска Законoт за заштита на личните податоци започнува целосно да применува. Со Законот за заштита на личните податоци се уредуваат заштитата на личните податоци и правото на приватност во врска со обработката на личните податоци, а особено начелата поврзани со обработката на личните податоци, правата на субјектот на личните податоци, положбата на контролорот и обработувачот, преносот на личните податоци во други држави, основањето, ...
„Здружението на оштетени физички и правни лица „Правда за штедачи”, по завршување на „судската ферија”, потсетува дека треба да продолжи стечајната постапка за Еуростандард банка. И дека Одлуката на Уставниот суд од 25 мај 2021 година, со која е укинат член 163 став 3 од Законот за банки, треба да биде имплементирана од страна, пред се на Основниот граѓански суд Скопје, потоа и од сите други органи кои ја водат стечајната постапка. ...
Народниот правобранител, заедно со членовите од независниот механизам за мониторинг на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, до Државниот завод за статистика достави Препорака со која бара да се направи корекција, промена, односно подобрување на содржината на прашалниците кои ќе се користат при реализирање на пописот, а кои ќе се однесуваат на лицата со попреченост со цел да се даде реална слика за нив. Исто така, побара во иднина ...
„Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, изнесува 107.0. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (25.1 %), Уметност, забава и рекреација (20.5 %) и Информации и комуникации (14.1 %). ...
Македонско здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на проектот “Зајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници во Македонија” поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје објавува јавен повик за учество во Програма за практикантска работа на млади правници. Програмата има за цел континуирана едукација на младите правници и зајакнување на нивните капацитети. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО: Од практикантите ...
Постапувајќи по службена должност, а по допрен глас, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди директна продолжена дискриминација врз основа на попреченост во учество во јавен и политички живот од страна на ДИК врз лицата со физичка попреченост. „Дискриминацијата настанува поради непристапноста за лица со физичка попреченост до Подрачната канцеларија на ДИК во Општина Карпош. Оваа канцеларија е местото каде што лицата кои ...
Во првите шест месеци од годинава врз основа на претставки примени од незадоволни осигуреници АСО на три осигурителни друштва им изрече четири мерки, од кои две се парични глоби. Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), заклучно со 30 јуни годинава, доби 82 претставки од осигуреници кои биле незадоволни од работата на осигурителните компании. Во споредба со истиот период лани, годинава бројот на поднесени претставки е двојно зголемен. Од ...