Невладините организации и здруженија утре повторно ќе излезат на протест откако не добија одговор на нивните барања за спроведување на мерките за намалување на аерозагадувањето. Протестниот марш за чист воздух започнува во 12:30 часот од Министерство за животна средина и просторно планирање, продолжува преку Собранието, Владата и ќе заврши пред зградата на Град Скопје. -Протестираме повторно откако надлежните институции не најдоа за сходно да ...

Управата за финансиска полиција вчера поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против неколку лица и правни субјекти за злоупотреба на службена положба и овластување, како и за злоупотреба на постапката за јавни набавки во врска со случајот „Државна лотарија“. Според пријавата, буџетот бил оштетен за над 22 милиони денари. Ова е втора кривична пријава за криминали во „Државна лотарија“, а прва во која се споменува името Артан Ајрули. Неговото име ...

Според ФСБ, Спектор собирал и пренесувал доверливи биотехнолошки и биомедицински информации, вклучително и државни тајни, на странски субјекти поврзани со Пентагон. Целта била да се создаде систем за генетски скрининг за руските граѓани. Спектор покрај затворската казна треба да плати и парична казна во висина од 14 милиони рубљи (134.000 евра). Судењето се одвиваше зад затворени врати и не се познати детали од обвинението. Спектор, Американец ...

Формализирањето на европеизацијата не носи ништо. Ако беа уставните измени гарант за европеизација, ние сега ќе претседававме со ЕУ. 36 амандмани за 30 години. Крајно време е да ги мериме потезите. Не мислам дека можеме, доколку посегнеме по реформи, многу ќе изгубиме. Навредливо е за пратениците да им наредите да го менуваат Уставот – од големо убедување ќе го сторат? Ако 80% од граѓаните имаат проблем со ваквиот начин на отворање на ...

Коалицијата ВЛЕН излезе со соопштение по вчерашните изјави и од нивна страна најавениот рок од шест месеци за уставни измени како чекор кон продолжување на патот кон ЕУ. -Новата влада, во која коалицијата ВЛЕН е одговорен и активен партнер, е длабоко посветена на европската агенда. Активно работи на достоинствено исполнување на условите кои ќе го динамизираат процесот кон полноправно членство во Европската Унија. Ние, министрите на ВЛЕН, секогаш ...

Снимено е бегството на екс-вицепремиерот Артан Груби. Камерите на граничниот премин „Блаце“ со Косово работеле 24 часа. Министерот за внатрешни Панче Тошковски вчера откри нови детали за тоа како поранешниот прв вицепремиер ја напуштил Македонија. Заминал во раните утрински часови откако некој во МВР му дојавил дека се води полициска акција против него, кон границата се упатува со дипломатско возило. Полицискиот службеник го пропушта Груби кој ...

Близнаците ја сакаат возбудата на новиот почеток: пеперутки во стомакот, долги разговори и откривање на интересните квалитети на партнерот. Но, штом возбудата стивне и врската стане рутина, близнаците губат интерес. Малите работи кои другите би ги игнорирале, како склоноста на нивниот партнер да ја гледа истата серија одново и одново, стануваат неподносливи за нив. Овие поединци секогаш бараат нешто ново и возбудливо. Доколку врската не им нуди ...

Финските власти задржаа брод поврзан со Русија, кој моментално се наоѓа во фински територијални води, додека се истражува дали тој го оштетил електричниот кабел за пренос на струја во Балтичкото Море, како и неколку подморски кабли за пренос на податоци, соопшти денеска финската полиција. Финската полиција и граничната служба утринава се качија на бродот „Eagle S“ и ја презедоа контролата врз него, изјави на прес-конференција началникот на ...

Иранските Хути од Јемен презедоа одговорност за ноќниот балистички ракетен напад врз Израел, тврдејќи дека цел бил аеродромот „Бен Гурион“. Хутите тврдат дека „ракетата успеала да ја достигне целта и покрај одбраната на непријателот, а операцијата резултирала со жртви и прекин на навигацијата на аеродромот“. Меѓутоа, израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека ракетата била успешно пресретната од воздушната одбрана и нема извештаи за ...

Тој за телевизија Пинк изјави дека нападите врз Србија од Сараево и Загреб се координирани, дека притисокот расте, и според него - се е координирано од еден центар. „Јавните личности од целиот регион ги поддржуваат оние кои се против Вучиќ. Можно ли е да нема ниту еден фудбалер, кошаркар, актер што на пример го поддржува Вучиќ? Не, одеднаш во истиот момент сите северини и сите спортисти се против Вучиќ. Тоа не е случајно. Тоа се прави од еден ...

До денеска на полноќ кога почнува дводневниот изборен молк, останува кандидатите за претседател на Хрватска да ги убедат гласачите дека еден од нив е најдобриот избор за следниот петгодишен мандат. Дводневниот изборен молк пред изборите в недела на 29 декември ќе трае цела сабота и недела до 19 часот или до затворање на избирачките места, од кои 6.755 ќе бидат отворени во Хрватска и во странство. Осум кандидати учествуваат на осмите ...

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа инфомираше дека досега се затворени пет приватни научни институти додека кај 15 се утврдени неправилности. „Дел од институтите се затворени заради неактивност, а дел бидејќи не ги исполнуваа законските услови за работа. Онаму каде констатиравме неправилности, даден е рок истите да ги отстранат за три месеци. Но, мислам дека бројот на затворени ...

Скопје сепак ќе има настан за време на новогодишната ноќ. Иако ништо не се случува во главниот град, додека во цела Европа веќе одамна во главните градови има новогодипни базари, од Град Скопје конечно се огласија што ќе се случува. Град Скопје ја објави програмата за прославата на најлудата ноќ на плоштадот „Македонија“. За дочек на Новата 2025 година ќе настапат домашните изведувачи „Sarah Mace & The Girlzz”, „Љубојна“, „Ареа“ и „Нокаут“. ...

Реал Мадрид ќе го промени името на својот легендарен стадион Сантијаго Бернабеу. Од сега натаму, објектот ќе го носи името само „Бернабеу“, нормално, и натаму по легендарниот играч, а потоа и претседател на клубот. Причините за промената се комерцијални и маркетиншки, прецизира шпанските медиуми, а процесот е веќе започнат. Интернет страницата на стадионот се вика „Бернабеу“, како и официјалниот профил на социјалните мрежи. Обиколката на ...

Се верува дека Штајнмаер речиси сигурно ќе го исполни барањето на канцеларот Олаф Шолц за распуштање на Бундестагот. Со распуштањето на Долниот дом, претседателот ќе одреди датум за избори. Тој датум се очекува да биде 23 февруари. За тој датум се договорија парламентарните лидери на социјалдемократите на Шолц и конзервативната Христијанско-демократска унија. Олаф Шолц го загуби гласањето за доверба во Бундестагот на 16 декември, откако минатиот ...

СДС и ДУИ се едно исто. И двете партии ги користат најчувствителните теми во општеството за ситни политички поени и за лично богатење на поединци. СДС долго време се криеше зад флоскулата „едно општество за сите“, за од друга страна да ги направи најголемите и најдлабоките поделби во македонското општество. Додека го делеше македонското општествено ткиво, лицата на чело на СДС, како Зоран Заев и Венко Филипче и нивните браќа, правеа милиони, ...

Умерено со алкохолот, редовна терапија за хроничните болни, воздржување од разни пиротехнички средства и оружје, препорачуваат здравствените работници, во изјава за МИА, пред новогодишните и божикните празници. Редовно земање на терапија кај хроничните болни, умерено користење на алкохолни пијалаци за да се избегнат несаканите последици – алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, велат од ЈЗУ Здравствен дом – Скопје. Посебно се апелира до ...

ОВЕН Другите можат да ви помогнат да ги остварите вашите планови. Само треба да престанете да се претставувате како да не ви треба никој на овој свет. Во емотивниот сегмент, оставете ги работите да тргнат по својот тек, се е во ред меѓу вас и вашата сакана. БИК Направивте добра деловна зделка и денес добивате задоволство од тоа преку пофалби од претпоставениот или материјалната добивка. Овој ден може да биде доста добар и во емотивниот сегмент, ...

Според објавата на социјалните мрежи, таа лабораторија е создадена за да ги зајакне експертите за кибер безбедност, обезбедувајќи интензивна обука за заштита на критичните инфраструктури и справување со глобалните технолошки предизвици. Шефот на Националната управа за кибер безбедност, Игли Тафа, рече дека главната цел на оваа лабораторија, во рамките на процесот на дигитализација на Албанија, е да привлече нови таленти. „Албанија конечно има ...

Бродовите и траектите останаа закотвени на пристаништата во Лаврио, Рафина и најголемото Пиреа во Атина, а единствено сообраќаат оние што пловат кон малите острови во близина на грчката метропола. Веќе неколку дена Грција е зафатена од невремето „Елена“ што донесе обилни врнежи од дожд во областа Атика, поширокиот регион на Атина и на островот Евија, како и снег на планините. За помалку од 24 часа, од средата вечерта до вчера попладне, ...

Звездата на Реал Мадрид, Дани Карвахал во моментов се поправува од тешката повреда со која се здоби на почетокот на октомври. Процесот е тежок и макотрпен, но искусниот играч веќе е што се вели на половина пат. „Веќе одам без патерици, вежбам во теретана, возам велосипед… Поставувам краткорочни цели и ги постигнувам. Можеби оваа повреда ќе ми помогне да ја продолжам кариерата за неколку години“, рече Карвахал. „По повредата добив многу пораки за ...

Иако огромното мнозинство жители на Гренлан се граѓани на ЕУ, дипломатската служба на ЕУ, позната како Европска служба за надворешни работи (ЕЕАС), даде само кратки одговори на прашањата на Политико. „Можам да ви понудам брз одговор: не коментираме коментари“, рече Ануар Ел Ануни, портпарол на ЕУ за надворешна политика и безбедност. Гренланд, автономна данска територија, не е во ЕУ, но е класифициран како „прекуморска територија поврзана со ЕУ“. ...

Јужнокорејската разузнавачка агенција денеска потврди дека Украина заробила ранет севернокорејски војник, откако се појавија информации дека украинска специјална единица го заробила војникот, пренесе агенцијата Јонхап. „Преку размена на информации во реално време со разузнавачка организација на пријателска држава, потврдивме заробување на ранет севернокорејски војник и планираме темелно да го следиме развојот на настаните“, се наведува во кусото ...

Во вторникот вечерта, владата соопшти дека 21 лице загинало во првите 24 часа од немирите во неколку големи градови во сиромашната јужноафриканска земја, откако во понеделникот беше потврдено дека владејачката партија Фрелимо победила на претседателските и на Националното собрание на изборите. Но, Платформа ОДЛУЧИ, реномирана невладина организација чии податоци редовно ги користат Амнести интернешенел и други меѓународни невладини организации, ...

„Што се однесува до конкретни билатерални настани, можам да кажам дека активно се изработуваат релевантните планови“, изјави Моргулов, пренесува БТА. - Она што не е тајна е дека претседателот на Народна Република Кина се очекува во Русија следната година, додаде тој. Рускиот претседател Владимир Путин последен пат го посети Пекинг во мај минатата година, каде што најави „нова ера“ во руско-кинеските односи, фокусирани на отпор кон американската ...

Тоа доцна синоќа го соопшти израелското Министерство за правда, во кое се наведува дека истрагата ќе се фокусира на наодите од неодамнешниот извештај на програмата „Увда“ за Сара Нетанјаху. Програмата откри низа пораки на ВотсАп во кои Сара Нетанјаху изгледа како да му наложува на поранешен помошник да организира протести против политичките противници и да го заплаши Хадас Клајн, клучниот сведок во судењето. Во соопштението не се споменува Сара ...

Портпаролот на генералниот секретар на ОН, синоќа ја осуди ескалацијата меѓу Израел и Јемен и рече дека израелските воздушни напади врз меѓународниот аеродром во Сана, пристаништата на брегот на Црвеното Море и јеменските електрани се причина за загриженост. Израел синоќа соопшти дека нападнал повеќе цели поврзани со бунтовниците хути поддржани од Иран во Јемен, вклучително и меѓународниот аеродром во Сана, а медиумите на хутите соопштија дека ...

Ливерпул во моментов е екипата за која што се зборува не само во Англија туку и во цела Европа. Едноставно „Редси“ играат фудбал каков што само може да се посака и тоа е се благодарение на менаџерот Арне Слот. Тој беше оној кој што имаше сила и капацитет да го преземе клубот по деценија раководење од страна на Јирген Клоп и тоа се покажа како фантастичен потег на клубот. Ливерпул не само што е лидер во Премиер лигата, лидер е и во ЛШ, а синоќа ...

Приказната на Хедер Ен Нејпс ќе ве натера „да си го ставите прстот на чело“ и повеќепати да се запрашате каков живот водите, особено со вашите деца. Хедер Ен Нејпс е дизајнер на ентериер и мајка на едно девојче, таа доживеала момент што ја натерал да го согледа сопствениот живот од сосема нова перспектива. Додека поминувала низ она што верувала дека се нејзини последни моменти од животот, Хедер пронашла нова смисла - да ги инспирира другите да ...

Кристијан Гвалди и Лука Перачини доживеале несреќа додека планинареле кога се лизнале и паднале во бездна, а се претпоставува дека еден од нив е повреден. Напорите на спасувачките екипи да стигнат до нив, како и претходните денови, се отежнати поради лошите временски услови и опасноста од лавина, а само хеликоптер можеше да се обиде да ги пронајде доколку се подобри времето, објави АНСА. Како што се наведува, најголемиот ризик со кој се ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
59%
1015
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
71%
1015
weather icon

Загреб

19ᴼ / 16ᴼ
1.03
59%
1015
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
63%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.9
68%
1014
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 15ᴼ
1.54
80%
1016
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
3.09
44%
1012
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
59%
1013
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
53%
1013
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 15ᴼ
4.12
72%
1015
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
2.57
59%
1015
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.66
82%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52