
Скопје
7ᴼ /
7ᴼ



Уште еден нов, трауматичен пораз за сите во Манчестер Јунајтед и тоа од Вулверхемптон со 2:0. Се чини дека еден од најголемите виновници беше капитенот Бруно Фернандеш кој во 47.минута на 0:0 доби црвен картон, односно втор жолт и го остави својот тим на цедило. Тренерот Рубен Аморим толку му беше гневен на својот капитен, инаку сонаридник па така одби да се ракува со Бруно кога овој излезе од теренот, само му го сврте грбот. Колкавава е ...
Маск бара да се смени името на оваа светски позната енциклопедија за да се реализира донацијата, објави Економик Тајмс. Маск рече дека ќе донира милијарда долари доколку Википедија го промени своето име во „Дикипедија“. Барањето предизвика низа реакции, од шеги до сериозни критики, при што многумина ги доведуваат во прашање намерите на Маск. Иако неговите коментари се често хумористични, понудата предизвика дебата за границите на влијанието на ...
Собранието вечерва ги донесе Законот за учебници во основно и средно образование, Законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование и Законот за образование на возрасните. Поддршка од пратениците добија и неколку зкаони од областа на културата: Законот за изменување на Законот за заштита на културното наследство, Законот за изменување на Законот за филмската дејност, Законот за изменување на Законот за издавачката дејност, ...
Жена по име Лузаида Кувас била штотуку породена, кога по 10 дена избувнал огромен пожар во нејзината семејна куќа. Почувствувала мирис на чад и видела оган, истрчала до лулката каде што спиела нејзината новородена ќерка Делимар. Таа не била таму, а прозорецот бил отворен. Пожарникарите влегле и ја извлекле мајката од огнот, додека таа на цел глас викала дека некој и ја киднапирал ќерката. Иако телото не било пронајдено, во декември 1997 година, ...
Доцна попладнево во Дубаи се одржа престижната манифестација на доделување на наградите на најдобрите во светот за 2024 “Глоуб Сокер“. Битката за најдобар фудбалер во светот ја доби Винисиус Жуниор, на кого ова му е уште една утеха по поразот за “Златната топка“ од Родри ако се знае дека Бразилецот во дресот на Реал беше прогласен за најдобар според ФИФА и пред неколку дена. Ова се само дел од главните награди: Ламине Јамал (најдобар млад ...
Во духот на новогодишните празници, ОКТА продолжи со својата традиција на поддршка на локалната заедница преку донации намени за централното општинско основно училиште „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци, како и за двете подрачни училишта во селата Мршевци и Текија во општина Илинден. Оваа година покрај новогодишни пакетчиња, компанијата донираше и агрегат за струја што ќе овозможи непречено одвивање на наставата во услови на прекин на ...
Според телеметриските податоци од ESET, откривањата на малициозен софтвер за крадење податоци Lumma Stealer, кој е сè побаруван кај сајбер-криминалците, се зголемиле за неверојатни 369% во втората половина на 2024 година. Lumma Stealer за прв пат се појави во 2022 година и се појави на листата на првите десет малициозен софтвер од овој тип откриени од производите на ESET во втората половина на 2024 година. Сега доминантниот infostealer цели на ...
Откако оригиналниот модел беше претставен во летото 1959 година, Mini стана икона на светската автомобилска индустрија. Но, додека најновите верзии на Mini продолжуваат да ги поставуваат стандардите во својата класа, повеќето возачи сметаат дека малиот Mini станал прескап и ги жалат деновите кога беше еден од најприфатливите модели на пазарот. Ако сте љубител на Mini, но немате доволно пари да купите, не очајувајте, постои значително попристапна ...
Руските компании користат Биткоин за меѓународна трговија со цел да ги заобиколат санкциите, а министерот за финансии Антон Силуанов најавува понатамошен развој на дигиталните плаќања, истакнувајќи ги криптовалутите како алтернатива на доларот и системот SWIFT. Рускиот министер за финансии Антон Силуанов откри дека домашните компании веќе користат Биткоин и други дигитални валути како механизам за меѓународни плаќања. Ова признание доаѓа откако ...
Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека САД го санкционираат Иванишвили за „поткопување на демократската и евроатлантската иднина на Грузија во корист на Руската Федерација“. Иванишвили, кој заработил милијарди во Русија во 1990-тите во метали и телекомуникации, го предводеше брзото отуѓување на Грузија од Западот, јавно обвинувајќи ги странските разузнавачки агенции дека сакаат да ја водат Грузија во војна со Русија. Санкциите ...
Германските власти игнорираа бројни предупредувања дека човекот кој го изврши нападот во Магдебург можеби има екстремистички ставови бидејќи тие очигледно биле зафатени со потрага по „руски хакери“ и борејќи се против руските дипломати и медиуми, изјави Марија Захарова, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи. „Кога првичниот шок помина, новинарите и агенциите за спроведување на законот почнаа да ги откриваат причините што го ...
Граничен мост меѓу две средновековни тврдини во русо-јазичниот дел на Естонија може да стане почетна точка на Третата светска војна, пишува Politico. Градот Нарва, лоциран долж границата меѓу Естонија и Русија, е во центарот на напорите да се спротивстави на, како што велат властите, речиси постојаните провокации од Москва - од заглавување на сателитската навигација, кражба на гранични бови, пропагандни пораки, дронови за надгледување и воздушни ...
Испораката е завршена пред Божиќ, пишува украинскиот дневен весник Новински, а пренесува веб-страницата МСН. Целата операција била спроведена во тајност додека пратката не дојде до крајната дестинација. „Поради повторените руски напади врз енергетската инфраструктура, за нарачката информираме само сега кога го истоваривме последниот товар на дестинацијата“, објасни портпаролот на компанијата Карел Самец. Испорачаните делови се клучни за работата ...
Министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ, потпиша решение со кое се наредува екстрадиција на До Квон, познат и како „Крал на криптовалутите“ во Соединетите Американски Држави (САД). Во соопштението на Министерството за правда на Црна Гора, се наведува дека државниот Врховен суд претходно донел пресуда со која се утврдува дека се исполнети условите пропишани со закон за екстрадиција на До Квон по барањето за екстрадиција од надлежните ...
За само шест месеци вредноста на Килијан Мбапе паѓа ли паѓа. Имено според Трансфермаркт, напаѓачот на Реал Мадрид сега вреди “само“ 160 милиони евра и е помала за 20 милиони која му беше до денеска. Ова му се случува по вторпат во кариерата. Инаку некогаш спектакуларниот напаѓач вредеше и 200 милиони, но сега е далеку од тоа. Не дека Мбапе има катастрофална полусезона во Реал, но не е и така добар како што се очекуваше. Инаку за разлика од него ...
Мирнес Захировиќ е убиен синоќа во Караула кај Травник. Се сомнева дека убиството на Мирнес е всушност одмазда за злосторството што го потресе Травник пред речиси десет години. Имено, осомничениот Н.К. (49), кој синоќа беше лишен од слобода поради основано сомнение дека сторил кривично дело убиство, е татко на А.К., младиот човек кој во 2014 година беше брутално убиен со нож пред семејниот дом во Доњи Крчевине кај Травник. Тогаш А.К.(20) починал ...
Дневникот на ТВ НОВА ја објави последната анкета во пресрет на претседателските избори во Хрватска кои се одржуваат в недела. Доколку претседателските избори се одржат денеска, за актуелниот претседател Зоран Милановиќ во првиот круг би гласале 37,2 отсто од испитаниците кои велат дека планираат да излезат на гласање во недела на 29 декември. За кандидатот на ХДЗ Драган Приморац би гласале 20,4 отсто од испитаниците. Марија Селак Распудиќ и ...
Детска претстава, доаѓање на Дедо Мраз и подароците денеска за најмалите беше организирано во Владата. -Денес во Владата беа многу драгоцени посетители. Насмевките на најмладите се најголемиот подарок што можеме да го добиеме – да ги чуваме нивните соништа и да создаваме подобра иднина за сите! Си ги честитавме претстојните празници на настанот на кој поделивме новогодишни пакетчиња за децата на вработените во Владата, напиша во објавата а ...
Нема поубаво чувство од она кога денот ти е исполнет со труд и хуманост. Во животот се водиме од пасијата да помогнеме и да споделиме среќа со другите, вели директорот на Царинската управа, Бобан Николовски. Тој денеска во Куманово се дружеше со дечиња штитеници во здружението „Инклузива” коешто се грижи за инклузија и развој на децата со посебни потреби, како и со штитениците на организацијата „Порака наша” којашто ги застапува правата и ...
Многу работи ќе се променат со доаѓањето на администрацијата на Доналд Трамп, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за германскиот весник Handelsblatt. „За Доналд Трамп, стратешките односи со Кина ќе бидат многу важни - ние Европејците мора да ни биде јасно за тоа. Затоа, добро е што Германија го прошири контактот со Кина, што сега мора да се направи и на европско ниво“, рече српскиот претседател. Вучиќ тврди дека Трамп „ќе се ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска присуствуваше на презентација на работата на македонската полиција во изминатиов период. -Преку дела, а не зборови, полицијата успеа да го намали вкупниот криминал за 6,5 %, за 25 % го намали бројот на кривични дела, а сузби и повеќе криминални групи. Ветивме и модернизиравме услуги од интерес на граѓаните, ја унапредивме меѓунардоната соработка со што значително ја зголемивме ...
„Ги следам препораките на властите и верувам дека Данците треба да го сторат истото... Исклучително е важно да се држиме заедно“, изјави Фредериксен за dr.dk. Според неа, потребно е да се складира не затоа што се очекува напад врз Данска, туку наводно поради ризик од сајбер или хибриден напад. Фредериксен нагласи дека поголема одговорност за безбедноста на Данска мора да се преземе во текот на 2025 година. Danish Prime Minister Mette Frederiksen ...
Јавното обвинителство има оформен предмет по допрен глас, брз основа на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски кој вчера во Собранието кажа дека од 2020 година една од безбедносните агенции располагала со наводни информации дека е организатор на вооружени терористички структури, а оти за тоа не го информирала МВР зашто во тој период во 2020 година технички министер бил Наќе Чулев од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски денеска рече дека очекува ...
Таткото (51) бил на зимски одмор во Австрија со двата сина на возраст од 19 и 22 години и нивниот пријател (19). Групата се спуштала од врвот на околу 2.576 метри околу 12 часот кога биле затрупани од снежна лавина. Пријателот и помалиот брат некако успеале да ја избегнат оваа елементарна непогода, додека таткото и постариот син биле затрупани. Подоцна било откриено дека тие починале. Очевидец, кој случајно се нашол во близина, веднаш повикал ...
Изминатата 2024 година беше најтоплата забележана досега, со во просек околу 40 топли денови повеќе од вообичаено ширум светот, открија група научници. Тие ја гледаат причината за тоа во климатските промени. Анализата на истражувачите од „World Weather Attribution“ и „Climate Central“ на крајот на годината, исто така, покажува дека имало поекстремни временски настани во кои загинале најмалку 3.700 луѓе, а милиони се раселени. Научниците открија ...
Напаѓачот на Јувентус, Маркус Рашфорд може да ја промени клупската средина оваа зима и од Англија да се пресели во Италија. Според информација на доброупатени извори, услугите на англискиот играч му се понудени на Јувентус. „Бјанконерите“ се подготвени да го изнајмат Маркус доколку Манчестер Јунајтед плати дел од неговата плата. Во исто време, тренерот на Јуве, Тиаго Мота, би сакал да потпише со уште еден играч на „црвените ѓаволи“, напаѓачот ...
Судењето на А.Л.А, осомничена дека ја убила свекрвата Б.Л. (66), започна со прелиминарно рочиште пред Вишиот суд во Нови Пазар. Таа се товари за кривично дело тешко убиство за кое е предвидена казна од 10 години затвор до доживотен затвор. „Се сомнева дека на 28 мај годинава околу 22 часот по однапред испланиран план во куќа во село Дубница кај Сјеница со два ножа смртно ја повредила својата свекрва од. на која починала на лице место му нанела ...
Покрај сведоците во оваа истрага што ја води Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, сослушани се и седум вештаци, дознава Танјуг, пренесе Телеграф. Според сознанијата на Танјуг, досега се сослушани сите планирани сведоци. На крајот од истрагата се очекува обвинителството да поднесе обвинителен акт. Наредбата за спроведување на истрагата вклучувала 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ. Од 13 уапсени, 10 лица се во ...
Од Министерството за здравство велат дека сите пациенти ја добиваат потребната инсулинска и антидијабетична терапија откако денеска од Сојузот на здруженија на дијабетичари изразија незадоволство од буџетот за 2025 година за инсулинска терапија. – Потенцираме дека сите пациенти ја добиваат потребната инсулинска и антидијабетична терапија. Исто така, со новата двегодишна јавна набавка ќе биде обезбедена најсовремена здравствена терапија. Во ...
Единицата за интервентна полиција денеска одбележа пет години од формирањето. Во 2019 година единицата беше формирана со спојување на единиците – за јавен ред и мир, за асистенции и спровод, и на „алфите“. Единицата за интервентна полиција е поддршка и на другите организациони единици во рамки на СВР Скопје, а еден од приоритетите во нејзиното функционирање е континуираната обука и едукација на нејзините припадници, во насока на воспоставување ...