
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Тоа би била прва посета на Оџелан по речиси една деценија, кој отслужува доживотна затворска казна на островот Имрали. Предвидено делегација на ДЕМ денеска или утре да го посети Оџелан. Лидерот на ултрадесничарската Партија за национална акција (МХП), Девлет Бахчели во октомври предложи на Оџелан да му биде дозволено да се обрати на Парламентот, ако прогласи крај на ППК, што би можело да доведе до негово предвремено ослободување од затвор. По ...
Поправката на вчера прекинатиот подводен кабел „Естлинк 2“ (Estlink 2) за пренос на електрична енергија, што ги поврзува Финска и Естонија, најверојатно ќе трае неколку месеци, соопшти финскиот оператор „Фингрид“ (Fingrid). Електричниот кабел што ги поврзува Финска и Естонија под Балтичко Море вчера беше прекинат. Тоа е последниот во серијата инциденти кои вклучуваат оштетување на телекомуникациските кабли и енергетските цевководи во Балтичкото ...
Кога Кристијано Роналдо сака, сака и не му е важно колку чини. Португалецот на својата сопруга Георгина Родригез за Божиќ и подари луксузна чанта од 250.000 евра!!! Кристијано Роналдо (39), ѕвездата на Ал Наср, одлучи да го помине зимскиот одмор во Лапонија, Финска со своето семејство. Роналдови на Бадник отворале подароци, а убавата Георгина била воодушевена од она што го добила од сопругот. Шпанката на своите следбеници на Инстаграм го ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања одговарајќи на едно од прашањата, дали има нови момент во насока на деталите кои ги изнесовте пред некое време од оваа собраниска седница за ваше физичко следење и дали може да се очекуваат докази врз база на спроведена истрага во рамки на институциите, вели дека според Извештајот на работата на Агенција за национална безбедност, кој ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Б.З., поранешен вработен во МВР, на работно место началник на Одделение за обезбедување на Влада на РСМ, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело ,,злоупотреба на службената положба“ по член 353 од КЗ. Пријавениот, како началник на Одделение за обезбедување на Влада ...
Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, за МИА потврди дека Финансиската полиција спроведува акција за апсење на лице поврзано со случајот „Државна лотарија“ кое треба да биде спроведено во обвинителство. На прашање дали има сознанија во врска со изјавата на министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочовска, која на денешната собраниска седница кажа дека поради злоупотреба на буџет е уапсено едно лице, Ивановски ...
Светската банка денеска ја зголеми својата прогноза за економскиот раст на Кина на 4,9 отсто во 2024 година и 4,5 отсто во 2025 година, но предупреди дека пониската доверба на домаќинствата и бизнисите, заедно со тешкотиите во секторот на недвижности, ќе продолжат да претставуваат проблем за економијата. Во претходната јунска прогноза, Светска банка очекуваше кинеската економија да порасне за 4,8 отсто во 2024 година и за 4,1 отсто во 2025 ...
Луис де ла Фуенте, човекот кој ја однесе Шпанија на врвот на Европа, е прогласен за најдобар селектор во 2024 година од страна на Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС). Според резултатите од гласањето, 63-годишниот шпански стратег доби 274 поени и сосема заслужено го освои првото место пред селекторот на Аргентина, Лионел Скалони (148) и Дидие Дешам, селекторот на Франција (35). Под водство на Де ла Фуенте, ...
- Соработката на Филипините со САД, вклучувајќи го и распоредувањето на американскиот ракетен систем Тајфун, носи ризик од геополитичка конфронтација и трка во вооружување во регионот, истакна Мао. Кинеското МНР ги повика Филипини да се придружат на стратешката автономија и мирниот развој. - Во соработката со САД и распоредувањето на ракетниот систем Тајфун, Филипини ја предаде на други сопствената безбедност и националната одбрана … Уште еднаш ...
Операцијата е во тек во западната провинција Тартус, населена со малцинството на Алаутите, од каде што потекнува Асад, кој беше соборен на 8 декември од бунтовничките групи. За време на воените дејствија, „голем број членови на вооружени групи“ лојални на Асад „биле неутрализирани“, соопшти агенцијата, која прецизираше дека целта на операцијата била „да се врати безбедноста, стабилноста и граѓанскиот мир“ во крајбрежната провинција. Невладината ...
Во тек е истрага за причините за несреќата, во која животот го загубија 38 од вкупно 67 лица во авионот, пренесува ДПА. Националните знамиња на Азербејџан се спуштени на половина копје во земјата во знак на жалост, а културните настани закажани за денеска, како и сите настани во театрите и концертните сали се откажани. Авионот летал од Баку кон главниот град на руската автономна република Чеченија - Грозни, а поради магла таму бил пренасочен ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната сесија на пратенички прашања во Собранието рече дека се испитува дали граничниот полицаец кој го пропуштил пребеганиот поранешен вицепремиер Артан Груби на границата со Косово бил дел од организирано бегство, или пак направил ненамерна грешка. „Во раните утрински часови во недела,лицето ја напушта Македонија со возило со дипломатски таблици, и истото е совозач и при тоа од страна на ...
„Ја разбирам потребата, ваша лична и на политичката опција која ја претставувате, и како координатор и како висок функционер на политичка партија која во минатото имаше главен фокус на јавните набавки, па преку еден момент да се пренасочите кон зелената агенда, па да станете екологисти, па од тука да се префрлите на енергетиката во делот на копање и увоз на јаглен, па на моменти како политичка опција да сте прилично активни во делот на игрите на ...
Портпаролот на министерството на прес-конференцијата рече дека Тајланд на 31 октомври добил официјална покана да стане партнер на БРИКС од претседавачот на таа организација, Русија, а дека на 24 декември на седницата на владата било одлучено да се позитивен одговор на таа покана. Како што наведе, истиот ден тајландскиот министер за надворешни работи испратил писмо до рускиот колега во кое ја изразува согласноста на Тајланд да се приклучи на ...
Министерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Орхан Муртезани, денеска изјави дека Владата работи сериозно на надминување на проблемот со европските интеграции. Според него, уставните измени ќе бидат спроведени само кога ќе има целосна сигурност дека нема да се соочиме со потенцијално вето од Бугарија и дека ќе биде гарантиран завршетокот на процесот. „Никогаш не сум изјавил дека ќе излеземе од Владата ако нема уставни ...
Јас го повикувам да покаже малку чесност и одговороност кон државата која го ранела 40 години и да се врати. Ако не се врати доброволно, ќе најдеме соодветен начин како да го вратиме. Распишана е меѓународна потерница и доставени се сите документи преку Министерството за правда. Ќе овозможиме процес на правда, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски одговарајќи на пратенички прашања во Собранието за бегството на екс-вицепремиерот ...
Папата стана од инвалидската количка, тропна на вратата од затворската капела и помина низ вратата, повторувајќи ја церемонијата што беше извршена во базиликата „Свети Петар“ пред два дена, на Бадник. Во обраќањето пред стотици затвореници, чувари и персонал во затворот „Ребибија“ на периферијата на Рим, папата Франциск рече дека сака да ја отвори вратата, која е дел од капелата на затворот и е една од само петте што ќе бидат отворени во текот ...
На тој референдум, кој се одржа на 23 декември 1990 година, 88,5 отсто од гласачите со право на глас се изјаснија за отцепување од тогашна Југославија. Резултатите официјално беа објавени три дена подоцна во парламентот, што означи почеток на подготовките за прогласување независност. Процесот заврши на 25 јуни 1991 година. Главните свечености по повод државниот празник, кој е неработен ден, се одржаа во претходните денови, вклучително и ...
Гави и Френки Де Јонг излегоа од тешки повреди, а тоа значи поголема гужва во средниот ред на Барселона. Тренерот Ханси Флик ќе испрати на позајмица еден од играчите од средниот ред, а според шпанските медиуми тоа ќе биде Пабло Торе (21), кој може да игра и на левaта крилна позиција. На седум натпревари одигра само 248 лигашки минути, а не настапи на последните пет натпревари. Како што истакнува каталонскиот „Спорт“, не би требало да има проблем ...
Сигурно во нечиј тоалет сте налетале на котле кое има две копчиња за испуштање вода - помало и поголемо. Можеби не сте размислувале премногу за тоа каква разлика прават и за што всушност служат, а денес ќе се позанимаваме со одговорот. Генијално и едноставно решение кое придонесува за заштеда (пари и вода) и во исто време ја штити животната средина. На кој начин? Двете копчиња контролираат два (различни) резервоари. Едниот содржи околу четири ...
Консумацијата на леб не е забранета во сините зони. Всушност, лебот се смета за основа на здрава исхрана. Овде јадат леб што населението сами го печат, кој содржи интегрални житарки и е без адитиви. Подрачјата каде живеат најдолговечните луѓе во светот се нарекуваат сини зони. Има пет сини зони, а тие ги вклучуваат италијанскиот остров Сардинија, јапонскиот остров Окинава, грчкиот остров Икарија, полуостровот Никоја во Костарика и калифорнискиот ...
Обвинителството на БиХ заедно со Управата за организиран криминал на Министерството за внатрешни работи на Република Српска денеска нареди апсење на Нешиќ, како и на директорот на „ЈП Патишта РС“, Милан Дакиќ, на Младен Лучиќ и уште четири лица. - Тие се осомничени дека како управители на „ЈП Патишта РС“ и лица кои работеле со наведената фирма сториле кривични дела – здружување заради извршување кривични дела, перење пари, злоупотреба на ...
Денеска, на 26.12.2024, во 10.15 часот од полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во домот на З.В.(34) во с.Волково,скопско, информира Министерството за внатрешни работи. Тој претходно на подрачјето на Центар бил лишен од слобода од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, поради тоа што кај ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека граѓаните треба да се чувствуваат мирни и безбедни, безбедносната состојба е стабилна, а Владата носи подобра економија, повисоки плати и го враќа достоинството кое изминатата влада од СДСМ и ДУИ го распродаваше. „Додека Мисовски размислуваше дека Талат Џафери за него е идол и инспиративен спикер на Собранието, изнесе навреди и ...
Некои од најважните прашања за многу луѓе се прашањата поврзани со нивниот личен живот. А еве што велат ѕвездите за годината пред нас, односно за тоа кои хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2025 година, се разбира, на љубовен план: ОВЕН Од 14 мај овенот ќе почувствува потреба да комуницира, да наоѓа нови хобија и да ја прошири сферата на интереси. Благодарение на оваа активност, желбата за откривање и познанства, претставниците на овој знак ...
Главната опозициска партија во Јужна Кореја, Демократската партија (ДП), поднесе барање за импичмент на привремениот претседател Хан Дак-су, кој истовремено е и премиер на земјата, јави новинската агенција Јонхап. На денешната пленарна седница, парламентот беше информиран за иницијативата, а гласањето за импичментот е закажано за утре. Претходно, собранието го отстрани од функцијата претседателот Јун Сук-јеол, кој на 3 декември прогласи воена ...
Русија нема интерес за привремено примирје што ќе ја замрзне војната во Украина, туку инсистира на правно обврзувачки мировен договор што ќе ја гарантира нејзината безбедност и безбедноста на нејзините соседи, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. - Примирјето е пат за никаде, оцени Лавров, додавајќи дека Москва верува дека Западот би го искористил за повторно вооружување на Украина. Тој додаде дека Москва сака правните ...
Во тек е акција за приведување на министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ. Акцијата ја спроведува Министерството за внатрешни работи на Република Српска (РС) по налог на Државното обвинителство на БиХ, јави сараевскиот портал Кликс. Нешиќ е осомничен за корупција во периодот кога ја извршувал функцијата директор на „Патишта РС“. Според информациите, МВР на РС подолго време ја истражувало оваа активност. Во тек се и претреси ...
Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, на социјалните мрежи соопшти дека подготовките за пуштање во употреба на новиот ски – центар Михајлово се во завршна фаза и официјалното отворање ќе биде на 1 јануари. - Последни подготовки пред официјалното отворање на Скијачкиот центар ,,Михајлово’’ [❄️] Покрај природниот снег кој изминативе денови го покри Михајлово и се уште паѓа, се подготвува и дополнителен вештачки снег со топови, напиша Јанчев ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши изјави дека процедурата за уставни измени е впишана во Уставот и Деловникот на Собранието. Секој кој ги исполнува условите може да покрене иницијатива. Според Гаши, парламентарното мнозинство смета дека треба да има политичка волја и договор за кога да почне процедурата, да биде веднаш спроведена. -Ние кога ќе сме сигурни за 2/3 од пратениците, ќе ја почнеме процедурата. Не е добро да се експериментира со ...