
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Само два дена подоцна Освалд беше застрелан од сопственикот на ноќниот клуб Џек Руби, пред Освалд да објасни точно чија жртва е, а во меѓувреме се појавија многу различни шпекулации. Дури и оние кои се сомневаат во вмешаноста на ЦИА во атентатот, признаваат дека необјавените документи може сериозно да ја засрамат агенцијата, особено ако се испостави дека тие не предупредиле никого за човекот за кого толку многу знаеле. Официјалната истрага, ...
И повеќе од бизарна ситуација се случи денеска во Серија А за време на натпреварот Парма – Монца кој заврши со резултат 2:1. Имено во 75.минута судијата покажа пенал за домашните. Адриан Бенедучјак си се намести, ја чекаше свирката на судијата и кога ја слушна го изведе пеналот и постигна гол. Ама, тој судиски знак бил домашниот напаѓач да не шутира зошто од ВАР собата судијата добил знак дека ќе мора самиот уште еднаш да ја прегледа снимката. ...
Руската вселенска агенција Роскосмос денеска во Москва објави дека ќе изврши нови заеднички летови до Меѓународната вселенска станица (МВС) до 2027 година. Во овој период се планирани два лета со руски вселенски капсули Сојуз до ISS и три со капсулите Crew Dragon на SpaceX, објави новинската агенција Интерфакс во Москва, пренесе Роскосмос. „Ова ќе обезбеди сигурност на работата на ISS“, објави Роскосмос. Руската агенција исто така соопшти дека ...
Светската здравствена организација (СЗО) со седиште во Женева соопшти дека маларија, грип, риновируси, коронавируси и други познати вируси се пронајдени во 430 лабораториски примероци земени од болни луѓе во регионот. Стотици луѓе се разболеле од крајот на октомври во округот Панци во југозападната провинција Кванго. Заразените имале симптоми слични на грип, вклучувајќи треска, главоболка, болки во екстремитетите и отежнато дишење. СЗО објави 48 ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова имала средба со министерот за правда, Игор Филков, на која зборувале за соработката во процесот на помилувањето, но и за потребата од донесување на нов закон за помилување. На средбата беа разменети аргументирани мислења за актуелните и претстојните реформи во правосудството“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Сиљановска-Давкова. Претседателката Сиљановска-Давкова и министерот Филков се ...
Каљари – Интер 0:3 е епилогот од вечерашниот меч од 18.коло во Серија А. Убедливо, рутински и речиси со половина сили, тоа е Интер. Со оваа победа шампионот сега има 40 бода и е лидер, има подобра гол – разлика од Аталанта. Тимот од Бергамо вечерва ќе игра со Лацио, но треба да се знае дека има и меч повеќе од тимот од Милано. Во првото полувреме Интер имаше шанси, но немаше голови. Бастони во 53.минута го “отвори“ домашниот состав со убав гол ...
Имено, таа објави кратко видео на кое седи на бел коњ, облечена во каубојска облека вее големо знаме на САД. „Погледнете го тој коњ“, напиша таа, цитирајќи стихови од нејзината песна Sweet Honey Buckiin. На крајот од видеото со големи црвени букви пишува: „14 јануари 2025 година“. Сега многу нејзини обожаватели се обидуваат да сфатат што подготвува таа за споменатиот датум. Многумина претпоставуваа дека подготвува голема светска турнеја. „Па, ќе ...
На 28 декември 1944 година, со преносот од Второто заседание на АСНОМ, започнува радио ерата во слободна Македонија. „Зборуе Радио Скопје, зборуе Радио Скопје. Драги слушатели, од салата на Собранието вршиме директен пренос на Второто заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија“, беа првите зборови на Владо Малески, партизан, писател и творец на македонската химна. По воведниот збор, се пренесува говорот на ...
Наместо среќа и уживање, деновите од бременоста ги поминува неутешно, откако во телефонот на раперот пронашла пораки со други жени. - Меган е скршена - открива извор за In Touch, а потоа додава: -Да, точно е дека Меган ги прекина сите нивни врски, но тоа не значи дека повеќе не го сака - открива изворот. Двојката веќе имала турбулентен период минатата година, кога Меган ја раскина свршувачката поради гласините дека Кели ја изневерува. Тогаш ...
Кина изградила или проширила повеќе од 200 специјализирани објекти за притвор низ целата земја за да ги испрашува осомничените за корупција додека кинескиот претседател Си Џинпинг започна сеопфатна антикорупциска кампања, според истрагата на Си-Ен-Ен. Се нагласува дека Си ја проширил антикорупциската кампања на огромен дел од јавниот сектор. Откако ја презеде власта во 2012 година, Си започна сеопфатна антикорупциска кампања која достигна ...
Компанијата Герхарди Кунстштофтехник основана во 1796 ја преживеа инвазијата на Наполеон, Големата депресија и двете светски војни, ама не и актуелната криза на Европа и посебно европската автомобилска индустрија. По подолг период на растечки трошоци и намалена побарувачка, компанијата, со 1.500 вработени, поднела барање за банкрот. Драмата не е само за 1.500 лица, туку што истата опасност ги демне илјадниците мали европски производители кои ...
На прес-конференција одржана од канцеларијата на шерифот на округот Харис, мајорот Саул Суарез рече дека обидот за грабеж се случил во средата нешто по полноќ. Полициски службеници одговориле на повик од станбен комплекс во северозападниот дел на градот, каде што пронашле неколку момчиња со прострелни рани. Момчињата на возраст од 12 до 14 години биле пренесени во блиската болница. Еден од нив бил во критична состојба, додека другите двајца се ...
За една деценија 400 матични лекари помалку. Ако во 2014 имало околу 1800, сега бројката е под 1400. Примарното здравство како столб на системот е одамна разнишано. Доктори одат во пензија, никој не сака да ги замени а затворена ординација е голема штета и загуба за државата, велат од Здружението на приватни лекари. На жителите во Богомила и Извор се уште нема лекар кој ќе им пружа основна здравствена заштита а во Куманово, Велес, Дебар и други ...
La-Z-Boy ја започна кампањата #BanReclining во ноември 2024 година, повикувајќи ги луѓето да лежат дома, а не на летовите, објави Аеротајм. Кампањата вклучува и петиција, која за еден месец собра 186.000 потписи. Нели Мартинез Гарза од La-Z-Boy рече: - Само затоа што можете да го спуштите седиштето, не значи дека секогаш треба да го правите тоа. Лежечките седишта предизвикуваат сè повеќе проблеми, бидејќи седиштата на авиокомпаниите стануваат сè ...
Манчестер Сити кој до пред два месеци важеше мега – тим со Пеп Гвардиола на клупата е во голема криза, во невидена криза. Имено актуелниот првак во Премиер-лигата, на последните 13 меча успеа да победи само еднаш. Еве еден шокантен податок за Сити. Ако се сметаат резултатите само од 1 ноември навака во Премиер-лигата на сите тимови, тогаш Сити само 4 бода е убедливо последен. Ова досега на Пеп Гвардиола не му се случило никогаш во неговата ...
Рускиот енергетски гигант Газпром во саботата објави дека ќе го прекине извозот на гас во Молдавија од 1 јануари 2025 година, откако земјата не го измири својот долг. Гаспром изјави дека има право да го раскине договорот за набавка со Молдавија. Овој потег доаѓа пред целосното суспендирање на извозот на руски гас преку Украина во Европа, од каде што тече кон Словачка, Австрија, Унгарија и Италија, по истекот на постоечкиот транзитен договор со ...
Според прелиминарниот извештај, Брукс починал на 10 декември од задушување предизвикано од компресија на вратот. Чуварите од сѐ уште непознати причини го одвеле Брукс во медицинската соба. На снимката се гледа како полицајците постојано брутално го удираат Брукс по целото тело додека тој бил врзан, јавува Би-би-си. Во еден момент еден од чуварите го фатил за врат, а потоа силно го фрлил на масата. Чуварот му ставил нешто во устата на Брукс пред ...
Обвинителството на државата Њујорк објави видео на кое се гледа како затворските службеници тепаат затвореник кој починал следниот ден. Затворските службеници во поправниот дом Марси во Њујорк постојано го удираат со тупаници и клоци 43-годишниот Роберт Брукс додека тој бил врзан со лисици на болничкиот кревет. Тој почина во болница на 10 декември, ден по нападот. „Шокантно и вознемирувачко“ Синдикатот на затворските службеници соопшти дека ...
Австрискиот весник „Кроне“, повикувајќи се на воени извори, објави дека денеска ќе биде потпишано писмо за намери со италијанското Министерство за одбрана за купување на авиони произведени од италијанската компанија Леонардо. Во моментов се преговара за договор со италијанската влада, соопшти австриското Министерство за одбрана, потврдувајќи дека има намера да ги купи авионите. Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека договорот ја покажува ...
По доаѓањето на Енцо Мареска некои работи се подобруваат во Челзи, но сепак тоа е далеку од она што беше некогашниот двоен европски шампион за време на Роман Абрамович, кога беше еден од најдобрите ако не и најдобар клуб во Европа. Последните информации од Островот поврзани со “сините“ од Лондон најдобро го кажуваат тоа. Имено Челзи за Михајло Мудрик, Беноа Бадијашил и Карни Чуквумуека потроши неверојатни 126 милиони евра, а сега сите тројца во ...
Сириската опсерваторија за човекови права, воен мониторинг, соопшти дека Сириските демократски сили (SDF) предводени од Курдите во текот на ноќта истрелале ракети врз позициите на Сириската национална армија (СНА) поддржани од Турција во близина на браната Тишрин. СНА одговориле со силен оган врз курдски цели во близина на пограничниот град Кобане. СДФ соопшти дека имало тешки борби на неколку фронтови и дека биле убиени 17 припадници на СНА. ...
Екипата на Милан утре го игра дерби мечот против Рома, но за жал, тоа ќе мора да го направи без еден од своите најдобри играчи, Кристијан Пулишиќ. Американецот повторно е во „аут“ поради повреда, овојпат здобиена на последниот дуел против Аталанта. Се работи за повреда на подколеницата, и иако се сметаше дека тој ќе биде подготвен дури и за настап, сепак, нема да биде ниту во составот на Милан. Милан во моментов е на осмата позиција, ќе бара ...
Американскиот милијардер Илон Маск ја поддржа германската десничарска партија Алтернатива за Германија (AfD) во напис за германскиот весник Welt am Sonntag објавен на интернет во саботата, а уредничката на рубриката колумна поднесе оставка во знак на протест. Во коментарите објавени на германски од водечкиот весник на медиумската групација Аксел Спрингер, Маск ја прошири својата објава на Платформа Х од минатата недела во која изјави дека „само ...
Имено, 50 Cent потврди дека ќе сними заеднички албум со Еминем. Откако Еминем неодамна откри дека единствената пречка за проектот е нивниот „сопствен тајминг и организација“, 50 Cent се огласи на Инстаграм за да објави дека ќе излезе од рапската пензија за да сними албум. Тој вчера ја сподели веста која многумина ја чекаа. „По сѐ изгледа ќе се вратам во студио!“ напиша тој. „Прво треба само да ги направам шоута во Вегас.“ Пред рап ветераните да ...
Црвениот картон со златна ѕвезда и зборовите САД (Соединетите Американски Држави) ги содржи потписите на Меланија, Доналд и нивниот син Барон. Just received this wonderful Christmas card from the 47th and greatest President (and family) in American history! 🇺🇸🎄🎅🏻 Merry Christmas, President Trump! Less than a month away until we make America Great Again! pic.twitter.com/hhq1szdD3B — Paul Ingrassia (@PaulIngrassia) December 21, 2024 „Среќни ...
Екс директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски остана без пасош. Според полициски извори на Алфа ТВ, оформен е предмет против Деспотовски за проневера на два милиони евра во развојните зони во Штип и Струмица. Тој денеска доброволно дошол во судот и ја кажал својата одбрана. Од судот за Алфа потврдија дека на Деспотовски му е одземен пасошот на барање на обвинителството и тој ќе мора навреме да се јавува во Кривичен заради мерки на претпазливост. ...
Како што е соопштено, компанијата го задржува правото да преземе какви било активности, вклучително и раскинување на договорот за набавка со Молдавија, објави денеска Ројтерс. Русија преку Украина ја снабдува Молдавија со околу две милијарди кубни метри гас годишно. Гасот се дистрибуира во отцепениот регион Придњестровје, кој го користи гасот за производство на евтина енергија, која ја продава на остатокот од Молдавија. Молдавија, која има 2,5 ...
Украина денеска соопшти дека го погодила објектот за складирање и одржување на „самоубиствени беспилотни летала“ со долг дострел Шахед во рускиот регион Ориол, додавајќи дека „значително ја намалиле“ способноста на Русија да изврши масовни напади со беспилотни летала против Украина. Главниот штаб на украинските вооружени сили преку соопштение на комуникациската платформа Телеграм објави дека нападот го извршиле украинските воздухопловни сили. ...
Утре е на програмата новото коло во Премиер лигата, а секако центар на внимание ќе биде мечот на кој ќе настапува Манчестер Сити. Момците на Пеп Гвардиола ќе излезат на мегдан против екипата на Лестер и тоа на гости во почетниот термин од 15:30. На денешната официјална прес конференција пред мечот, Гвардиола, повторно се наврати на огромните проблеми кои тимот ги има сезонава, тринесетте меча во серија со само една победа, и лошата позиција во ...
Иако има уште цела една полусезона во Серија А, сепак, по се изгледа дека тимот на Монца уште од сега ќе треба да размислува за заминувањето во ранг подолу. Поледнопласираниот тим на табелата во Италија денеска загуби кај Парма со 2:1, и тоа во меч кој имаше доста возбудувања. Во третата минута Цуриа постигна гол кој беше поништен од ВАР. На погодок регуларен се чекаше дури до 56. минута кога Хернани погоди од пенал, а претходно Мари доби ...