
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Светското првенство во фудбал ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември во Катар. Откако започнале работите на изградбата на инфраструктурата, се објавуваат информации за тешките услови во кои работат работниците. Неодамна се фатени 60 странски работници кои протестирале поради неколкумесечните неисплатени плати. Дел од нив биле депортирани од земјата. Директорот на групата која ја истражува ситуацијата рекол дека притворите на работниците го ...
Британскиот национален авиопревозник „Бритиш ервејс“ откажа повеќе од 10.000 летови од својот зимски распоред, отстранувајќи од продажба речиси два милиони места. Откажувањето на летовите на кратки релации, од крајот на октомври до крајот на март, има за цел да се минимизираат прекините во сообраќајот во текот на зимата. Авиокомпанијата, исто така, ги откажува летовите на долги релации до Кина и Бангкок, повикувајќи се на ограничувања за ...
Edge, еден од најбрзорастечките стартапи во сферата на човечки ресурси основан во САД, официјално ја започнa својата работа на пазарот во Северна Македонија. Компанијата најави можности за вработување за сите заинтересирани и подобни кандидати кои би сакале да станат дел од неа. „Ни претставува задоволство да најавиме дека официјално сме во потрага по таленти во Северна Македонија кои би станале дел од глобалниот тим. Ова е четврт континент во ...
Ако ја прашате Власта – даноците нема да се зголемуваат туку ќе се прошири даночната основа, ако ги прашате економистите и фирмите – најавената даночна реформа ќе донесе нов “товар” на грбот на приватниот сектор. “Порталб” преку ставови на економисти, бизнисмени, даночни експерти, невладини организации ќе анализира каков ефект ќе има најавениот нов даночен модел – кој ќе добие а кој ќе изгуби со реформите, веќе извесни дека стартуваат етапно, но ...
Министерството за образование и наука и Агенцијата за квалитет на високото образование ги вклучуваат студентите во процесот на евалуација на високообразовните институции и студиски програми во Република Северна Македонија. За таа цел, објавен е конкурс за пријавување на заинтересирани студенти за учество во оваа постапка. Секој апликант треба да исполнува неколку услови, односно да е државјанин на Република Северна Македонија, да има статус на ...
Како што јави ТВ 24, тие добиле потврдени информации дека на денеска закажаната владина седница, на дневен ред ќе биде и точката за прогласување на нова кризна состојба во енергетскиот сектор. Кризната состојба ќе стапи на сила на 1 ви септември кога треба да стапат на сила и владините мерки за штедење струја. Ова нема да биде прв пат како се прогласува криза состојба во енергетиката, а потегот е со цел законски да се покрие државната помош за ...
Компаниите за неживотно осигурување исплатиле над 45.000 штети од кои осигурениците наплатиле 2 милијарди денари (32,9 милиони евра) во првите шест месеци годинава. Во споредба со истиот период минатата година бројот на исплатени штети пораснал за 28 отсто додека нивната вредност во истиот период е повисока за 4 отсто, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Над 18.000 штети осигурителните друштва ...
Во услови на економска криза, драстично зголемени цени на суровини и енергија „Витаминка“ покажа пример и лидерство во грижата за своите вработени. За своите вработени издвои 8 % повеќе пари од истиот период лани и плати 3,4 милиони евра Најголемата македонска прехранбена индустрија „Витаминка“ за првите шест месеци успеа од продажба да инкасира над 30 милиони евра што е за 37 отсто повеќе од истиот период лани, покажуваат официјалните резултати ...
Најголемите компании по добивка остваруваат профит од кој застанува здивот. Првите 10 по добивка имаат поединечни добивки од 17,4 милиони евра до највисоката добивка од 79,8 милиони евра, покажуваат податоците од платформата БизнисМрежа.мк. Во 10-те најголеми компании по добивка има вкупно 8.452 вработени. Порталот „Пари“ истражува какви се платите кај најпрофитабилните компании. Заклучокот е дека дарежливоста кон вработените е различна – така ...
Германија се соочува со демографски промени. Тоа на долг рок е притисок врз пензиските фондови. Решение кое се споменува е одење во пензија на 70- годишна возраст. Но, колку е реално одржлив таквиот концепт во иднина? Пред само неколку дена во Германија ударна вест беше „толку малку млади лица како никогаш досега”. Секое десетто лице на крајот на 2021 било на возраст од 15 до 24 години, тоа се околу 8,3 милиони луѓе. Наспроти нив има 18 милиони ...
AppleTogether, глобалниот синдикат на вработени во Apple, издаде петиција. Тие побараа од раководството на компанијата на сите вработени да им обезбеди право на работа од дома и/или од канцеларија, во зависност од индивидуалните околности на вработените, пренесува Sputnik International. „Бараме: Apple да дозволи секој од нас да работи директно со нашиот менаџер за да открие какви флексибилни работни аранжмани се најдобри за секој од нас и за ...
Во однос на информациите изнесени во јавноста за наводно кратење на додатокот од 1000 денари за корисниците на Гарантирана Минимална помош, Министерството за труд и социјална политика ја демантира информацијата и ја известува јавноста дека се работи за паричен додаток кој се исплаќаше на корисниците на ГМП, во период на вонредна состојба во државата. Додатокот од 1000 денари, заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси за ...
Од полноќ Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за половина денар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Според новата одлука, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 89 ден/лит, а Еуросупер БС-98 за 91,50 ден/литар. Малопродажната цена на дизелот ќе биде 93,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 90 ден/литар. Малопродажната цена на Мазутот се ...
Според податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), во јуни најниската просечна нето плата е исплатена во секторот Заштитни и истражни дејности – 17.878 денари (под минималец – 18.000 денари). Понатаму следи Производство на кожа и слични производи од кожа – 19.529 денари, па Услуги поврзани со одржување на згради и дејности за уредување и одржување на животна средина и природа – 19.823 денари, Производство на облека – 22.202 денари и ...
Во овој момент нема поголем проблем за македонската економија од цената на струјата. Владата мора да најде избалансирани решенија кои ќе му овозможат на бизнис секторот да преживее. Ако тоа не се случи, многу фирми ќе се затворат и ќе се изгубат голем број работни места. Доколку луѓето останат без плата, нема да можат да ги платат сметките, колку и да се тие субвенционирани од Владата, порача денеска Стопанска комора. Според Комората, потребна е ...
Состојбата на домашниот пазар на труд никогаш не била попредизвикувачкa. Потребно е многу труд, време и средства за да се привлечат и задржат квалитетни кандидати, па затоа имаме решение за сите компании кои сакаат да направат чекор поблиску до таа цел. Силната група на регионални сајтови за вработување Вработување (Македонија), Poslovi Infostud (Србија), MojPosao (Хрватска), MojPosao.ba (БиХ) и Deloglasnik (Словенија) ве поканува да бидете дел ...
На 20.08.2022 во 11.30 часот било пријавено дека во с.Тимјаник-неготинско И.Ѓ.(61) од Демир Капија, вработен во фирма од Неготино, при изведување на работни задачи, се здобил со повреди по што од екипа на Итна медицинска помош од Неготино бил пренесен во Општата болница во Кавадарци каде од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Неготино, а по наредба на Јавен обвинител телото на ...
Пандемијата поттикна голем број домашни туристи дасе посветат на истражување и откривање нови досега непознати дестинации ширум државата, но она што е доста интересно е фактот дека ваквиот тренд продолжува да расте. Од тимот на Кајак.мк, платформа која важи за промотор на домашниот туризам, велат дека во изминативе два месеци е поставена нова рекордна бројка на пребарувања и посетеност на платформата Кајак.мк. Според нив, јуни и јули се месеците ...
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ. Согласно последната одлука донесена од РКЕ, цените на бензините и мазутот не се променија. Цените на дизел горивото и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за 2 денари. Ова се актуелните цени на горивата: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 88,50 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,00 ...
Во текот на пандемијата предизвикана од Ковид-19, работните процеси во екстрактивната индустрија претрпеа бројни промени во работењето главно како резултат на мерките кои требаше да ги спроведат во насока на спречување на ширењето на болеста. Справувањето со условите на работа кои ги наметна пандемијата и новосоздадените услови и ситуации, за работниците од екстрактивната индустрија не беше едноставно, но не беше лесно ниту за менаџментот на ...
Кинескиот град Чонгкинг почна да го скратува работното време на трговските центри поради „вонредната ситуација“ во снабдувањето со електрична енергија, предизвикана од актуелниот топлотен бран. Оваа информација ја соопшти Владата. Овие мерки значат дека неколку десетици трговски центри во градот мора да се прилагодат на работното време од 16 до 21 часот за да се овозможи безбедна и рамномерна дистрибуција на електричната енергија и да се ...
Британските домаќинства со паметни броила за електрична енергија би можеле да бидат платени ако ги исклучуваат високо-енергетските апарати како што се машините за перење во временскиот период кога најмногу се употребуваат уредите, со цел да го намалат ризикот од недостиг на енергија оваа зима. Националниот електроенергетски оператор ЕСО се подготвува да ги објави плановите за наградување на потрошувачите за намалување на притисокот врз ...
Истражувачите од Универзитетот Колумбија воспоставија врска помеѓу ниските плати во средните години и когнитивниот пад во староста, откривајќи дека оние кои заработувале помалку во животот доживеале пад на когнитивната меморија по пензионирањето, пренесува Вајс. Во Соединетите Држави, федералната минимална плата остана на 7,25 долари на час од 2009 година. Иако економскиот раст се зголеми оттогаш, растот на платите — особено за работните места ...
Фирмите, особено големите од првите 100 најуспешни во Македонија, очигледно вршат експлоатација на своите вработиени и Синдикатот изнесе податоци кои јасно го докажуваат тоа. Своите добивки ги зголемиле скоро седум пати повеќе од процентот на покачени плати на своите вработени кои добивките им ги донеле. Сојузот на Синдикатите на Македонија во својот пост на Фејсбук страната нагласува дека „100-те најголеми компании оствариле вкупна добивка од ...
Лозарите од Неготино излегоа на предупредувачки протест поради неиспочитуваниот договор со винарниците и Министерството за земјоделство за производствената цена на грозјето. Велат дека цената е иста како лани иако имало договорено начелна цена за „вранец“ и „смедеревка“. Поради ова, велат тие, 26 илјади лозари во Македонија работат со загуба. Организаторите на протестот велат дека ова е само предупредување и очекуваат да им бидат понудени ...
Со оваа плата не се живее, и граѓаните на ист став како и синдикатите. Газдите се богатат а работниците трпат, до кога ќе трае газењето врз народот кој е изложен на постојани удари од економската криза, од инфлацијата, од политиките на државата. Да се работи вредно и чесно а да нема исплата на трудот на крајот од месецот е навистина болно за работниците. Прво нешто што треба да се направи е да се покачат платите, па после да се решаваат другите ...
Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија 11 месеци после мојот текст дека – „КОМЕТА МОЖЕ И ДА НÉ ПРОМАШИ, НО СТРУЈАТА „ЌЕ НÉ ДРМА, ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД“, можеме да констатираме дека и Кометата се`уште прети а струјата не дрма како да во рацете држиме отворен спроводник со висока волтажа. Во овие 11 месеци издадовме стотици соопштенија, напишавме 10-тици колумни, одржавме уште толку средби и разговори со Владата и ...
Автор: Бобан Илијевски Дали „Отворен Балкан“ ќе ги принуди македонските работодавачи да ги зголемат платите за да бидат конкурентни на тие во Србија, како една од најсилните економии од трите земји (Македонија, Србија и Албанија)? – Ова е едно од прашањата коишто ѝ ги поставив на Претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија, Владанка Трајкоска во втората епизода од „Работник Подкаст“. Само со еден клик тука, бесплатно ...
Македонија добива дополнителен број на полицајци. Имено, денеска на свечена церемонија во Центарот за обука на МВР во Идризово беа промовирани 590 нови полициски службеници. -Да го одбележиме овој свечен чин како што доликува на една од најдобрите генерации во последните десетина години. Затоа сакам посебно да ви честитам – како за солидните резултати, така и за изборот на полициската професија, изборот на тежок, но благороден животен пат, ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година, изнесува 110.9. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (23.1 %), Уметност, забава и рекреација (17.5 %) и Трговија на големо и трговија на мало; ...