
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Левица поднесе иницијатива за вонреден инспекциски надзор против Министерството за информатичко општество и администрација, кое со новото штелување на балансерот, директно ги прекрши Законот за вработени во јавниот сектор и Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор. Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити од Алтернатива, спротивно на Законот за вработените во јавниот сектор, како основ за ...
Комората на приватно здравство при Сојузот на стопански комори на Македонија истакнува поддршка на протестот на матичните лекари и на Здружението на приватни лекари, како релевантни претставници кои ги обединуваат и артикулираат ставовите и интересите на најголем број од лекарите и здравствените установи во примарната здравствена дејност. Барањата на матичните лекари се легитимни и реални, а системот е неодржлив, за што доказ се големиот број на ...
Воведуваме „карта за шанса“ со транспарентен систем на бодување, за полесно да ни дојдат луѓето што и се потребни на нашата земја – изјави министерот за труд на Германија, Хубертус Хејл (СПД), за неделното издание на таблоидот „Билд“. Таканаречената „карта за шанса“, Chancenkarte, е многу слична на американската или канадската зелена карта. Работодавците во Германија долго време посакуваат вакво нешто, бидејќи така полесно ќе се најде работна ...
За двонеделни активности (посетени преку 70 фарми, земени над 80 крвни проби и извршена дезинфекција) кои ме чинеа најмалку 30 000 денари, добив 160 денари поврат од државата. Толку изнесуваше фактурата која ми беше исплатена. Вака накусо ветеринарот Слободан Димитровски од Делчево објаснува со што се соочува неговата струка веќе подолго време. Во основа на сите проблеми, вели, се цените на услугите. Од Ветеринарната комора тоа го илустрираат со ...
Европската конфедерација на синдикати предупреди дека во повеќето земји членки на ЕУ голем број работници треба да дадат цела плата за да ги покријат трошоците за енергија, јави дописничката на МИА од Брисел. Во просек, слабо платените работници во ЕУ треба да платат повеќе од нивната месечна плата за да ги покријат сметките за енергија, покажа последната анализа на Европската конфедерација на синдикати. Во четири земји на ЕУ сметките за ...
Денешниот состанок на Советот за безбедност е уште еден чекор во градењето национален консензус за поддршка на бизнисот, смета претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески. Според Азески, енормниот раст на цената на струјата, но и на останатите енергенси како клучна компонента во производствената цена, е топ приоритетно прашање за бизнис секторот. Тоа прашање, потсетува Азески, е отворено уште од септември 2021 година ...
Фирмата по пријава и контрола од страна на испектори, со синдикатот во комапанијата склучила спогодба за исплаќање по 500 денари, а овластениот инспектор во вонреден надзор на компанијата не констатирал никаква повреда. – Од Државниот испекторат за труд одговорија дека дел од наводите се потврдени. Се работи за контрола која ја вршел овластен инспектор за труд, утврдени се одредени состојби, дадени се одредени насоки на раководниот орган на ...
Додека целата економија е во неизвесност од драматичното зголемување на цените на струјата и енергенсите низ цела Европа, кога многу домашни компании се прашуваат дали ќе треба да стават клуч и да ги отпуштат вработените, „Антикоцкање“ од Тетово продолжува со своето деструктивно однесување. Кога се закануваат со протести, треба да бидат свесни дека во економскиот сектор игри на среќа работат 10 илјади луѓе, кои заедно со своите семејства жестоко ...
За да може да се развиваат зелени иновации, како клучен аспект на зелената транзиција и одржливо управување со ресурсите потребно е да се поседуваат одредени вештини, кои ќе се стекнуваат во формалното и неформално образование, беше истакнато на денешната Регионална трибина „Зелени иновации во стручното образование и обука – предуслов за регионален развој“, која се одржа во рамки на проектот „Гриновет – Европска платформа за извонредност за ...
Бобан Илијевски Јавниот сектор да работи од 9 до 3 часот, односно да завршува два часа порано, е мерката којашто ексклузивно на прес – конференција ја соопшти Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски. Тој посочи дека дополнително можат да се состават дежурни тимови кои би работеле во дејностите каде што за тоа има потреба. Тој се осврна и на најавите за енормно зголемување на сметките за струја, кои ...
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во јули избројал 330 884 пензионери. Од нив дури 82 191 или секој четврти пензионер зема најниска пензија. Бројот на пензионери со максимални пензии, пак истиот месец изнесувал 1366, односно во 242-ца пензионери еден може да се пофали дека зема висока пензија, покажува најновата статистика на Фондот. ПИОМ објави дека просечната пензија во јули изнесувала 16,348 денари. Најниските пензии се движат од ...
Credit Suisse, размислува да укине околу 5.000 работни места како дел од акцијата за намалување на трошоците, објави Ројтерс, повикувајќи се на свои извори. Банката одби да коментира, освен повторувањето дека ќе даде ажурирање за прегледот на својата стратегија со заработката во третиот квартал, и дека секое известување за резултатите е шпекулативно. Credit Suisse веќе соопшти дека ќе ги намали трошоците под 15,5 милијарди CHF на среден рок, ...
Директорката на УЈП Сања Лукаревска вели дека мерката за поврат на ДДВ дава одлични резултати, и со право е најпопуларна мерка. Нагласи дека следува зголемување на лимитот според најавеното и ветено пред граѓаните. – Оваа мерка ги дава очекуваните резултати. Имаме зголемен број корисници, средствата кај граѓаните редовно се исплаќаат, што придонесува за подобрување на стандардот на граѓаните, затоа што дел од парите дадени за ДДВ им се враќаат ...
Овој човек работи само 3,5 дена неделно и заработува 189,000 долари. Џош Елвуд (28) дипломирал во 2017 година и започнал да работи како инжнер во нафтена компанија. Имал 23 години и заработувал 98,500 долари годишно, пишува тој за CNBC Make it. Како што раскажува, отпрво мислел дека ја нашол работата од соништата, но откако видел дека постарите работници работат по 60 часа и згора на тоа имаат рутински патувања, сфатил дека тоа не е животниот ...
Здравствените власти не ги предомислија матичните лекари затоа од денеска го почнуваат тридневниот протест. Ќе бидат во нивните ординации, но нема да издаваат упати и рецепти, ќе прегледуваат само итни пациенти. Главните барања на Здружението на приватни лекари поради кои 4-ти пат годинава протестираат се зголемување на капитациониот бод, односно повеќе пари од државата поради високата инфлација и пациентите да се водат на ординацијата, а не кај ...
Автор: Бобан Илијевски Менталното здравје е една од темите кои треба да бидат приоритет во едно општество. За жал, некаде сѐ уште е табу тема. На пример, во Македонија не се зборува многу на оваа тема, иако за тоа има голема потреба. Сепак, добро е што ја создадоа платформата Разговор.мк, каде можат да се најдат искусни психолози со кои може да се разговара на различни проблеми. И јас самиот ја имам користено оваа платформа и можам слободно да ...
Најголемото и нагло паѓање на квалитетот на високото образование е направено со неконтролираната дисперзија. Имаме 25 универзитети. Од квалитет, што не беше лош, ние направиме неквалитет, смета проф. д-р Тодор Серафимовски, претседател на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност. Во интервју за МИА тој вели дека за да се споредуваме со универзитетите рангирани на Шангајската листа, треба да прашаме каде се нашите ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2022 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.58 %. Највисока стапка на слободни работни места од 4.42 % има секторот О – Други услужни дејности, додека најмала е стапката во секторите Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и Љ – Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, во кои изнесува 0.22 %. Деловните ...
Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2022 година е 2,8 отсто. Во месеците април, мај и јуни годинава, најголем пораст е забележан во секторите Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 8,1 отсто, потоа кај Информации и комуникации од ...
Последните податоци за стапката на инфлација во Македонија се поразувачки. Македонија има инфлација која е највисока во регионот и меѓу највисоките во Европа. Македонија според податоците за месец јули има инфлација од 16% што е повисоко од стапките на инфлација на Србија (12,8%), Бугарија (14,9%), Црна Гора (14,9%), Грција (11,3%), Хрватска (12,7%), Албанија (7,5%), соопштија утрово од ВМРО-ДПМНЕ. Ова покажува дека во кај нас граѓаните ...
Управителот на „Терминал – Комуналец“, Мартин Ачкоски, заминал во Хрватска да работи како келнер, а вработените во претпријатието три месеци останале без плата, обвинија денеска од СДСМ Прилеп од каде додаваат дека сметката на претпријатието останала блокирана поради неплатен ДДВ. Кадарот на Борче Јовчески и Абрашоски, управителот на „Терминал – Комуналец“ ДООЕЛ Прилеп, Мартин Ачкоски, на 28 јуни со писмен допис овластил две лица од ...
Директорот на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ во Прилеп, Рубично Абрашоски, негира дека дозволил управителот „Терминал – Комуналец“, Мартин Ачкоски, да работи од далечина односно да земе неплатен одмор и да замине да работи како келнер во Хрватска, откако такви обвинувања денеска изнесоа од СДСМ. Директор од Прилеп зел неплатен одмор за да работи како келнер во Хрватска, ги оставил вработените без плата Социјалдемократите од Прилеп ...
Безбедноста и здравјето на сите е најважно! Водата која надојде од булеварот Александар Македонски во гаражниот дел од Ист Гејт Мол експресно е исцрпена. Целиот простор е саниран, и се спроведени неопходните активности тој да биде функционален и безбеден. Нивото на приземје како и повисоките катови од молот воопшто не беа засегнати од поплавата. Погодените нивоа од поплава беа ниво минус 2 и минус 1 од центарот, кои сега како што може да се ...
Девојка од Србија која била на сезонска работа во Хрватска и која сакала да остане анонимна го раскажува своето трауматично искуство, а истото го пренесува српскиот портал Мондо.рс. Истакнала дека и понатаму се плаши, но собира сила да го пријави случајот штом ги реши здравствените проблеми кои настанале како последица на мобингот во еден ресторан кој наоѓа во близина на Пула. Работата, рекла таа, ја нашла преку агенција. Договорот беше да бидам ...
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) како репрезентативен синдикат на национално ниво и во приватниот и во јавниот сектор во Република Северна Македонија ги претствува сите работници и се грижи за остварување и заштита на нивните права од работен однос. Во таа насока ССМ поднесе тужба од јавен интерес против Република Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија како тужен во постапката поради тоа што со постапување односно ...
Подготвил: Бобан Илијевски Пандемијата со Ковид – 19 покажа колкава е потребата од здравствени работници, а како што пишува Telegraf Biznis.rs, потреба за истите има до ден денес. Сепак, иако се смета дека Ковид – 19 е најголемата причина за побарувачката на ваков кадар, не е единствената, бидејќи и природно се појавува потребата за вработување на нови здравствени работници. 1. Вишите медицински сестри ја имаат повеќе усовршено својата област, а ...
Заедничко застапување во јавноста на темите поврзани со евроатлантските перспективи на земјата, поддршка во справувањето со лажните вести, дезинформациите и теориите на заговор, како и соработка во сферата на дигитализација на општеството со цел унапредување на правата и можностите на секоја индивидуа и прилагодување на современите општествени текови – ова се основите на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Евро-Атлантскиот Совет на ...
Синдикатот вчера соопшти дека преговорите за платите пропаднале и дека пилотите на Луфтханза ќе одржат 24-часовен штрајк, почнувајќи веднаш по полноќ во четврток, што ќе влијае и врз патничките и на карго услугите. Луфтханза соопшти дека откажувањето на летовите ќе биде на аеродромите во Франкфурт и Минхен, што го предизвикува летниот хаос на европските аеродроми? Синдикатот бара зголемување на платите за 5,5% оваа година за своите повеќе од ...
Ве известувам дека, денес по повод „2ри Септември‟, Денот на ослободувањето на Демир Хисар ќе се одржи свечена седница на Совет на Општина Демир Хисар, а со утврдена програма со што ќе се одбележи празникот на Демир Хисар. Свечената седница ќе се одржи на 2.9.2022 год., (петок), со почеток во 11 ч. во големата сала во Дом на култура, „Илинден‟, Демир Хисар. Во прилог ви ја доставуваме и Програмата: – 10.00 часот, полагање на цвеќе на спомен ...
Подготвил: Бобан Илијевски Секој човек на оваа планета има кариера од соништата, но во мал број се оние коишто успеваат да ги остварат при првото вработување. За секого од нас пресудни се различни фактори, кои не носат на различни патишта. За некој е пресуден износот на плата, за некој поголеми кариерни можности итн. Некои луѓе се определуваат за кариера која ќе им донесе поголема сигурност. Српскиот портал Telegraf Biznis.rs пренесува три ...