
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ) при ССМ обвинува дека се врши притисок и тортура врз вработените во „Водовод и канализација“ од страна на новоназначениот в.д. директор. – Вработените во ЈП Водовод и канализација Скопје, од 07 часот утринава се соочуваат со тортура од страна на новото раководство на јавното претпријатие. Повеќе од 1/3 од ...
Содржина/Table of Contents Повеќе од 1.000 летови се откажани денес, во пресрет на штрајкот на француската контрола на летање во петокот, поништувајќи ги плановите на стотици илјади патници. Француската воздухопловна управа DGAC предупреди на „сериозно“ нарушување, барајќи од авиокомпаниите да ги преполоват своите распореди пред заминувањето и ги повика патниците да ги одложат патувањата. „Треба да се очекуваат откажувања на летови и значителни ...
Полската Влада одлучи наредната година да ја ограничи цената на електричната енергија за сите домаќинства што ќе трошат до 2.000 киловатчасови годишно. Станува збор за мерка од поширокиот пакет помош насловен „штит на солидарноста“, насочен да ги заштити граѓаните од трикратно или четирикратно покачување на цената на струјата. Премиерот Матеуш Морајвецки рече дека Владата преку пакетот ќе поттикне и мерки за штедење на електричната енергија. ...
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во август во однос на јули годинава е непроменет и изнесува 14.2, а во однос на август лани е намален за 0,8 процентни поени, објави денеска Државниот завод за статистика. Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во август 2022, во однос на јули 2022 година е поповолна, очекувањата за обемот на производството во ...
Бобан Илијевски „Работник“ подготвува серијал на новинарски текстови за вклученоста на лицата со попреченост на пазарот на труд во Македонија. На почеток, му поставивме неколку прашања на Министерството за труд и социјална политика во однос на темата. Истите, како и одговорите на нив можете да ги најдете подолу. Table of Contents Колку сегашните законски решенија овозможуваат инклузија на лицата со попреченост на пазарот на трудот? Од ...
Според одлуката на Сојузниот суд за труд (БАГ), во Германија е воведена обврската за евиденција на работното време. Според германскиот закон за работно време, досега требаше да се документира само прекувремената и неделната работа, а не целото работно време, пренесува магазинот Феникс. Одлуката на БАГ е предмет на жестока дебата во владата на коалицијата Семафор и меѓу експертите за трудово право, пишува Индекс. Претседателот на највисокиот ...
По низата реакции од граѓаните за поклопување на неколку дена во фактурата за јули и август од ЕВН, со порака да се чита задната страна на сметките каде што бил наведен точниот датум за пресметаната потрошувачка на струја. Како што велат од компанијата датумот на предната страна е отчитувачкиот период во кој припаѓа корисникот. Оттаму ги уверуваат граѓаните дека двојни наплати не се прават. -Датумите на предната страна на фактурата се всушност ...
Цената на дизелот од полноќ се намалува за два денари, а цените на останатите нафтени деривати остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Според оваа одлука, новата цена на дизелот ќе биде 95 денари за литар. Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 84,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 по цена од 87 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 93,5 денари за литар. Непроменета останува и цената ...
Македонска делегација утре заминува во Софија за да ги заокружи преговорите со Бугарија околу обезбедувањето на потребните количини електрична енергија, а тимови од Србија денеска престојуваат во земјава и се прават последните договори за продлабочување на соработката, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши. По средбата со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и претставниците на 10-те најголеми компании потрошувачи на ...
На 13-ти септември Македонската берза го организираше третиот по ред Инвеститорски ден на кој домашните физички лица имаа можност да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без да ги платат провизиите кон Берзата, ЦДХВ и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи), во износ на промет до 10.000 евра. Порталот „Пари“ ги анализираше показателите на Инвеститорските денови што се одржуваат три години по ред, за да утврди каков е трендот ...
Бобан Илијевски Неодамна од Здружението на новинари на Македонија – ЗНМ реагираа на постапката на градот Скопје за рекламирање во медиумите со јавни пари, односно пари на граѓаните. ЗНМ, наместо тоа веќе две години наназад предлага, како што стои во соопштението, да се основа Фонд за слободни медиуми. Редакцијата на порталот Работник испрати прашања до ЗНМ, со цел да добиеме објаснување што предвидува иницијативата за создавање на Фонд за ...
Сојузот на стопански комори на Македонија одбележа 18 години постоење и делување во насока на креирање на подобро деловно окружување за раст и развој на бизнисите во нашата земја. По тој повод беше организиран свечен настан кој се одржа во ресторан „Рагужа 360“ со присуство на високи претставници на државниот врв, претседателот на РСМ Стево Пендароски и премиерот Димитар Ковачевски, амбасадори и претставници на дипломатскиот кор, бизнис елитата, ...
Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, како застапништво на Унијата на германските комори за индустрија и трговија (ДИХК) во Берлин, ја потпиша Декларацијата за општествен консензус за економски реформи, политики и мерки, што ја усвои Собранието на Комората на 14 јули по повод 100-годишнината, во која се бара нов економски договор, како и враќање од партиските агенди на државната агенда, бидејќи ...
Еден од првите синдикати кои за малку ќе постигнеше договор со товарните железници во САД е „назад на нула“ откако некои од неговите членови повикале да се организира штрајк. Според Politico, кој ја пренесува и веста, ова е лош знак за Администрацијата на Бајден која се надева дека ќе се избегне штрајкот. Локалната синдикална организација на Меѓунардоната Асоцијација на машински работници денес објави дека нејзиното членство одобрило влегување ...
Во рамки на официјалната посета на Високата претставничка на ОБСЕ за слобода на медиумите г-ѓа Тереза Рибеиро се сретна со претставници на медиумските и новинарските организации. На работната средба од претставниците на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) , Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), и Македонскиот институт на медиуми (МИМ) беше укажано дека иако атмосферата во медиумскиот сектор е генерално ...
Десет години слепите лица не добиле зголемување на додатоците за попреченост и за туѓа нега, а не добиваат ни помагала, за што бараат системско решение. Револтирани, денеска протестираа од Домот „ Даре Џамбаз“ до Влада, каде ги искажаа своите барања. Се пожалија дека досега повеќе пати се сретнале со министерката за труд и социјална политика и со претставници на Националното координативно тело при Владата, но немало резултат. Затоа денеска бараа ...
Напад врз вработена во основно училиште во Ѓорче Петров од страна на женско лице, регистрира полицијата. Од МВР информираат дека се работи за 32 годишна жена која пријавила дека била нападната во дворот од училиштето каде што работи. -На 13.09.2022 во 17.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.М.К.(32) од Скопје, вработена во основно училиште на подрачје на Ѓорче Петров, пријавила дека околу 16.40 часот во дворот од училиштето била ...
Меѓународниот ланец на супермаркети „Лидл“ објави конкурс за вработување. Се бараат кадри за шест работни позиции, меѓу кои продажен специјалист, сметководител, бренд стратег, специјалист за човечки ресурси. Од огласот би можело да се заклучли дека оваа позната странска компанија бара универзитетски образовани луѓе, кои ќе ги постават темелите на команијата во Македонија, како во однос на рекламирањето на „Лидл“, така и во однос на избор на ...
Бобан Илијевски За сексуалното/половото вознемирување многу малку се зборува во јавноста, па поради тоа редакцијата на порталот Работник во соработка со Македонското здружение на млади правници, се обиде да дознае повеќе за ова вознемирување. Подолу можете да прочитате повеќе за тоа што вели законската регулатива за овој вид на вознемирување, колку изнесуваат казните, како и на кој начин може да се докаже сексуалното вознемирување. Како може ...
Уставниот суд немаше мнозинство да ја прифати или отфрли иницијативата на Стопанската комора со која ги оспорија измените на Законот. Дел од уставните судии на расправата се изјаснија дека иницијативата треба да се отфрли бидејќи ценат дека законот е во согласност со Уставот. „Апсолутно не може да се доведе во прашање дека со оспорениот Закон се повредуваат уставните одредби. Со оваа иницијатива се индивидуализира и конкретизира едно право кое ...
Занаетчиите да добијат субвенции од државата и да се сметаат како потрошувачи на струја во категоријата „домаќинства“, бара Занаетчиска комора Скопје за полесно пребродување на енергетската криза. Комората предупредува дека секторот е во криза и информира дека побарала од Владата субвенционирање на дел од сметките за потрошена електричната енергија за занаетчиите од октомври 2022 до мај 2023 година. Доколку не се субвенционираат занаетите на кои ...
Во врска со зачестените кибер-напади во државата и регионот, Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти (MKD-CIRT) препорачуваат организациите од јавниот, владиниот и приватниот сектор да извршат безбедносна процена на своите ИКТ системи и услуги и да имплементираат и применуваат превентивни мерки и процедури за заштита од кибер напади и инциденти. Од АЕК истакнуваат дека најважна ...
Производството на сурово млеко е намалено, пред се, поради сушата и поскапувањата на добиточната храна, но воопшто не може да стане збор за траен недостиг, ниту има простор за такви стравувања, велат преработувачите. Според нив, двете страни – и преработувачката индустрија и производителите соочени со енормниот пораст на трошоците и поскапувањата на енергенсите за 400 – 500 отсто, вложуваат максимални напори да ја зголемат откупната цена која во ...
Потрошувачите треба да знаат дека плаќаат само за она што го потрошиле. Регулаторната комисија за енергетика не ги признава кражбите на електрична енергија во крајната цена што ја одредува и тие се на товар директно на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје. Доколку некој потрошувач има добиено сметка која има отстапување од реалната состојба, може самостојно да го отчита броилото и да ја пријави состојбата, по што ЕВН ХОМЕ е должен веднаш да издаде ...
Просечната инфлација во периодот јануари – август 2022 година изнесува 11,6% на годишно ниво и главно произлегува од надворешни фактори на страната на понудата, соопшти Народната банка. – Најголем придонес за растот на домашната инфлација има порастот на увозните цени на храната и енергијата, вклучително и на домашната цена на електричната и топлинската енергија, коишто се под влијание на случувањата на глобалниот пазар на енергија. Но, нивниот ...
Автор: Бобан Илијевски Како младите да започнат кариера, како повозрасните/постарите да влезат повторно во водите на кариерата, што да се направи за да професионалната биографија ги импресионира работодавачите…, се дел од прашњата на коишто разговаравме со сертифицираниот советник за развој на кариера и тренер за меки вештини, Катерина Златановска – Попова, во четвртата епизода од Работник Подкаст. Целосната епизода можете да ја погледнете ...
Почитувани, Поради интерес на повеќе медиуми и организации Уставниот суд информира дека на седницата којашто е закажана за 14 септември (утре) во 9:30 часот ќе расправа и за Рефератот У.бр.4/2022 кој е подготвен по претходно поднесена иницијатива од страна на Стопанската комора на Северна Македонија. Имено, се работи за предмет во кој е оспорен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, којшто во својата содржина опфаќа ...
Годинава, до 31 јули, Хрватска издала 77.205 дозволи за странски работници, а од тој број, повеќе од една третина се од Босна и Херцеговина. Ова се податоци од МУП на Хрватска кои ги објави порталот Бауштела.хр. Според статистичките податоци, меѓу најбараните занимања за кои е дадено позитивно мислење во периодот од јануари до август 2022 година се оние кои се однесуваат на градежништвото. Според податоците на МУП, годинава најголем број дозволи ...
Министерот за финансии Фатмир Бесими вечерва изјави дека даночните реформи не почнуваат сега, тие се дел од програмата на Владата и се дел од стратегијата за реформи на даночниот систем што е усвоен во декември 2020. Тајмингот, во однос на имплементацијата, би бил транзициски, не значи дека сè што се разговара сега ќе се примени од 1 јануари па натаму, затоа е јавната дебата, изјави тој Бесими, одговарајќи на новинарско прашање дали сега е ...
Договорот на Луфтханза со пилотите треба да обезбеди 10 месеци мир во синдикатот, а на патниците стабилен распоред на летови. Штрајкот на пилотите претходно овој месец збриша стотици домашни летови и остави блокирани илјадници патници. Пилотите добија покачување со договор, а за сите други отворени прашања треба да се разговара до 30 јуни, објавија во понеделникот Луфтханза и синдикатот на пилотите Cockpit Association. Дотогаш, ќе важи ...