
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Oваа состојба на релативно ниски каматни стапки значи дека, штедачите плаќаат еден висок инфлациски данок. Ако имате заштедено 1000 денари, за една година губите 15 проценти од вредноста, тие 1000 денари после година дена ви вредат 850 денари вели професор Трајко Славески, кој е и претседател на Совет на Град Скопје во неделното интервју за Радио Слободна Европа. -Има едно размислување дека каматната стапка доколку сакате да го скршите ‘рбетот ...
Жените во Голдман Сакс (Goldman Sachs), водечката светска банка, пријавиле 75 инциденти на сексуални напади и вознемирување, во кои биле вклучени повеќе банкари, во периодот помеѓу 2000 и 2011 година. Немилите ситуации вклучуваат и силување, покажуваат новите јавни судски списоци, пишува BBC. Овие обвинувања се дел од колктивната тужба во Њујорк, при што во финансискиот гигнат се „вперува прстот“ поради дискриминација на работно место. Таа се ...
Мобингот се врши со цел работникот којшто е подложен на него да даде отказ од работа. Ова е правната дефиниција за мобингот, како појава која во голем дел е застапена во компаниите, не само во Македонија, туку и во високо-развиените западни земји. Порталот Работник неодамна спроведе анктено прашање кое гласеше: „Дали се соочувате со мобинг на вашето работно место?“ Пред да ги изнесеме резултатите од ова анкетно прашање, мораме да кажеме дека ...
Автор: Бобан Илијевски Веќе подолго време владее една криза која се разликува од енергетската и економската, а тоа е кризата со немање човечки капитал или едноставно речено – криза со недостиг на работна сила. Имено, кризата со недостиг на работна сила најголем замав зеде последниве две години откако настапи пандемијата со Ковид -19 и е присутна насекаде во светот, па дури и во најразвиените западни економии. Разликата помеѓу кризата на недостиг ...
Цените на основните животни намирници во Германија се поевтини или исти како во Македонија. „Република” на лице место провери какви се цените. Производите кои можат да се наречат луксуз нема да ги коментираме иако и тие се попристапни од кај нас, туку ќе се задржиме само на оние секојдневните. Цената на лебот се движи од едно евро до 1.30. Има и поскапи но тие се лебовите кои се печат во пекарите во самите маркети. Кашкавалот, кој стана ...
Швајцарскиот суд пресуди во корист на Lindt & Spruengli. Највисокиот швајцарски суд во четвртокот пресуди дека германскиот ланец на супермаркети Лидл треба да престане да ги продава чоколадните зајачиња на Lindt & Spruengli, обвиткани со фолија, бидејќи заслужуваат заштита на авторските права. На Lidl му е наредено да престане да продава сличен производ во Швајцарија и да ги уништи залихите. „Истражувањето презентирано од Линдт покажува ...
Поефикасната селекција и рециклирање на амбалажниот отпад, беше тема на меѓународната работилница, што се организираше од компанијата „Пакомак“ во Скопје, а на која учествуваа најголемите компании за управување со отпад од регионот – кои се членки на организациите ПРО ЕУРОПЕ и ЕКСПРА со седиште во Брисел, меѓу кои од Грција, Бугарија, Србија, Романија, Унгарија и Босна и Херцеговина, како и претставници од Белгија, Чешка и од Кипар. Според ...
Работниците и синдикатите во приватниот сектор треба да го дигнат гласот, не во смисла на воведување на законски решенија, туку воведување на принципот „земи или остави“, вели адвокатот Александар Димитријевиќ. „Во угостителството веќе гледаме дека работодавачите нудат повеќе од она што нудеа претходно затоа што нема работници. Ако оваа атмосфера се прелее и во другите дејности на ист начин, работодавачите не само што ќе ги исплаќаат овие ...
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2022 година е намален за 1,6 отсто во однос на истиот период лани, додека во август 2022 година бележи пад од 0,9 отсто во споредба со август 2021 година. Како што соопшти Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2022 година, во однос на август 2021 година, бележи опаѓање од 3,5 отсто, во секторот Преработувачка ...
Собранието на денешното продолжение на 86-тата седница, изгласа продолжување на рокот на кризните состојби заради недостиг на електрична енергија на територијата на цела држава, како и заради недостиг на топлинска енергија во Скопје. Со 83 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“ беше изгласано продолжувањето на рокот на постоење на кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, заради недостиг на електрична ...
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска оствари билатерална средба со Амбасадорката на Република Германија во Северна Македонија, Н.Е Анке Холштајн и директорот на ГИЗ на Македонија, Давид Оберхубер. На денешната билатерална средба министерката Тренчевска го потпиша Меморандумот за спроведување на проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Република С.Македонија ” со Давид Оберхубер Директор на ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,06% во однос на одлуката од 26.09.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за 2,137%, кај дизелот намалување за 0,689%, кај екстра лесното масло ...
Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Ј.(38) од Куманово, затоа што со остар предмет нападнал и повредил вработена на Инфективното одделение во Општата болница Куманово. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Според информациите од кумановската болница, медицинската сестра била нападната додека ги извршувала своите работни задачи во амбуланта, ...
Бруто-домашниот производ во 2021 година изнесувал 720 414 милиони денари и во однос на 2020 година e номинално зголемен за 7,6 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Реалната стапка на раст на БДП во 2021 во однос на 2020 година е 3,9 отсто. Најголемо учество на додадената вредност со 19,3 проценти во структурата на БДП во 2021 година имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт ...
Индустриското производство во периодот јануари – август 2022 година бележи зголемување за 1,1 отсто во однос на истиот период лани, додека во август 2022 во споредба со август 2021 раст од 0,2 процента. Според Државниот завод за статистика, гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2022 година, во однос на август 2021 година бележи пораст од 2,4 отсто, во секторот Преработувачка индустрија ...
Зголемените цени на енергијата и храната повторно ја поттикнаа инфлацијата во 19-те земји кои го користат еврото на највисоката годишна стапка од создавањето на валутата. Потрошувачките цени во земјите кои го користат еврото како валута достигнаа годишна стапка од 10 отсто во септември, што е највисоко ниво од создавањето на еврото пред повеќе од две децении, објави во петокот Европската комисија. Двоцифреното темпо беше поголемо отколку што ...
Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во првото полугодие од 2022 година изнесува 5 761 денар по киловат час што претставува пораст од 11,2 отсто во споредба со второто полугодие од 2021 година, соопшти Државниот завод за статистика. Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 10 316 до 14 782 денари по киловат час по групи на потрошувачи. ...
-Само здружени во синдикат, работниците имаат право на колективно преговарање за регулирање на условите за вработување, работа, како и на другите права од работниот однос; како и право на штрајк и на преземање на сите форми на синдикални акции. Работникот не е моќен сам да преговара за поголеми права. Мал број работници се информирани за своите права од работниот однос, што е главната причина зошто тие не знаат ниту да си побараат некое право ...
Фејсбук статус на Гласен Текстилец: „Работничка Клупа“, од Андреј Миневски, „И работниците заслужуваат пауза“. . . Планирани учесници: . . Планирани учесници: политика; . . Под-тема:„Интеграции во ЕУ и почитување на основните права со акцент на поглавјата 23 и 24 (Затворањето и транспарентноста на институциите под прашање) и работничките права низ призмата на судскиот систем“. Учесници: . . Планирани ...
Грижата за граѓаните и политиките на Владата предводена од СДСМ доведоа до рекордно зголемување на пензиите. Околу 330.000 пензионери добија септемвриска пензија поголема за 6,8 отсто. Во апсолутни бројки, просечната пензија е зголемена за 1.074 денари и денес таа изнесува 17.422 денари или близу 300 евра. Ваквото рекордно зголемување на пензиите се должи на новата методологија што Владата ја договори заедно со здруженијата на пезнионерите во ...
Државата за само девет месеци од оваа година извршила поврат на ДДВ кон стопанството во износ од 30,7 милијарди денари. Тоа е историски највисоко ниво на поврат на ДДВ извршен кон стопанството досега. Само за споредба. износот вратен кон фирмите во деветте месеци од оваа година е за 48,9 отсто повеќе во споредба со повратот на ДДВ извршен за 12 месеци од 2021 година, додека во споредба со 2020 и 2019 година тој процент е над 70 отсто, односно ...
Кавадаречки „Еуроникел индустри“, еден од најголемите индустриски капацитети во државата е првата голема жртва на енергетската криза, односно на високите цени на електричната енергија. Од таму денеска соопштија дека поради енормните трошоци се принудени да ги изгасат печките, а вработените да ги пратат на принуден одмор. Сепак, како што посочуваат, доколку Владата успее во заложбите да обезбеди поволна цена за електричната енергија или дојде до ...
Собранието денеска треба да одлучува за продолжување на кризната состојба во енергетиката за уште шест месеци, од утре до крајот на април следната година, со оглед дека денес истекува важноста на владината одлука за таа намена, што стапи во сила од почетокот на месецов. По петдневна комисиска расправа, на денешната 86. пленарна седница треба да се расправа за предлог-одлуките за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба ...
Шпанската влада договори пакет фискални мерки кои вклучуваат намалување на даноците на доход за граѓаните со ниски и средни примања, оние со бруто годишен приход помал од 21.000 евра. Таа бројка не е случајно избрана, бидејќи просечната плата е околу 21.000 евра годишно, пишува Ел Паис. Дополнително, извршната власт најави дека ќе ги зголеми стапките на персоналниот данок на доход што се наплатува на приходите од заштеди и се согласи „данок на ...
Од Организацијата на потрошувачи на Македонија апелираат да се носат нови мерки по нови механизми за заштита на потрошувачите поради растот на цените. -Цените на продуктите растат енормно високо, потрошувачите се жалат и кај нас. Апелираме да се носат нови мерки по нови механизми. Дали е тоа на некој начин вештачко покачување, односно колку трговците и производителите имаат високи трошоци за цените буквално да ги менуваат од ден за утре и тоа за ...
Германската Влада усвои нови мерки во борбата против енергетската криза, штои вклучуваат утврдување горна граница на цените на гасот и на електрична енергија, за што ќе бидат издвоени 200 милијарди евра. „Цените мора да паднат и федералната Влада ќе направи се што е во нејзина моќ за да обезбеди пензионерите, семејствата, но и претприемачите и индустријата да можат да ги платат сметките за енергија”, рече германскиот канцелар Олаф Шолц при ...
Професорот Константин Димитров во вечерашното гостување во централниот дневник на ТВ Сител во „Тема на денот“ во однос на барањата на општините за справување со енергетската криза вели дека Владата на СДСМ и прениеор Димитар Ковачевски се однесуваат осветнички бидејќи најголем дел од општините се под раководство од страна на градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. „Општините не можат да ги покријат трошоците. Тие реагираа и преку почетокот на кризата и ...
Институтот за комуникациски студии (ИКС) денеска ќе го организира шестиот „Медиумски ден”. Околу 130 ученици од 13 училишта ќе ги посетат МРТ, ТВ 21, Радио МОФ, ТВ Плус, ТВ Тера и ТВ Вис кои се традиционални домаќини, и Медиумската информативна агенција (МИА) и ТВ Сител ќе се вклучат за прв пат. – На „Медиумскиот ден” учениците ќе се запознаат со работата на новинарите, ќе видат како функционираат редакциите, како се креираат медиумските ...
Во следната 2023 година исплатата на субвенциите за земјоделците ќе започне уште во текот на првиот квартал. Тоа се предвидува со новиот концепт за субвенционирање, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски. -Нашиот план е штом ќе се донесе буџетот за 2023 година веднаш на Влада да биде донесена програмата за поддршка на земјоделството и истиот ден да почне исплатата на субвенциите, рече Ковачевски во одговор на пратеничко прашање на денешната ...
Сите приватни корисници и домаќинства на регуларниот пазар ќе имаат електрична енергија од Електрани на Македонија, истакна потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во емисијата „Објектив” на МТВ. Битиќи нагласи дека штедењето е императив на сите, бидејќи продолжувањето на нерационално однесување може да доведе до тоа што никој неможе да го замисли. Ние уверуваме дека цената на струјата до крај на годината е таа, а внесувањето на обрзазовните ...