Неисплаќањето на К-15 или исплаќањето па барањето назад од страна на газдите и потенцијално решение на овој проблем; систематизацијата на работните места и до каде се надлежностите на синдикатот и работници во тој дел; разликата помеѓу неполно и скратено работно време; намалување на работното време преку Колективен договор на ниво на работдавач или гранка и сексуалното вознемирување на работно места – се темите на коишто разговарав со адвокатот ...

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 29.09.2022 година (четврток) започнува етапната исплата на пензиите за месец септември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на ...

5 G за секого Македонски Телеком ги претставува T Phone и T Phone Pro § Првите телеком 5G смарфони имаат големи екрани, камери со висока резолуција и премиум дизајн по пристапна цена § T Phone и T Phone Pro ќе бидат достапни од 5 октомври во телеком продавниците, TelekomMK апликацијата и www.telekom.mk § Развиени и дизајнирани во партнерство помеѓу Дојче Телеком и Google, T Phone и T Phone Pro нудат беспрекорно 5G искуство Ширењето на 5G ...

Активистката Кристина Ампева во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат посочи дека според нивните информации во маркетите во земјава домашните производи се мошне поскапи од увозните и оти некои артикли кај нас се поскапи од оние коишто се наоѓаат на продажните рафтови во некои европски држави. „Во маркетите гледаме дека увозните производи се поевтини од домашните и оти цените на некои производи се покачени и за над ...

Во пресрет на годишната манифестација на Тесла посветена на вештачката интелигенција, Илон Маск најави робот кој ќе може да помага во секојдневните задачи, од косење трева до носење намирници, но и да врши бројни сложени дејствија. Ботот Optimus, како што се нарекува, најверојатно ќе биде претставен на 30 септември за време на настанот, а Маск го најави своето деби на Твитер со фотографија од роботските раце во облик на срце. Се очекува ...

Министерството за финансии на Шпанија разгледува предлози за зголемување на платите за 3,5 отсто на јавните службеници, како и за намалување на работната недела на 35 часа, јавија шпанските медиуми. Генералниот секретар на работничките комисии Унаи Сордо во интервју за ТВ каналот „24 часа“ не сакаше да шпекулира со бројките, но јасно го кажа ставот на неговиот синдикат дека очекува договор за зголемување на платите. Според весникот „Ел Паис“, ...

Здружението на новинари на Македонија денеска организира јавна презентација на националната студија „Ставови и перцепции на новинарите за транспарентноста на правосудството во Северна Македонија”, која ги прикажува наодите од истражувањето спроведено меѓу новинарите од различни медиуми во земјава што редовно известуваат за работата на судските институции или имаат одредено искуство и согледувања за улогата на судството. -Главната цел на оваа ...

Доколку не е субвенцијата на државата, сметката за струја ќе биде петпати поголема, а над 70 илјади компании во земјава со годишен промет до два милиони евра, имаат субвенционирана цена на електрична енергија, а инаку би плаќале сметка два и пол пати поголема, изјави премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање зошто се чекало досега за мерките за справување со енергетската криза. -ШТО СЕ ОДНЕСУВА НА ЛИБЕРАЛИЗИРАНИОТ ПАЗАР, ТОА ...

Во текот на своите дваесети години, Лија Шустер Бир (34) често работела и по неколку часови подолго отколку што ѝ траела смената. Нејзината работна недела се состоела од 100 работни часа во Голдман Сакс, работа во стартап за социјално влијание во Бостон, завршување на тезата за мастер студиите, жонглирање со воннаставните програми и стажирање, пишува CNBC. Но, неколку месеци пред нејзиниот 30 роденден, ѝ било соопштено дека боледува од ретка ...

Работодавачите почнуваат повеќе да ги вреднуваат компетенциите на кандидатите за работа, отколку образованието коешто го поседуваат. Ова за порталот Работник го вели Владанка Трајкоска, управител на компанијата „Раде Кончар“. Според неа, македонскиот образовен систем одамна не нуди кадри кои одговараат на она што го бараат работодавачите. Нејзината оценка е дека македонското образование произведува работна сила без да соработува со бизнис ...

Ако погледнете во која било европска држава, инфлацијата е на исто ниво како што е кај нас. Над 20 проценти стапка на инфлација има Естонија, а таа е европска држава. Па и во регионот толку се стапките на инфлација. Ако ја погледнете инфлацијата базична во САД, на исто ниво е како и кај нас. На крај сите ќе завршат со стапки на инфлација со 10, 11 до 15 проценти, рече премиерот Димитар Ковачевски. Базичната инфлација, рече, се однесува на ...

Економско-енергетскиот совет на Владата вечерва одлучи на регулиран пазар да бидат и основните и средните училишта на територијата на цела држава, без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на општините. Советот, како што соопшти премиерот Димитар Ковачевски на вонредна прес-конференција, донесе и одлука со која сите јавни здравствени установи ќе бидат обезбедени со електрична енергија преку ЕСМ продажба по поповолна цена ...

Коментирајќи го вчерашниот скандал од СДСМ, каде преку партискиот огранок од Арачиново повикуваат на вработување на професионални војници на денешната прес-конференција пратеникот Драган Ковачки потенцираше дека тоа е дебакал за владата, за Ковачевски, за Петровска. Ова е дебакл за владата, за Ковачевски, за Петровска и за целиот нивен кабинет. Се срамам што овие луѓе ја претставуваат Македонија што треба да учествуваат на Самити на НАТО, се ...

Многумина велат дека за да бидеш успешен во работата, неопходно е да ја сакаш. Во овие многумина спаѓаат поголемиот дел од успешните, богатите и остварени луѓе, кои постојано тоа и го пропагираат. „Ако го работиш она што го сакаш, нема да работиш ниту еден ден во својот живот“ – оваа реченица често се користи, но верувале или не, некои не мислат вака. Милијардерот Марк Кјубан смета дека советот да се следи страста во работата е еден од најлошите ...

По вчера објавениот податок дека околу 700.000 Македонци или околу една четвртина од населението денес живее надвор од државата и дека миграцијата од Северна Македонија во последната деценија се зголемила за пет пати во ЕУ свој интересен став сподели еден граѓанин. Околу четвртина од работоспособното население заминува од земјата што влијае врз продуктивноста на самата земја, покажа најновото истражување. Зошто е тоа така? Ова е ставот на еден ...

И Германците не се расположени за работа и одат на работа само затоа што мораат, покажуваат резултатите од истражувањето на институтот YouGov, нарачано од HDI осигурување. Речиси половина од вработените, 48 отсто од нив, сакаат да преминат на намалено работно време во договор со работодавачот. Дури 56 отсто рекле дека се подготвени веднаш да ги напуштат своите работни места – но не можат затоа што биле принудени да работат од финансиски причини. ...

Од почетокот на воената агесија на Русија врз Украина во февруари, зголемен е бројот на доселување на руски државјани во Србија, најмногу во Белград и Нови Сад, а по мопбилизацијата на интензитет добија и барањата за засолниште и за трансфер, јави дописникот на МИА од Белград. Доселувањето на голем број Руси во Србија, се должи на неколку фактори, пред се на добрите политичко-економски односи или како што се потенцира „братски односи“ на двете ...

Пари анализира: Колку пари одат кај работниците, колку задржуваат газдите? Кај десетте најголеми работодавачи во 2021 година, работеле 25.647 работници. Заедно, тие направиле приход од околу 1,1 милијарди евра, што е околу 10 проценти од целиот бруто-домашен производ. Во просек, ова значи дека секој работник е одговорен за создавање на годишен приход од 42.890 евра, или месечен од 3.574 евра (218.140 денари). Сите компании во кои работат, ...

Владата на вчерашната седница ја усвои Програмата за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје во 2022 година со која ќе овозможи околу 186.000 ученици во 350 училишта за ужина да добиваат домашни, македонски јаболка. – Со Програмата се овозможува поддршка за откуп, дистрибуција и пакување јаболка од реколтата 2022, а целата откупена количина ќе треба да биде дистрибуирана до општинските и државните училишта најдоцна до 15 декември 2022. Со ...

Владата на вчерашната седница донесе одлука за одобрување 1,1 милијарда денари на АД „Електрани на Северна Македонија” (ЕСМ) за набавка на енергенси, ликвидно работење и континуирано снабдување со топлинската енергија на потрошувачите на Град Скопје во текот на претстојната грејна сезона. Владата уверува дека има многу јасен план за справување со енергетската криза, преку ставање во функција на сите енергетски капацитети – оспособување на Блок 3 ...

Порталот за информатичка технологија, IT.mk, го реализираше второто истражување за мапирање на локалната ИТ индустрија и резултатите даваат интересна слика за една од најлукративните индустрии во моментов. Истражувањето има за цел да даде сеопфатен приказ на актуелната состојба со плати и примања, технологии, едукација и развој на ИТ кадарот, како и вработените во дигиталниот маркетинг и дигиталните уметности. Дополнително, истражувањето го ...

Автор: Бобан Илијевски Кога живееш во држава каде што владеат непотизмот, партиските вработувања и корупцијата, неминовно е да имаш незадоволство од населението, а особено од младите коишто воопшто не го перципираат светот како постарите генерации. 700,000 иселени за 8 години. Зачудени сте? Ниту јас Извештајот на Организацијата за економски развој и соработка – ОЕЦД покажа дека од 2011 до 2019 година, од Македонија заминале 700,000 луѓе, бројка ...

Околу 700 илјади Македонци или околу една четвртина од населението денес живее надвор од државата. Од 2011 до 2019 година од нашата држава се иселиле 700.000 наши сограѓани или скоро секој четврт жител си заминал. Иако тој тренд се намалил во периодот на коронавирусот, тоа претставува сериозен проблем не само за носителите на јавни функции и за креаторите на политики, туку и за целото општество, бидејќи се појавува празнина на пазарот на трудот… ...

Владата на минатата седница на деловните банки и препорача да обезбедат пензионерите да може да располагаат со септемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29.09.2022 година. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензиите и тоа: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на ...

Со новиот предлог – Закон за административни службеници, Владата на СДС и ДУИ предлага линеарно покачување на платите на административните службеници, кои работат во Министерство или Секретаријат, за околу 170 евра нето плата по вработен. Со овој предлог закон (со сегашната вредност на бод), власта во најголемата економска криза, ќе треба да обезбеди за административците во министерствата и секретаријатите дополнителни минимум 50 милиони евра ...

Ректорите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) од Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, на Универзитетот „Климент Охридски” (УКЛО) од Битола, проф. д-р Сашо Коруновски, и на Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) од Тетово, академик проф. д-р Абдулменаф Беџети, кои во исто време се и членови на Собранието на Стопанската комора на Северна Македонија, потпишаа Декларацијата за општествен консензус за економски реформи, политики и ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска соопшти дека леб, брашно, млеко и зејтин ќе има. -Леб, брашно, млеко и зејтин ќе има. Обезбедуваме доволно храна за сите граѓани, истакна Николовски на прес-конференција откако претходно информира дека за млекопроизводителите се обезбедени уште 140 милиони денари поддршка, покрај основните и дополнителните субвенции. Николовски информира и дека на денешната седница ...

Владата на денешната 85-та седница одобри средства за ликвидно работење на друштвата и континуирано снабдување со топлинската енергија на потрошувачите на Град Скопје. Како што соопшти владината Прес-служба, пред почетокот на грејната сезона, Владата донесе Одлука за одобрување 1,1 милијарда денари за набавка на енергенси на АД за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) во државна сопственост, согласно ...

„Бизнисот ќе биде помогнат директно, но само оние сектори кои навистина имаат потреба. Кажав и досега дека поддршка од Владата ќе добиваат оние стопанственици кои покажуваат дека навистина штедат и оние кои навистина имаат потреба од поддршка, кажа министерот за економија Крешник Бектеши кој појасни дека со владините мерки за намалување на ефектите од енергетската криза ќе бидат опфатени угостителите и хотелиерите, но не и рудниците, казината, ...

Законскиот рок за зголемување на останатите плати согласно минималната плата истекува до крајот на септември, Сојузот на синдикати ја обвинува Владата дека не го почитува законското решение. Вработените во јавниот сектор, односно во државните институции се поизвесно е дека нема да имаат повисоки плати од октомври. Од синдикатот поднесоа пријава против Владата во Граѓанскиот суд и во исчекување се на првото рочиште. Извор: Сител Post Views: 34 ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
46%
1012
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
2.06
68%
1013
weather icon

Загреб

21ᴼ / 19ᴼ
1.03
55%
1015
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
40%
1012
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.74
53%
1013
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
2.45
74%
1015
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
5.36
36%
1011
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
47%
1013
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
50%
1012
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
3.09
53%
1014
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
46%
1014
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
5.66
63%
1014
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15519.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.20

Сребро

1057.05

Злато

107001.17

Бакар

9.87

Паладиум

29707.29

Платина

30669.41

Родиум

172810.26

Цинк

2.57