
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Во поткровје, со современ ентериер, во кој доминираат природните елементи и материјали, свое место пронашло и едно стебло, кое како скулптура го поврзува просторот, но и потсетува на запуштената природа која е насекаде околу нас. Архитекти од италијанското биро QOS Studio работеле на реставрација на напуштена зграда во градот Асти (Пиемонт, Италија). Некогашно складиште, од крајот на 19. век, било ослонето на средновековна куќа во историскиот ...
Неправедно занемарената Ал-Ула е дома на древни локалитети, историски споменици и неверојатни природни чуда, а зградата во која с еогледува пустината е само едно од низата ремек дела. Големите стаклени плочи во кои се отсликува околниот пејсаж на Ал-Ула во саудискиот регион Медина, даваат привид за надреално и го тераат набљудувачот да се запраша дали станува збор за фатаморгана. Но, за таквата слика не е крива пустинската жештина, туку станува ...
Во Музејот на град Скопје на 7 декември (среда) оваа година, во 20 часот ќе биде свечено отворена изложба на дела од еден од најзначајните македонски ликовни уметници – Владимир Георгиевски (1942-2017). Делата на Владимир Георгиевски ќе бидат поставени во целиот расположив галериски простор на Музејот. Изложбата се состои од стотина дела на уметникот работени во ликовните техники масло на платно, темпера, пастел, туш, молив во боја и акварел. ...
Старата зграда на Европскиот парламент во Брисел, се смета за неадекватна за понатамошна употреба. Проектантскиот тим во кој се и Carlo Ratti Associati (CRA) предлага амбицизоно реновирање на постоечката зграда наместо повторна градба. Би се користела оригиналната конструкција со дополнителни карактеристики на одржливата градба, меѓу кои и многу зеленило. Зад овој предлог стои Europarc collective, во кој покрај CRA се и Julien De Smedt ...
Поедноставувањето на процедурите за изградба на капацитети од обновливи извори на енергија и постројки за складирање на енергија, предизвика пресврт во енергетскиот сектор во Турција. Со овие измени, всушност им се овозможува на електраните на обновливи извори на енергија да обезбедуваат базна енергија. Имено, работењето на соларните електрани и ветерните фарми зависи од временските услови. Батериите овозможуваат складирање на произведената ...
Ако мислевте дека Pinterest направи сите ентериери да изгледаат како јајце на јајце, што ли ќе помислите за оваа бесплатна алатка? Неодамна лансираниот Interior AI е нова платформа која им помага на корисниците не само да добијат идеи за ентериер, туку и да генерираат нови функции за своите внатрешни простори. Работата е многу едноставна. Внесете примерок од фотографијата од ентериер, без разлика дали станува збор за слика пронајдена на ...
Денес во Службен весник на РСМ, објавен е Ценовник за инженерски услуги (ценовник за висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во областa на високоградбата).Со овој Ценовник се пропишува висината на минималниот надомест за извршените архитектонски и инженерски услуги од страна на овластените архитекти и инженери. Ценовникот се однесува на услугите кои ги наплаќаат физичките и правните лица, ...
Проектот на Марта Брандао, лоциран во Арока, Португалија е минималистичка и рустикална реинтерпретација на традиционалната плевна. Виткоста на целината и употребата на темно дрво, создаваат контраст со околината. Резултатот од оваа симбиоза е совршено засолниште од секојдневниот живот, каде што можете да уживате во чисто визуелно задоволство и природа во целосна изградена удобност. Замислете како заспивате под звукот на брза река и се будите ...
Со рециклирање на пластичниот медицински отпад, за само три дена направен е прототип на мобилен тоалет со 3Д печатење, кој нуди одржливо решение за градилиштата и разни привремени населби. Отфрлениот пластичен медицински отпад од болниците низ Европа стопен е во филамент и со 3Д печатење направена е мобилна тоалетна кабина дизајнирана од шпанското студио Nagami за фондацијата To.org. Преносливиот тоалет наречен The Throne е произведен во текот ...
Општина Котор распишува конкурс за идејно архитектонско решение на стадионот на ФК „Бокељ“ во населбата Шкаљари во Котор. Конкурсот е меѓународен, општ, едностепен и анонимен. Краен рок за поставување прашања е 19 декември 2022 година, а рок за предавање на трудовите е 16 февруари 2023 година. Од идејниот проект се очекува да се предложи функционално и препознатливо решение кое ќе биде основа за изработка на техничка документација за ...
Вечерва со почеток во 20:00 часот во Галерија 2 во Младинскиот културен центар – Скопје ќе се отвори архитектонската изложба „Атлас на македонската модерна архитектура“. Станува збор за проект чија цел е препознавање, документирање, проучување и вреднување на модернистичкото архитектонско наследство од втората половина на XX век на територијата на Република Северна Македонија. Проектот регистрира и мапира повеќе од 500 архитектонски реализации ...
Компанијата „ИНА„ во склоп на својата трансформација веќе започна со изградба на фотонапонски електрани, а сега се свртува и кон производство на водород, кој во моментот е едно од главните решенија за декарбонизација на индустријата и сообраќајот. Компанијата веќе испратила барање до надлежното министерство, за подговка на документација за оценка на влијанието врз животната средина за својата постројка за производство на водород од обновливи ...
Бирото Boele Architects, со седиште во Прага и Лондон, ги здружило силите со берлинското студиото Buro Happold за заеднички да проектираат мост што ќе се протега по целата должина помеѓу стеблата на високи дрвја. Мостот се наоѓа во Јужниот парк во Софија, еден од најголемите паркови во Бугарија, долг е 325 метри, а неговата криволиниска структура овозможува пешачка и велосипедска врска со двата краја на оваа пространа зелена оаза. Мостот е ...
Сместено во заштитеното природно подрачје на Флеча дел Ромпидо, Реал де ла Алмадраба е изградена во 1929 година по четири века од првите риболовни акции за туна на брегот на Хуелва. Комплексот е составен од три добро диференцирани области: станбена област формирана од серија индивидуални објекти организирани во камп каде што живееле работниците од Алмадраба; Домот на капетанот, поголем по габарит и одалечен од остатокот од комплексот; и групата ...
Иницијативата за регионите на јаглен во транзиција, на Западен Балкан и Украина, одржа годишен состанок во Брисел. Таа е дел од Европскиот зелен договор и слична е на механизмот кој се спроведува во склоп на Европската унија. Идејата е дека транзицијата кон чисти извори на енергија не може да се смета за успешна, доколку не е правична кон компаниите и работниците, велат претставниците на Европската комисија и нејзините партнери од оваа ...
Полицата за книги Primitive е еден од најмоќните и најпознати производи дизајнирани од Studio Nucleo. Во пчетокот, направена како производ во ограничено издание, сега Qeeboo оваа полица за книги ја индустријализира и предложи повторно во полиетиленска верзија со ротациско обликување за да биде достапна секому. Производот се состои од модули кои можат да создадат скулптурални прикази и да се направат поголеми полици со додавање на модули. ...
Lancia со години беше во втор план кога станува збор за новитетите во автомобилската индустрија, а многумина прогнозираа и крај за овој бренд. Некогаш славната марка спадна на само еден мал и застарен модел (Ypsilon), а притоа немаше никакви показатели кои би можеле да наговестат подобри времиња. Но, тогаш се појави Stellantis и Lancia остана во живот, и тоа како премиум марка која ќе произведува исклучиво електрични автомобили. Првиот чекор кон ...
Khalifa International Stadium бил домаќин на многу значајни спортски настани од неговото отварање во 1976 година. Всушност, ретко се спомнува фудбалот или атлетиката во Катар, а да не се споменува ова место, проект на архитектот Dar Al-Handasah. Сместен е во предградието Al Rayyan, како дел од Aspire Zone (Doha Sports City) на пет километри од центарот на Доха. Стадионот е реновиран повеќе пати, а во 2017 година заврши комплетна реконструкција ...
Претседателката на ДОМ и пратеничка Маја Морачанин во интерес на здравјето на граѓаните, бара топланите во Скопје да продолжат да работат на гас. „Нашиот став како ДОМ и наше барање беше да продолжи работата на топланите во Скопје на гас, да не се префрлуваат на дизел или мазут коишто навистина многу загадуваат и тоа се рефлектира дефинитивно многу на загадувањето на воздухот во Скопје, рече Морачанин и додава: „Дури и да биде поскапо ...
Иницијативата покрената од музејот „Кристални мостови“, на архитектонската изложба на отворено под наслов „Архитектура дома“, со цел за да се поттикнат размисли за тоа како архитектурата влијае на нашите животи и што е тоа што ја прави куќата дом и засолниште. Изложбата се развива околу музејската зграда во пејзажот на околниот контекст, на и околу куполата на Р. Бакминстер Фулер. Во овој контекст, Pérez Palacios Arquitectos Asociados (PPAA), ...
Европската унија во 2021 година за увоз на производи за зелена енергија (вклучувајќи ветерни турбини, соларни модули и биогорива) издвоила 15,2 милијарди евра. Ова го покажуваат податоците на Eurostat. Истовремено извозот на вакви производи бил повеќе од двојно понизок и изнесувал 6,5 милијарди евра. Конкретно, од државите надвор од ЕУ, биле увезени соларни модули во вредност од 11,2 милијарди евра. Покрај тоа, вредноста на увезените течни ...
Општо познато е дека Турција е популарна туристичка дестинација и како таква редовно е на листата од топ 10 светски дестинации според бројот на туристи и остварени ноќевања. Пред неа обично се само Франција, САД, Италија, Шпанија и Кина. Тоа секако се должи на нејзината површина и на големата популација од која зависи бројот на домашните туристи кој го „билда“ и вкупниот број, но најмногу се должи на многуте нејзини природни убавини, ...
Архитектонското студио Objekt Architecten во соработка со Ханс Стерк се претстави со проектот за реставрација на индустриска зграда лоцирана во градот Аaлст, Белгија, создавајќи нов изложбен салон за дизајнерски парчиња мебел. Ентериерот го зајакнува индустрискиот и историскиот карактер без да запаѓа во стереотипи. Видлива е зависноста на комплексот со ентериерот, кој ги подобрува особеностите на дизајнерските парчиња и обратно, формирајќи ...
Кога гејмерската компанија Playrix.rs одлучила да ги прошири своите капацитети, една од локациите бил токму Нови Сад и веќе завршена зграда во градот, а проектот за ентериер е доверен на новосадското архитектонско биро Сила. Бидејќи Playrix.rs се занимава со креативна, но и програмска индустрија, токму тоа ги инспирирало авторките Даница Дивљак и Горана Гајиќ да го проектираат овој ентериер во индустриски стил – простор кој не оптоварува, а ...
Квалитетот на воздухот во Европа с еподобрува, но и натаму загадениот воздух претставува висок ризик бидејќи изложеноста на т.н фини честички довела до најмалку 238.000 предвремени смртни случаи во Европската унија во 2020 година, се вели во соопштението на Европската агенција за животна средина (EEA). За жал, загадувањето на воздухот е идентификувано како најголема опасност по здравјето на луѓето во Европа. „Емисиите на основните загадувачи ...
Education City Stadium е извонредно место. Фрла светлина на позицијата на Катар како динамично средиште за учење на студенти и академици ширум арапскиот свет и пошироко. Неговата локација на периферијата на Доха е во рамки на неколку универзитетски кампуси во Qatar Foundation’s Education City, мошне жив центар на учење и знаење. Местото претставува комбинација на моќта на знењето и фудбалот. Проектот на британското биро Pattern Design во ...
Познато е дека Србија има цел до 2040 година да обезбеди 40% од вкупно произведената енергија која ќе ја добие енергијата од обновливи извори. Иако засега напредокот не е според очекувањата, сепак терба да се оддаде признание на примерите на добра пракса и сите проекти кои успешно се реализираат и носат позитивни промени. Меѓу таквите примери наскоро ќе биде и електраната DeLasol која ќе се простира на површина од 12 хектари. Таа ќе биде ...
На 30 ноември, во 12 часот во МСУ-Скопје, професорот Душан Перчинков ќе одржи предавање насловено „Концепт за ликовен израз“ во кое што тој ќе се осврне на различните фази на креативниот процес со акцент на концептот како нешто што е дел и од практичното приближување кон формирањето на дефинитивниот ликовен израз. Ставајќи го во контекст на едно сложено, линеарно, но и нелинеарно развивање на процесот, концептот за визуелен израз ќе биде ...
На покана на Претседателката Ruth Schagemann на второто Годишно Собрание на Architects’ Council of Europe (ACE) за 2022 година, што се одржа во Брисел на 24 и 25 ноември, присуствуваа Претседателката на Комората на овластени архитекти и овластени инженери – КОАИ, Кристинка Радевски и Раководителката на одделението на Архитекти Веселинка Герасимова-Петровска. На настанот беше најавено пристапувањето Архитектите од Македонија во АСЕ – најголемото ...
Заведени од фотографската нарација која ги илустрира проектите на канадскиот архитект Жан Вервил, двајца исклучителни ексцентрици со страст за уметност и италијански дизајн од 80-тите го ангажирале неговото биро да го проектира ова шумско прибежиште од 180 квадратни метри. Целта на клиентите била да се создаде простор кој ќе може да го „угости“ нивниот секојдневен живот полн со енергија, а истовремено да биде во склад со нарушувачкиот пристап ...