
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, м-р Талат Џафери и претседателот на Синдикатот на Сојузот на синдикати на вработените на Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје, проф. д-р Ангел Ристов, на 29.12.2022 година склучија КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” во Скопје. Овој Колективен договор (КД) влезе во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.287 од ...
Адвокатот и политичар Роберт Бадентер, поранешниот министер за правда кој остана запаметен во Франција по укинувањето на смртната казна во 1981 година, а на територијата на поранешна Југославија како претседател на арбитражната комисија во рамките на Мировната конференција за Југославија во 1991 година, почина денеска на 95-годишна возраст, пренесоа француските медиуми. Бадентер беше правник, професор по право на Сорбона и претседател на ...
Јулијан Нагелсман не одбил преговори со неколку заинтересирани клубови, меѓу кои се издвојува Барселона, иако како актуелен селектор на Германија и го чека голем предизвик во јуни на Европското првенство кое ќе се игра токму во неговата татковина. Како да насетува катастрофа пред домашната публика, што можеби и не е неочекувано ако се погледне кризата која ги зафати Германците. Германските медиуми пренесуваат дека Нагелсман преку својот ...
Меѓународната куќа на фудбалот (ФИФА) реагираше по повод шпекулациите за воведување син картон. „ФИФА сака да го расчисти прашањето за таканаречениот син картон. Не е точно дека планираме да го воведеме во највисокото фудбалско ниво и сите извештаи за тоа се предвремени. Секое тестирање, доколку се воведе, ќе биде ограничено на тестирање на пониски нивоа. Оваа тема повторно ќе ја отвориме на 2 март“, се вели во соопштението на ФИФА. „Телеграф“ ...
Најновата вулканска ерупција на Исланд покажува знаци на намалување, но ги оштети патиштата и цевководите и ја прекина топлата вода во делови од полуостровот Рејкјанес, каде температурите се многу под нулата. Затворени училишта и градинки, 20.000 луѓе без вода Новата вулканска ерупција на југозападниот дел на Исланд започна вчера, по трет пат од декември, исфрлајќи лава висока до 80 метри и нарушувајќи го секојдневниот живот на полуостровот ...
Врховниот руски безбедносен функционер Дмитриј Медведев денеска изјави дека новиот врховен командант на вооружените сили на Украина, роден во Русија, Олександр Сирски, е предавник, а Кремљ рече дека неговото назначување нема да го промени исходот од конфликтот во Украина, што Русија нарекува „специјална воена операција“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа го смени популарниот врховен командант на украинските вооружени сили ...
Од понеделник во Министерството за економија за ваучер за одмор во вредност од 300 евра ќе може да аплицираат семејствата чиј месечен буџет е 50.000 денари. Ваучерите ќе може да ги искористат во домашните угостителски објекти кои се на листата на Министерството за економија, но вон сезона. Министерот Крешник Бектеши вели дека главна цел на оваа мерка е да им се овозможи одмор на лицата со ниски примања, а во исто време да им се помогне на ...
„Трансформација на македонската економија е она што следи со формирањето на следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Препознатливоста на ВМРО-ДПМНЕ во делот на оданочувањето и економијата се ниските даночни стапки на оданочување, која што политика повторно ќе ја вратиме“, рече Aнастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ. „Во такви услови на економско опкружување компаниите олеснето ќе стопанисуваат, а за граѓаните тоа ќе донесе повисок стандард на ...
Вчера во 18 часот во СВР Тетово пријавено е дека на улица „101“ во Гостивар патничко моторно возило „фолксфаген поло“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 18-годишниот Н.З. од гостиварски Балиндол удрило во малолетничка од Гостивар, извести СВР Тетово. „Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, а нешто подоцна Н.З. е лишен од слобода“, соопшти СВР ...
Вчера во 13 часот и 10 минути полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 81-годишниот Х.Х. од гостиварска Долна Бањица, извести СВР Тетово. „Тој се сомничи дека претходно запалил оган на неговата нива кој набргу неконтролирано се проширил наоколу и зафатил и оштетил соседна плевна, сопственост на 71-годишниот Н.Д. од истото село, како и пластична цевка поставена во близина“, соопшти СВР ...
Шеесет и четиригодишен жител на гостиварско село вчера во 15 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека минатата година стапил во контакт со лице А.Н. од Скопје кое му ветило дека ќе му обезбеди сертификат за положен германски јазик за неговата снаа, а тој за таа услуга однапред му платил 1800 евра, извести СВР Тетово. Лицето подоцна му обезбедило сертификат, но документот бил фалсификуван, по што сфатил дека е измамен, се додава во ...
Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, по предметот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда КВП2-101/23, со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесени од осуденитe А. Ѓ., К.Л. и А.К. против пресудата ...
Кога веќе се дозна јавно дека кандидат на ДУИ за претседател на државата ќе биде Бујар Османи, би сакале да ја потсетиме јавноста кој е всушност овој кандидат и колку заслужува да биде кандидат, а камоли за избран претседател на Северна Македонија, велат од Европскиот сојуз за промени. „Можеби некој и заборавил, но оние кои ги следат настаните кај нас, добро се сеќаваат на Бујар Османи како министер за здравство на Владата на Груевски во 2008 ...
Вработените во Министерството за финансии по изборите ќе излезат на штрајкови и нема да ги работат предметите доколку министерот Фатмир Бесими не го потпише колективниот договор со кој платите на сите вработени ќе се зголемат за 30 отсто. Синдикатот денес му достави колективен договор на министерот и апелираше до понеделник да го потпише за да не се прави дополнителен раздор меѓу вработените оти, според податоците на синдикалците, некои ќе ...
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) oбјави дека по изгласувањето на предлог измените на Законот за игри на среќа со Европско знаме на редовна пленарна седница на 7 февруари, се подготвени да ги преземат сите правни механизми за спречување на овој, како што велат, штетен закон кој ќе донесе сериозни последици за целата држава. „Во повеќе наврати и претходно изјавувавме дека ќе ги искористиме сите законски можности, ...
,,Ова е еден, според нас, круцијален закон којшто опфаќа повеќе од половина милион население и се однесува на, популарно или народски кажано, кираџиите. Тоа се многу луѓе во Република Македонија. На сајтовите на агенциите за недвижности можете да видите фрапантни податоци каде што уредно наместен стан од 50 квадрати достигнува цена по 800, 900 а некогаш и 1 000 евра. Овие проблеми на граѓаните не се новина кај нас, во Европа веќе ги имале и ...
„Кога зборувавме за лошите културни политики на актуелната власт која целиот свој мандат работеше хаотично и без каква било стратегија, јасно беше дека ќе стигнат до степен на целосно обезличување на културата. Во текот на вчерашниот ден министерката за култура на прес конференција ги објави резултатите од годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес за културата за 2024 година и oвој пат, повторно без донесена Национална ...
КОНЕЧНО ПРАВДА, ова е само почеток. Ширачите на лажни вести, за чаеви и други безвредни препарати, кои го злоупотребуваа моето име, слики и што не друго, за лично да се збогатат со измама на пациентите, се ОСУДЕНИ со правосилна пресуда. Конечно, по една и пол година, донесена е правосилна пресуда за злоупотреба на личните податоци заради примоција на чаевите ПАРАЗОЛ и ХИПЕРТЕА на професорите Никола Пановски, Вело Марковски и Маја Мојсова. Дејан ...
Денеска, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот Назим Буши и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев остварија работна средба со амбасадорот на Италијанската Република Андреа Силвестри. На средбата Тошковски го запозна амбасадорот Силвестри за функционирањето на Министерството за внатрешни работи во техничката Влада, кое има голема одговорност во спроведувањето на изборите кои ни претстојат. Во таа насока, ...
Координаторот на пратеничката група на Алијанса за Албанците, Аднан Незири, изјави дека денес ќе бидат разрешени министрите од редовите на нивната партија Фатмир Меџити за здравство, и министерот за информатичко општетство и администрација, Азир Алиу. Незири рече дека врз основа на идеолошките и програмски определби на Алијансата, како автономна партија со западна оријентација и дел од евроатлантските министри, однесувањето на нивните двајца ...
Foto/ Screenshot: SportKlub Неверојатниот домашен пораз на Партизан од Баерн (78:79) во 26. коло од Евролигата, со тројката на Франциско на една секунда до крајот, ги разбесни навивачите на црно-белите, познати во навивачкиот свет под името „Гробари“. Партизан ја продолжи лошата серија, има пет порази во низа во сите натпреварувања, односно на последните седум натпревари има само една победа, против Жалгирис во Евролигата. Полека сезоната во ...
На 10 февруари 2024 година, официјално започнува годината на Дрвениот змеј. Отсега сите ние – без разлика на кинескиот знак – ќе ги чувствуваме промените во нашите животи што ќе ги донесе Змејот. Што да очекувате од огнениот знак – и од каде потекнува? Историјата на дрвениот змеј Секој од 12-те знаци на кинескиот хороскоп доби свое место со причина. Според митологијата, во античко време тие учествувале во трка – по што им биле доделени позиции ...
За три дена истекува т.н технички рок од Преспанскиот договор но и од нашите закони по однос на валидноста на исправите и документите кои што имаат меѓународна употреба, потести министерот за надворешни работи Бујар Османи. Информираше дека пред два дена се видел со министерот за надворешни работи на Грција во Рим, каде била изразена волја да нема никакви проблеми во имплементирањето на одредбите посебно на тие, како што е 12 февруари. И ...
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека е задоволен што специјалниот обвинител Роберт Хур заклучил дека не треба да биде обвинет во случај на несоодветно постапување со доверливи документи кога ја напуштил позицијата на потпретседател на САД во 2017 година. „Специјалниот обвинител објави дека целосно соработував. Ниту ја блокирав истрагата, ниту побарав одложување“, рече Бајден во вонредното обраќање по повод објавувањето на ...
Еквадорска политичарка е убиена среде бел ден пред толпа луѓе, само неколку моменти по завршувањето на состанок, пишува Мирор. Дијана Карнеро (29) претседаваше со состанокот на советот во градот Наранџал во Гуајас во средата попладне и снимаше видео од лошите услови на патот кога беше нападната. Двајца осомничени и пришле со мотор и ја застрелале во главата пред да избегаат, соопшти полицијата. Националното обвинителство на Еквадор најави дека ...
Принцот Хари ја посети Велика Британија по веста дека на кралот Чарлс му бил дијагностициран рак. Имал средба со својот татко која траела само 45 минути, а следниот ден војводата од Сасекс се вратил во Калифорнија. Тој не се сретнал со својот брат Вилијам. „Принцот Вилијам воопшто не е заинтересиран да разговара со Хари додека тој не се извини за неговите напади врз кралското семејство“, изјавил кралски експерт, пренесува Дејли мејл. Многумина ...
На погрешна адреса упатуваат обвинување за мобинг и неправилно работење на Филхармонија. Има инстанци каде ова треба да се пријави, но не е решение собирање на потписи, кое што притоа е дискутабилно. Ова го истакна министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, откако Синдикатот на Македонската Филхармонија поднесе петиција до Министерството за култура, со барање за итно разршување на директорот Даниел Лазаровски, тврдејќи дека вршел ...
Првиот вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ, од денес престојува во дводневна работна посета на Соединетите Американски Држави. Целта на посетата на Маричиќ е учество на Конференцијата The European Dream 2024: A Continent at the Crossroads на престижниот Harvard Kennedy School во Кембриџ, Масачусетс, која ќе се одржи на 9. и 10. февруари. Маричиќ исто така ќе оствари средби со студенти од нашата држава и од регионот на Западен Балкан ...
Foto/ ffm.mk Фудбалската репрезентација на Македонија во новиот циклус во Лигата на нации ќе се натпреварува во групата 4, во Ц дивизијата. Противници на Македонија ќе бидат Ерменија, Фарските Острови и Летонија. Новиот циклус во Лигата на нации Македонија ќе го започне со гостувањето кај Фарските Острови на 7 септември, а со овој противник ќе го затвори циклусот на 17 ноември. Распоред на натпреварите на Македонија: 7. септември 15:00 часот: ...
Најмалку четири лица загинаа во немири во северна Индија, откако властите урнаа џамија, тврдејќи дека е незаконски изградена, пишува Би-би-си. Насилството избувна во градот Халдвани во провинцијата Утараханд, по операцијата за уривање џамии и други нелегални објекти. Властите рекоа дека операцијата била започната за отстранување на нелегалните структури, вклучително и џамија и соседна медреса (верско училиште). This is not Baghdad or Kabul – ...