
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска поднесе уставен амандман со кој ќе се спречи помилување на осудените за злосторства против малолетници, додавајќи дека негово лично убедување е дека „не смее да има милост за педофилите“. Тој рече дека е започната дебата за овластувањата на претседателските помилувања, додавајќи: „сега не е потребно ние да бидеме адвокати, туку работите да се утврдат јасно и недвосмислено“, пренесе агенцијата „МТИ“. ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на денешната изјава на поранешниот премиер Димитар Ковачевски и претседател на СДСМ. „Изразуваме сериозна загриженост за ваквите изјави кои можат да се толкуваат како влијание и политички притисок врз медиумската слобода и уредувачката независност во предизборен период посебно на јавниот сервис. Ваквите изјави од лидери на политички партии кои отвораат прашања за објективноста и ...
Нема отцепување од Алијанса зашто ние сме Алијанса за Албанците, изјави министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу од редовите на Алијанса за Албанците, пред состанокот на делегатите на Централното собрание на партијата кој го свика лидерот Арбен Таравари. Одговарајќи на прашањето дали како исход од вечерашниот состанок може да се очекува нивно отцепување од партијата со оглед на тоа што Алијанса официјално поднесе предлог ...
Хрватот Бојан Богдановиќ го напушти Детроит, а Василије Мициќ замина од Оклахома. Неколку часа пред крајот на преодниот рок во НБА лигата, Детроит Пистонс го испрати Бојан Богдановиќ заедно со Алек Буркс во Њујорк Никс, во спротивна насока заминаа Еван Фруние, Квентин Грајмс, Малачи Флин, Рајан Арчидаконо. Детроит од Њујорк доби и два пика од втората рунда на драфтот. Хрватскиот репрезентативец пропушти дел од сезоната поради повреда, но по ...
Во организација на Пакомак, а со поддршка на Нула Отпад и Прилепска Пиварница во тек е традиционалниот награден конкурс „Trash for art 2024“. Овој конкурс е со цел да се поттикнат граѓаните да ја разбудат креативноста во себе и да се подигне јавната свест за паметно управување со амбалажниот и електронскиот отпад, и отпадните батерии. Конкурсот „Trash for art 2024“ трае од 26 јануари до 26 февруари 2024 година и е отворен за возрасни и деца кои ...
Вечерва во Париз беа извлечени групите во сите дивизии за новиот циклус во Лигата на нации. Македонија е во Ц дивизијата, во групата 4, противници на избраниците на Благоја Милевски противници ќе им бидат репрезентативците на Ерменија, Фарските острови и Летонија. На ждрепката најмногу внимание привлече извлекувањето на групите во најсилната, А дивизија. Бранителот на трофејот Шпанија за противници ги доби Данска, Швајцарија и Србија. Најсилна ...
Русија и Кина мора тесно да соработуваат во заштитата на безбедноста и решително да се спротивстават на надворешното мешање во внатрешните работи, изјави кинескиот претседател Шји Џјинпинг во телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин. „Двете страни треба да спроведат блиска стратешка соработка за да го заштитат својот национален суверенитет, безбедност и развојни интереси и решително да се спротивстават на мешањето на ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го разреши врховниот командант Валериј Залужни и на негово место го назначи генералот Александар Сирски. „Се сретнав со генералот Залужни, му се заблагодарив за двегодишната служба. Разговаравме и за тоа кој би можел да се приклучи на раководството на вооружените сили. Време е за такво ресетирање. Од денеска нов лидерски тим го презема раководството на Вооружените сили на Украина. „Го назначив ...
Foto/ ffm.mk Фудбалската репрезентација на Македонија ги доозна протвниците во новиот циклус во Лигата на нации. Македонија се натпреварува во Ц дивизијата. Ждрепката им беше наклонета на македонските фудбалери, во Групата 4 ќе играат против Ерменија, Фарски острови и Летонија. Лигата на нации е важна и поради квалификациите за Светското првенство во 2026 година во САД, Мексико и Канада. Четирите најдобри селекции кои нема да изборат бараж ...
Израелските сили денеска бомбардираа област во близина на јужниот пограничен град Рафах, каде што засолниште побара повеќе од половина од вкупното население на Појасот Газа, еден ден откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли предлогот за прекин на војната во палестинската енклава. Нетанјаху вчера изјави дека предлогот на Хамас за примирје е „заблуда“ и најави продолжување на борбата и победа за неколку месеци. Одбивањето од ...
Бенјамин Нетанјаху уште еднаш ги истакна своите непроменливи ставови за акцијата во Рафах кога најави нов напад бидејќи не сака да попушти пред Хамас. Нетанјаху рече дека им наредил на војниците да дејствуваат во Рафах, иако денеска во Каиро требаше да биде отворена нова рунда преговори за обезбедување примирје со Хамас. „Попуштањето пред бизарните барања на Хамас не само што нема да доведе до ослободување на киднапираните, туку ќе предизвика ...
Нема да биде како до сега, досега беше лошо, односно не било полошо. Кога станува збор за економијата можам да кажам дека за нас што претставува најголем приоритет. Според сите мерења на јавното мислење, како прв приоритет граѓаните го посочуваат проблемот со нискиот стандард, ниските плати, економијата. Што значи дека ако ние направиме сериозни реформи, што не се сомневам, убеден сум дека ќе направиме нешто што ќе биде историски значајно и ќе ...
Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот Назим Буши и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев остварија работна средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал. На средбата Тошковски го запозна амбасадорот Вал за моменталното функционирање на Министерството за внатрешни работи и истакна дека заедничкото раководење на истото е со заедничка цел, а тоа може да носи само добро за ...
Демократската унија за интеграција го поздравува усвојувањето на Законот за оддалечување на казината и обложувалниците од образовните институции. „ДУИ со загриженост ја следеше целата дебата и кампања против Законот за игри на среќа и во заштита на сомнителниот монопол во оваа индустрија. Но, опструктивната, блокирачка, клеветничка, негативна и навредлива кампања не помина. Законот за оддалечување на казината и обложувалници предвидува: – ...
Десет вагони од товарен воз кој превезувал пластични пелети и масло за јадење излетале од шините во северниот дел на Њујорк. Два од вагоните завршија во реката, соопштија денеска градските власти. Нема пријавени повредени и нема опасни материјали, изјави претходно денеска Том Кјуба, портпарол на компанијата Berkshire & Eastern. „Два вагона паднаа во реката Хјусик, од едниот истече мала количина масло за јадење, а од другата пластична ...
За покажаната грижа, нега и бесплатните кардио прегледи спроведени со здравствениот караван „Здравје за сите“, претставници на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија доделија благодарници на Клиника Жан Митрев и на докторите кои ги спроведуваа прегледите. Благодарниците беа доделени од страна на претседателката на Сојузот на пензионери, Станка Трајкова, како и претседателите на здруженијата од сите градови од Македонија. ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски кој беше во работна посета на Берово, во изјава за медиумите истакна дека постојано се на терен, директно разговарајќи со секој еден земјоделец, слушајќи го нивниот глас и заедно креирајќи мерки за поддршка на секој земјоделец. „Така креираните мерки докажано даваат резултати“ нагалси Николовски. „Сточарите во текот на оваа недела на своите сметки можат да ги очекуваат ...
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на прес-конференцијата за резултатите од Годишната програма за проекти од национален интерес во културата за 2024 година, на новинарско прашање за тоа кога ќе започне реконструкцијата на Универзалата сала најави дека Министерството за култура го изоде потешкиот пат, но го заврши процесот и реконструкцијата може да започне следната недела. „Одата заврши. Изодевме по подолгиот и по ...
Левица успешно ги блокираше штетните измени на Законот за урбанистичко планирање кои на шверцерски начин беа предложени од страна на ДПМНЕ и поддржани од СДС и ДУИ, информираа од оваа партија. „Нивното барање е роковите за започнатите постапки за донесување, како и постапките за изменување и дополнување на урбанистичките планови за кои е одобрена планска програма до денот на отпочнување на примена на овој закон, да продолжат согласно одредбите ...
СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против Н.Б.(53), Н.Х.(26) и Т.Љ.(21), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување“. На 28.06.2023 во Скопје, пријавените со закана со огнено оружје и употреба на физичка сила го извадиле Џ.Б.(47) од неговото возило и го однеле во напуштена куќа каде го присилиле да потпише договор за продажба на стан, со цел од парите од продажба да му ...
На средбата со министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч се разговараше и за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски. Министерот за правда Кренар Лога бил информиран од турскиот колега дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури. По завршувањето на административниот дел се очекува Палевски да биде екстрадиран во нашата држава, велат од Министерството за правда. „Министерот ...
Килијан Мбапе (25), најдобриот играч и стрелец на ПСЖ и капитен на француската репрезентација речиси се согласил да се пресели во Реал. Од клубот за кој постигна 242 и забележа 105 асистенции на 289 натпревари и кој го купи од Монако за 180 милиони евра, заминува на крајот на сезоната по седум години како слободен играч. Реал го добива без отштета бидејќи договорот со ПСЖ му завршува за четири месеци. Ова го пишуваат водечките француски ...
Два авиони на „ЏетБлу“ се судрија на пистата на аеродромот Логан во Бостон. Како што пренесува Дејли Мејл, авионите се судриле на пистата додека во двата авиони имало патници. Оштетени се крилата на еден авион. Авионите се судриле кога едниот бил на пат кон Лас Вегас, додека другиот на пат кон Орландо. „Левото крило на „ЏетБлу Флајт 777“ удри во десниот стабилизатор на „ЏетБлу Флајт 551“ приближно во 6:40 часот по локално време во четвртокот, ...
Националната установа „Охридско лето” за реализација на годинешната уметничка програма на Фестивалот, кој се одржува од 12 јули до 20 август, од Министерството за култура доби 30 милиони денари. Со ваквата финансиска поддршка ќе се реализира квалитетна програма со врвни светски и домашни уметници, велат од „Охридско лето“. „Финансиската поддршка која ја добиваме од Министерството за култура за реализација на 40-те фестивалски денови за нас е ...
Евентуланото заминување на Килијан Мбапе од ПСЖ ќе предизвика уште неколку други трансфер кога се во прашање напаѓачите. Поради тоа лелниците на Интер му понудиле на Лаутаро Мартинез продолжување на договорот до 2028 година, пренесува „Газета дело Спорт“. Според новиот договор аргентинскиот фудбалски репрезентативец би заработувал осум милиони евра по сезона. Проблем е што Мартинез сака повеќе пари. Италијанските медиуми потсетуваат дека ...
Борбата на Вања Шимлеша од Сплит во Хрватска започнала пред повеќе од триесет години, кога била урната зграда со седум стана за изградба на нова зграда. Вања денеска по долгогодишни судови и молби ја донесе својата борба директно пред зградата на градската управа во Сплит, каде се врза со синџири за палма, пишуваат хрватските медиуми. „Имав сопствен стан 1/1 во приватна куќа. Градот Сплит ја сруши таа куќа. Мене ми дадоа стан за кој што морав ...
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на прес-конференција по повод резултатите од Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година, истакна дека оваа година за таа цел се издвоени милион и пол евра повеќе од ланскиот буџет. „Вкупните средства наменети за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2024 година изнесуваат 867 милиони и 600 илјади денари или 14 милиони ...
„Европската унија ќе продолжи да обезбедува финансиска и логистичка поддршка за креирање на квалитетни политики и мерки кои ќе ги унапредуваат системите за социјална и детска заштита и ќе ја подобруваат состојбата на пазарот на трудот преку подигнување на вработливоста на граѓаните и намалување на стапката на невработеност“. Ова е потврдено на денешната прва средба на министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски со амбасадорот на ...
Четири нови случаи на голема кашлица се забележани во земјава, потврди портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ. Со тоа, бројот на заразени од голема кашлица се зголеми на 22 случаи од почетокот на годината. Комисијата за заразни болести вчера на прес-конференција, по одржаниот редовен состанок, предложи прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје. Претседателот на Комисијата, Александар Петличковски, рече дека, ...
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски оствари средба со претседателот на Здружението за пензионери од Центар, Злате Стефановски и претставници од ова здружение кое годинава одбележува 70 години од основањето. На средбата стана збор за посветеноста на општината за унапредување на здравјето и правата на пензионерите преку проектите од областа на културата, социјално-здравствената заштита, спортот итн, кои Општината Центар ги ...