
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска објавија дека успеале да посредуваат за ослободување на 100 руски воени заробеници во замена за 100 украински воени заробеници. Руското Министерство за одбрана на Телеграм ја објави веста за „хуманитарно посредување“ од ОАЕ, а истото го соопшти и украинскиот претседател Володимир Зеленски и украинското тело за следење на размената на воени заробеници. Министерството за надворешни работи на ОАЕ соопшти ...
Вооружен напаѓач уби четири лица на пазар во Грузија, по што осомничениот е приведен, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата. Нападот се случил во Ростава, во близина на Тбилиси, наведуваат медиумите. #BREAKING – #Georgia: Suspect assassin shot 4 people & several others were injured in a market in Rustavi near #Tbilisi. The suspect were able to flee from the scene. pic.twitter.com/xPSpMCQNMA — 🔱 Resistance Defender ⚡ ...
Запленети 185 илјади норвешки круни, откако патник на излез од државата на скопскиот аеродром не ги пријавил кај царинскиот орган. Патникот, инаку норвешки државјанин со потекло од Косово, со себе во црна торба носел 305 илјади норвешки круни што царинските службеници ги пронајдоа при контрола на скенер. Согласно Законот за девизно работење му се вратени 120 илјади норвешки круни, а останатите се запленети. Против патникот е поднесена ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32-годишна негувателка во детска градинка за која постои основано сомнение дека сторила продолжено кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Како што соопштува Обвинителството, во временскиот период од 2022-2023 година, осомничената вработена во детска градинка во Радишани во повеќе ...
Министерството за внатрешни работи информира дека денеска и утре (09.и 10.02.2024) поради најавената официјална посета на делегација предводена од претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат ...
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер објави дека постигнал договоро со Полјакот, Матеуж Пиеховски. Кружниот напаѓач е второ засилување за македонскиот шампион, откако претходно во клубот пристигна Дејан Манасков. Пиеховски (28) е висок 210 сантиметри, тој кариерата ја започнал во Висла, а настапувал и за шпански Адемар Леон, руски Виктор Ставропол, германски Емшдетен и турски Бешикташ. Пиеховски е повремен репрезентативец на Полска, а низ ...
Лос Анџелес Лејкерс ја открија статуата на Коби Брајант на Стар Плаза пред нивната Крипто Арена. Брајант им се придружи на Меџик Џонсон, Карим Абдул-Џабар, Елгин Бејлор, Џери Вест, Чик Херн и Шекил О’Нил како легенди на Лејкерси за да ја примат статуата. Брајант загина во хеликоптерска несреќа пред четири години. Тој ги помина сите 20 сезони во НБА со Лејкерс, што е тимски рекорд и стана само петтиот кошаркар во историјата кој играл две ...
Рускиот претседател Владимир Путин имаше интервју со американскиот новинар Такер Карлсон што беше емитувано на неговата веб-страница во четвртокот на полноќ по средноевропско време. Причината за разговорот беше апсолутното незнаење на населението во САД, како што рече водителот на Фокс њуз, за тоа што се случува во Русија и Украина. Такер Карлсон, близок пријател на Доналд Трамп, отиде во Москва на првото интервју на Путин со западен новинар ...
Финскиот претседателски кандидат Пека Хаависто вели дека неколку дена пред изборите во недела, неговата сексуалност била во фокусот на медиумите и ги обвинува новинарите на јавните телевизии. 65-годишниот поранешен министер за надворешни работи, кој би станал првиот „зелен“ и прв геј претседател на Финска доколку победи, вели дека е изненаден од начинот на кој неговата сексуалност станала прашање на јавен интерес во вториот круг од изборите. ...
Швајцарската полиција соопшти дека 32-годишен ирански барател на азил вооружен со секира и нож држел 15 заложници во воз меѓу Булм и Ивердон-ле-Бен во кантонот Вауд речиси четири часа додека полицијата не упаднала во возот и го убила. „Сите заложници се ослободени неповредени. Човекот кој ги држел заложниците бил смртно ранет при интервенцијата, соопшти полицијата“, пренесе Ројтерс. #suisse #yverdon #prisedotage pic.twitter.com/RHPwaDGgvd — ...
Интервјуто на рускиот претседател Владимир Путин кое во Москва го даде на американскиот новинар Такер Карлсон предизвика бројни реакции ширум светот. Првото интервју на рускиот претседател со западните медиуми од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, кое беше објавено на полноќ на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен Твитер), беше прегледано од повеќе од 30 милиони луѓе за само два часа по неговото објавување. Владимир Путин ...
Доналд Трамп го имаше најдобриот ден во 2024 година досега, пишува „Си-ен-ен“ и наведува три добри работи што му се случиле на Доналд Трамп, а кои би можеле значително да му помогнат во претстојната трка за Белата куќа. Сеќавањето на Бајден и криењето на доверливи документи Поранешниот претседател доби политички подарок од истрагата во која специјалниот советник на Министерството за правда, Роберт Хур, откри дека Бајден неправилно чувал ...
Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2.147 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 44,76%, а 55,24% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 54,65%, кон Итната медицинска помош 28,73%, а кон пожарникарите 15,77% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, ...
Премиерот Талат Џафери во интервју за „Дојче Веле“ се осврна на предложените промени во составот на техничката Влада која тој ја предводи при што истакна дека Владата функционира целосно и непречено, а во рамки на надлежноста. „Владата функционира потполно. Преземени се активности и мерки по однос на решавање на статусот на дел, односно на членови на Владата соодветно на процедурата која е пропишана и надлежностите дадени со Устав“, изјави ...
„ДУИ и СДС имаат 2 нови бонбона бизниси, со кои сакаат да ги задолжат и неродените деца во Република Македонија. Се работи за 2 инвестиции, кои што македонската јавност треба да ги знае. Едната е изградба на т.н. агрофотоволтаик, кој што се протега во делот помеѓу Штип и Свети Николе, а втората е фотоволтаикот во општина Пехчево. Првиот агрофотоволтаик е француска инвестиција, а оној во Пехчево е бугарска инвестиција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Со ...
Кошаркарите на Денвер славеа победа над Лејкерси во Лос Анџелес, во ноќта посветена на Коби Брајант. Стеф Кари со тројки ја затрупа Индијана, а Лука Дончиќ го предводеше Далас до победа во дуелот со ослабените Њујорк Никс. Актуелните шампиони, Денвер Нагетс, славеа победа над Лејкерси 114:106. Јокиќ блесна во вечерта посветена на покојниот Коби Брајант, на кого Лејкерси три часа пред мечот пред својата Арена открија бронзена статуа. Србинот ...
Партијата на поранешниот пакистански премиер Наваз Шариф има мала предност на општите избори, покажаа првичните резултати објавени утринава, по одложувањето на броењето на гласовите што владата го припишува на исклучувањето на мобилните интернет услуги. Изборната комисија на Пакистан ги објави резултатите за 47 од 265 места во Националното собрание, при што 17 места ќе добијат Пакистанската муслиманска лига на Шариф и 14 на приврзаниците на ...
Друштвото на писателите на Македонија е формирано на 13 февруари 1947 година, од страна на осум писатели: Васил Иљоски, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ристо Крле, Владо Малески, Димитар Митрев, Иван Точко, Коле Чашуле и Ацо Шопов. За прв претседател на ДПМ е избран Блаже Конески. По тој повод, на 13 февруари 2024 година, со почеток во 11 часот, во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија, ќе се одржи Отворен поетски ден на кој ...
Состојбата во Косово, предизвикана од одлуката на косовските власти да го забранат динарот во платежните трансакции, е во спротивност со резолуциите и повелбите на Обединетите нации (ОН) и може да предизвика непоправлива штета, изјави синоќа претседателот на Србија Александар Вучиќ на вонредна седница на Советот за безбедност на ОН. Состанокот е свикан на барање на Србија, откако со одлуката на Централната банка на Косово (ЦБК) од 1 февруари е ...
„СДСМ со правилни економски политики, води грижа за сите во државата. СДСМ предвремено го реализираше ветувањето за просечна плата од 500 евра и сега таа е покачена на 630 евра. Во времето на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната плата изнесуваше 360 евра“, велат од СДСМ. „Со ДПМНЕ работниците земале дури за 270 евра помала просечна плата од денес. ДПМНЕ беше фокусирана на споменици и жални врби, СДСМ е посветена на граѓаните, на работниците, го ...
Времето денеска, наутро со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена облачност која кон крајот на денот ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната ...
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. „На територија на град Скопје изречени се вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 29 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за користење мобилен телефон при возење, седум мерки за некористење сигурносен појас…“, соопшти МВР. Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во ...
Северна Кореја има голема моќ и ќе ја употребиме сета сила доколку не нападнат, изјави лидерот на таа азиска земја Ким Џонг-ун на прославата на годишнината од севернокорејската армија, а пренесува Ројтерс. „Доколку непријателите се обидат да употребат сила против нашата земја, ние ќе донесеме храбра одлука. Нема да се двоумиме ни секунда и ќе ја промениме историјата. Ќе ја искористиме сета наша воена моќ и тоа е одлично да го избришеме ...
Објавено е интервјуто што рускиот претседател Владимир Путин му го даде на американскиот водител Такер Карлсон, прво интервју на Путин за западни медиуми откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година. Карлсон, кој често ја критикуваше американската поддршка за Украина и го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „украински макро“ и го спореди со стаорец, беше помалку агресивен во интервјуто со Путин. Тој му се обрати на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски има право да избере кој ќе ја предводи украинската војска, а САД ефективно ќе соработуваат со неговиот нов воен командант, изјави висок претставник на Пентагон. „Претседателот Зеленски е претседател на неговата земја и Украина, за разлика од Русија, има демократска цивилна контрола врз војската“, рече Селест Валандер, помошник на министерот за одбрана за меѓународна безбедност во Пентагон.. Зеленски ...
Американскиот претседател Џо Бајден нема да се соочи со кривична пријава поради ракување со доверливи документи, откако претседателот се опиша себеси како „постар човек со лоша меморија“, изјави специјалниот обвинител Роберт Хур. Сепак, Хур тврдеше дека дејствијата на Бајден „претставувале сериозен ризик за националната безбедност“ откако заклучил дека претседателот „намерно задржал и открил доверливи материјали“. Бајден со себе зеде доверливи ...
Кошаркарите на Баерн во драматичен натпревар го победија Партизан во Белград со 79:78, во рамките на 26.коло од Евролигата. Партизан го претрпеа третиот поразпо ред во Евролигата, односно петтиот во сите натпреварувања. Натпреварот во Белград беше решен во последните 49 секунди, во кои Патизан влезе со предност од четири поени (76:72). Пресвртот го режираше бекот на Баерн Силван Франциско. Најпрвин погоди две слободни фрлања, потоа Пантер на ...
Дел од мојата секојдневна борба за името и кореспонденција со странците. Ова е еден мој одговор од пред малку… Last but not least: in the first meetings I informed John and Florian that the name which is formal is not acceptable for more than 90% Macedonians. They agreed with me. I will ask you and all other people from CUPID to use only Macedonia in personal communication with me or with Vera. It is very pejorative for Macedonians. You are not ...
Хилари Клинтон, реагирајќи на интервјуто на Такер Карлсон со рускиот претседател Владимир Путин, го нарече овој поранешен новинар на „Fox News“ „корисен идиот“, објави „The Hill“. Во интервју за „MSNBC“, поранешната прва дама изгледаше неизненадена од веста и укажа на претходните коментари на Карлсон за војната во Украина. „Тој кажува работи кои не се вистинити. Тој како папагал ги повторува купот лаги на Владимир Путин за Украина, па не ...
Руското Министерство за одбрана соопшти дека денеска е извршена уште една размена на затвореници. Според формулата еден на еден, 100 руски воени заробеници беа разменети за 100 украински. Размената на затворениците е извршена со посредство на Обединетите Арапски Емирати. Ова е втора размена во која ОАЕ ја игра улогата на посредник. „Обединетите Арапски Емирати обезбедија хуманитарен посредник за враќање на рускиот воен персонал од ...