
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Синоќа во 19.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистраски ознаки, управувано од М.Р.(71) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Е.(24) од с.Арачиново, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Р., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум ...
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на традиционалната манифестација на закројување на лозјата во чест на Св. Трифун заштитникот на лозарите и винарите. „Денеска сме овде Марена, во Тиквешкиот регион, симболот на нашето македонско грозје и вино, и во чест на овој голем празник, традиционално со закројување на лозјата го означивме почеток на новата лозарска реколта. Производството на грозје и вино отсекогаш било и ќе ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира лозаропроизводителите дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за остварено производство на грозје. „Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат пријавено обработлива земјоделска површина со лозови насади, а оствареното производство на грозје го ...
Реал Мадрид со победата во Лајпциг зачекори во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Реал до победата дојде со брилијантниот гол на Брахим Дијаз, но играч на натпреварот беше голманот Андреј Лунин кој ја одбрани победата на „кралскиот клуб“. 25-годишниот украински репрезентативец, натпреварот го заврши со девет интервенции. Воодушевен од изданието на Луни беше тренерот на Реал, Карло Анчелоти. „Лунин одигра одличен натпревар, најдобар откако ...
Орландо Меџик на свеченена церемонија, на натпреварот со Оклахома сити Тандер, го повлече дресот со број 32 на Шекил О’Нил. Франшизата од Флорида, прв пат во историјата повлече дрес од употреба. О’Нил, во 1992 година беше избран како прв пик на драфтот од страна на Орландо. Тој стана првиот Ол стар на франшизата, првиот кој беше избран за руку на годината, првиот играч на франшизата избран во идеалната петорка на НБА лигата и прва голема ...
Вечерва на програмата се нови два натпревари во осминафиналето на Лигата на шампионите. Баерн во Рим му гостува на Лацио, а ПСЖ ќе го пречека Реал Сосиедад. Вчера, фудбалерите на Манчестер сити победија во Копенхаген со 3:1, додека Реал Мадрид во Германија го совлада Лајпциг со 1:0. Фудбалерите на Лацио од 21 часот го пречекуваат тимот на Баерн во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Баерн првата фаза од Лигата на шампионите ...
Голем руски десантен брод „Цезар Куников“ е потопен со помош на поморски беспилотни летала „Магура В5“, соопшти Одбранбената разузнавачка служба на Украина. Според достапните информации, нападот се случил во Црното Море во близина на градот Алупка на окупираниот Крим. „Одбранбената разузнавачка служба на Украина во соработка со сите компоненти на безбедносните и одбранбените сили на Украина го уништи големиот десантен брод Цезар Куников, кој ...
13-годишно момче загина кога во него удрил товарен воз во близина на Вајтерштат на југот на Хесен. Несреќата се случила околу 2 часот по полноќ, а тинејџерот починал на лице место. Според полицијата, момчето очигледно се движело по шините кога дошол товарниот воз и го удрило. „Според истрагата на криминалистичката полиција на Дармштад, може да се претпостави дека се работи за трагичен настан“, соопштија од полицијата. Истрагата е во тек. ...
Четиринаесетти февруари на некој начин ги обединува христијаните – додека православните верници го слават Свети Трифун, римокатолиците овој ден го поврзуваат со Свети Валентин. Според преданието, свети Трифун е роден во селото Кампсади во Фригија, во сиромашно семејство и бил многу благочестив уште од најраното детство. Како дете времето го поминувал во чување гуски, а од Бога добил „дар на чудотворство и исцелување“, па во текот на својот ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска во Брисел оствари средба со европратениците Илхан Кјучук, Тонино Пицула, Тинеке Стрик и Карло Реслер. Во владината делегација која ја предводи премиерот Џафери се и првиот заменик на претседателот за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Како што известуваат од прес-службата на Владата, на средбата биле разменети мислења ...
Томас Тухел, ако не ја освои титулата во Бундеслигата, веројатно ќе го напушти Баерн по завршувањето на сезоната. Големи се шансите ова да се случи бидејќи Баерн е на втората позиција во шампионатото со пет поени помалку од Баер Леверкузен. Тухел со Баерн во Лигата на шампионите вечерва во осминафиналето игра против Лацио. Сезоната за Баерн ќе биде крајно неуспешна доколку клубот барем не ја освои Бундеслигата, откако клубот преходно ...
Надзорна камера го снимила застрашувачкиот момент кога една постара жена смртно ја удрила тула во главата додека го чистела снегот пред нејзиниот дом во Њујорк. Дејл Сингер (74) билa итно пренесенa во болница откако се урнал бетонскиот дел околу влезната врата. Сведоците рaскажаа дека жената штотуку се свртела да ја заклучи вратата на 6-та авенија во Бруклин кога била згмечена од тулата. Соседката Мијра Мартинез рече дека Сингер изнајмила ...
Унгарија е потресена од ненадејните оставки на две од најпопуларните и најуспешните жени во владејачката партија Фидес, инаку во која доминираат мажи. Ова стана најголемата закана за владеењето на премиерот Виктор Орбан откако тој се врати на власт во 2010 година. Прикривање на педофилскиот скандал Претседателката Каталин Новак и поранешната министерка за правда Јудит Варга ја презедоа одговорноста за одлуката за помилување на Ендре К., ...
Стотици спасувачи во Турција денеска ја продолжуваат потрагата по најмалку девет работници затрупани во рудник за злато на истокот на земјата, кој беше погоден од огромен одрон. Свлечиштето започна во вторникот во рудникот Коплер во планинската провинција Ерзинџан, на истокот на Турција, пренесува АП. Околу 800 спасувачи, вклучително и полициски и воени тимови, се распоредени во потрага по девет рудари, за кои се стравува дека се затрупани во ...
Членките на НАТО алијансата се состануваат денеска и утре во Брисел за да разговараат за поддршката на украинските воени напори и нивната обврска да издвојат два отсто од својот бруто домашен производ за одбрана. Денешниот состанок не е официјален настан на самиот НАТО, туку собир на сојузниците кои ја поддржуваат Украина, организиран од Соединетите Американски Држави. Вистинската средба на министрите на земјите членки на Алијансата ќе биде ...
Со СДСМ лозарите добиваат уште поголема поддршка, велат од оваа партија. Традиционално пред големиот празник и заштитник на лозарите, Св. Трифун, до сметките на сите лозари, како што информираат од СДСМ, се исплаќаат дополнителна поддршка до 40.000 денари, по хектар и тоа дополнителни субвенции, или 28.000 денари и 12.000 денари по хектар дополнителна поддршка за претрпени штети по лозовите насади, до секој лозар и за винско и трпезно грозје. ...
Вчера во 16.40 часот во Штип, полициски службеници од Oтсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода Т.П.(43) и М.П.(74), двајцата од Штип. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и пиштол со рамка со осум куршуми калибар 7,65 мм за кој не поседувале дозвола. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата. ...
Денеска попладне се очекува претседателот на Собранието Јован Митрески да ги распише претседателските и парламентарните избори 2024. Седмите претседателски избори, според политичкиот договор, треба да се одржат на 24 април, додека на 8 мај ќе се одржат единаесетите парламентарни избори, коишто овој пат ќе бидат редовни. Доколку има втор круг од претседателските избори, тие ќе се совпаднат со парламентарните избори и ќе се одржат на 8 мај. ...
Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 183 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 93 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 90 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР ...
Oпштина Центар денеска го објави Јавниот повик за пријавување на заинтересирани сопственици на заеднички делови на колективни станбени згради управувани од управител на станбени згради или заедница на сопственици од подрачјето на Општина Центар за реконструкција на фасадите на нивните станбени згради. Реконструкцијата на фасади опфаќа обновување на постојната фасада со нова термичка (енергетски ефикасна) фасадна обвивка, односно фасаден систем, ...
Бисера Костадиновска, министерката за култура покажува голема нервоза во обидот да ја оправда скандалозната годишна програма во културата. Впрочем критиките и пристигаат и од страна на самите работници од културата и фестивалите кои таа ги заборави на сметка на проекти кои широкоградо ги “даруваше“ со народни пари, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „остадиновска ја нема да одговори зошто се одвоени 30.000 евра за „реализација на фестивалот „Моисиу“ ...
Војската на Израел објави видео на кое наводно се гледа лидерот на Хамас, Јахја Синвар во тунел под градот Кан Јунис во јужна Газа. На видеото, според написите, се и неговата сопруга, децата и братот. Израел јавно го обвини Синвар дека е главниот организатор на терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври. Објавувајќи ја снимката на својата редовна прес-конференција, портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари рече ...
СДС и ДУИ ќе не носеа во Европа, а сега без пасоши ниту од нивната “Северна” не може да се излезе, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „На народот му натурија решенија кои го однесоа во ќорсокак. Спасовски и Ковачевски, свесно го ставија народот во трошок, даваа лажни изјави, дека ќе важат личните карти и возачките дозволи, иако знаеа дека според договорот, кој го потпишаа, истите ќе важат само до февруари 2024-та година. До пред еден месец лажеа дека ...
Прифатена е иницијативата на министрите од СДСМ за бесплатна замена на возачките и сообраќајните дозволи, велат од оваа партија. Владата, како што стои во нивната информација, донесе одлука со која се овозможува бесплатна замена на важечките возачки и сообраќајните дозволи за граѓаните на Република Северна Македонија. „Бесплатни патни листови ќе добијат сите граѓани кои живеат надвор од нашата земја, а кои имаат потреба да се вратат за да ...
Фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска, во неделата, трет пат во историјата станаа шампиони на Африка. Во финалето, пред своите навивачи, со пресврт ја победија Нигерија со 2.1. За овој успех беа богато наградени. Секој играч доби бонус од претседателот на Републиката, Аласан Уатара, во износ од 76.000 евра и вила со идентична вредност. Репрезентативците беа почестени и наградени на претседателската церемонија во Абиџан, а најголемата ...
Американскиот претседател Џозеф Бајден ги повика претставниците на Републиканската партија во Претставничкиот дом на Конгресот итно да го стават на гласање пакетот помош за Украина, Израел и Тајван, вреден 95,3 милијарди долари, предупредувајќи дека отфрлањето на тој закон ќе влијае и ќе оди на прилог на рускиот претседател Владимир Путин. Бајден рече дека поддршката за тој нацрт-закон, кој утрово беше усвоен од Сенатот, Горниот дом на ...
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 162 казни, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за поминување на затворен сигнал – црвено светло, 10 санкции за користење мобилен телефон при возење, три мерки за некористење сигурносен појас. Сообраќајните ...
Израелските воени операции во градот Рафа во Појасот Газа, дом на повеќе од еден милион бегалци, „може да доведат до масакр“, предупреди потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања Мартин Грифитс, повикувајќи го Израел „да престане да ги игнорира“ повиците од меѓународната заедница да не го напаѓа Рафах. „Повеќе од половина од населението на Газа, повеќе од еден милион луѓе, се во Рафах и ја гледаат претстојната смрт. Тие имаат малку храна, ...
Времето претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а од пладневните часови облачноста ќе се намали. Преку денот ќе дува умерен, а особено долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната ...
Фудбалерите на Манчестер сити и Реал Мадрид зачекорија во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Европскиот првак и „кралскиот клуб“, на отворањето на нокаут фазата забележаа победи во Копенхаген, односно Лајпциг. Манчестер сити забележа победа во Копенхаген 3:1. Кевин Де Брујне, кој поради повреда воопшто не играше во фазата по групи, во 10.минута го постигна првиот гол на натпреварот. Копенхаген кој храбро му се спротивстави на Сити ...