
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека не може да има напредок во преговорите за прекин на огнот во Каиро додека Хамас не се откаже од нереалните барања. „Во Каиро, Хамас не му даде ниту еден нов предлог на Израел за ослободување на нашите заложници“, се вели во соопштението од кабинетот на Нетанјаху, додавајќи дека „премиерот инсистира на тоа дека Израел нема да ги прифати нереалните барања на Хамас“. Извештаите во ...
Како да манипулираш маса народ за да се самоотпише? 1. Создади проблем. 2. Направи го голем и на лична основа. 3. Потоа понуди го решението кое одпочеток си сакал да го имплементираш, само сега, без никаков отпор. Примена: 1. Името го создадоа како проблем (а не беше – 133 земји од 200 не’ имаа признато). 2. Го врзаа со желбата за влез во ЕУ и го сведоа на ниво на лаги за здравство, образование. Го поврзаа и со личните документи на граѓаните ...
Ќутачи и ќутачки! Молчевте кога излегувавме на улица. Молчевте кога го браневме уставот и името на Р. Македонија. Македонскиот јазик, култура, историја, идентитет… Молчевте кога се боревме за достоинство на Македонскиот народ и на сите граѓани на Р.М. Молчевте кога не’ притвораа. Молчевте кога не’ затвораа. Мочите и сега, додека невини луѓе издржуваат драконски казни по занданите, за дело кое не го сториле. На крај, цел народ го ставија во ...
Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево на патот Штип – Кочани, а според информациите две лица се загинати. „Јавен обвинител од ОЈО Кочани изврши увид на лице место, издадени се повеќе наредби за утврдување на причините за несреќата. На увидот присуствуваше и вешто лице од областа на сообраќајот, а според првичните сознанија до несреќата дошло при претекнување. Издадена е наредба за прибирање траги од лице место, за обдукција на телата ...
Министерот за правда Кренар Лога во Хаг ја потпиша Конвенцијата за меѓународна соработка во истрагата и гонењето на злосторството геноцид, злосторства против човештвото, воени злосторства и други меѓународни злосторства. Министерот Лога присуствуваше на Церемонијата за потпишување на Љубљанско-Хашката Конвенција во Палатата на мирот во Хаг, Холандија . Конвенцијата има за цел да ја олесни меѓународната соработка во кривичната материја меѓу ...
Постои огромен сомнеж дека овие народни пари земени од џебот на граѓанинот се префрлени во десетина џебови на луѓе од власта. И затоа посочуваме до сите дека мора и ќе има одговорност – истакнува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски. „Меѓу другото тука сме пред РЕК за да соопштам еден голем скандал кој власта еве веќе две години го прави во нивната „златна кокошка“ РЕК Битола со тоа што на исто така нивната фирма Марковски ...
Леброн Џејмс минатиот четврток ја одбил понудата на Голден Стејт Вориорс да премине во нивните редови на крајот од преодниот рок. Сопственикот на Вориорс Џо Лакоб директно и се обратил на сопственичката на Лос Анџелес Лејкерс, Џини Бас, во врска со потенцијалниот трејд. Сепак, ниту Лејкерси, ниту Џејмс не биле заинтересирани за трејдот, иако тоа би значело дека тој ќе стане соиграч со Стеф Кари. Леброн игра на највисоко ниво иако има 39 ...
Поларните мечки во канадскиот залив Хадсон се изложени на ризик од глад, бидејќи климатските промени ги продолжуваат периодите без мраз во Арктичкото Море, и покрај напорите на животните да ги прошират своите навики во исхраната. Поларните мечки го користат мразот што се протега низ поларната ледена покривка на Арктикот за време на постудените месеци за да го фатат својот главен плен. За време на потоплите месеци, кога морскиот мраз се ...
Во Авдијивка никој нема да ги брани купиштата урнатини и изгореното железо, изјави Дмитро Лихови, портпарол на украинските вооружени сили во регионот Таури. Според него, приоритет на воената команда е да ги зачува животите на бранителите на тој уништен град на истокот на Украина. Руските сили со месеци се обидуваат да го освојат Авдијивка, стратешки важен град на истокот на Украина. Во последно време Русите постигнаа голем напредок и прекинаа ...
Во областа Кагошима, на југозападот на Јапонија, еруптираше вулканот Сакураџима, кој испрати облаци од чад и до 5.000 метри над кратерот, соопшти локалната метеоролошка опсерваторија. Во моментов нема извештаи за повредени или оштетувања на згради, соопштија властите на јапонската префектура Кагошима, пренесува Kyodo. Метеоролошката служба на регионот издаде предупредување за вулканска активност на трето ниво, повикувајќи ги луѓето да не се ...
Постариот син на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Јаир, се чини дека не брза да ѝ се придружи на израелската армија, бидејќи беше снимен како шета низ луксузен станбен комплекс во Флорида додека рекорден број резервисти водат брутална војна против Хамас во Појасот Газа, пишува Дејли Мејл. На фотографиите кои ги сними Дејли Мејл, синот на Нетанјаху е фатен како се излежува на терасата на луксузниот комплекс, кој чини 5.000 долари ...
Пакистански политичар кој победи на покраинските избори во Карачи минатата недела се откажа од своето место бидејќи, како што објасни, гласањето било наместено во негова корист. Во Пакистан се одржаа општи и покраински избори на 8 февруари, кои беа нарушени со обвинувања за местење за да се поразат независните кандидати поддржани од поранешниот премиер Имран Кан. Привремената влада ги отфрла обвинувањата и тврди дека земјата има закони и ...
Премиерот Талат Џафери, во рамки на посетата на Брисел, оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. На средбата присуствуваа првиот заменик на претседателот за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Ова е прва посета на Брисел на Џафери како премиер, и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, му честиташе за функцијата, нагласувајќи дека претстојниот период е од исклучителна ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, ги повикува сите политички субјекти и претседатели на партии во државата, во пресрет на распишувањето на изборите, да се водат исклучиво од државните и граѓанските интереси, да не наштетуваат на меѓународните позиции на државата и да не ги доведуваат во заблуда граѓаните со манипулации и невистини. „Прашањето околу употребата на уставното име на државата во патните исправи ...
„Во консултација со нашите братски синдикати од европската и светската конфедерација на синдикатите и во консултација со претставниците на меѓународната организација на трудот можеме да кажеме дека не постои ниту еден ваков случај во некоја постсоцијалистичка или комунистичка држава да се одземе дом граден од синдикална членарина од работниците за синдикатите“, велат од ССМ и бараат разрешување на тројцата судии кои ја имаат донесено одлуката ...
Поранешниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави дека на Украина треба да ѝ се даде перспектива за членство во Европската Унија, но и предупреди дека е скептичен кога се во прашање роковите и дека Брисел не треба да ветува нешто што не може да го исполни. „Целосно се согласувам дека треба да има перспектива за членство на Украина. Но, јас сум против давање ветувања што не може да се исполнат во рокот што Украина го сака. ...
Поранешниот француски претседател Никола Саркози денеска пред Апелациониот суд беше прогласен за виновен за незаконско финансирање на неговата кампања за реизбор во 2012 година, потврдувајќи ја претходната одлука на понискиот суд. Тој беше осуден на една година затвор, од која половина е условна, што значи дека тој не би бил во затвор за тоа време, но најверојатно ќе мора да носи електронска нараквица. Тој беше осуден на една година затвор во ...
Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, во склоп на европскиот филмски маркет на Берлинскиот филмски фестивал, на 18 февруари ќе ја промовира новата ВОД-платформа – https://www.doc-around-europe.net/. Платформата ќе има за цел на европската публика во наредните две години да ѝ понуди можност да погледне повеќе од 70 документарни филмови од автори во подем. Платформата претставува една од активностите на мрежата на фестивали „Doc ...
Честитајќи им го Свети Трифун, празникот на лозарите и производителите на вино, министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, истакна дека Северна Македонија е синоним за квалитетно вино кое е наша традиција, а нашите винарии, како што наведе министерката, се вистински амбасадори во многу држави низ светот. „Ние знаеме како да го почитуваме трудот на лозарите кои вредно и посветено создаваат препознатливи вина кои завршуваат на ...
ВВ „Тиквеш“ го одбележа празникот Св. Трифун со свечено закројување на лозјата во Лепово. На настанот присуствуваа бројни гости – претставници на институции, на дипломатскиот кор, соработници на винарницата и лозари. Годинешниот настан беше во знакот на воведување на ЕСГ стандардите во работењето на винарницата. Со нивното имплементирање, „Тиквеш“ станува единствена винарница во регионот која воведува нови прогресивни активности и култура во ...
Загрепската полиција ги истражува причините за пожарот во куќата на Максимир, во кој синоќа едно лице загина, а друго е повредено. Според првите полициски информации, пожарот синоќа околу 23 часот избувнал во семејната куќа во улицата Зелени кут од засега неутврдена причина, пишува Индекс.хр. Едното лице во безживотна состојба е изнесено од куќата, а на другото поради вдишување чад му била укажана лекарска помош во КБЦ Загреб, соопшти кусо ...
Новоизграденото и модерно училиште „Визбегово“ е израз на посветеноста на Владата да обезбеди еднаков пристап до квалитетно образование за сите, независно од нивното социјално потекло, припадност или место на живеење, изјави заменик претседателот на Владата за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи кој денеска заедно со државната секретарка во Министерството за образование(МОН), Билјана Казанџиска ...
Тимот на Мерцедес го претстави новиот болид „W15 E“, пред тестирањето во Силверстоун. Мерцедес на социјалните мрежи го сподели последниот болид што Луис Хамилтон ќе го вози за овој тим пред да се пресели во Ферари. „Минатата недела беше емотивна. Му се приклучив на тимот во 2013 година. Овде сум 11 години, влегов во 12. Привилегија е да работам со оваа група луѓе, нивната напорна работа во текот на зимата доаѓа заедно со автомобилот. Тоа е ...
„Реал Мадрди славеше против Лајпциг со судиска помош“, пишува каталонскиот „Мундо Депортиво“, ден по победата на Реал во Германија од 1:0 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Натпреварот го водеше Ирфан Пељто, најдобриот босански судија. Тоа беше дебито на Пељто во нокаут фазата од Лигата на шампионите, а со своите одлуки неколку пати ги налути домашните играчи и навивачи. Веќе на стартот од мечот го поништи голот на ...
Рајо Ваљекано експресно го назначи наследникот на Франциско Родригез кој вчера доби отказ поради серијата лоши резултати. До крајот на сезоната, тимот чии гол го брани Столе Димитиревски, ќе го предводи Ињиго Перез. За тренерот од Баскија ова ќе биде прва самостојна работа. Ињиго Перез кариерата која ја започна во Атлетик Билбао, а потоа играше во Уеска, Мајорка, Нумансија и Осасуна ја заврши во 2022 година. Сезната а започна како еден од ...
Утрово во 09:35 минути противпожарната бригада во Скопје примила дојава за пожар во ТЦ „Ист Гејт“, во Скопје. Пожарот како што информираше за „Макфакс“ Звонко Томевски, командир на противпожарната бригада на Град Скопје, избувнал во делот кај рестораните на најгорниот кат во трговскиот центар. Според Томевски, бил запален еден од вентилационите канали во ресторанот. Екипите на противпожарната единица брзо реагирале а во моментов се работи на ...
Државниот секретар во МОН, Билјана Казанџиска кажа дека сите вработувања на административниот кадар се реализираат преку Агенција за администрација, на новинарското прашање за работното место – раководител за сектор за средно образование, каде во јавниот оглас е наведено дека треба да се вработи Македонец или Македонка, а вработена е Љуљиета Ќерими, која досега, според јавно достапните документи, се изјаснувала како Албанка. „Овде ...
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во седиштето на НАТО во Брисел, го потпиша Договорот за придонес во Одделот за јавна дипломатија на НАТО, кој овозможува експерти од областа на стратешките комуникации и односи со јавноста во Министерството да дадат свој придонес кон развојот на областа за односи со јавноста во рамките на НАТО – Алијансата и истиот го предаде на помошникот на генералниот секретар на НАТО, Скот Бреи. „Драго ми ...
Шест нови случаи на голема кашлица се забележани во Скопје, со тоа бројот на заразени од пертусис се зголеми на 28 од почетокот на годината, извести Центарот за јавно здравје. Пред една седмица Комисијата за заразни болести препорача да се прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје. Александар Петличковски, претседателот на Комисијата, препорача забрана за прием на невакцинирани деца против пертусис во градинките и апелираше сите што ја ...
„Квислиншката Влада на СДС-ДУИ продолжува со својот поданички однос кон воено-империјалистичката организација на НАТО! Од година во година сé повеќе народни пари владата „подарува“ за НАТО. Дополнително ова е проследено со зголемување на бројот на македонски војници во борбени групи и мисии на НАТО ширум светот, кои ги ризикуваат нивните животи за интересите на туѓи држави и моќници, вовлекувајќи ја државата во непотребни конфликти!“, велат од ...